Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Новак Ѓоковиќ доживеа неочекувана елиминација на Ролан Гарос, откако по голема драма загуби со 3:2 во сетови од младиот бразилски тенисер Жоао Фонсека. Српскиот тениски ас го започна мечот на најдобар можен начин и поведе со 2:0 во сетови, оставајќи впечаток дека сигурно чекори кон пласман во следната рунда. Сепак, развојот на настаните целосно се промени во продолжението. Фонсека, кој важи за еден од најперспективните тенисери од новата ...
Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Сараево на стадионот Кошево пред преполни трибини и прекрасна атмосфера одигра 0:0 против домаќинот Босна, која што се подготвува за настап на претстојниот Мундијал во САД, Мексико и Канада. Она што го очекувавме тоа и го добивме од овој меч. Претпазлив домаќин кој што се воигрува и концентрира за она што следува, и Македонија која што сеуште се бара со новиот селектор Гоце Седлоски. И со ...
ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЛАВЕ КАТИН – ЖИВОТ И ДЕЛА“ Во 1992 година, после престојот и моето враќање од Австралија ја објавив публи-кацијата „Во Австралија како дома“,(1992), издание на„Матица македонска“, Скопје, отпечатена на 136 страници на македонски јазикво, во која ги пренесувам моите творечки преокупации како патеписец, портретист, репортер и хроничар на дел од настаните во македонските колонии во Австралија. Рецензенти на делото се ...
Западна Европа се соочува со невообичаено ран и силен топлотен бран, кој донесе рекордни температури за мај во повеќе земји, здравствени предупредувања и неколку смртни случаи поврзани со жештините и обидите на граѓаните да се разладат. Во Велика Британија, температурата достигна 35,1 степени во Кју Гарденс во Лондон, со што втор ден по ред беше урнат рекордот за најтопол мајски ден и за највисока температура во метеоролошка пролет. ...
СДСМ тврди дека премиерот Христијан Мицкоски знаел дека поранешниот премиер Никола Груевски и негов претходник на лидерското место на ВМРО-ДПМНЕ и обвини дека власта на сака Груевски да биде екстрадиран и затоа толку доцни постапката за екстрадиција. – Помина повеќе од еден месец откако беше најавено дека во Министерството за правда се подготвуваат документите за екстрадиција. Граѓаните слушаа најави дека документите се подготвуваат, дека ...
Добрососедските односи се двонасочна улица и не можете да танцувате сами – или танцувате со партнер или немате партнер. Со оваа порака премиерот Христијан Мицкоски реагираше на изјавата на бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова, која порача дека Македонија треба да бара решенија, а не проблеми и дека Софија нема да отстапи од договорената рамка од 2022 година. Одговарајќи на новинарски прашања, Мицкоски изрази ...
Основното јавно обвинителство Скопје отвори истражна постапка против 31-годишен скопјанец осомничен за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, по сообраќајната несреќа во која загина 19-годишен мотоциклист. Според обвинителството, осомничениот управувал автомобил Ауди А4 по булеварот „Никола Карев“, а кога пристигнал на крстосницата со улицата „Прохор Пчињски“ не ја почитувал сообраќајната сигнализација. „На удвоена ...
Меѓуградскиот воз помеѓу Прилеп и Битола ќе почне да сообраќа на крајот на јуни или почетокот на јули, а наскоро се очекува да стартува и карго железничкиот сообраќај кон двата града. Ова денеска, одговарајќи на новинарско прашање, го најави заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. При посетата на Општина Могила, Николоски истакна дека железницата повторно ќе добие значајна улога и во превозот на патници ...
Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи во вторник треба да биде разгледан на владина седница, по што се очекува во најбрз можен рок да помине и во Собранието. Премиерот Христијан Мицкоски денеска на завршниот состанок со претставници од тутунската индустрија и угостителскиот сектор изјави дека законот ќе стапи во сила веднаш по неговото донесување, со исклучок на одредбата која се однесува на ...
Последниот јавно-достапен извештај, на Државен завод за ревизија, за Министерството за образование и наука е уште еднa потврда дека образовниот систем во Македонија функционира како партиски плен на ДПМНЕ и СДС, а не како институција што треба да се грижи за создавање знаење, кадар и иднина за државата, коментира Левица во денешното соопштение. Според партијата, ако се чита извештајот се поставува прашањето дали Министерството е јавна ...
ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЛАВЕ КАТИН – ЖИВОТ И ДЕЛА“ Во 1991 година, во рамките на едицијата „Сведоштва” на „Нова Македонија”, го објавив новото дело под наслов„Македонските православни црковни општини во Австралија, Канада и САД“ (1991),чиј издавач беше„Нова Македонија“, отпечатено на 192 страници, на македонски јазик. Делото беше одобрено од директорот Панде Колемишевски и главниот и одговорен уредниК Георги Ајановски. Рецензенти на оваа ...
Груевски станал Унгарец и најверојатно сè уште е во Будимпешта, објави унгарскиот портал vsquаre.org, кој повикувајќи се на извори од Владата на Унгарија, пишува дека поранешниот премиер на Македонија, Никола Груевски уште во 2022 година добил унгарско државјанство врз основа на „унгарски државен интерес“. Во меѓувреме, македонското Министерство за правда денеска информираше дека внимателно ги следи информациите објавени во јавноста во врска ...
Љубопитни сме да дознаеме повеќе каква е идејата, вели премиерот Христијан Мицкоски, во однос на предлогот на германскиот канцелар Фридрих Мерц за постепена интегрција на Македонија во Европската унија (ЕУ). Мицкоски, денеска во одговор на новинарско прашање потврди присуство на претстојниот Самит на ЕУ и Западен Балкан во Тиват, каде очекува да слушне повеќе за овие концепти и идеи. „Тие размислувања и идеи ги слушаме веќе подолго време, не ...
Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, информира дека утрово околу 9:30 часот е пријавен напад од мечка врз стадо овци во атарот на село Крклино, под манастирот во близина на каналот на хидросистемот Стрежево, при што една овца настрадала. Како што посочи тој, сопственикот на стадото веднаш го пријавил настанот во СВР Битола, по што полициска екипа излегла на терен, извршила увид и го документирала случајот. Коњановски додава ...
Македонските деловни субјекти во 2025 година зафатиле вкупно 6.067 милиони кубни метри вода, што претставува намалување за 11,3 % во однос на претходната година. Сепак, најновите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС) откриваат загрижувачки тренд кај екологијата – од вкупно 3.046 милиони кубни метри испуштени отпадни води, пречистени се само 629 милиони кубици, односно скромни 20,6 проценти. Според потеклото на водата, речиси ...
Најголемата тениска сензација за 2026 година е реалност на земјените терени во Париз! Првиот рекет во светот и најголемиот фаворит за освојување на овој Грен слем, Јаник Синер, е елиминиран уште во второто коло на Ролан Гарос од 56-рангираниот Аргентинец, Хуан Мануел Церундоло, по епски пресврт во пет сета – 3-6, 2-6, 7-5, 6-1, 6-1. Италијанецот имаше сè во своите раце, водеше со 2-0 во сетови и имаше неверојатни 5-1 во третиот сет, на само ...
Хоторн ја продолжи добрата форма со убедлива победа над Сент Килда во 12. коло од AFL, совладувајќи ги „Светците“ со 89-43 на „Марвел Стадиум“. Сент Килда имаше катастрофално прво полувреме — без ниту еден постигнат гол, нешто што на клубот не му се случило речиси четири децении. Воедно, тоа беше нивниот најслаб прв дел уште од 1957 година. Џек Ганстон беше херојот на Хоторн со пет голови при враќањето по повреда, додека Вил Деј исто така ...
САД соопштија дека започнале нови напади врз Јужен Иран, таргетирајќи ирански ракетни позиции и бродови кои се обидуваат да постават мини, објави Би-би-си. Нападите, како што велат, биле преземени во „самоодбрана“ и биле наменети „да ги заштитат нашите трупи од заканите што ги претставуваат иранските сили“, се вели во соопштението на Централната команда на САД. Портпаролот на Централната команда, капетан Тим Хокинс, изјави дека американската ...
Авиосообраќајот во државава се одвива без никакви потешкотии и никакви проблеми согласно меѓународни процедури за навигација, информираа денеска од М-НАВ, АД во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација. М-НАВ посочува дека поединци со дневополитички дезинформации сакаат да постигнат цел за личен бенефит. „Ве известуваме дека информациите кои излегоа во јавноста за потешкотии во авиосообраќајот се ...
Венко Филипче е подготвен да ги жртвува македонските национални интереси заради политичка моќ и доаѓање на власт, обвини денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски. На прес-конференција, Манасиевски оцени дека лидерот на СДСМ ги прифаќа бугарските позиции во однос на евроинтегративниот процес и уставните измени, наместо да ги брани македонските национални интереси. „Прво уставни измени, а потоа редефинирање на историјата и ...
Џејмс Тедеско постигна спектакуларен обид на само 90 секунди до крајот, со што тимот на Нов Јужен Велс Блуз (NSW Blues) направи голем пресврт и победи со 22-20 против Квинсленд Марунс во првиот натпревар од State of Origin серијата, одигран на дождливиот „Стадиум Австралија“ во Сиднеј. Квинсленд отвори фуриозно и поведе со 20-0 по само 20 минути игра. Марунс изгледаа доминантно, а Калин Понга беше меѓу најдобрите на теренот. Но, натпреварот ...
Ракометарите на Еурофарм Пелистер и официјално го освоија второто место во Супер лигата и следната сезона ќе имаат можност да настапат во групната фаза од Лигата на Европа. Битолчани три сезони по ред беа шампиони на Македонија, но оваа сезона завршија со 52 бода, колку што има и Охрид на третата позиција, односно осум помалку од шампионот Вардар. Во мечот од последното коло, Еурофарм Пелистер на домашен терен славеше над Алкалоид со 31-26 и ...
ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЛАВЕ КАТИН – ЖИВОТ И ДЕЛА“ Познавајќи го холокаустот на Евреите во светот, особено во Канада, втората моја публикацијата ја крстив „Македонски холокауст” (1990), која е издание наНИО „Студетски збор“, Скопје, печатена на 236 страници, на ма-кедонски јазик, чиј рецензенти се: Живко Василевски и Христо Андоновски. Ова дело е посветено на „македонскиот холокауст“, а главно го прикажува холокаустот кај македонските ...
Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, во понеделник изјави дека има 220 сомнителни смртни случаи од моменталната епидемија на ебола и дека доцнењето во откривањето на случаите значи дека работниците „го губат темпото“. Тедрос рече дека иако „тие ги зголемуваат операциите, епидемијата ги престигнува“, додавајќи дека земјите што граничат со Демократска Република Конго, која е епицентарот на ...
Апелациониот судија Ѓоко Ристов, кому истражителите му најдоа 350.000 евра скриени во ѕид во домот на неговите родители во Неготино, денеска на почетокот на судскиот процес во Кривичниот суд се изјасни како невин за кривичните дела што му се ставаат на товар. „Не се чувствувам виновен ниту за првото, ниту за второто кривично дело со оглед на правната квалификација“, изјави Ристов пред судот. Обвинителката Искра Хаџи Василева, пак, тврди дека ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска од собраниска говорница одговори на барањата на опозоцијата за негова оставка, потенцирајќи дека бројките говорат за работата на Министерството во изминатиот период. “Говорам дека добро е што нема разлика помеѓу СДСМ, Левица и ДУИ и добро е што во ист ден повторно вие барате оставка од мене врз основа на вашата перцепција, а Левица повикува на интерпелација. Кај и да е, во текот на денов ...
Со изведување материјални докази од страна на Обвинителството, денеска во судницата во „Идризово“ продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени. Записници, дозволи за градба, имотни листови, потврди за привремено одземени предмети беа само дел од доказите кои Обвинителството ги презентираше на големиот екран во судницата во Идризово, а кои во оригинал стоеја во куп папки и ...
Новата национална проценка на нутритивните средини во училиштата во државава открива дека нездравите опции на храна и пијалаци се широко достапни и се промовираат во и околу училиштата, додека здравите опции се ограничени, обликувајќи ги навиките во исхраната кај децата и отежнувајќи им го изборот на здрава храна, соопшти денеска Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје. Проценката, спроведена во соработка со Министерството за образование и наука, ...
Владата донела одлука за дополнително намалување и усогласување на царинските стапки за полупроизводи и суровини, со цел зголемување на конкурентноста на домашните и странските инвеститори во земјата, изјави премиерот Христијан Мицкоски. По отворањето на трговскиот центар „Mega Shopping Park“ во Гевгелија, Мицкоски појасни дека со новата мерка се проширува списокот на суровини и репроматеријали со намалени царини, со што се продолжува ...
Од 1 октомври студентите ќе бидат сместени во реконстуираните студентски домови „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски-Питу“, а до септември најдоцна се очекува да почне реконструкција и реновирање на сите други студентски домови во Македонија – изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска, која изврши увид во градежните активности за темелна реконструкција на студентски дом „Стив Наумов“ во скопската населба Автокоманда. ...