Димитирјевиќ диригираше, Македонија ја растури Полска

Димитирјевиќ-диригираше-Македонија-ја-растури-Полска.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Foto/ kfsm.mk

Кошаркарската репрезентација на Македонија ја забележа првата победа во квалификациите за пласман на Е вропското првенство во 2025 година. Вечерва во Полска, Македонија ја декласира домашната селекција 96:71 (25:16, 22:22, 22:12, 27:21).

Македонските кошаркари предводени од Ненад Димитирјевиќ одиграа беспрекорен натпревар. Не играа добро во првите пет минути, кога Полска водеше 14:9 и лошо влегоа во последната четвртина кога Полска со седум поени ја спушти разликата на 12 поени.

По лошиот старт и предноста на Полјаците од шест поени Македонија одговори со серија 16:2, додека налетот на домаќините на почетокот на решавачкиот период Македонија го одби со серија 10:0.

Димитријевиќ ја предводеше Македонија со 32 поени и по осум скока и асистенции. Најдобриот македонски играч голема поддршка доби од Итан Хап (19 поени, седум скока и пет асистенции), Стојан Ѓуроски постигна 17 поени, погоди три тројки од пет обиди, а двоцифрен беше и Андреј Маслинко со 10 поени.

Кај Полска се истакнаа Михалак со 20 и Соколовски со 15 поени.

На табелата лидер е Естонија со две победи. Вечерва Естонците славеа над Литванија 65:59. Македонија и Литванија имаат победа и пораз, а Полска е без победа.

Квалификациите ќе продолжат во ноември кога Македонија ќе одигра два натпревари со Литванија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK