Ако сакате добро да спиете, внесувајте храна богата со триптофан и витамин Б6 кои го зголемуваат лачењето на хормонот за спиење или мелатонин. Во продолжение прочитајте кои намирници треба да бидат повеќе застапени во вашата исхрана доколку сакате да го решите проблемот со несоницата. 1. Житни снегулки Иако многумина ги јадат за појадок, житните снегулки се идеални и за вечера, особено доколку ги комбинирате со топло млеко кое делува ...

Сите сме свесни за фактот дека промените не се случуваат преку ноќ. Иако секоја година си ветуваме себеси дека наредната ќе бидеме подобри и дека ќе работиме на својот развој, сепак не секогаш го исполнуваме ветувањето. Затоа одлучивме да споделиме со вас инспиративни цитати кои веруваме дека ќе ви помогнат во 2022 година да дадете сè од себе и да го промените својот живот на подобро. „Оваа година сакам животот да ми биде полн со ...

Светилникот бил изграден во форма на кула со височина од 134 метри, украсена со колосални розови гранитни статуи кои ги претставувале птоломејските фараони и нивните кралици. За негова изградба биле употребени огромни блокови од бел варовник, па така светилникот буквално „сјаел“ под египетското сонце. На врвот на кулата била поставена бронзена статуа со височина од 7 метри која го претставувала Посејдон или Зевс. Градењето на ...

Дали сте во потрага по стратегија како да останете мотивирани за да ги остварите вашите новогодишни одлуки? Во продолжение ви предлагаме неколку совети со кои сме сигурни дека новогодишните одлуки нема да останат запишани само на хартија! 1.Користете го терминот напредок наместо новогодишна одлука Животот е постојано растење, менување и прилагодување на нова средина и околности. Зошто тогаш би ни биле потребни некакви решенија или одлуки? ...

Секого од нас на свој начин може да го дефинира чувството на внатрешен мир и спокојство. За некои тоа претставува безбедност, а за други пак, тоа може да значи остварување на сопствените цели и планови. Сите ќе се согласиме дека не секогаш се работи само за способноста да најдеме мир и тишина во сегашниот момент, дури и ако знаеме како да медитираме. Се работи за лично искуство кое секој може да си го интерпретира на свој начин. Во продолжение ...

Шкотската уметница Џо Хамилтон создава неверојатни уметнички дела од рециклирано предиво и пластика. Почнувајќи од впечатливи, шарени портрети па сè до макотрпно зашиените градски пејзажи, нејзините плетени парчиња си играат со текстурата, бојата и нијансите, при што ја сведуваат уметноста на плетењето во едно сосема поинакво светло. Преку својата уметност, Хамилтон сака да ја подигне свеста за прашањата што го мачат општеството, особено ...

Иако повеќето од нас сакаат море, сепак и езерата можат да бидат добра опција доколку планирате одмор. Во продолжение ви ги претставуваме 5-те најголеми езера во светот. 1. Касписко Езеро Ова езеро уште попознато како Касписко море, со своите 371 илјади квадратни километри е најголемото езеро по површина во цел свет. Се граничи со Казахстан, Русија, Туркменистан, Азербејџан и Иран и е еден вид „базен“ кој се наоѓа на 27 метри под ...

Овие празници поминете ги со стил пиејќи ликер од јајца и рум кој традиционално се служи во САД и Канада. Се работи за пијалак во кој се содржат најмиризливите божиќни зачини и е многу лесен за подготовка. Во продолжение прочитајте го нашиот рецепт за еден од најубавите божиќни ликери. Потребни состојки: Начин на подготовка: 1. Во тенџере се мешаат млекото, каранфилчето и циметот и течноста се загрева на мала температура, околу пет минути. 2. ...

Home alive е нов проект на тим од експерти кои се дел од американската непрофитна организација за уметност, архитектура и урбан дизајн Terreform one, посветени на одржлив дизајн во хармонија со природата, и како што велат „еколошка и социјална правда за сите живи суштества“. Кога станува збор за иднината на архитектурата и употребата на природни материјали во изградбата на домови, Terreform one оди чекор напред со цел да изгради ...

Од што се плашите најмногу? Ќе дознаете преку овој тест. Секој од нас има помалку или повеќе стравови. Некои се плашат од темнината, некои се плашат да ги искажат своите емоции, а некои се плашат да сонуваат за големи работи. За да дознаете кој е вашиот најголем страв, изберете една од куќичките што ги гледате на сликата. Доколку се забавувавте со овој тест, ви предлагаме да направите и друг тест каде омилената планета ќе ви помогне да ги ...

Џејн Остин е една од најпознатите британски романсиерки чии романи содржат дел од најубавите љубовни приказни на сите времиња. Преку нејзините дела, Остин се залагала за еднаква социјална положба на жената во бракот и воопшто, во општеството. Иако овие романи се одвиваат во минатото, сепак нивните ликови ги имаат истите грижи и соништа како и луѓето денес. Во продолжение прочитајте дел од најубавите и најпознатите цитат на Џејн Остин. ...

Како ќе ви бидат наклонети ѕвездите во јануари во поглед на вашиот љубовен живот? Во продолжение прочитајте го месечниот љубовен хороскоп за јануари 2022 година. Овен Доколку сте во врска, вашиот партнер најверојатно ќе очекува да бидете поискрени и отворено да зборувате за вашите емоции. Не плашете се да го отворите своето срце и не дозволувајте стравот поради лошите искуства од минатото да владее со вас. Доколку не сте во врска, има големи ...

Оваа млада Месечина ќе биде во знакот на амбициозниот Јарец и ќе ни донесе голема инспирација и мотивација, особено кога станува збор за исполнување на новогодишните желби. Овој период позитивно ќе се одрази врз нашата финансиска состојба, но и ќе биде идеален момент за да го испланираме развојот на нашата кариера. Влијанието на младата Месечина носи потенцијал и нови можности. Постојат големи шанси дека сè што ќе започнете на 2 јануари ...

Сите знаеме дека воспитувањето деца е тежок процес. Притоа, нормално е понекогаш родителите да им кажат „погрешни работи“ на децата и поради тоа не треба да чувствуваат вина или срам бидејќи на крајот на краиштата сите сме луѓе и можеме да згрешиме. Сепак, постојат одредени изрази кои родителите и воопшто, возрасните, знаат честопати да ги користат без да бидат свесни колку се тие штетни за децата и нивните чувства. Во продолжение ...

Една од главните причини според кои печурките се доста застапени во нашата исхрана е нивниот вкус, но според нутриционистите, тие се карактеризираат и со здравствени придобивки. Печурките се одлична замена за месото и се богати со антиоксидантни својства кои го поддржуваат имунолошкиот систем во борбата против воспаленија и инфекции. Покрај тоа, во последно време се актуелизира влијанието на печурките во борбата со симптомите на депресија и ...

Дали некогаш сте посакале да посетите некоја од новогодишните прослави низ светот, проследени со одлична забава, огномети и светлосни шоуа? Во продолжение ви ги споделуваме најубавите локации на светско ниво за дочек на новата година. 1. Париз Париз е на првото место на нашата листа со новогодишни прослави не само поради магичната Ајфелова кула туку и Триумфалната капија на Елисејските полиња која го одзема здивот! Колкумина од вас посакале ...

Божиќната празнична трпеза во Италија не може да се замисли без панетоне. Станува збор за колач со суво овошје и јаткасти плодови кое традиционално се подготвува за Божиќ и Нова Година. Во продолжение прочитајте го најлесниот рецепт за панетоне. Состојки за овошниот фил: Состојки за тестото: Подготовка: 1. Вечерта пред подготовката, сувото овошје и кандираниот цитрус се сечкаат на помали парчиња, се ставаат во сад и се прелеваат со алкохолниот ...

Се прашувате како секојдневните потсетници ќе ви помогнат да бидете посреќни и позадоволни со себе? Секој ден е нов почеток во вашиот живот. За да ја пронајдете среќата треба да се фокусирате на тоа со какви мисли го храните умот бидејќи тие можат да имаат големо влијание врз вашето секојдневие. Прочитајте кои 7 потсетници можат да ви помогнат да водите поисполнет живот. 1. Овој момент е сè што имате Честопати погрешно го разбираме ...

Јануари е одличен период за освежување и поставување планови за следните месеци. Затоа се одлучивме да направиме листа на работи кои морате да ги завршите овој месец доколку сакате сè да биде како што треба во новата година. 1. Проверка на финансиската состојба Една од најважните работи што треба да ги направите на почетокот од новата година е да го проверите вашиот буџет, што може да ви биде од голема корист особено доколку планирате да ...

Зимската краткодневица е идеален момент за да застанете за миг и да размислите за животот како и за насоката во која посакувате да се движите. Време е да се одморите, да ги преиспитате вашите приоритети и да размислите дали тие се усогласуваат со вашите верувања, особено во оваа фаза од вашиот живот. Зимската краткодневица го означува времето кога аксијалниот наклон на Земјата е најоддалечен од Сонцето. На северната полутопка овој ден го ...

Емоционалната зрелост е суштинска особина која е важна за среќен и успешен живот. Кога сте емотивно зрели, имате поголеми шанси да изградите значајни, трајни врски, а тоа да ви донесе и чувство на поголема среќа во животот. Иако многумина веруваат дека емоционалната зрелост е тесно поврзана со биолошката возраст, сепак најмногу зависи од различните искуства што ги имате во животот. Во продолжение прочитајте кои знаци покажуваат дека сте ...

Етеричното масло од лаванда е едно од најпопуларните масла во светот. Постојат неколку видови лаванда, но маслото најчесто се дестилира од растението Lavandula angustifolia, член на семејството нане. Ова масло со векови е столб на ароматерапијата и хербалната медицина благодарение на неговите антиинфламаторни, антифугални, антибактериски, антисептични и ублажувачки својства. Во продолжение прочитајте повеќе за здравствените придобивки од маслото ...

Доколку некој ни кажеше на новогодишната ноќ во 2019-та година дека во наредните две години ќе се справуваме со разорна пандемија, најверојатно немаше да поверуваме. За жал, додека се збогуваме со втората година откако почна глобалната криза со коронавирусот, реалноста веќе ни е јасна на сите. „Новото нормално“ сега веќе и не е толку ново. Иако имаме вакцини сепак сè уште не можеме да се опуштиме со оглед на тоа дека се ...

Спиењето може да влијае позитивно врз креативноста и продуктивноста, но може и да им наштети. Дали премногу или премалку спиеме може да се види од резултатите во работата. Томас Едисон и Салвадор Дали користеле техники за релаксација за кои верувале дека ја поттикнуваат креативноста. Техниката се одвива за време на состојбата на лесен сон, односно фазата помеѓу будењето и спиењето, кога можеме да сонуваме, но во исто време и да ги слушаме ...

Иако планетите и ѕвездите ќе бидат во поволна положба оваа недела, сепак тоа не значи дека треба да се опуштаме. Пред Нова Година вообичаено остануваме без енергија, но добра вест е дека нè очекуваат убави работи. Еве што ни предвидуваат астролозите за периодот од 20 до 26 декември. Овен Во текот на оваа недела ќе бидете успешни што се однесува до креативната и интелектуалната работа. Астролозите предвидуваат зголемена активност на ...

Дали знаевте дека некои дестинации им нудат можност на посетителите за враќање назад во историјата токму поради тоа што го задржале стариот изглед но и старите традиции? Проверете за кои градови станува збор. Пиодао, Португалија Сместено во централниот дел на Португалија, Пиодао е едно од најживописните села во Португалија. Благодарение на архитектурата која се задржала со векови, ова село е класифицирано како национален споменик и секоја ...

Месечниот хороскоп за јануари предвидува дека ѕвездите во текот на овој месец ќе покажат посебна наклонетост кон неколку знаци од Зодијакот. Проверете во продолжение за кои 3 хороскопски знаци станува збор. Близнаци Вие ќе бидете најмногу исполнети со енергија во јануари. Од првиот до последниот ден во месецот ќе се чувствувате како да се сте дел од магична атмосфера. Големи се шансите дека ќе ви се исполни најдрагата желба на чие остварување ...

Сите знаеме дека љубовта е едно неверојатно, прекрасно чувство. Еден од најубавите начини да ја почувствуваме магијата на животот е да бидеме вљубени. Сепак, психолозите откриле дека љубовта е многу посложена отколку што веруваме, а ова се дел од фактите за љубовта кои сигурно ќе ви се чинат изненадувачки. 1. Љубовта е сложена Она за кое верувате дека се должи како резултат на љубовната магија, всушност е комбинација од страст, привлечност и ...

На околу 600 милји оддалеченост северозападно од Хонолулу, среде Тихиот Океан, можат да се забележат две островчиња. На повеќето набљудувачи, карпата со димензии околу 5 хектари позната како Пухахону, нема да им значи ништо, освен како место за одмор на уморните морски птици. Но, присуството на карпата укажува на нешто многу поголемо: според експертите, под карпата се крие најголемиот вулкан на Земјата. Најновото истражување на морското дно на ...

Во „морето“ од информации што ги нуди интернетот понекогаш е тешко да се препознае кои се вистинити, а кои не, затоа денес одлучивме да ви одговориме на некои од дилемите поврзани со употребата на гелот од алое вера од типот дали и колку влијае врз процесот на слабеење како и врз имунолошкиот систем. Што е алое вера гел? Низ историјата па сè до ден денес, гелот има широка примена на употреба. Се добива од зелените месести ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
80%
1038
weather icon

Белград

-3ᴼ / -3ᴼ
2.57
86%
1039
weather icon

Загреб

0ᴼ / -1ᴼ
1.03
80%
1039
weather icon

Софија

-3ᴼ / -4ᴼ
3.09
92%
1037
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
2.38
69%
1034
weather icon

Љубљана

0ᴼ / -1ᴼ
0.89
86%
1039
weather icon

Атина

10ᴼ / 8ᴼ
6.17
71%
1031
weather icon

Тирана

1ᴼ / 1ᴼ
2.06
80%
1028
weather icon

Подгорица

-1ᴼ / -1ᴼ
1.54
93%
1030
weather icon

Букурешт

0ᴼ / -2ᴼ
3.6
78%
1033
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
2.57
88%
1039
weather icon

Истанбул

1ᴼ / 1ᴼ
0.51
93%
1033
Currency

61.535

Currency

59.7585

Currency

72.8654

Currency

36.9644

Currency

41.3984

Currency

65.5876

Currency

8.161

Currency

0.58524

Currency

0.38414

Currency

0.52545

Currency

1.6816

Currency

0.69046

Иридиум

133440 $

Алуминиум

2 $

Кобалт

450 $

Никел

503585 $

Рутениум

14887 $

Калај

29 $

Сребро

973 $

Злато

86911 $

Бакар

8 $

Паладиум

30160 $

Платина

30609 $

Цинк

90795 $