Почина американскиот војник кој се самозапали пред израелската амбасада во САД. Полицијата го идентификувала мажот како 25-годишниот Арон Бушнел од Тексас. An American soldier active in the air force in front of the Israeli embassy in Washington said “I will no longer be an accomplice to genocide” in response to the massacre in Palestine. He set himself on fire. Conscience is what makes a person human. pic.twitter.com/VLCSEmEskP — Lonely Wolf ...

Кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластувањето против извршителите и судиите што не носат одлуки за бришење на долговите постари од 10 години или, пак, не ги намалуваат каматите на долговите, кои не треба да го надминат износот на основниот долг, советува Зоран Петковиќ-Бакли, професор по кривично право, криминологија, корупција и организиран криминал на Факултетот за безбедност во Скопје при Универзитетот „Климент ...

Со трката за Големата нграда на Бахреин викендов ќе започне 75. сезона во Формула 1. Големата награда на Бахреин, прв пат откако влезе во календарот на Формула 1, наместо во недела, ќе се вози во сабота, што значи дека викендот ќе започне во четврток. Трките во Ф1 обично се одржуваат во текот на три дена со тренинг во петок, пред последниот тренинг и квалификациите во сабота и Големата награда во недела. Формула 1 реши викендите за првите две ...

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во Ротимље, близу Мостар, Босна и Херцеговина, по повод 20-годишнината од загинувањето на поранешниот претседател Борис Трајковски и неговите соработници, на спомен-обележјето каде што се случи несреќата истакна дека Трајковски беше доблесен и храбар политичар, претседател со визија за иднината на државата. – Ова место е потсетник за сите генерации дека Македонија имала и има доблесни и ...

Министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон, се лекува во љубљанската болница поради сомнително воспаление на бубрезите, дознава СТА од МНР. Таа инаку се чувствува добро, а се очекува да остане во болница неколку дена, пренесува оваа агенција. Тања Фајон поради лоша состојба е хоспитализирана во неделата попладне по враќањето од Њујорк, каде во петокот присуствуваше на седниците на Генералното собрание на ОН и на Советот за ...

Помошникот на Иван Јуриќ во Торино, Микеле Орекио е фатен како го следи тренингот на на Рома. Торино вечерва игра против Рома во Серија А. Тој вчера околу 16:00 часот бил пронајден од полициска патрола како се крие меѓу дрвјата во близина на спортскиот центар „Бернардини“. Тајните задачи на помошникот на Јуриќ во Рим, очигледо дел од неговата работа, во април беше фатен како го шпионира тренингот на тогашниот тренер на Рома, Жозе Мурињо. ...

Повеќе од два милиони животни угинаа оваа зима во Монголија, изјави владин претставник додека земјата се бори со екстремен студ и снег. Екстремно ниските температури од декември до март не се новина во источноазиската земја, каде во некои области можат да паднат и до -50 степени Целзиусови. Но, оваа зима беше поостра од вообичаеното, со температури под нормалата и многу обилен снег, се вели во неодамнешниот извештај на Обединетите нации. ...

При денешната посета на општина Гази Баба претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на иницијативата на ДУИ и Ахмети за претседател на државата истакна дека таквите изјави треба да се игнорираат бидејќи доаѓаат од политичари кои што не се фактор, а и за бргу време ќе бидат пратени во политичка пензија но и голем дел од нив ќе бидат и дел од процеси каде што треба да ја докажуваат својата невиност ...

Кристијано Роналдо се најде на удар на критиките за непримерн0о однесување по победата на неговиот Ал Наср против Ал Шабаб, во натпреварот во Саудиска Про лига во неделата. Роналдо постигна гол во првото полувреме од пенал, пред Бразилецот Талиска да му донесе победа на Ал Наср на гости со 3-2 на крајот од натпреварот. По последниот свиреж на судијата, на снимките објавени на социјалните мрежи се гледа дека петкратниот освојувач на Златната ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, учествува на Инвестицискиот самит за Западен Балкан на Европската банка за обнова и развој, придружуван од вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи и министерот за финансии, Фатмир Бесими. На Самитот, премиерот Џафери учествуваше во дискусијата на премиерскиот панел на кој учествуваа премиери од Западен Балкан, премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ, ...

Со положување на цвеќе пред споменикот на поранешниот претседател на Македонија, Борис Трајковски во Општина Струмица се одбележаа 20 години од неговата смрт. Владината делегација во Струмица ја предводеше Јованка Тренчевска, дополнителна заменик-министерка за труд и социјална политика. Дел од делегацијата беа и Кирил Парталов, државен секретар во Министерството за локална самоуправа и Спасе Додовски, координатор за имплементација на ...

