Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Македонската фудбалска репрезентација претрпе пораз од Шкотска со 2-1 на „Хемпден парк“, во петтото коло од Лигата на нации. Џон Мекгин беше двоен стрелец за домаќините, вториот погодок го постигна од пенал по интервенција на ВАР, додека Елмин Растодер со својот прв гол во националниот дрес го прекина голгетерскиот пост на Македонија, кој траеше речиси една година. Шкотите уште во првото полувреме создадоа неколку сериозни можности. Првата ...
Најголемата обврска на денешните генерации е да ја продолжат борбата за подобра иднина и да изградат град што гордо ќе им биде предаден на идните поколенија, порача градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски на свечената академија по повод 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје. – Денес нашата одговорност се мери со тоа каков град ќе им оставиме на нашите деца. Дали ќе имаат зелени паркови, дали безбедно ќе одат на училиште, дали ...
Бродот кој некогаш важеше за најбрз брод во Атланскиот Океан, подолг и од „Титаник“, намерно беше потопен покрај брегот на Флорида, со што стана најголемиот вештачки океански гребен на светот. „СС Јунајтед Стејтс“ пред да биде преместен на Флорида, речиси 30 години беше закотвен во Филаделфија, каде што се претворил во живеалиште за морскиот свет и подводна атракција за љубителите на морето. Целта на активистите да го претворат историскиот ...
Манчестер Јунајтед денеска официјално го назначи Аргентинецот Маурисио Покетино за нов тренер, ден откако му врачи отказ на Мајкл Карик. „Клубот постигна договор со Фудбалската федерација на САД според кој Маурисио и неговиот стручен штаб ќе бидат слободни да си заминат откако ќе ги исполнат своите обврски со американската репрезентација“, соопшти Манчестер Јунајтед. Поранешниот тренер на Тотенхем, Челзи и ПСЖ ќе ја предводи селекцијата на ...
Централниот дефанзивец на Баерн Минхен, Дајот Упамекано, ја напушти француската репрезентација од лични причини по вчерашниот пораз од 3-1 од Италија во Лигата на нации. „Во договор со селекторот, Упамекано го напушти тренинг кампот и се враќа во Минхен од лични причини“, објави попладнево Фудбалската федерација на Франција. Францускиот селектор Зинедин Зидан сè уште не повикал замена за Упамекано, кој ќе го пропушти следниот дуел против ...
апонската фудбалска федерација објави денеска дека актуелниот селектор Хаџиме Моријасу (58) ќе поднесе оставка следната недела, по одложувањето на Азискиот куп, кој требаше да стартува на почетокот на 2027 година. Моријасу, кој ја предводи Јапонија од 2018 година, требаше да се повлече на крајот од континенталниот турнир, но Азискиот куп, кој требаше да се одржи во Саудиска Арабија во јануари, е одложен за декември 2027 година поради ...
Археолошките истражувања на локалитетот Исар – Марвинци кај Валандово во 2026 година донесоа исклучителни резултати, кои значително ги прошируваат досегашните сознанија за урбаниот развој, архитектурата и секојдневниот живот во античкиот град. Овогодишните истражувања, реализирани од Националниот археолошки музеј – Скопје беа насочени кон истражување на дел од комплексот на јавната градска бања од римскиот период. Досегашните археолошки ...
ЈП Улици и патишта Скопје, ги известува граѓаните дека во недела на 15.11.2026 година со почеток во 8 часот наутро, на крстосницата помеѓу улиците „Скупи“ и Љубљанска“, ќе започне со демонтажа на семафорски портални и обични столбови и семафорска опрема. Овие активности ќе се реализираат согласно одобрен сообраќаен проект за измена на режим на сообраќај за воведување на нови светлосни сигнали на крстосницата. Сообраќајот ќе биде комплентно ...
Точно 55 години по премиерната изведба на антологиската песна „Чија си“ од Славе Димитров на Фестивалот на забавни мелодии „Скопје 71“, вчеравечер (12 ноември) во „Литература.мк“ во „Дајмнод мол“ беше промовирана книгата „Чија си“. Авторизираната биографија на еден од најзначајните македонски композитори, пејачи, аранжери и музички продуценти, Славе Димитров, напишана од авторот Максим Ристески, е хроника на животниот и на творечкиот пат на ...
Euronews/BFM/RFI/БТА Денеска е петок 13-ти – датум што ги плаши суеверните луѓе. Оваа година, во пресрет на денот, голем број француски медиуми, како што се BFM TV, RFI, Scientifique et Vie и француската програма на Euronews, исто така потсетија дека крајот на светот е предвиден за 13 ноември 2026 година, но нагласија дека предвидувањето нема шанси да се оствари. Пред 66 години, се појави статија со провокативен наслов „Судниот ден ќе биде ...
Деветнаесетгодишно момче почина од сериозни повреди откако беше нападнато од тигар на приватна фарма за диви животни во пакистанскиот град Лахор, а полицијата уапси три лица, вклучувајќи го сопственикот на фармата и маж познат на социјалните мрежи како ТикТокер, Ноуман Хасан. Нападот се случил на фарма кога, според полициското соопштение, корисник на ТикТок дошол на имотот за да снима содржина со тигарот. За време на снимањето, животното ја ...
Светлосниот меч што го користел Дарт Вејдер во филмовите „Империјата го возвраќа ударот“ и „Враќањето на џедајот“ од филмскиот серијал „Војна на ѕвездите“ беше продаден вчера на аукција за речиси пет милиони долари. Станува збор за реквизит користен во еден од најзначајните дуели во филмската историја, во Cloud City, кога Дарт Вејдер му ја открива на Лук Скајвокер вистината со познатата реченица: „Јас сум твојот татко“. Светлосниот меч бил ...
Американскиот музичар Ник Кејв ја нападна вештачката интелигенција, велејќи дека платформите за генерирање песни се „врвно понижување на музиката, коешто ја уништува душата“. Во објава на својот блог, „Ред хенд фајлс“ (The Red Hand Files), пејачот изрази длабока загриженост во врска со поширокото влијание на ВИ и нејзината технологија. Имено, откако претходно ѝ порача на платформата „Чет-ГПТ“ – „да о**бе“ и „да не чепка во пишувањето песни“, ...
Во Мултикултурниот центар во Кочани синоќа беше промовирана книгата „Бојот се бие во срцето на јунакот“, посветена на животот, спортската кариера и личноста на Андреј Лазаров, момче кое го загуби животот во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“. Автор на книгата е д-р Марјан Гијовски, кој преку ова дело, на свој начин, настојува да го зачува споменот на Андреј. Книгата „Бојот се бие во срцето на јункот“ претставува приказна за Андреј ...
НУ „Завод и музеј Струмица“ почна со реализација на проектот за конзервација на црквата „Свети Атанасиј“ во село Габрово, Општина Гевгелија, информираа од установата. -Проектот е насочен кон заштита, зачувување и унапредување на состојбата на овој значаен сакрален објект, како дел од културното и духовното наследство на регионот, се наведува во информацијата. Конзерваторските активности се реализираат под раководство на Славица Тасева, ...
Заврши конзервацијата на камен фрагмент, дел од амвон или певница, откриен минатата година при археолошките истражувања на локалитетот Градиште во кумановското село Пчиња. Наодот е дел од архитектонската декорација на ранохристијанската базилика, чии најстари остатоци датираат од крајот на IV и почетокот на V век. Докторантката и конзерваторка Валентина Илијевска од НУ Музеј Куманово информира дека е завршена конзервацијата на значајниот ...
Општина Охрид го објави годишниот конкурс за доделување на највисоките општински признанија – Повелбите и наградата „Патрон на градот Св. Климент Охридски“ за 2026 година. Наградата „Патрон на градот“ се доделува за животно дело, односно за долгогодишни остварувања и врвни достигнувања во сите области од општествениот живот што се од особено значење за Општина Охрид и имаат голем придонес во нејзиниот развој, напредок и севкупна афирмација во ...
Во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани денеска беше отворена јубилејната изложба на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ), насловена „80 години ДЛУМ – уметност што остава трага“. На изложбата се претставени десетина дела од петмина кочански автори, членови на ДЛУМ: Лидија Тенев, Марија Мицова Гацова, Александра Димитрова, Станко Ѓоргиев и Љупка Делева. Претседателот на Собранието на ДЛУМ, Никола Смилков, на отворањето ...
Режисерката Тамара Котевска за филмот „Приказната за Силјан“ доби Гран-при за најдобар кинодокументарец на доделувањето на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови. Котевска, која е двојно номинирана за Оскар и за Еми, ова највисоко британско признание за документаристика го доби за „Приказната за Силјан“ (The Tale of Silyan), ...
Со хуманост, солидарност и меѓугенерациско дружење, Општина Центар го одбележа 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје. Традиционалниот хуманитарен фестивал „Симит и погача“ ги обедини граѓаните пред муралот на Горан Стефановски во Дебар Маало, а средствата собрани од базарот со домашни специјалитети се наменети за поддршка на повредените во пожарот во Кочани. -Овој голем ден за Скопје го одбележуваме со хуманост и солидарност, затоа ...
Прекинот на услугите на Мајкрософт, што траеше најмалку 18 часа, влијае на услугите, вклучувајќи ги Teams, Outlook и софтверот за вештачка интелигенција Copilot. Компанијата во ново соопштение детално го опишува обновувањето на своите услуги во различни региони во светот. Компанијата вели дека сега гледа „охрабрувачки напредок во обновувањето на услугите во Европа“, при што достапноста на услугите и перформансите на испорака на е-пошта „се ...
Бесплатни ПСА-тестирања за рано откривање на рак на простата се реализираат во Здравствениот дом „Железничар“ во Скопје, во рамки на одбележувањето на месецот на машкото здравје – „Мовембер“. Акцијата се организира трета година по ред, а бесплатни прегледи ќе има и во последните два четвртока од месецов, во периодот од 12 до 14 часот. Надлежните информираа дека бесплатното тестирање започнало завчера со граѓани од ранливи категории. Околу 100 ...
Во пресрет на дербито од 10.коло од ракометната Супер лига со Алкалоид од ракометниот шампион Вардар објави дека ја продолжуваат соработката со полскиот интернационалец – голманот Милош Валах (24.години). Полскиот голман нов договор со „црвено-црните“ и ќе биде во редовите на Вардар најмалку до 2028 година. Валах дојде во Скопје од екипата на Киелце и ова е негова втора сезона на голот на Вардар. Со одличните настапи се наметна како прва ...
УХМР најавува дека утре времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, со слаб до умерен и долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Според прогнозата, и во недела, во попладневните часови, наместа ќе има повремени врнежи од дожд. -Од почетокот на следната работна седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, освен во средината на седмицата кога ќе има пообилни врнежи од дожд, ...
Силниот ветер кој од утрово дува на подрачјето на Битола предизвика проблеми на повеќе локации во градот. Две девојчиња се повредени од искршено стакло, излог на јавна институција во центарот на градот, а пожар е регистриран во населбата Лавци, каде интервенираше екипа на Територијалната против пожарна единица, изјави за МИА, командирот на ТППЕ Битола, Христијан Тодоровски. Од силниот ветер срушени се повеќе дрва низ градот и околината, ...
Домашни производители на храна утре, сабота (14 ноември 2026 година), ќе се претстават на саемот „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“, кој ќе се одржи кај Школка во Градскиот парк во Скопје, со почеток во 10:00 часот. На почетокот на настанот е предвидено обраќање и на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски. Посетителите ќе можат да вкусат млечни производи и месни преработки, ајвар, лутеница, ...
Со големо задоволство ја најавуваме XI Недела на италијанската кујна во светот, која ќе се одржи од 16 до 26 ноември 2026 година во организација на Амбасадата на Република Италија и Агенција ITA во Скопје. Темата на овогодишното издание е „Италијанската кујна како нематеријално културно наследство на УНЕСКО: територии и врвни производствени процеси“, славејќи ја регионалната разновидност на италијанската гастрономија и нејзината поврзаност со ...
Со отворањето на новата детска градинка во населеното место Инџиково се создаваат подобри услови за најмладите и се подобрува квалитетот на животот на граѓаните, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски на пуштањето во употреба на објектот во Општина Гази Баба. – Кога се пушта во употреба ваков проект, тоа значи дека ќе има повеќе среќа, повеќе радост, повеќе убави моменти, пред сѐ за најмилите, за дечињата. Проектите што ги започнавме ...
„Добар ден и од мене. Уште еден ден, уште еден завршен проект, уште еден навистина прекрасен проект – детска градинка. Кога се пушта во употреба ваков проект, тоа значи дека има повеќе среќа, повеќе радост, повеќе убави моменти, пред сè за најмилите, за дечињата, и нема како човек да ја скрие емоцијата, бидејќи ова се навистина за мене прекрасни моменти. Би сакал да се заблагодарам и на министерот, и на градоначалникот, и на пратениците во ...
Според ново национално истражување спроведено во САД, речиси 30 отсто од возрасните Американци признале дека ги лажеле лекарите за да добијат антибиотици. Дел од нив ги преувеличувале симптомите, додека други целосно измислувале здравствени проблеми за да им се препишат антибиотици. Во истражувањето спроведено во јануари и февруари годинава, се испитани речиси 960 возрасни лица од различни делови на САД. На прашањата дали некогаш ја ...