Тимот на Навални планира јавна комеморација во Москва

Најмоќните-економии-во-светот-Бесни-сме-поради-смртта-на-Навални.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Tимот на Алексеј Навални, кој неодамна почина во затвор, најави дека до петок сакаат да организираат јавна комеморација во Москва.

„Бараме сала за јавно збогување со Алексеј“, објави неговата портпаролка Кира Џармиш на „Икс“, поранешен Твитер.

Планираниот датум е крајот на оваа работна недела, додаде таа. Навални почина на 16 февруари во затвор во сибирскиот арктички регион Јамал, објавија руските власти.

Според руските затворски власти тој колабирал во дворот на затворот и починал и покрај напорите да го оживеат. Според неговиот тим, во изводот на смртта стои дека тој починал од природна смрт.

Неговата мајка Људмила ги обвинува руските власти дека се обиделе да ја притиснат да го закопа тајно, што таа го одбила. Таа бара јавна церемонија за неговите поддржувачи да му оддадат последна почит.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK