Скопје
34ᴼ /
34ᴼ
Во Франција летово, од 19 јуни имало 301 случај со давење, а властите ја поврзуваат таа висока бројка со топлотниот бран, изјави денеска француската министерка за спорт и млади Марина Ферари. Заклучокот се поклопува со податокот дека Франција, Шпанија и Италија беа погодени од топлотни бранови, коишто патем предизвикаа и масивни шумски пожари и уништија десетици илјади хектари земја. Претставничката на власта потврди дека бројот на смртни ...
Европските лидери, меѓу кои и британскиот премиер Енди Бурнам, денеска се собраа во Киев за одбележување на 35-годишнината од независноста на Украина, додека Европската Унија и Велика Британија ветија нова воена помош за земјата во нејзината одбрана од Русија. Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, беше меѓу лидерите кои отпатуваа за Киев, откако Брисел одобри транша од 6,1 милијарда евра (7,1 милијарди долари) наменети за системи ...
Екстремните горештини и повеќенеделната суша ја чинеа германската економија најмалку 36 милијарди евра, што е еквивалентно на 0,8 до 0,9 проценти од економскиот учинок на земјата, соопшти денеска еколошката организација „Гринпис“. Цифрата е пресметана со собирање на економските штети од пропаднатите земјоделски приноси, шумските пожари и здравствените трошоци, како и од загубите во продуктивноста и трошоците во образованието предизвикани од ...
Шеесет и тригодишна жена е уапсена откако на Закинтос убила мачка, а за стореното дело ѝ е изречена казна од 30.000 евра, соопшти денеска локалната полиција. Жената, жителка на Ромири била пријавена од страна на сопственикот на мачката, пренесе грчкиот портал „Катимерини“. Според информациите на Здружението за благосостојба на животните на Закинтос (ЗОМЗ) станува збор за возрасна мачка што жената ја задавила со јаже, а причините за убиството ...
Над седум од десет мали и средни бизниси во Атина, односно 71,3 отсто велат дека годинава, за време на летните попусти имале полош промет од лани, а 98 отсто од анкетираните бараат промена на институционалната рамка за попустите и враќање на построги правила, покажуваат резултатите од истражувањето на Асоцијацијата на трговци на Атина (ЕСА), јави дописничката на МИА од Атина. Во истражувањето биле вклучени 409 мали и средни претпријатија од ...
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на граничниот премин Блаце, минатата недела спречија увоз од Република Косово на две пратки УХТ млеко, со вкупна тежина од 27 520 килограми, поради утврдено присуство на афлатоксин над максимално дозволените концентрации дефинирани со позитивните законски прописи. Како што информира АХВ. небезбедните количини млеко кои биле наменети за пласман во синџир маркети во земјава, ...
Дизелот од ноќеска на полноќ поскапува за 3,5 денари за литар, а цената на бензините се зголемува за 1,5 денар – одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,62 отсто. Новата максимална малопродажна цена на „евросупер БС-95“ ќе изнесува 93 денари за литар, „евросупер БС-98“ ќе се ...
Времето денеска претпладне ќе биде сончево и топло, а попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град. Послаби услови за краткотрајно невреме ќе има и утре попладне и кон крајот на денот, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје денеска попладне и утре во вечерните часови во ...
Основниот кривичен суд Скопје денеска ја одложи главната расправа во предметот за наводни злоупотреби во АД „Државна лотарија“, во кој меѓу обвинетите е и поранешниот вицепремиер Артан Груби. Судијката Билјана Шуплиновска-Јовевски образложи дека одлагањето е потребно за обвинетите и нивните бранители да имаат доволно време да извршат увид во доставените докази, да се запознаат со нивната содржина, да ја подготват одбраната и да достават листа ...
Потврдени се вкупно 44 случаи на западнонилска треска досега, од кои 43 се хоспитализирани, а повеќето од нив со невроинвазивна форма на болеста – изјави денеска министерот за здравство Сашо Клековски, кој ги посети Клиниката за инфективни болести и Институтот за јавно здравје, каде што се сретна со медицинскиот персонал вклучен во справувањето со епидемијата на западнонилската треска. Тој упати апел до граѓаните – доколку забележат симптоми, ...
Мирисот на чад што се чувствува во некои делови од Скопје доаѓа од пожарот на планината Жеден, некаде во атарот на селото Бојане, пожар што од тетовска страна сега полека се префрла на скопска страна. Пожарот е на тешко пристапен терен – соопшти попладнево директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, преку видеопорака. Тој додаде дека како поддршка на скопските пожарникари во гаснењето на пожарот се вклучени и колеги од ...
Без вода утре од 08.30 часот ќе бидат дел од улиците „Мирче Ацев“ и „Мирче Мацан“ во општина Центар, а од 9 часот улица „2“ и дел од ул.„Козле“ – висока зона во општина Карпош – најави Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје. Причина за прекинот во снабдувањето со вода е изведување водоводен приклучок на ул.„2“ бр.2 во Козле и отстранување дефект на приклучна цевка ф-2 на ул.„Мирче Ацев“ бб. МИА Без вода утре од 08.30 часот ...
Два милиони пастрмка коран беа пуштени овој викенд во Охридското Езеро, кај Поградец, Албанија, како дел од иницијативите за збогатување на водната фауна и заштита на овој ендемски вид од особено значење за екосистемот и економијата на областа – објави Општина Поградец. – Тоа е во рамките на Фестивалот на коранот, активност што сега стана традиција за градот Поградец и која ги комбинира промоцијата на биодиверзитетот, рибарската традиција и ...
Пожарот кој почна од селото Гујновци во општина Пробиштип е локализиран, но пожарникарите на ТППЕ-Пробиштип и доброволците на Доброволното Противпожарно друштво (ДПД) „Рудар“ се уште се на терен. Командирот на ТППЕ-Пробиштип, Милан Терзиќ вели дека пожарот во 12.30 часот почнал од селото Гујновци кое се наоѓа на регионалниот пат Штип-Крупиште, но поради ветерот бил проширен и во атарите на селата Трооло, Гајранци и Лезово. -Нашите екипи се сè ...
Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи при вчерашната акциска контрола на територијата на целата држава констатирал 140 прекршоци и осум кривични пријави за возачи на велосипеди, мопеди и мотоцикли. Акцијата е спроведена во периодот од 17:00 до 22:00 часот. Како што информираат од МВР, од сите 140 констатирани прекршоци, 102 се однесуваат на управување без задолжително носење заштитен шлем – кацига. Констатирани ...
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) попладнево информира дека во одредени делови од земјата има појава на град, пороен дожд и засилен ветер. – Источно од Крушево има појава на град, пороен дожд, засилен ветер и грмежи. Северно од Велес има појава на пороен дожд и можна појава на суградица – посочуваат од УХМР. УХМР информира дека до крајот на денот наместа ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во вечерните часови ...
Конзервативната Влада на Нов Зеланд денеска ќе поднесе во Парламентот предлог-закон со кој се предвидува забрана за користење социјални мрежи за лица помлади од 16 години. Предлогот ќе ги обврзе платформите на социјалните мрежи да преземат разумни мерки за проверка на возраста на корисниците. Меѓу можните алатки се користење на веќе достапни податоци за корисничките сметки, технологија за препознавање лица и документи за дигитален идентитет. ...
Поради интензивните дождови властите на Тајван наредија затворање на училиштата и канцеларии во јужниот дел на земјата, во исчекување на тајфунот што се очекува подоцна оваа недела да помине покрај северниот дел на островот. Обилните врнежи предизвикаа проблеми и во железничкиот сообраќај. Експресните возови ќе бидат запрени, додека сообраќајот на останатите возови ќе се одвива зависно временските услови. Во некои делови на Тајван упатен е ...
Копретседателката на ултрадесничарската Алтернатива за Германија (АфД), Алис Вајдел, изјави дека доколку партијата влезе во федералната влада, ќе бара Германија да ги напушти еврозоната и шенгенскиот договор, затворање на националните граници и значително заострување на миграциската политика. Вајдел тоа го изјави во интервјуто за германската телевизија Зе-де-еф емитувано вчера. „На Германија ѝ беше значително подобро пред воведувањето на ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Попладне ќе има локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе ...
Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да почне предметот против поранешниот вицепремиер Артан Груби и седум други лица за злоупотреби во АД „Државна лотарија“. Основното јавно обвинителство Скопје, на 13 август годинава поднесе обвинителен предлог против Артан Груби и седум други лица, кои во текот на 2023 и 2024 заеднички презеле дејствија со кои ги пречекориле границите на своите посебни овластувања и должности, со намера да му ...
Во изминатото деноноќие во земјава се регистрирани вкупно 33 пожари на отворен простор, од кои 4 се активни, 4 се под контрола, а 25 се изгаснати, соопшти утрово Центарот за управување со кризи. Активни пожари има во Општините Студеничани и Зелениково – кај селата Моране, Вртекица и Рамни Габер со кракот кон селата Палиград и Вражале во Општина Зелениково, во Општина Македонски Брод – кај месноста Видуш и селата Драгов Дол и Локвица, во ...
Сообраќајот на граничниот премин Табановце се одвива непречено и без задржувања, а возилата со странски регистарски ознаки кај кои е евидентиран сообраќаен прекршок за плаќање се задржуваат најмногу до пет минути за регулирање на обврската – информираат денеска од МВР. Нагласуваат дека благодарение на воведениот систем и можноста за електронско регулирање преку апликацијата „Безбеден град“ постапката е значително олеснета и забрзана. ...
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска почна судењето за предметот против поранешниот вицепремиер Артан Груби и седум други лица за злоупотреби во АД „Државна лотарија“. Судскиот процес го води судијката Билјана Шуплиновска-Јовевски, а обвинението го застапуваат јавните обвинители Даниел Коцев и Александар Давчевски. Обвинителите најавија изведување на 231 материјални докази, вештачења и искази на седум сведоци. Основното јавно ...
слободата на медиумите и правото на јавноста да биде информирана и да ги анализира начините на трошење на буџетските средства. Истовремено, очекуваме информациите што се однесуваат на работата на Собранието да бидат презентирани точно, целосно и со јасно разграничување меѓу факти и интерпретации. Уште еднаш потенцираме, Собранието на Република Северна Македонија не обезбедува приватно здравствено осигурување за пратениците и за вработените во ...
Рано утринава е извршен детален увид на теренот во село Бигла, Општина Делчево, каде што вчера избувна голем пожар. Уште од 5 часот наутро на терен биле присутни дежурни екипи на ТППЕ Делчево, Дирекцијата за заштита и спасување, МВР, Граничната полиција, Црвениот крст – Делчево и „Македонски шуми“. Како што информира градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, заедно со стручните лица бил направен детален увид во состојбата на теренот. ...
Владата најавува промена во начинот на кој се обезбедуваат социјалните услуги, со фокус на нивно приближување до граѓаните и создавање подостапна и поефикасна социјална заштита. Потпишувањето на новите договори за грантови за развој на социјални услуги во девет општини е еден од конкретните чекори во таа насока, со кој поддршката треба да биде достапна таму каде што е најпотребна, во локалната заедница и во средината во која живеат ...
Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Крушево лишиле од слобода 58-годишен жител на Крушево, откако при претрес во неговиот дом биле пронајдени дрога и оружје. Како што информира полицијата, на 22 август во 10:20 часот бил приведен К.Г. (58) од Крушево. При претресот, извршен врз основа на судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, стебла од канабис, семки и револвер. Од МВР соопштија дека по целосно документирање ...
Полски државјанин е лишен од слобода на граничниот премин „Табановце“, откако било утврдено дека со автомобил возел со брзина од 164 километри на час на делница каде максимално дозволената брзина е 80 километри на час. Како што информира МВР, вчера во 17:53 часот, на излез од државата, полициски службеници извршиле проверка на патничко возило „форд“ со полски национални ознаки, управувано од М.Ј. (46) од Полска. При проверката, преку системот ...
Најмалку 37 лица се повредени во земјотресот со интензитет од 5,9 степени што рано изутринава го потресе подрачјето околу Токио, предизвикувајќи нарушувања во железничкиот сообраќај. Земјотресот бил регистриран околу два часот по локално време, со епицентар во јужниот дел на префектурата Ибараки недалеку од Токио, на длабочина од 68 километри, соопшти Јапонската метеоролошка служба. Земјотресот предизвикал нарушувања во железничкиот сообраќај ...