Украинските трупи се повлекоа од селото Ласточкине кај Авдиивка, изјави Дмитро Лиховиј, портпарол на оперативната стратешка група Таврија. „Украинските вооружени сили се повлекоа од селото Ласточкине со цел да воспостават одбрана долж линијата Орливка-Тоненка-Бердичи и да го спречат непријателот да напредува во правец на запад“, рече тој. Неодамна во саботата се појави информација дека Русите, како дел од нивното напредување западно од ...

Во последна, завршна фаза, влегува целосното реконструирање на училишната сала во основното училиште „Мирче Ацев“ со што сме чекор понапред во унапредување на условите за квалитетно физичко образование кај децата, истакна градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски. Целосната репарација во првата фаза опфати: менување на подот во салата каде беше поставен нов гумиран под, бојадисување, молерисување на ходникот и кабинетот на ...

Данска објави дека се откажала од истрагата за експлозиите во 2022 година на гасоводите „Северен тек“ кои носат руски гас до Германија. Претходно, на 7 февруари, Шведска објави дека ја завршила истрагата за експлозиите, наведувајќи ги јурисдикционите прашања како причина. Цевководите Северен тек 1 и 2 вредни повеќе милијарди долари кои транспортираат гас под Балтичкото Море беа оштетени од серија експлозии во шведската и данската економска ...

Москва треба жестоко да му се одмазди на Западот за неселективни санкции кои им штетат на обичните граѓани, изјави поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев. Медведев на Телеграм напиша дека ограничувањата не се наметнати само на функционери и деловни субјекти, туку „се насочени против сите граѓани на Русија“. „Идејата е јасна: колку повеќе Русите страдаат, толку подобро за Западот“, напиша поранешниот претседател, сега потпретседател на ...

Неколку десетици граѓани околу 10.30 часот се собраа на местото на убиството на Стефан Савиќ, репрезентативец на Србија и ММА борец. Роднините на Стефан ја залепија неговата фотографија на бандера, а десетици луѓе во солзи палеа свеќи. Савиќ беше избоден со нож во неделата во текот на ноќта на аголот од улиците Дунавска и Добрачина, а на повредите им подлегна во 01:55 часот во Ургентниот центар. Сè уште не е познато кој го уби момчето кое пред ...

По барање на Општина Центар, Комерцијална банка донираше имот за изградба на јавна зелена површина за жителите на улица „Киро Крстевски Платник“, во близина на поликлиника Идадија. „Упатувам благодарност до Комерцијална банка што преку оваа донација реши долгогодишен проблем во Општина Центар. Имотот кој општината го добива под владение, првенствено бил во приватна сопственост, а потоа станува имот на банката, како преземено средство врз ...

Две големи изненадувања се случија во квалификациските натпревари за кошаркарскиот Куп на Америка, порази дожиеваја САД и Аргентина. Американците беа поразени во Хавана од Куба со 81:67. Најефикасен на мечот беше Педро Бомбино, 23-годишник кој настапува во Аргентина, со 19 поени. Покрај него, по 11 поени постигнаа Хасиел Риверо и Маркос Каќон. Рејкван Греј беше најдобар кај САД со 17 поени, додека Џејмиус Ремзи додаде 14. Американската ...

Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок во петокот ги отфрли повиците за разговори со рускиот претседател Владимир Путин за ставање крај на конфликтот во Украина. Истата недела кога германскиот парламент одби да испорача крстосувачки ракети Таурус на Украина. Германската министерка во Советот за безбедност на Обединетите нации во Њујорк во петокот (23-ти февруари) меѓу другото рече: „Русија, постојана членка на Советот, ...

Земјоделците запалија купишта стари гуми во Брисел во знак на протест, барајќи акција од ЕУ за прашањата од евтините цени на супермаркетите до договорите за слободна трговија, додека министрите за земјоделство се собраа да разговараат за кризата во овој сектор. NOW – Farmers break through police roadblocks in Brussels.pic.twitter.com/9r0fwDgK5A — Disclose.tv (@disclosetv) February 26, 2024 Полицијата употреби водени топови за да го изгасне ...

Лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, рече дека очекува дека победата на Доналд Трамп на претстојните претседателски избори во САД може да ја отвори вратата за прогласување независност на Република Српска, додавајќи дека властите на тој ентитет не се откажале од таквата цел и покрај предупредувањата од Западот. Во интервјуто кое на своите веб-страни го објави рускиот провладин весник „Известија“, Додик рече дека „БиХ исчезнува“ и затоа РС ...

Високите кирии во поголемите германски градови им отежнуваат на компаниите да бараат квалификувана работна сила, покажува истражувањето на ревизорската куќа „PwC“. Многумина сметаат дека високите кирии се клучен недостаток на живеењето во голем град, што поттикна третина од испитаниците да размислуваат за нова работа. Некои веќе го промениле работното место, откриле авторите на истражувањето. „Затоа на работодавачите во градовите им е сè ...