Веселин Вујовиќ (63) повторно ќе биде тренер во Хрватска. Како што пренесува „Вечерњи лист“, Вујовиќ ја презема екипата на Нексе од Нашице. Нексе бараше тренер откако му се заблагодари на Бранко Тамше, а изборот падна на Вујовиќ, кој нема да мора премногу да се запознава со ситуацијата и односот на силите. Вујовиќ два пати во кариерата го предводеше најдобриот хрватски клуб, Загреб. Последнататренерска работа му беше во Иран. Минатата година ...

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на конференцијата „Украина – две години хероизам“ организирана од Амбасадата на Украина во Република Северна Македонија во соработка со невладината организација ЦИВИЛ – Центар за слобода, а која се одржа по повод 2 години од започнувањето на руската инвазија врз Украина. „Минатата година, на овој ист ден, посакавме никогаш повеќе да не се собираме за да ги одбележуваме годините на борбата за ...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска беше на теренска посета на увид на градежни активности во општина Гази Баба, каде што беше запрашан за коментар за тврдењата на Социјалдемократскиот сојуз дека ја зголемиле просечната плата. Мицкоски истакна дека тоа се нивни кажувања, но реалноста е сосема друга и дека македонските граѓани имаат се помалку пари и се полошо живеат, истакнувајќи дека пред неколку години со помалку пари ...

Со положување свежо цвеќе на спомен-обележјето во Ротимле, во близина на Мостар, Босна и Херцеговина, беше одбележана 20-годишнината од трагичната смрт на поранешниот претседател Борис Трајковски, членовите на делегацијата и екипажот на авионот. На спомен-обележјето кај Ротимле, каде што се случи несреќата, свежо цвеќе положија и претставници од владината делегација, составена од: министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, и ...

Во посета на општина Гази Баба денеска беше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој заедно со градоначалникот Бобан Стефковски промовираа два проекти. „Првиот е комплетно завршен проект, а тоа е набавка на нова механизација за јавното комунално претпријатие кое се состои од камион кипер со носивост до 1.200 килограми, кој што ќе биде наменет за подобрување на состојбата со комунален отпад и комуналната хигиена на територија на ...

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи учествуваше на конференција насловена “Украина: Две години херојство”, каде што се одбележа двегодишнина од руската агресија на Украина, организирана од Амбасадата на Украина во Скопје и ЦИВИЛ. “Денес се собравме да го испочитуваме нивниот спомен и да ја увериме Украина дека ќе продолжиме со нашата поддршка и во иднина. Ќе продолжиме да стоиме на страната на Украинците и да им ја даваме поддршката ...

Ирската нискобуџетна авиокомпанија Ryanair може да ги зголеми цените на билетите ова лето за 10 отсто на годишно ниво поради недостаток на авиони, изјави извршниот директор на компанијата, Мајкл О’Лири. Тој рече дека проблемите со испораките на авионите „Боинг“ и „Ербас“ ќе го ограничат капацитетот за превоз на патници и со тоа ќе се одразат на поскапувањето, пренесува „Скај њуз“. „Нашите просечни цени на авионските билети се зголемија за 17 ...

„Пратениците од опозициската ДПМНЕ блокираат закони кои се од интерес на граѓаните и го кочат развојот на земјата. Претседателот на Комисијата за финансирање и буџет Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ не го става на дневен ред на комисија Предлог на законот за гаранција по Договорот за заем за дополнително финансирање на проектот за надградба и развој на патишта“, рече Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ. „Овој Закон е поднесен до Собранието уште ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,66% во однос на одлуката од 23.2.2024 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,454%, кај дизелот за ...

„Не престануваат скандалите со набавките во ЕЛЕМ! Низа скандали го тресат ЕЛЕМ со изнајмување на механизација и разни договори со Марковски компани“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Од една страна се објавува огромен тендер од 46 м€ за ангажирање на механизација за потребите на РЕК Битола, а од друга страна се објавува оглас за набавка на 52 возила за потребите на Дирекција и подружниците, во износ од 90.268.092,00 ден без ддв. Покрај договор за набавка ...

Во просториите на Домот на култура во Марино, денеска беше отворена младинска канцеларија, која има за цел подобрување на квалитетот на живот на младите. На отворањето на младинската канцеларија, покрај младите од општина Илинден, присуствуваше и градоначалникот Александар Георгиевски, пришто на младите им посака успешна работа и реализација на предвидените проекти во спроведувањето на локалните младински политики, соопшто општина Илинден. ...

Мет Дејмон, продуцент на документарниот филм „Kiss the Future“ за концертот на U2 во 1997 година во Сараево, рече дека постои сличност меѓу војната во поранешна Југославија и руската инвазија на Украина. „Kiss the Future“ беше премиерно прикажан на минатогодишниот филмски фестивал во Берлин, а летово го отвори Сараевскиот филмски фестивал. Иако филмот е за повоениот настап на бендот U2 на стадионот Кошево, во суштината на неговата приказна е ...

Се планираше Алексеј Навални, затвореник во Русија, да биде разменет со платениот убиец Вадим Красиков, кој издржува доживотна казна затвор во Германија, но рускиот претседател Владимир Путин одлучи поинаку, изјави претседателката на Фондацијата за борба против корупцијата Марија Певчих. Оваа фондација е основана од Навални. Според неа, по целосната инвазија на Украина, „станало очигледно дека Навални мора да биде ослободен од затвор по секоја ...

Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро изјави дека станал жртва на политички терор откако ја напуштил претседателската функција, додавајќи дека обвинувањата против него дека се обидел да изврши државен удар се лажни. Пред десетици илјади приврзаници на собирот во Сао Паоло, тој побара амнестија за стотиците осудени за напади на згради во кои се сместени јавни институции на почетокот на јануари минатата година, отфрлајќи ги ...

Финансиерот и член на банкарското семејство Ротшилд, лорд Џејкоб Ротшилд, почина на 87-годишна возраст, соопшти неговото семејство. Ротшилд ја започна својата кариера во семејната банка, NM Rothschild & Sons, во 1963 година, пред да ја основа со Марк Вајнберг во 1980 година, тогашната „J Rothschild Assurance Group“, сега „St James’s Place“, објави Индипендент. Тој, исто така, го основаше Windmill Hill Asset Management, кој управува со ...

Пазарувањето некогаш е обврска, а некогаш претставува задоволство. Но, и во едниот и во другиот случај значи трошење средства. Сепак, постои можост за одредени купувања што ги правите да добиете поврат на средства во вид на бонус поени кои можете да ги искористите за некои идни плаќања. Токму тоа го овозможува програмата за бонус поени на Халкбанк АД Скопје која што е наменета за сите корисници на Мастеркард и Виза кредитни картички издадени од ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес ги започна консултациите за мандатар на новата влада Српскиот претседател одржа консултации за мандатар на новата влада со претставници на изборната листа „Продолжува политичката борба на Албанците – Шаип Камбери“ и со листата „Руска партија – Слободан Николиќ“, по што неделава ќе следат средби и со останатите партии кои освоија пратенички места во српското Собрание, но не и со опизициските коалиции ...

Израел денеска изврши најмалку два истовремени напади врз цели околу либанскиот град Баалбек, изјавија за Ројтерс два безбедносни извори, што го означи првото израелско бомбардирање на источен Либан од избувнувањето на регионалните судири по почетокот на војната во Газа. Израелската војска соопшти дека „во моментов гаѓа терористички цели на Хезболах длабоко во Либан“, но не даде дополнителни детали. Вооружената група Хезболах, која е поддржана ...

Челси вчера го загуби финалето во Лига купот од Луверпул. Пресуди голот на Вирџил Ван Дајк во 118.минута. Денеска во Англија една од главните теми е голманот на Челси, Ѓорѓе Петровиќ. Поранешниот чувар на мрежата на Чукарички може да биде новиот Петр Чех, смета поранешниот фудбалер на „сините“, Џон Оби Микел. „Многу го почитувам Роберт Санчез, кој е фантастичен голман, но Ѓорѓе Петровиќ е вистинскиот. После секоја одбрана, тој изгледа толку ...

Скопје

6ᴼ/6ᴼ
3.6
81%
1005

Белград

5ᴼ/4ᴼ
4.63
90%
1004

Софија

5ᴼ/3ᴼ
7.72
83%
1005

Сараево

6ᴼ/6ᴼ
6.84
75%
1004

Љубљана

5ᴼ/2ᴼ
1.03
88%
995

Атина

18ᴼ/15ᴼ
3.13
55%
1002

Тирана

9ᴼ/9ᴼ
5.14
100%
1004

Подгорица

9ᴼ/6ᴼ
6.69
57%
1004

Алуминиум

2 $

Иридиум

155948 $

Кобалт

552 $

Никел

566672 $

Рутениум

24115 $

Калај

32 $

Сребро

913 $

Злато

76540 $

Бакар

8 $

Паладиум

32784 $

Платина

30482 $

Родиум

151607 $

Цинк

86897 $