Скопје
35ᴼ /
35ᴼ
Општинската организација на Црвен крст Гостивар во пресерт на новата учебна година ќе спроведе акција за донирање на училишен прибор за деца од социјално загрозени семејства. Како што информираа од организацијата, акцијата ќе се одржи на 31 август (понеделник), во периодот од 10:00 до 14:00 часот во центарот на градот. „Секој може да придонесе со донација на тетратки, моливи, пенкала, боички, фломастери, гуми, острилки, линијари, ранци, книги ...
Утрово, кај спомен плочата на влезот во гостиварската населба Циглана се одржа комеморативен собир во чест на полициските резервисти Даил Јанкоски и Александар Николиќ, кои пред 24 години беа убиени на должност. На одбележувањето се собраа семејствата, родини, пријатели, колеги од ОВР Гостивар-СВР Тетово, претставници на политички партии кои им оддадат достојна почит и положија букети цвеќе. Свештеници на гостиварското архиерејско ...
На врвот Голем Крчин, на планината Дешат по единаесетти пат беше одржана литургија на 2.341 метар надморска височина. Настанот и оваа година собра бројни планинари и верници кои се искачија до врвот и учествуваа во литургијата, која ја со благослов на епископот Антаниски г. Партениј, а ја отслужи архимандритот Кирил. Како што наведоа од Бигорскиот манастир за учесниците, искачувањето до врвот не било само планинарски предизвик, туку и можност ...
Од утре (26 август) до 7 септември на Мавровско Езеро се забранува спортскиот, рекреативниот и секој друг вид риболов, информира Националниот парк „Маврово“. Одлуката е донесена поради заштита на вонредно извршеното порибување наменето за натпреварите, кои се одржуваат на риболовниот ревир/рекреативна зона Мавровско Езеро, во рамки на Светското првенство во риболов и официјален настан од највисок ранг во рамките на FIPSed. Од Националниот ...
Владата на денешната седница донесе одлука за намалување на цените на училишниот прибор. Портпаролката Марија Митева информираше дека мерката почнува да важи од денес до 30 септември. „Целта е да ги намалат трошоците на семејсвата и да го заштиме семејништ буџет. Трговците на големо се задолжуваат цените да ги намалат за 10%, додека трговците на мало да ги намалат од најмалку 15 %. Мерката опфаќа широк спектар на производи за школската ...
Речиси 1.000 прекршоци од возачи на електрични тротинети за месец и половина регистрирала полицијата во акциски контроли. Најголем број, односно 519 прекршоци, се однесуваат на непрописно движење, односно возење по површини наменети за пешаци, наместо по велосипедска патека или лента, согласно член 103-а став 1 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. „Најголем број прекршоци се констатирани на подрачјето на СВР Битола-443, потоа ...
Ноќеска во 02:00 часот после полноќ, полициски службеници од ОВР Гостивар лишиле од слобода 17-годишен малолетник од Здуње, гостиварско. При контрола на патниот сообраќај на ул.„ЈНА“ во Гостивар, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал без претходно положен возачки испит, односно без возачка дозвола, соопшти полицијата. Од СВР Тетово наведуваат дека возилото е ...
Во текот на денешниот ден до граѓани пристигнуваат лажни SMS пораки во име на Управата за јавни приходи, со известување дека „даночниот поврат е подготвен“ и со приложен линк, предупреди УЈП. „Доколку ја добиете оваа порака, не го отворајте линкот и не внесувајте лични, банкарски или други чувствителни податоци. Станува збор за порака која може да биде обид за измама и злоупотреба на лични и финансиски податоци.“, алармира Управата. УЈП ги ...
Пожарите на отворено претставуваат значаен ризик за јавното здравје. Покрај директните последици од огнот, изложеноста на чад може да влијае врз здравјето и на населението кое живее далеку од опожарените подрачја, бидејќи загадувачките материи можат да се пренесуваат на големи растојанија, предупредува Институтот за јавно здравје. „Чадот од пожарите на отворено е сложена мешавина од суспендирани честички (PM₁₀ и PM₂.₅) и различни гасовити и ...
Вчера (23.08.2026) во 18:35 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар лишиле од слобода 15-годишен малолетник од Гостивар. При контрола на патниот сообраќај, полициски службеници сопреле мопед „пежо“ со штипски регистарски ознаки, кој го управувал без претходно положен возачки испит, односно без возачка дозвола. Возилото е одземено и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава, соопшти СВР Тетово. Вчера ...
Министерството за економија и труд соопшти дека, согласно Законот за празниците на Република Македонија по повод празникот „Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) “, 28 август (петок), е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во земјава. Истовремено, Министерството за економија и труд им го честита празникот „Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)“ на припадниците на православната верисповед. ...
Во Македонија досега се потврдени вкупно 44 случаи со западнонилска треска, од кои 43 биле хоспитализирани, а поголем дел од нив со невроинвазивна форма на болеста, информираше министерот за здравство, Сашо Клековски кој денес ги посети Клиниката за инфективни болести и Институтот за јавно здравје, каде се сретна со медицинскиот персонал вклучен во справувањето со епидемијата од западнонилска треска. „Системот е подготвен и здравствените ...
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе нова одлука за корекција на максималните малопродажни цени. Бензините поскапуваат за 1,50 денари за литар, додека дизелот има зголемување од 3,50 денари, со што достигнува 101,50 денари за литар. Новите максимални малопродажни цени се: ЕУРОСУПЕР БС-95: 93,00 денари/литар ЕУРОСУПЕР БС-98: 95,00 денари/литар ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 101,50 денари/литар Екстра лесно 1 (ЕЛ-1): 100,50 денари/литар ...
Во манастирскиот храм „Успение на Пресвета Богородица“ во село Галате, Гостиварско, денеска беше извршено осветување на новиот куполен крст и камбана за храмот. Чинот на осветувањето го изврши Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, кој упати благодарност до членовите на црковниот одбор за нивната посветеност, грижа и придонес во обновата на манастирот. „Браќа и сестри, денес неколку дена пред Успението на Богомајката, село Галате ...
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спречија увоз на две пратки УХТ млеко од Косово, со вкупна тежина од 27.520 килограми, поради утврдено присуство на афлатоксин над максимално дозволените концентрации. Небезбедното млеко било наменето за пласман во синџири маркети во земјава, но по лабораториските анализи пратките не добиле одобрение за увоз. Како што информираат од АХВ, двете пратки минатата недела, под надзор ...
Министерството за образование и наука информираше дека рокот за аплицирањето за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2026/2027 година ќе трае од 26 до 31 август. На повикот треба да се пријават сите студенти, како бруцоши, така и студенти од повисоките години, за да го остварат правото на субвенциониран студентски оброк од 1 октомври 2026 година. Аплицирањето се спроведува електронски преку порталот ...
Времето денеска (понеделник) ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Попладне ќе има локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура во гостиварскиот регион ќе достигне 31 степен. Во следните денови од новата работна седмица, според метеоролошката прогноза, ќе владее сончево и многу топло ...
Утрово по светата литургија во храмот „Св. Димитриј“ во Теарце, во дворот на црквата беше откриена и осветена биста на Свети Кирил Лешочки. Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф во својата беседа меѓу другото истакна: ,,Денес, преку ова спомен обележје, пред нашите очи се издигнува ликот на Преподобниот учител Кирил Лешочки, кој е роден пред 255 години токму овде во Теарце. Оваа биста што ја откриваме во неговото родно место не е обичен ...
На 22 август 2026 година, во 18:50 часот, во ОВР Гостивар било пријавено од Медицинскиот центар Гостивар дека кај нив бил донесен мотоциклист со тешки телесни повреди. По извршените проверки било утврдено дека станува збор за 64-годишниот Н.Ј. од село Вруток, гостиварско, кој управувал мотоцикл со гостиварски регистарски ознаки. Според пријавеното, мотоциклистот изгубил контрола над мотоциклот и паднал на шумски пат во атарот на село Јеловце. ...
Вчера (22.08.2026) во 18:20 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека во Трново настанал пожар кој зафатил две ненаселени куќи, сопственост на Ф.С. и И.С. од Гостивар. „Од пожарот објектите биле целосно опожарени, по што се проширил кон блиската шума на непристапен терен. Екипи на Територијалната противпожарна единица Гостивар, Националниот парк „Маврово“ и ЈП „Национални шуми“ ја следат состојбата и нема опасност за други куќи.“, соопшти СВР ...
Во Леуново денеска во организација на Месната заедница, беше одбележана 83-годишнината од палењето на селото во Втората светска војна. Пред споменикот на паднатите борци и жртвите на фашизмот во селото се собраа голем број на жители кои со едноминутно молчење оддадоа почит кон жртвите, а цвеќе положија претставници на Месната заедница на Леуново. На одбележувањето пред присутните се обратија Владо Лазарески и Душко Шаревски кои потсетија на ...
Во поширокиот гостиварски регион регистрирани се неколку пожари. Според информациите од Центарот за управување со кризи пожарот кој изби пред неколку дена над селото Церово, Општина Маврово-Ростуше сѐ уште е активен. Шума гори и кај селата Ломница и Ѓурѓевиште. Изминатото деноноќие на територијата на Македонија евидентирани се вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои осум се активни, а 23 се изгаснати. Директорот на Дирекцијата за заштита и ...
Серијата шумски и отворени пожари продолжува да го погодува Балканот. Сериозни пожари и висок пожарен ризик се регистрираат во повеќе земји, меѓу кои Хрватска, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Грција, додека и Македонија се соочува со активни жаришта. Високите температури, сушата, сувата вегетација и силниот ветер создаваат услови пожарите брзо да се шират и значително го отежнуваат нивното гаснење. Хрватска: Пожари на ...
Полицијата информира дека вчера (21.08.2026) околу 20:21 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода А.М.(39), Д.М.(26), Б.С.(37), Р.Р.(66), Б.А.(37) и Р.В.(72), сите од Гостивар и Н.Л.(65) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во Куново, гостиварско има нарушување на јавниот ред и мир со истрели од огнено оружје. На местото се пронајдени чаури, а по извршените претреси во неколку нивни викенд куќи во село ...
Машката сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија ќе игра против Австрија и Кипар во втората рунда од претквалификациите за пласман на Евробаскет 2029. Македонските кошаркари со денешната ждрепка, одржана во Минхен, беа сместени во групата Ф. Според распоредот на репрезентациите во останатите групи, Македонија на хартија ја доби најлесната група и има реална можност да се бори за првото место, кое единствено обезбедува пласман во ...
Министерството за внатрешни работи информираше дека од воведувањето на „Безбеден град“ во периодот од 02.02.2026 до 20.08.2026 во системот евидентирани се вкупно 310.865 прекршоци, од кои најголем дел се однесуваат за управување на возило со брзина поголема од дозволената 301.835 прекршоци. Во однос на прекршоците сторени од возила со странски регистарски ознаки, во периодот од отпочнување на функционирање на системот „Безбеден град“ ...
Вчера (21.08.2026) во 16:15 часот во Гостивар, полициски службеници ја лишиле од слобода В.А.(30) од тетовско, затоа што физички ја нападнала нејзината свекрва, соопшти СВР Тетово. Таа е задржана во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од полицијата. Вчера (21.08.2026) во 16:15 часот во Гостивар, полициски службеници ја лишиле од слобода В.А.(30) од тетовско, затоа ...
Западнонилската треска се шири, регистрирани се први случаи во скопските општини Центар и Чаир. Лоциранана е прва угината птица, станува збор за гавран на подрачјето на Скопје, кај која бил потврден вирусот. „Досега имаме регистрирано 43 случаи на западнонилска треска, од кои 40 се дефинитивно потврдени, а 3 случаи се потврдени со еден тест. Исто така, различно од претходно е што се појавија први случаи во општините Центар и Чаир. Почна ...
Министерот за здравство Сашо Клековски денеска на прес конференција информираше дека Центарот за јавно здравје Тетово ја прекинало епидемијата на гастроентероколит во Гостивар. „ЦЈЗ Тетово одлучи да ја прекине епидемијата во Гостивар, според нивните епидемиолошки податоци нема веќе случаи на гастроентероколит и стомачни проблеми поврзани со водата за пиење.“, рече министерот. Во однос на воведениот засилен здравствен надзор за хепатит А и Е и ...
Од наплата на патарини во државата во првите шест месеци од годинава се инкасирани рекордни 1.919.775.277 денари, односно повеќе од 31 милион евра. Според податоците на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), доставени за МИА, приходите од наплата на патарини се зголемени за 21.891.532 денари во споредба со истиот период минатата година. Најфреквентна наплатна станица во првата половина од годината била Тетово, по која следуваат ...