(Видео) Хет-трик на Дибала, Рома го победи Торино

Видео-Хет-трик-на-Дибала-Рома-го-победи-Торино.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Фудбалерите на Рома го совладаа тимот на Торино (3:2) на „Олимпико“, во натпреварот од 26. коло во Серија А. Херој на „волчицата“ беше Пауло Дибала, кој постигна хет-трик.

Паоло Дибала со најдобриот натпревар оваа сезона ја остави Рома во трката за четвртото место на табелата.

Аргентинецот најпрвин погоди од пенал во 42. минута, голот во 58.минута е вистинско ремек дело, а во 69. минута ги реши сите дилеми околу конечниот победник.

Головите за Торино ги постигнаа Дуван Запата во 44., а Самуел Ричи со помош на еден од дефанзивците на Рома во 89. минута од натпреварот.

Рома игра одлично под водство на Даниеле де Роси, се наоѓа на шестото место на табелата 44 бодови, додека Торино е 10-ти со осум бодови помалку.

Следниот викенд Рома гостува во Монца, додека Торино ќе ја пречека Фиорентина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK