Претпоставуваме дека ви е добро познато чувството на несигурност во одредени животни ситуации и потребата од разбирање за сето она што се случува. Во тој момент не знаете што да правите и што да очекувате од иднината. Затоа се одлучивме да го споделиме овој интуитивен тест кој може да ви помогне да го најдете одговорот на она што ве мачи. Доволно е да ја изберете сликата што најмногу ви се допаѓа за да откриете каква порака има за вас. Доколку ...

Сите ние одвреме-навреме се навраќаме на минатото иако сфаќаме дека денес работите не можат да бидат онакви какви што биле порано. Колку и да се обидуваме да ги вратиме нештата онака како што биле некогаш, на крајот сфаќаме дека тоа е залудна борба. Најважно од сè е да не дозволиме минатото да ни влијае врз сегашноста и иднината. Во продолжение прочитајте ги нашите совети како да расчистите со минатото. Сеќавајте се на добрите, но и на ...

Иако одењето на одмор на прв поглед ни се чини како идеална можност за релаксација и одвлекување на вниманието од секојдневните грижи и проблеми, сепак може негативно да се одрази врз нашиот распоред за спиење. Патувањето, особено доколку станува збор за различни временски зони, може значително да го промени нашиот биолошки ритам. Станува збор за т.н. циркадијален ритам кој го регулира циклусот сон-будност и се повторува на секои 24 часа. ...

Кон крајот на јануари 1905 година бил откриен најголемиот дијамант во Јужна Африка. Каменот тежел 622 грама и имал повеќе од 3.000 карати, а името го добил според сопственикот на рудникот, Кулинан. Имено, рудникот се наоѓал во близина на Преторија во Трансвал, денешна Јужна Африка. Кога надзорникот на рудникот, Фредерик Велс, го добил каменот, тој првично сметал дека се работи за обично парче стакло, па дури и го фрлил низ прозорец. Дијамантот ...

Што ќе ни донесе универзумот оваа недела? Прочитајте ги астролошките предвидувања за секој хороскопски знак одделно! Овен Месечината ќе ви помогне да пронајдете внатрешна сила и самодоверба, а тоа од друга страна, ќе ве спречи да донесете негативни одлуки, особено во поглед на вашите односи. Ќе правите нови планови за да започнете со нов проект. Можно е да потрошите голема сума пари што ќе биде неопходна за вашиот бизнис. Доколку сте слободни ...

Сигурно досега сте слушнале фрази од типот: „Кој треба да бидеш, што треба да бидеш, каде треба да бидеш – сè ќе си дојде на свое место“. Но, дали е навистина така? Дали нештата кои ги посакуваме едноставно ќе ни „паднат од небо“ без да мрднеме ниту со прст за нив? Најверојатно и не затоа што ни е потребно едно нешто што се вика… работа. Да, мора да работите за да бидете таму каде што сакате да ...

Сигурно сте слушнале дека омега-3 масните киселини поволно делуваат врз организмот. Но, кои се нивните здравствени придобивки? Истражувањата покажале дека овие масни киселини не само што го подобруваат здравјето на срцето (преку воспоставување здрав крвен притисок како и нормализирање на нивото на холестерол) тие влијаат и врз протокот на крв и циркулацијата. Со други зборови, омега-3 киселините се корисни не само за срцето, туку и за функцијата ...

Уметникот Парт Котекар создава неверојатни уметнички дела од хартија. Благодарение на неговата умешност, обичниот лист се претвора во најразновидни форми на птици и пеперутки со сложен дизајн од геометриски фигури. Во продолжение погледнете ги неговите неверојатни уметнички дела кои се чинат дека се испечатени, а не рачно изработени. Откако ги погледнавте овие неверојатни изработки од хартија, можеби ќе сакате да ги погледнете и како ...

Што мислите за комбинацијата од кафе и јајца? Ca phe trung или виетнамско кафе чија сладост се должи пред сè на жолчките кои се матат со слатко кондензирано млеко сè додека не се добие кремаста пена која полека се прелива во еспресо. Традицијата да се приготвува кафе со жолчка потекнува од Втората светска војна кога немало доволно млеко. Шанкерот Џанга кој работел во хотелот Метропол го измислил рецептот. За да не ги разочара ...

Иако „Матрикс“ за прв пат беше прикажан пред 21 година, сепак постојат одредени цитати кои се сè уште релевантни. Имено, „Матрикс е научно-фантастичен акционен филм кој прикажува дистописка иднина каде човештвото е заробено во програмата наречена Матрикс. Оваа програма претставува симулација на реалноста создадена од машини направени со цел да го одвлечат вниманието на луѓето додека нивните тела се користат како извор на ...

Некогаш, трговските патишта се користеле за поврзување на најоддалечените делови во светот. Оние кои патувале не носеле само материјални добра со себе туку и нови технологии како и нови погледи кон животот. Во продолжение прочитајте кои 5 древни трговски патишта ја промениле историјата на човечката цивилизација. Патот на чајот и коњите Трговскиот пат познат како Јужен пат на свилата се протегал во должина од 2.200 километри од кинеските ...

Астролозите откриваат дека кон крајот на февруари 3 хороскопски знаци ќе имаат можност да започнат со позитивна трансформација, да решат некои проблеми и да се посветат на започнување нов живот – онаков каков што посакувале. Еве за кои хороскопски знаци станува збор. Бик Бидете потрпеливи со луѓето околу вас, не наметнувајте се и не давајте непотребни совети. Немојте да се стремите исто така кон молскавично исполнување на желбите. Овој ...

Токсичното работно место може да се манифестира преку негативната енергија и негативните колеги. Во продолжение прочитајте ги нашите совети за како да преживеете на работното место кога работите ќе излезат од контрола. 1. Фокусирајте се на себе и она што е во ваша контрола Запомнете кои сте и што ви е важно. Зошто сте тука? Можеби поради унапредување на сопствената кариера или обезбедување подобра материјална состојба за вашето семејство. ...

Транзитот на Марс во Јарец може да предизвика промени во бизнис плановите, во односот кон авторитетите и постарите лица, но ќе нè научи и да бидеме потрпеливи, практични и дисциплинирани. Сите овие особини ќе ни помогнат да го оствариме она што сме го замислиле. Негативните последици на овој транзит можат да се изразат преку недовербата, сомнежот, песимизмот и занемарувањето на туѓите потреби. Сега е време јасно да ги дефинираме нашите ...

Се ближи февруари, најкраткиот месец во годината, а со тоа и новите предизвици кои ни ги носат планетите. Во продолжение прочитајте што можат да очекуваат хороскопските знаци во поглед на финансиите. Овен Во текот на февруари повеќе ќе бидете насочени кон градење врски отколку кон одржување на финансиската стабилност. Тоа не значи дека ќе ја запоставите вашата финансиска ситуација, но можеби ќе посветите помалку труд на работните обврски. ...

Францускиот град Шамони-Мон Блан попознат како Шамони кој се наоѓа во Југоисточна Франција беше домаќин на првите Зимски олимписки игри кои започнаа на 25 јануари 1924 година. Во тоа време настанот беше познат како Меѓународна недела на зимски спортови (Semaine international des sports d’hiver) и беше организиран од страна на Францускиот олимписки комитет. Шамони е еден од најпознатите скијачки центри и најелитните зимски дестинации во ...

Одредени видови храна можат да ѝ наштетат на вашата кожа, додека други пак можат да ја подобрат. Еве кои намирници треба да бидат вклучени во вашата секојдневна исхрана доколку сакате да имате блескава кожа. Див лосос Дивиот лосос е една од најдобрите намирници кога станува збор за негата на кожата. Покрај тоа, лососот е одличен и во борбата против депресијата, анксиозноста и стресот. Тој ги намалува хормоните на стрес во вашето тело кои ...

Сигурно постојат денови кога сте под стрес поради многуте обврски, било на работа било дома. Затоа од голема важност е да научите да се опуштите и да се ослободите од стресот и чувството на вознемиреност преку овие едноставни и ефективни техники за релаксација. Прочитајте во продолжение за кои техники станува збор. Медитирајте Истражувањата покажале дека секојдневната медитација може значително да ги намали стресот и анксиозноста. Редовното ...

Никогаш не треба да дозволите нечие мислење да ве спречи да го живеете вашиот живот онака како што посакувате. Повеќето луѓе најчесто ја „саботираат“ сопствената среќа бидејќи повеќе се грижат за она што другите го посакуваат или она што им го наметнува општеството. Живејте го животот онака како што сте замислиле без постојано да се обидувате да ги задоволувате сите други околу вас. Во продолжение прочитајте зошто не треба да се ...

Претпоставуваме дека многумина од вас слушнале за ликопен, но дали сте запознаени со фактот дека оваа состојка е богата со антиоксиданси? Во продолжение прочитајте за нејзините здравствени придобивки. Ликопенот е каротеноид и најмногу се содржи во доматите, но и во другите црвени зеленчуци и овошја. Како и сите други каротеноиди, ликопенот е моќен фитонутриент богат со антиинфламаторни својства. Богат со антиоксидантни својства Ликопенот е еден ...

Планинарењето во близина на активен вулкан можеби и не се совпаѓа со начинот на кој го замислувате вашиот одмор, но за многумина очигледно вреди да се ризикува. Вулканот Фуего во Гватемала е најактивниот вулкан во Средна Америка кој привлекува илјадници туристи годишно. Со цел да можат да ги видат одблизу неговите ерупции, туристите мораат да се искачат на соседниот врв Акатенанго кој е неактивен вулкан. Екскурзијата до вулканот започнува од ...

Февруари е месецот кој го означува крајот на зимата и е ветувачки во поглед на убавите промените и енергијата. Во февруари најсреќни ќе бидат знаците чија владејачка планета е Меркур. Проверете во продолжение за кои хороскопски знаци станува збор. Близнаци Меркур во февруари ќе им помогне на Близнаците во поглед на создавањето нови врски и воспоставувањето деловни контакти. Луѓето родени во овој знак ќе се стекнат со нови можности за учење, а ...

Прочитајте како ѕвездите и планетите ќе му влијаат на секој хороскопски знак оваа недела, почнувајќи од 24 јануари. Овен Оваа недела како што вашиот планетарен владетел Марс лека-полека влегува во Јарец, вие ќе се чувствувате сè поодлучни. Сепак, не дејствувајте импулсивно иако понекогаш ќе бидете доведени во искушение. Искористете го периодот за подготовка на вашиот главен план за наредната недела да можете успешно да се справите со ...

Познатиот зен монах Тич Нат Хан кој го ширеше будизмот и неговите постулати ширум светот, почина на 22 јануари на 95-годишна возраст. Тој работеше цел живот на ширење на будистичката филозофија за сочувство и мир и го посвети својот живот на учењето за свесноста. Благодарение на неговата работа, зен-будизмот денес е подеднакво прифатен како на Истокот така и на Западот. Во продолжение прочитајте некои од неговите најпознати цитати. ...

Кралството Бутан е најсреќната, најзелената и единствената земја во светот со негативен јаглероден отпечаток. Со население од 800.000 жители, главно будисти, оваа земја е дефинитивно едно од најмистичните места кое вреди да го посетите. Во Бутан на секој чекор можете да наидете на интересни работи кои ќе ве воодушеват или збунат. Еден од нив е фактот дека во Бутан е забрането убивањето животни, а најголемиот дел од жителите се вегетаријанци и ...

Полната Месечина во знакот Рак ќе донесе посебна енергија која може да доведе до напнатост и разочарување. Наместо да се обидувате да ги контролирате работите, започнете со внатрешна трансформација. Оваа Месечина ќе ви пружи силни емоции и затоа е речиси невозможно да го избегнете нејзиното влијание. Овен Полната Месечина ќе ве поттикне да размислувате во насока на нови почетоци, формирање дом и семејство. Многумина од вас ќе бидат наградени на ...

Секој од нас на различен начин ја искажува својата љубов. Во продолжение прочитајте како секој од хороскопските знаци ја искажува грижата за саканата личност. Овен Тие се супер заштитнички настроени кон вас и дури и би се тепале со некого за вас. Понекогаш можат да ве задеваат, но не сакаат другите да се однесуваат лошо кон вас. Во тешките моменти тие се секогаш тука да ви помогнат. Бик Тие ќе ви покажат колку многу се грижат за вас преку ...

Астролозите предвидоа дека 4 датуми во февруари ќе им донесат проблеми на многумина. Сепак, не значи дека тоа навистина ќе биде така затоа што зависи и од начинот на кој ќе се чувствувате во врска со она што ќе се случува. 11 февруари – Меркур во конјункција со Плутон Конјункцијата е наjнехармоничниот и најагресивниот аспект на планетите. На 11 февруари двете планети, Меркур и Плутон, ќе бидат поставени во иста линија со Земјата. Како ...

Прочитајте како ќе ви бидат ѕвездите наклонети во февруари од аспект на љубовта и романтичните врски. Овен Во февруари ќе се појави личност која ќе придонесе за вашата самодоверба и ќе открие дел од вашите таленти. На почетокот врската ќе биде пријателска и ќе помине многу време пред да сфатите дека имате чувства еден за друг. Доколку веќе имате сродна душа, меѓусебното незадоволство може да доведе до отуѓување на еден од друг, но разговорот ...

Градовите опкружени со ѕидини се привлечни за туристите токму поради фактот дека најчесто се карактеризираат со богата историја. Ѕидините укажуваат на фактот дека овие градови сигурно биле важни стратешки точки во минатото, па оттука произлегува и нивниот шарм и привлечност на туристичка дестинација. Во продолжение откријте ја нашата листа на 4 најубави градови во светот опкружени со ѕидини. 1. Дубровник, Хрватска Попознат уште како ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
2.06
86%
1038
weather icon

Белград

-3ᴼ / -3ᴼ
1.54
87%
1040
weather icon

Загреб

0ᴼ / -1ᴼ
1.03
78%
1040
weather icon

Софија

-2ᴼ / -4ᴼ
3.6
92%
1038
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
2.71
78%
1035
weather icon

Љубљана

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
85%
1040
weather icon

Атина

10ᴼ / 8ᴼ
5.14
68%
1031
weather icon

Тирана

2ᴼ / 2ᴼ
1.54
87%
1029
weather icon

Подгорица

0ᴼ / 0ᴼ
2.06
93%
1032
weather icon

Букурешт

0ᴼ / -1ᴼ
3.6
72%
1034
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
1.54
88%
1039
weather icon

Истанбул

3ᴼ / 2ᴼ
1.54
81%
1034
Currency

61.535

Currency

59.7585

Currency

72.8654

Currency

36.9644

Currency

41.3984

Currency

65.5368

Currency

8.161

Currency

0.58524

Currency

0.38414

Currency

0.52545

Currency

1.6816

Currency

0.69046

Иридиум

133440 $

Алуминиум

2 $

Кобалт

450 $

Никел

503585 $

Рутениум

14887 $

Калај

29 $

Сребро

973 $

Злато

86911 $

Бакар

8 $

Паладиум

30160 $

Платина

30609 $

Цинк

90795 $