Во однос на вчерашното видео кое се појави во јавноста, а на кое се гледа како техничкиот премиер Талат Џафери ненајавено упадна во просториите на Отсекот за управни работи Тетово каде што во моментот овластените службени лица ги извршуваа своите работни задачи со сооопштение се огласи техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски. -Како министер за внатрешни работи, а пред се како човек сметам дека секој вработен во МВР заслужува ...

Римокатоличката црква привремено суспендира шпански свештеник откако беше осомничен дека продавал лекови, вклучително и вијагра за еректилна дисфункција. Свештеник од Дон Бенито, град со околу 35.000 жители во западниот регион Екстремадура, бил приведен во понеделникот под сомнение за шверц на дрога, објави во четвртокот бискупијата Пласенсија, одговорна за неговата парохија, пишува CBS. По приведувањето, свештеникот бил привремено пуштен од ...

Обложувачница од Чаир пријавила дека синоќа вооружено лице се заканувало, искршило дел од инвентарот и одзело пари од вработениот. „На 23.02.2024 во 21.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 20.45 часот во спортска обложувачница на подрачјето на Чаир, едно лице со закана со оружје и со употреба на физичка сила искршило дел од инвентарот и од вработениот одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, извести ...

Францускиот напаѓач Карим Бензема повторно ги демантираше тврдењата на одредени медиуми дека сака да се врати во Европа. Неодамна се шпекулираше дека легендарниот играч на Реал Мадрид би можел да ја напушти Саудиска Арабија, но тој уште еднаш остро демантираше. Тој исто така истакна дека има одлични односи со тренерот на Ал Итихад, Марсело Гаљардо, и покрај тоа што Аргентинецот го изостави од подготвките пред вториот дел од сезоната. ...

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук. Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, ...

Шведската полиција вчера соопшти дека во таа земја има околу 62.000 луѓе кои се поврзани со криминални мрежи, пишува Ројтерс. Шведските власти со години се борат да го спречат насилството поврзано со организираниот криминал. Смртоносните престрелки се зголемија повеќе од три пати во изминатата деценија во Шведска, нордиска земја со 10 милиони жители. Во моментов, стапката на фатални престрелки во Шведска е на многу повисоки нивоа отколку во ...

Државната изборна комисија на својата веб страна, од утре секојдневно ќе информира за бројот на собрани потписи за секој од подносителите на иницијатива за кандидат за Претседател на Република Северна Македонија. Еднаш дневно ДИК прави пресек на пристигнатиот број на потписи за секој подносител поединечно и истиот редовно се ажурира. Моментално, во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија, единаесет подносители на ...

Францускиот фудбалер Пол Погба во два мандати го носеше дресот на Јувентус. Првиот беше кој беше успешен траеше од 2012 до 2016 година, вториот за разлика од првиот е исклучитено неуспешен. Започна во 2022година и ќе трае уште малку. Како што стојат работите, 30-годишниот играч од средниот ред е на излезна врата од клубот. Новинарот специјализиран за Јувентус, Ромео Агрести, истакнува дека практично единствено што недостасува е клубот од ...

Втората годишнина од руската инвазија врз Украина во цел свет се одбележува со комеморации, демонстрации и политички дебати. По повод втората годишнина од почетокот на руската агресија врз Украина, повеќе згради во Брисел, вклучително и институциите на ЕУ, минатата ноќ беа осветлени во боите на украинското знаме. Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска го посети аеродромот Гостомел каде што се водеа некои од најзначајните битки во ...

Полицијата од Кичево поднесе кривична пријава против 57-годишен скопјанец оти во декември минатата година го фатиле со пиротехнички средства во Кичево. „ОВР Кичево поднесе кривична пријава против И.Р.(57) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ’неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи’. При преглед извршен на 26.12.2023 на булеварот ’Ослободување’ во Кичево, ...

Руските војници заробиле оружје и муниција од НАТО, како и сателитски терминали Старлинк во хемиската фабрика Авдеевка, според новото видео објавено од Министерството за одбрана во саботата. Официјални лица во Москва рекоа дека напуштениот хардвер го пронашле руски напаѓачки групи кои влегле во фабриката за кока-кола и хемиски производи Авдеевка, најголемиот објект од ваков вид во Европа, кој стана клучот на одбраната на Украина во областа по ...

Патот Кичево – Дебар би требало да биде завршен до крајот на годинава, најави денес техничкиот премиер Талат Џафери, откако направи увид во градежните работи заедно со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. За техничкиот премиер овој пат е многу значаен бидејќи овозможува поврзување во регионот, односно Кичево – Дебар со сите населени места во регионот, а особено ...

Експлозии погодија руска фабрика за челик по наводен напад со дрон. Во последните месеци има зголемување на нападите со беспилотни летала врз енергетската и воената инфраструктура во Русија, за што Москва често ја обвинува Украина. Сепак, Киев обично не презема одговорност за овие напади. Игор Артамонов, регионалниот гувернер на Липек, изјави дека пожарот во главната фабрика на Новолипецк Стил (НЛМК) утринава, на околу 450 километри од ...

Еден од најдобрите светски фудбалери, Килијан Мбапе, откри како всушност се изговара неговото презиме. Поголемиот дел од светската фудбалска јавност го изговара неговото презиме Мбапе или Ембапе, но тоа всушност не е точно. Мистеријата ја разреши фудбалерот, кој откри дека ниту Ембапе ниту Мбапе не е правилно, туку дека неговото презиме се изговара „Бапе“. „Ќе имам многу работа за да исправам се, да го коригирам целиот свет. Тоа е всушност ...

Тренерот на Голден Стејт, Стив Кер, ќе потпише нов, двегодишен договор со Вориорс. Стратегот Вориорс во тој период ќе заработи 35 милиони долари. Платата од 17,5 милиони годишно е највисока за тренер во историјата на НБА. .Досега, пред Кер беа Грег Попович (16), Ерик Сполстра (15) и Монти Вилијамс (13,1). Кер е тренер на Вориорс од 2014 година, а веќе во првата сезона стана шампион. Во изминатите девет години четири пати беше шампион, а ...

На денешната прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски при одговор на прашање за тоа дали доведен ли е цензусот за претседател во прашање со условите на албанскиот блок и евентуален повик за бојкот? Тој истакна дека таквото однесување на ДУИ дополнително ќе ги мотивира граѓаните да кажат доста е. „Ние веруваме дека ваквото однесување на ДУИ дополнително ќе ги мотивира сите граѓани да кажат доста е на наредните избори и дека ...

Власта предводена од ДУИ и СДС, секој ден смислува нови начини, како што повеќе да удри по џебот на граѓаните и како уште повеќе да ги осиромаши, рече на денешната прес конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Тони Јаревски. Тој додаде дека по поскапувањата на храната, струјата, парно греењето и разно разни други услуги, дојде редот и на Агенцијата за Катастар, да ги зголеми цените, каде за некои услуги растот на цената достигнува и до 300%. -Со ...

Петнаесет луѓе загинаа, а повеќе од 40 се повредени во пожар што зафати станбена зграда во источна Кина, соопштија локалните власти. Снимките на социјалните мрежи покажаа пламен и облаци од црн чад како проголтаа неколку ката од облакодер во градот Нанџинг. Официјални лица изјавија дека пожарот избувнал на првиот кат од зградата, каде што се чувале електрични велосипеди, но точната причина за пожарот останува под истрага. Зградата се наоѓа во ...

Европскиот проект G-FEB — Зелена транзиција на жените претприемачи на Балканот го имаше својот официјален почеток минатата недела со транснационален состанок организиран од ААИЕ Албанија во Тирана. Состанокот беше одлична можност за сите проектни партнери да се сретнат и да разменат искуства поврзани со сегашната состојба во зеленото претприемништво, системот за стручно образование и обука (СОО) и идните заеднички активности. Референтен број на ...

