Скопје
24ᴼ /
24ᴼ
Според „Диарио Спорт“, станува збор за Жил Кунде, кој се најде на трансфер – листата на англискиот шампион Арсенал и ќе замине во Барселона. Раководството на Барселона не ја исклучува можноста за негова продажба, бидејќи евентуалниот трансфер би ослободил значителни средства за планираните засилувања на Родри, Хулијан Алварез и Жоао Кансело. Прв приоритет на Арсенал бил англискиот репрезентативец Езри Конса од Астон Вила. Сепак, клубот од ...
Репрезентативецот на Јапонија, 23. годишниот досегашен голман на Парма, Зион Сузуки, прави фантастичен трансфер во екипата на ПСЖ. Во дил кој што е вреден 35 милиони евра, Сузуки заминува за Париз, каде што во следните денови ќе биде и официјално промовиран. Сепак, информациите велат дека Сузуки, поради младоста, а и потребата од минутажа, многу веројатно по потписот и ќе замине некаде на позајмица. Најавено е негово можно пристигнување во ...
Американскиот претседател Доналд Трамп застана во одбрана на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, кој е под зголемен притисок по судирот со водечките континентални фудбалски организации. Трамп рече дека би било „страшна грешка“ ако ФИФА одлучи да го отстрани Инфантино. „ФИФА би направила ужасна грешка ако размисли за замена на претседателот Џани Инфантино од која било причина. Тој е фантастичен“, напиша Трамп на социјалните мрежи. Тој ...
Американскиот кошаркар Китон Валас е нов играч на Макаби Тел Авив. Валас, кој претходните две сезони настапуваше за Атланта Хокс, потпиша двегодишен договор со овој тим. За времетраењето на договорот, тој ќе заработи 2,5 милиони евра. Валас играше за Универзитетот во Тексас, од 2021 до 2024 година настапуваше во „Џи-лигата“ за развојните тимови на Клиперс и Хокс, а претходните две сезони беше дел од главниот состав на тимот од Џорџија. ...
Хулијан Алварез беше главна тема на разговор во Мадрид, бидејќи се очекуваше конечно да се сретне лице в лице со Диего Симеоне и директорот Мигел Анхел Хил. Сепак, никој од нив не го поздрави. Диего Симеоне им даде на играчите два дена одмор по враќањето од турнејата, додека самиот отпатува за Ибица. Во исто време, директорот Хил одлучи да остане во Марбеља денес, иако Алварез и неговите агенти сакаа директна средба лице в лице. Сепак, по ...
Интер е се блиску до реализација на трансферот на Дед Спенс од Тотенхем, пишува „Газета дело Спорт“. Клубовите се блиску до договор вреден околу 30 милиони евра плус бонуси, а англискиот репрезентативец треба да потпише четиригодишен договор. Ова лето, Спенс играше за Англија на Светското првенство, каде што играше на левата страна и играше во полуфиналето против Аргентина. Тој може да ги покрива двете странични позиции во одбраната, а Интер ...
Фудбалерот на Тотенхем, Мики ван де Вен, потпиша нов договор со англискиот клуб. Во своето соопштение, Тотенхем не даде никакви детали за новиот договор на Ван де Вен, но добро познатиот инсајдер Фабрицио Романо објави дека 25-годишниот холандски дефанзивец, чиј договор со Тотенхем истекуваше во 2029 година, потпишал нов петгодишен договор со лондонскиот клуб. „Потпишувањето на нов договор е посебен момент, и за мене и за моето семејство, и ...
Барселона ја отфрли првичната понуда на ПСЖ, која се проценува на 40 милиони евра, за напаѓачот Феран Торес, кој го освои светското првенство со Шпанија, пишува агенцијата Франс Прес, повикувајќи се на извор во каталонскиот клуб. „Преговорите се во тек“ помеѓу Барса и ПСЖ, додаде изворот, потврдувајќи го пишувањето на дневниот весник „Мундо Депортиво“. Според неколку шпански медиуми, Феран Торес, стрелецот на победничкиот гол во финалето на ...
Репрезентација на Македонија до 16 години, се израдува на втората победа во Б дивизијата, на ЕП во Гевгелија. Во дуел од 4.коло од Б групата, македонските кадети со голем пресврт во завршните 13 минути ја совладаа Швајцарија со 89-76. Коневски со 26 поени беше најефикасен во нашиот табор, Зунзуровски запиша 19 а Шабани 18. За македонската селекција утре следи натпревар против Украина, кој ќе решаваат за четвртото место на табелата. ...
И дефинитивно војната за тронот во светскиот фудбал продолжува. Европа, Азија и Северна Америка се чини дека се обединети во своето противење на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино. УЕФА, КОНКАКАФ (Конфедерацијата на северноамерикански и карипски фудбалски асоцијации) и Азиската фудбалска конфедерација издадоа заедничко отворено писмо во кое го обвинуваат Инфантино за кршење на довербата „преку измама“. Во писмото, потпишано од ...