Рускиот претседател Владимир Путин денеска телефонски разговарал со турскиот колега Реџеп Таип Ердоган и му го честитал 70-тиот роденден, соопштија од кабинетот на Ердоган. „Претседателот Ердоган телефонски разговараше со претседателот на Русија, Владимир Путин. Претседателот на Русија во текот на денот му го честиташе роденденот на претседателот Ердоган. Путин му се заблагодари на нашиот претседател за неговиот придонес во развојот на ...

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш денеска изјави дека Советот за безбедност на ОН не успеал соодветно да одговори на конфликтот меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас и војната во Украина, оценувајќи дека овие два конфликти „можеби фатално“ го поткопале авторитетот на Советот за безбедност. „Недостигот на единство во Советот во врска со рускиот напад врз Украина и израелските воени операции во Газа по ...

Италија треба да ги укине визите на луѓето со ставови и симпатии за Путин, за да се осигура дека нема да ја попречуваат испораката на западната воена помош за Киев, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски на прес-конференција во неделата, еден ден по потпишувањето на безбедносниот договор со премиерката на Италија Џорџа Мелони за време на нејзината посета на главниот град на Украина. Новинар на италијанскиот дневен весник „Кориере ...

Девет апарати за игри на среќа, како и 405 делови за одржување, се запленети откако увозник се обидел истите да ги прошверцува помеѓу пријавена стока за увозно царинење во царинската испостава Гевгелија, извести Царинската управа. Апаратите заедно со деловите за одржување се откриени при детална контрола којашто е извршена од страна на Мобилен тим на Секторот за контрола и истраги. Против фирмата увозник на опрема за казина и автомат клубови ...

Американскиот претседател Џо Бајден на шега им порача на своите колеги дека клучот за долг и среќен брак е добриот секс, за што, меѓу другото, се зборува и во новата книга за американските први дами. Американка – Трансформацијата на модерната прва дама, од Хилари Клинтон до Џил Бајден, е книга на дописникот на Њујорк Тајмс од Белата куќа, Кејти Роџерс, објавена оваа недела. Делот за секс сочинува само неколку параграфи во книгата од 276 ...

Според последните податоци објавени на страната на Државната изборна комисија заклучно со вчерашниот ден никој од кандидатите за претседател на државата ги нема собрано потребните 10 илјади потписи од граѓаните. Според пресекот на ДИК, најмногу потписи има Бујар Османи, кандидат на Демократската унија за интеграција (ДУИ) за кого се потпишале 8.560. Втор на листата е лидерот на ЗНАМ-За наша Македонија, Максим Димитриевски со 5.923 собрани ...

Австриската полиција трага по 53-годишен маж, поради сомнение дека во стан во Виена ги убил сопругата (51) и ќерката (13). Телота на позната адвокатка и нејзината ќерка биле пронајдени околу 7 часот и 20 минути, откако мајката на убиената повикала полиција, бидејќи не можела да стапи во контакт со ќерката и внуката. Полицијата веднаш започнала потрага по сопругот на убиената адвокатка, поради сомнение дека е вмешан во делото. Првите сознанија ...

Поднесена е нова жалба против францускиот актер Жерар Депардје за сексуален напад, наводно извршен за време на снимање на филм, објави адвокатката Карин Дирије Дибол. Правниот застапник веќе ја брани актерката Шарлот Арнол, наводната жртва на силување, поради што во декември 2020 година веќе беше покренато обвинение против францускиот актер, а во петокот таа испрати нова тужба против Депардје до Јавното обвинителство на Париз, во која се ...

Палестинскиот премиер Мохамед Стајех изјави дека поднел оставка и својата одлука му ја пренел на палестинскиот претседател Махмуд Абас. Стајех истакна дека поднел оставка со цел да се изгради поширок консензус меѓу Палестинците за политичките аранжмани по израелската војна против Хамас во Појасот Газа. Ројтерс наведува дека овој потег доаѓа во време на зголемен притисок на САД врз претседателот Абас да ја реорганизира палестинската самоуправа ...

Цел Балкан го потресе убиството на младиот фудбалер на 22-годишна возраст, чии иницијали се А.Р., а сега е објавено и дел од видеото од убиството. Тој беше избоден на популарното шеталиште во Сплит од двајца мажи кои набргу потоа беа уапсени. На социјалните мрежи се појави видео од тој момент, кое не беше објавено во целост. Портпаролката на сплитската полиција Жељка Радошевиќ изјави дека две лица се уапсени веднаш откако биле информирани за ...

Австралиската полиција пребарува оддалечен имот по телата на ТВ водител и неговото момче откако беа убиени минатата недела. Како што јави Би-Би-Си, австралиската полиција тврди дека Џеси Берд и Лук Дејвис биле убиени од полицаец во куќа во Сиднеј минатиот понеделник. Според нивните информации, постариот полицаец Бомонт Ламар-Кондон, кој некогаш се забавувал со Берд, е обвинет за две убиства. Тој не ги коментираше обвинувањата. Нуркачи се исто ...

