Kia EV5 има ротирачки седишта, констелација на светлосни елементи и „Digital Tiger Face“

Корејската компанија Kia го претстави концептот EV5, електричен кросовер кој е помлад брат на неодамна прикажаниот EV9 со седум седишта. Новиот Kia EV5 го има истиот аголен дизајн со висока хауба, проширени калници и тенки LED фарови. Моделот кога ќе се појави на пазарот во неговата конечна сериска верзија ќе им конкурира на Tesla Model Y, Volkswagen ID.4 и Toyota bZ4X.

Kia последен пат го ажурираше својот план за електрификација пред една година, кога брендот вети дека ќе претстави 14 нови електрични возила до 2027 година, вклучувајќи и два пикап камионети. Минатата недела Kia ја покажа сериската верзија на електричен предводник во гамата – кросоверот EV9.

Kia EV5 ќе биде достапен во верзии со заден погон и погон на сите четири тркала. Концептниот автомобил има врати кои се отвораат во обратна насока и четири седишта во два реда с можност за роатација, кои серискиот модел најверојатно нема да ги има.

Кросоверот има компактен сплескан осум аголен волан и широк дисплеј, а копчињата се чувствителни на допир.

Целокупниот стил и внатре и надвор е приближно ист како кај моделот EV9. Типичните карактеристики на концептот, исто така, вклучуваат непстоење на B-столбови и надворешни рачки на вратите, а наместо класични ретровизори поставени се камери.

Во внатрешноста се користат еколошки материјали, а покривот е целосно изработен од стакло. Автомобилот лежи на бандажи од 21 инчи. Kia EV5 е изграден на платформата E-GMP, како и неговиот постар брат и ќе добие батерија со капацитет од 77 kWh.

Компанијата не открива повеќе технички детали за EV5, нема збор ниту за димензиите, но се вели дека досегот ќе надмине 480 километри со едно полнење (700 километри според кинескиот CLTC циклус).

Идниот модел ќе се појави пред крајот на оваа година, прво во Кина, а потоа и на другите пазари, но датумите се уште не се објавени.