Германскиот парламент го поддржа новиот закон со кој се дозволува рекреативна употреба на канабис. Според законот, на оние над 18 години во Германија ќе им биде дозволено да поседуваат значителни количини канабис, но строгите правила ќе го отежнат купувањето на дрогата. Пушењето канабис на многу јавни места ќе стане легално од 1 април. Дозволено е поседување до 25 грама на јавни места, а во приватни куќи законската граница ќе биде 50 грама. ...

Украинците објавија снимка од американскиот тенк Абрамс кој пука на руските позиции кај Авдиивка, градот од кој украинските сили се повлекоа. Видеото од Абрамс во акција беше објавено денеска од украинската 47 механизирана бригада, а беше пренесено од украинското Министерство за одбрана. Abrams in action. 📹: 47th Mechanized Brigade pic.twitter.com/Xd0cPEPu57 — Defense of Ukraine (@DefenceU) February 23, 2024 На видеото се гледа како Абрамс со ...

Кампања за рано откривање на ретките болести во март ќе почнат Здружението „Живот со предизвици“ и Здружението на лекарите по општа и семејна медицина. Ќе тргнат од Скопје, но ќе ги посетат сите градови во земјата во кои има матични лекари и лекари по семејна медицина за да ги запознаат од блиску со проблемите, симптомите и потребите на лицата со ретки болести за да може рано да ги препознаат новите пациенти. Весна Алексовска, претседателка на ...

МЗТ Скопје се засили со Џон Гилон. Американецот со актуелниот македонски шампион и освојувач на Купот, потпиша договор до крајот на сезоната. Станува збор за искусен 29-годишен кошаркар кој може да ги покрие позициите 1 и 2, плејмејкер и бек шутер, кој треба да ја пополни празнината по раскинувањето на соработката со Седрик Расел. Гилон во МЗТ доаѓа од Литванија каде настапуваше за прволигашот Пјено, а претходно настапуваше за турската ...

Кандидатот за претседател од политичката партија Движење ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, денеска се потпиша за официјализирање на кандидатурата во просториите на општинската канцеларија на Државната изборна комисија во Куманово. -Ја користам приликата да ги повикам граѓаните на Македонија да дадат поддршка, бидејќи нашата цел е да воведеме нов концепт, нови стандарди, зашто Македонија тоа го заслужува. Македонија мора да излезе ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до судии на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, денеска достави предлози за укинување на мерките за обезбедување присуство, односно мерките притвор и куќен притвор, за шест лица осомничени за кривичното дело Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај од чл. 303 ст. 2 вв со чл. 22, а поврзани со случувањата од 4 – ти јануари во М-НАВ, и определување на мерки за ...

„ВМРО-ДПМНЕ ОК Центар, денеска зборува за хаос во паркирањето, ама не зборува дека директен виновник за тоа е нивното 12 годишно недомаќинско работење во општината. Општина Центар потсетува дека ВМРО-ДПМНЕ е таа која издаваше дозволи за градба без доволен број паркинг места за потоа истите да ги пренамени во деловни објекти“, реагира општина Центар на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ ОК Центар. „Да се грижеше толку ВМРО-ДПМНЕ ОК Центар за ...

Од раните утрински часови голем број граѓани во регионалните центри на ДИК во Куманово, Скопје, Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево, Струга, Чашка и низ целата држава го ставија својот потпис во поддршка на кандидатот на Демократската унија за интеграција за претседател на државата, Бујар Османи, извести ДУИ. Демократската унија за интеграција им се заблагодарува на сите оние кои досега ја изразија својата непоколеблива волја да застанат во ...

Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) уште повеќе го навлече гневот на граѓаните и на пациентите откако на брифингот со новинарите раководните лица на оваа институција рекоа дека вината за случајот со Леонид Игнов не ја гледаат во себе. За ФЗОМ, виновна е првостепената лекарска комисија која не ги содржела конкретните побарувања за пациентот да добие одобрување за рехабилитација, но и непроменетиот закон со кој истата рехабилитација не е дел ...

Расмус Хојлунд ќе го пропушти саботниот натпревар помеѓу Манчестер јунајтед и Фулам. Клубот соопшти дека, данскиот репрезентативец има повреда на мускулот и нема да биде на теренот во следните две до три недели. Повредата на Хојлунд е голем удар за тимот на Ерик тен Хаг, кој имаше бројни проблеми со повреди оваа сезона. Данецот ќе го пропушти натпреварот во ФА купот против Нотингем Форест и првенствените натпревари со Манчестер сити, Евертон и ...

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, посочи дека САД се стремат да бидат клучен партнер на Србија, но дека услов за тоа е официјален Белград да се согласи со нивниот став за Косово, пренесува Косово онлајн. Дачиќ смета дека водењето на земјата во таа насока би предизвикало големо незадоволство кај граѓаните на Србија, пренесува Косово онлајн. „Не е спорно дека САД сакаат да бидеме нивни клучен партнер, но под услов да се ...

Денеска, започна постапката за собирање на потписи за листи на кандидат за Претседател на Република Северна Македонија. Како што соопшти Државната изборна комисија, потписите на избирачите во постапката на кандидирање се собираат во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК низ целата територија на Република Северна Македонија. Работното време на подрачните канцеларии на Државната изборна комисија е секој ден од 08:00 до 20:00 часот, ...

Градежни активности за реконструкција на улиците „Корџевска“, „Домазетовска“, „Мишевска“ и „Чучевска“ од денес се одвиваат во селото Драчево. Овие четири сообраќајници претходно беа опфатени со проектот за изградба на водоводна мрежа, која на жителите од овој дел на општината после декади чекање, им обезбеди квалитетна вода за пиење. Во наредните денови ќе се врши гребење и подготовка, по што ќе уследи асфалтирање. Се работи за површина од ...

Претседателката на Косово, Вјоса Османи изјави дека по смената на градоначалниците во четири општини на северот на Косово ќе распише нови избори во рок од 30 до 45 дена. „Централната изборна комисија (ЦИК) продолжува со конечното потврдување на потписите и верувам дека многу брзо ќе го одобрат она што се нарекува оперативен план со кој се предвидуваат датумите на сите други процедури, вклучително и кога ќе се одржи смената на градоначалниците. ...

Дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се вклучи на теренски активности на територијата на Општина Тетово. Тренчевска го посети Дневниот центар за лица со ментална и телесна попреченост, канцелариите на „Имаго Плус“ кои ја испорачуваат услугата индивидуален третман за лица со попреченост и двајца корисници на услугата помош и нега во домот која се спроведува преку Проектот за подобрување на ...

Натпреварот од 26. коло на шпанското фудбалско првенство меѓу Гранада и Валенсија, кој требаше да се одигра во сабота е одложен откако градот Валенсија прогласи тридневна жалост поради пожарот во кој загинаа неколку лица. Новиот датум на натпреварот се уште не е познат. Челниците на Ла Лига позитивно одговорија на барањето на фудбалскиот клуб Валенсија, да го одложат натпреварот, закажан за 14 часот. Градот Гранада и неговиот фудбалски клуб ...

Замената на врховниот командант на вооружените сили на Украина Валериј Залужни е резултат на „ресетирање“ на военото раководство, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за каналот „Фокс њуз“. Зеленски разговараше со американскиот водител на „Фокс њуз“, Брет Баер, на една од локациите во близина на линијата на фронтот во Харков. Одговарајќи на прашањето зошто се разрешени врховниот командант на армијата Валериј Залужни и ...

Данската премиерка Мете Фредериксен се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски во западниот украински град Лавов во петокот, ден пред втората годишнина од руската инвазија. Данската премиерка и Зеленски ги посетија гробиштата и им оддадоа почит на загинатите војници, соопшти кабинетот на украинскиот претседател. „Никогаш нема да ги заборавиме хероите кои ја бранеа нашата независност, слобода и иднина“, напиша Зеленски на Икс. ...

Американскиот претседател Џо Бајден најави повеќе од 500 нови санкции против Русија поради нејзината инвазија на Украина и смртта на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални во затвор. Санкциите се насочени кон луѓе поврзани со затворањето на Навални и со руската воена машина, рече претседателот Џо Бајден. Ограничувања за извозот ќе бидат воведени за речиси 100 компании или физички лица. ЕУ најави и санкции, на што Москва одговори со забрана ...

„Сакам да посочам дека најдовме и уставно издржано решение со кое нема да пораснат и платите на функционерите со новото ниво на просечната плата. Пратеничката група на СДСМ ќе поднесе измена на сите закони со кои се регулираат платите на сите функционери, со ова решение постоечките коефициенти ќе бидат намалени со што платите на сите избрани и именувани функционери нема да пораснат“, истакна претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, во изјава ...

Растот на руската економија го „изненади“ Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), со оглед на санкциите воведени кон Москва поради војната во Украина. Во јануари ММФ прогнозираше дека руската економија ќе порасне за 2,6 отсто оваа година поради големите воени и лични трошоци поддржани од зголемувањето на платите. Во октомври минатата година, тие очекуваа раст од 1,1 отсто во 2024 година, што сега го предвидуваат во 2025 година, изјави вчера ...

Во Нион беше извршена ждрепката за осминафиналето во Конференциската лига. Според правилата, победниците на групите беа привилегирани и реваншите ќе ги играат на домашен терен. Динамо од Загреб по непријатните искуства минатата сезона во Атина, го очекува нов судир со грчки клуб, овојпат противник им е тимот на ПАОК. Исто така, многу интересна ќе биде и пресметката на поранешните европски шампиони Ајакс и Астон Вила. Осминафинални двојки: ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,50% во однос на одлуката од 22.2.2024 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,238%, кај дизелот за ...

Жена од Охајо (32) вчера се изјаснила за виновна за убиство на дете откако ја оставила својата 16-месечна ќерка сама дома на 10 дена за да оди на одмор. „На 6 јуни 2023 година, Кристел Канделарио ја остави својата ќерка Џејлин Канделарио сама и без надзор. Таа се врати дома дури на 16 јуни“, рече окружниот обвинител Мајкл К. Кога Канделарио се вратила во својот дом во Кливленд по патувањето во Детроит и Порторико, видела дека нејзината ќерка ...

„Титуларно највисоката функција во државата, тоа е претседател на државата, кај нас знаете дека извршната моќ е кај владата и премиерот, но титуларно претседателот е функција број еден во државата и мора да се бира на избори затоа што тоа е врв на демократијата, така прават најдемократските држави во светот. Секој обид за суспендирање на демократијата е само обид за ставање на народот надвор од процесот на одлучување“, истакна потпретседателот ...

По повод Светскиот ден на туристички водичи, Македонската Асоцијација на туристички водичи и придружници в сабота (24 февруари, сабота) организира бесплатен разглед на градот Скопје. Разгледот ќе се одржи во два термини: со почеток во 12 и во 13 часот со почетна точка пред спомен куќата на мајка Тереза. „Сите кои се заинтересирани и сакаат да дознаат за културно историските знаменитости на градот Скопје може да присуствуваат. Во сабота ве ...

Шпанскиот Енсетандо, во петокот објави дека на состанокот на 13 клубови, акционери на Евролигата, на кој ќе се гласа и за можноста Дубаи да влезе во Евролигата ќе биде одржан во понеделник. Исто така, овој извор, тврди дека тренер на екипата од Дубаи ќе биде Светислав Пешиќ, кој паралелно би ја водел и репрезентацијата на Србија. Есетандо пишува дека Евролигата би можела да потпише седумгодишен договор за време на кој Дубаи би инвестирал ...

Првиот заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, одржа средба со Никола Верола, Генералниот директор за Европа и меѓународна трговска политика во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Италија. На средбата беше истакнат фактот дека Северна Македонија ја продолжува својата посветеност кон европската интеграција, со значителен напредок по успешната реализација на скрининг процесот, ...

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, рече дека не ги коментира изјавите на политичарите. Според него дел ќе предлагаат предлози кои не зависат само од нив. „Ќе слушнеме многу предлози, кои на крај граѓаните ќе кажат кои се тие што ги сакаат“, рече тој. Според него, СДСМ ќе биде дел од коалиција и ќе води коалиција, којашто ќе ја сочинуваат партии со исти вредност, зачленување на државата во ЕУ, исполнување на обврските на НАТО. Ковачевски кажа ...

Foto/ kfsm.mk Кошаркарската репрезентација на Македонија, вечерва во 19 часот, во СРЦ Кале, против Естонија ќе го отвори квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство во 2025 година. Капитенот Војдан Стојановски ќе „стегне заби“ и ќе го предводи националниот тим, закој вечерва ќе дебитра американскиот центар Итан Хап, инаку играч на Гран Канарија. „Доста добро ги знаеме квалитетите на Естонија, силна репрезентација, со евролигашки ...

Скопје

7ᴼ/7ᴼ
1.03
93%
1018

Белград

9ᴼ/6ᴼ
3.09
80%
1015

Софија

7ᴼ/4ᴼ
1.03
90%
1020

Сараево

9ᴼ/9ᴼ
2.16
70%
1018

Љубљана

6ᴼ/1ᴼ
1.03
90%
1005

Атина

16ᴼ/11ᴼ
0.51
69%
1015

Тирана

10ᴼ/10ᴼ
2.06
100%
1016

Подгорица

8ᴼ/6ᴼ
0.51
93%
1017
Currency

61.5749

Currency

57.5386

Currency

71.8542

Currency

37.59

Currency

42.0558

Currency

62.892

Currency

7.94063

Currency

0.62429

Currency

0.36337

Currency

0.52519

Currency

1.77171

Currency

0.68989

Алуминиум

2 $

Иридиум

155948 $

Кобалт

546 $

Никел

616639 $

Рутениум

24115 $

Калај

33 $

Сребро

874 $

Злато

75176 $

Бакар

9 $

Паладиум

30692 $

Платина

29370 $

Родиум

151607 $

Цинк

91511 $