Чешкиот кошаркар Јан Весели го продолжи договорот со Барселона, потврди каталонскиот клуб. Чехот потпиша договор до 2026 година. Во Барселона пристигна пред минатата година, а интересно е што тогаш потпиша тригодишен договор со Каталонците. Весели има богата евролигашка кариера. Покрај Барса настапуваше и за Партизан и Фенербахче, а се испроба и во НБА лигата. Со турскиот клуб беше шампион на Европа во 2017 година, а беше и МВП на ...

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел објави дека на Минхенската безбедносна конференција имал одвоени средби со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти, за деескалација на тензиите во односите меѓу Белград и Приштина, но разговорите биле неуспешни, пренесуваат српските медиуми. Сумирајќи ги резултатите од конференцијата во Минхен, Борел ги претстави четирите главни ...

Индиските железници наредиле истрага откако товарен воз поминал повеќе од 70 километри без машиновозач. Видеата на социјалните мрежи покажуваат како возот со голема брзина поминува покрај неколку станици. Индиските железници соопштија дека возот е запрен и никој не е повреден, јавува Би-би-си. Breaking: Testing of India’s first driverless good train is a huge success. On the other hand, loco pilots are planning a strike against this move. ...

Прелиминарните податоци за излезноста на парламентарните и локалните избори во Белорусија покажаа дека 73,08 отсто од гласачите излегле на гласање во неделата, објави белоруската Централна изборна комисија (ЦИК). Претседателот на ЦИК Игор Карпенко изјави дека податоците за излезноста се ажурирани и дека на списокот има 6,9 милиони гласачи, пренесе агенцијата Белта. Излезноста по региони се разликуваше, па така во регионот на Брест излезноста ...

Иако не си отиде дома со награда, шармантната актерка несомнено беше меѓу најдобро облечените на овогодинешното доделување на САГ наградите. Во саботата во Лос Анџелес се одржа 30-тото доделување на САГ наградите, доделени од Screen Actors Guild, а црвениот тепих повторно беше многу возбудлив бидејќи повеќето дами носеа спектакуларни тоалети. View this post on Instagram A post shared by Ana Flávia 🇧🇷 (@jennifeeraniiston) Една од оние кои се ...

Крузерот „”Norwegian Dawn”“ со околу 2.000 патници е во карантин во близина на брегот на Маурициус бидејќи патниците на бродот имаат дијареја, а се стравува дека се заразени од колера. Бродот долг 294 метри, кој плови под знамето на Бахамите, бил запрен во близина на Маурициус, а на патниците не им било дозволено да го напуштат пловилото. Имено, властите на островот одбиле да примаат туристи бидејќи непознат број од нив имаат дијареа, а не се ...

„За повеќе од 20 години тренерска кариера, ова е најспецијалниот трофеј што некогаш сум го освоил“, изјави менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп по триумфот во финалето на англискиот Лига куп. Фудбалерите на Ливерпул го освоија Лига купот откако во финалето на Вембли по продолженијата го совладаа Челзи со 1:0 со голот на Вирџил ван Дијк во 118. минута. Клоп го освои трофејот со „детска градинка“ бидејќи поради повреди не можеше да смета на Алисон ...

Се очекува Унгарија денеска да го ратификува приемот на Шведска во НАТО, со што ќе се отстрани и последната пречка за влез на оваа скандинавска земја во Северноатлантската алијанса. Гласањето во унгарскиот парламент, кое треба да помине без проблеми по посетата на шведскиот премиер Улф Кристерсон на Будимпешта на 23 февруари, кога двете земји потпишаа договор за вооружување, ќе стави крај на повеќемесечното одложување на приемот на Стокхолм во ...

Скопје

7ᴼ/7ᴼ
1.03
93%
1017

Белград

9ᴼ/7ᴼ
2.57
80%
1015

Софија

5ᴼ/3ᴼ
1.54
91%
1020

Сараево

9ᴼ/9ᴼ
2.16
70%
1018

Љубљана

7ᴼ/0ᴼ
1.03
90%
1005

Атина

16ᴼ/9ᴼ
1.34
70%
1015

Тирана

10ᴼ/10ᴼ
0.51
100%
1016

Подгорица

9ᴼ/7ᴼ
0.0
87%
1017
Currency

61.5749

Currency

57.5386

Currency

71.8542

Currency

37.59

Currency

42.0558

Currency

62.892

Currency

7.94063

Currency

0.62429

Currency

0.36337

Currency

0.52519

Currency

1.77171

Currency

0.68989

Алуминиум

2 $

Иридиум

155948 $

Кобалт

546 $

Никел

606189 $

Рутениум

24115 $

Калај

32 $

Сребро

884 $

Злато

75090 $

Бакар

9 $

Паладиум

31819 $

Платина

29553 $

Родиум

151607 $

Цинк

92009 $