Од синоќа веќе јасни се работите со Ендрик во Реал Мадрид. Имаше многу дебати во врска со неговата ситуација, особено со оглед на значајните понуди од врвни клубови како Рома и Астон Вила, кои се обидуваа да го обезбедат неговиот позајмица. Сепак, клубот дефинитивно ја отфрли секоја можност за позајмица. Мурињо смета на него и верува дека ќе игра клучна улога. Ова мислење се совпаѓа со мислењето на Флорентино Перез, кој има посебна ...
Ромелу Лукаку конечно го напушти Наполи и оваа недела официјално ќе го засили Фенербахче. Сагата околу заминувањето на Лукаку траеше долго време, откако тој се судри со Антонио Конте и раководството на клубот предводено од Аурелио Де Лаурентис во текот на изминатата сезона. Белгиецот исто така одби да се врати по репрезентативната пауза, под изговор дека останал во Белгија за да се опорави, што само го влоши неговиот статус. Лукаку влезе во ...
Јувентус тргна кон обезбедување на трансфер на Унаи Симон. Вредноста на Симон се проценува на околу 25 милиони евра, а неговото евентуално пристигнување би можело да претставува сериозно засилување за италијанскиот гигант. Нов голман е еден од приоритетите на Јувентус уште од почетокот на летото. Незадоволителните настапи на Микеле Ди Грегорио за време на подготовките дополнително го убедиле раководството дека е потребно да се реагира и да се ...
Турскиот гигант Бешикташ испрати понуда до Душан Влаховиќ и неговиот татко и агент Милош Влаховиќ, нудејќи четиригодишен договор со годишна плата од 10 милиони евра и дополнителен бонус од 10 милиони евра за потпис, со што вкупната вредност достигнува околу 50 милиони евра. Операцијата ја води претседателот Сердал Адали, а тренерот Винченцо Италијано го посакува играчот со кој соработуваше во Фиорентина. Сепак, поради чекањето на повици од ...
Фудбалерот на Интер Мајами, Лионел Меси, одлучи да направи пауза од играњето по загубата на неговиот татко, Хорхе Меси, објави „DobleAmarilla“. Триесет и деветгодишниот Аргентинец ќе остане во Аргентина за да даде поддршка на неговото своето семејство. Неговото враќање во САД сè уште не е утврдено. Откако дозна за смртта на неговиот татко, Меси ги прекина своите тековни обврски во клубот и отпатува дома. Ги одложува своите настапи за Интер ...
Кошаркарската федерација на Македонија објави конкурс за доделување вајлд-карта. На тој начин ќе биде пополнето испразнетото место во машката Супер лига за сезоната 2026/27, откако тимот на КК Чаир во процесот на лиценцирање беше утврдено дека не ги исполнил условите предвидени со правилниците и актите на федерацијата за настап во највисокиот ранг на натпреварување. Во новата сезона според пласманот, но и по исполнување на условите ќе ...
Шпанскиот репрезентативец од редовите на Арсенал, Мартин Зубименди би можел да замине од редовите на шампионот на Премиер лигата. За негов ангажман се заинтересирани Реал Мадрид и Челзи. Зубименди во Арсенал дојде пред една година, но од клубот се подготвени за продажба. Тие во овој преоден рок го договорија Бруно Гимараеш од Њукасл и во тој случај Зубименди би бил „прекуброен“. Во Арсенал немаат ништо против продажба на играчот, а според ...
Англискиот клуб Астон вила е заинтересирана да го донесе бразилскиот играч на позајмица, објави шпанскиот весник АС. Ендрик постигна осум гола и имаше седум асистенции во 21 натпревар за француската екипа. Реал Мадрид плати 35 милиони евра за да ги обезбеди услугите на Бразилецот пред две години. Неговата плата од пет милиони евра по сезона, исто така, делумно ќе биде покриена од шпанскиот гигант за време на неговиот иден период на позајмица. ...
Лос Анџелес клиперс го објавија потпишувањето на центарот Џамарион Шарп и плејмејкерот Јуки Кавамура. Шарп, кој претходно играше за Далас, потпиша двонасочен договор, додека Кавамура потпиша едногодишен договор со минимална плата и може да настапува и за тим од развојната лига. Јапонскиот играч ја помина минатата сезона во Чикаго. Според податоците од лигата, Шарп е висок 226 см, а Кавамура е висок нешто повеќе од 170 см, што ги прави ...
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, е обвинет за „измама“ од тројца потпретседатели на светската фудбалска организација поради неговиот план за продажба на удели од комерцијалните права на Светското првенство на приватни инвеститори. Обвинувањата се наведени во заедничко отворено писмо на Александар Чеферин, Виктор Монтаљани и шеикот Салман бин Ибрахим Ал Калифа, претседатели на УЕФА, КОНКАКАФ и Азиската фудбалска конфедерација. Тие во ...
Конзорциум во кој е вклучен и основачот на Амазон, Џеф Безос, е блиску до договор за купување на околу една третина од акциите во фудбалскиот клуб Ливерпул. Мнозинскиот сопственик на клубот, Фенвеј Спортс Груп (FSG), кој го управува Ливерпул од 2010 година, се подготвува да објави трансакција што би можела да се случи уште оваа недела. Доколку договорот се реализира, Безос би му се придружил на Едуардо Саверин, еден од коосновачите на ...
Mек Мекланг, конечно, реши да ја напушти развојната НБА-лига и првпат во професионалната кариера ќе игра во Европа. Трикратниот победник на НБА-натпреварот во забивање потпиша едногодишен договор со Жирона, клуб чиј претседател е легендарниот Марк Гасол. Дваесет и седумгодишниот бек, и покрај неверојатните атлетски способности, никогаш не успеа да се избори за сигурно место во НБА. Откако не беше избран на драфтот, играше за Чикаго, Лос ...
Легендарниот НБА-играч, Каваи Ленард, повторно се најде во центарот на вниманието по новите информации за наводни тајни договори со Лос Анџелес клиперс. Новинарот Пабло Торе откри детали за компанијата „Дарктроникс“, која наводно му исплаќала милиони на Ленард преку договор што бил поврзан со Клиперс. Според сведоштвата, Каваи бил лице на компанијата, иако таа претходно немала практика да плаќа на познати личности за промоција. – Станува збор ...
Кристал Палас и Евертон постигнаа интересен договор. Бренан Џонсон се сели во Евертон, а Двајт Мекнил оди во Кристал Палас. Бренан Џонсон го напушта Кристал Палас и ќе ја продолжи кариерата во Евертон, во спротивна насока, на „Хил Дикинсон“ се сели Двајт Мекнил. Двајцата играчи ќе бидат подложени на медицински прегледи во текот на денот со што практично ќе се запечати договорот. Како што беше најавено, двајцата играчи ќе потпишат ...
Аргентинецот Кристијан Фабијани повеќе нема да биде шеф на стручниот штаб на Вардар. Разделбата на црвено-црните со аргентинскиот фудбалски стручњак доаѓа по вчерашниот пораз од Шкандија во дербито на 2.коло на Првата македонска фудбалска лига. – ФК Вардар АД Скопје и шефот на стручниот штаб Кристијан Фабијани постигнаа спогодбен договор за раскин на договорот, кој стапува во сила веднаш, соопшти попладнево ФК Вардар. Под водство на Фабијани, ...
Англискиот репрезентативец Хари Кејн влезе во последната година од договорот со Баерн и во екот на шпекулациите каде ќе игра следната сезона, реши да им ја соопшти својата конечна одлука на челниците на клубот на „Алијанц Арена“. Кејн пристигна во Баерн пред три години од Тотенхем, што беше полн погодок бидејќи имаше три фантастични сезони во Минхен. Сепак, гласините дека би можел да се врати во Англија навистина ги „исплашија“ челниците на ...
Македонија, Србија и Словенија планираат заеднички да конкурираат за организација на машкото Европско првенство во ракомет во 2034 година. Европското првенство би се играло во Македонија, Србија и Словенија, при што секоја од трите земји би била домаќин на по две групи. “Во изминатите денови имавме три состаноци со претставниците на федерациите на Македонија и Словенија и начелно се договоривме околу сè. Пред официјално да ја објавиме ...
Жозе Мурињо, по многу години, конечно потврди дека тој треба да биде наследник на Сер Алекс Фергусон во Манчестер Јунајтед. Најголемиот тренер во историјата на Манчестер Јунајтед еднаш откри дека веќе постоел договор дека во 2013 година, кога ќе се пензионира, ќе биде заменет како тренер од Жозе Мурињо. Португалецот тогаш го заврши својот мандат во Реал Мадрид, но на крајот одлучи да се врати во Челзи. „Кога го напуштив Реал Мадрид, се ...
Првиот човек на Ла Лига, Хвиер Тебас повторно го критикуваше Џани Инфантино и рече дека претседателот на ФИФА „ја уништува самата суштина на фудбалот“. Тебас е убеден дека е време Инфантино да си замине. Критиките кон Џани Инфантино не стивнуваат откако идејата првиот човек на светскиот фудбал да продава акции од Светското првенство на приватни инвеститори стигна до јавноста. Идејата беше напуштена по гласните протести предводени од УЕФА, ...
Пари Сен Жермен објави дека го ангажирал францускиот репрезентативец Лукас Дињ (33), кој пристигнува во Париз од Астон Вила. Искусниот лев бек потпиша договор со актуелниот француски и европски шампион до летото 2029 година, откако го напушти лондонскиот клуб со активирана клаузула за отпуштање. Вредноста на трансферот се проценува помеѓу 7.000.000 и 8.000.000 евра. Дињ имаше уште две години од договорот со Астон Вила, но можноста за ...