Возачите кои се лојални на една марка со генерации најверојатно ќе можат да се префрлат на струја без да мораат да ја менуваат својата верност кон омилениот бренд

Со години, електричните возила беа избор на поединци, а самите автомобили беа групирани заедно поради нивниот извор на енергија и се гледаа како посебна категорија целосно одвоена од возилата со внатрешно согорување. И во САД и во Европа.

Но тоа повеќе не е така. До крајот на оваа година, електричните возила ќе бидат достапни во понудата на толку многу брендови и во толку многу пазарни сектори што повеќе од половина од Американците кои сакаат да купат нов автомобил ќе имаат на располагање одржлива електрична опција, а таа може да порасне до 75 проценти до 2026 година, покажува студијата.

Тоа е мислењето на експертите од J.D. Power, кои за Automotive News велат дека сличностите во дизајнот помеѓу електричните и возилата со внатрешно согорување помагаат да се отвори пазарот за повеќе купувачи.

Додека многу рани електрични автомобили како оригиналниот Nissan Leaf и BMW i3 привлекоа возачи кои сакаа да се истакнат и можеби да ја покажат својата еколошка свест, неконвенционалниот стил во исто време исклучи многумина.

И електричните возила веќе не се ограничени на неколку марки. Во споредба со пред десет години, па дури и пред само пет години, достапноста на електричната опција порасна експоненцијално, што значи дека возачите кои се лојални на една марка со генерации најверојатно ќе можат да се префрлат на струја без да мора да ја откажат својата верност.

Но, од J.D. Power велат дека уште еден голем фактор се малку попристапните цени на електричните возила. Податоците на J.D. Power велат дека пред три месеци возачите барале плаќање на премија од 31% за да истите се префрлат на струја. Но денес тој процент е паднат на 24%.

Telsa ги намали цените на своите електрични возила, а Ford намали илјадарка од цената на својот Mustang Mach-E претходно оваа година. Цената на некои ЕВ е дополнително намалена со владините стимулации и Законот за намалување на инфлацијата на администрацијата на Бајден, кој нуди даночни кредити до 7.500 американски долари (6.900 евра).

Но, само затоа што тие клиенти можат да се префрлат на електрични, не значи дека ќе го направат тоа. J D. Power предвидува дека додека повеќе од половина од купувачите на нови автомобили ќе имаат достапна прифатлива опција за EV до крајот на оваа година, само еден од 10 ќе избере целосно електричен автомобил.