Квадратен метар од становите во Сплит стана уште поскап. Сопствен дом за многумина е само сон. Студентите по градежништво Леа и Лаура веќе трета година живеат во Сплит во ист стан под наем. Нивната месечна кирија е 450 евра, што, како што се согласуваат и двете, денес е реткост во Сплит. „Сега е уште поскапо, па не знам дали би можеле да најдеме стан за оваа цена“, објасни Леа за N1. Цените на киријата за еднособен стан сега се движат од 600 ...

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен предлог против 62-годишен жител на Неготино за кривични дела – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1, како и Мачење животни според член 233 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 08.01.2023 на улицата “Индустриска” во Неготино, со намера да усмрти кучиња, истурил течен отров помешан со храна. Иако бил свесен дека на местото има голема раздвиженост на луѓе кои би ...

Јулија Навална, вдовицата на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, денеска побара од руските власти да го предадат неговото тело за погреб и го обвини „демонскиот“ руски претседател Владимир Путин дека го „мачел“ неговиот труп. Во шестминутното видео објавено на Јутјуб, Навална го обвини Путин дека го држи телото на нејзиниот сопруг како „заложник“ и ја доведува во прашање христијанската вера на Путин, која тој често ја проповеда. Мајката ...

Вчеравечер кандидатката за претседател на Република Македонија од редовите на Левица, проф. д-р Билјана Ванковска во присуство на голем број членови и симпатизери официјално го отвори претседателкиот изборен штаб. Денес и официјално започна рокот за собирање на потписи за кандидатура на проф. д-р Билјана Ванковска, што ќе трае до 8 Март (петок), информираат од Левица. -Поддршката за кандидатурата на проф. д-р Билјана Ванковска претставува ...

На 23.02.2024 СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против А.К. (36) од Скопје поради обид за убиство. На 22.02.2024 околу 14.20 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода А.К.(36) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 14.00 часот во угостителски објект на ул.„Ќемал Сејфула“ во Скопје пукал во Е.С. и му нанел повреда во ногата. Против А.К. е ...

Судија од Њујорк му нареди на Доналд Трамп да плати повеќе од 454 милиони долари откако беше прогласен за виновен за фалсификување податоци за неговата финансиска состојба. Одлуката е донесена по тужба за граѓанска измама против поранешниот претседател поднесена од државниот обвинител на Њујорк, објавија агенциите. Сумата вклучува казна од 354,9 милиони долари, плус камата, што на 16 февруари судијата на државниот суд на Менхетен, Артур ...

Граѓанин на БиХ завршил во регионалниот суд во австрискиот град Корнојбург, откако неговиот син го обвини за насилство. Според локалните медиуми, момчето (23) го обвинило својот татко (49) за малтретирање, уцена, принуден брак и континуирано насилство кое наводно трае од неговата 12-годишна возраст. Обвинителот Андреа Зак во петокот на почетокот на судењето рече дека обвинетиот редовно го тепал својот син поради хомосексуалната ориентација на ...

Дваесет и двегодишен маж починал како последица на убод со нож во Сплит, соопшти Сплитско-далматинската полиција. Околу 55 минути по полноќ, неколку лица биле турнати на улицата Домовински рат во Сплит, при што бил избоден 22-годишен маж. Повредениот млад човек итно бил пренесен во сплитската болница, но од повредите починал во 01:20 часот. Полицијата приведе три лица кои се поврзани со споменатиот настан. Полицијата утрово излезе со ново ...

Тепачка во Мајами, на дуелот меѓу Хит и Њу Орлеанс Пеликанс ја обележа ноќа во НБА лигата, во која Никола Јокиќ забележа нов трип-дабл и на вечната листа се изедначи со Леброн Џејмс. Мајами забележа победа во Њу Орлеанс 105:96. Општата тепачка на почетокот на последниот период го обележа натпреварот. Се започна по дуелот меѓу Кевин Лав и Зион Вилијамсон, а епилогот од тепачката беше исклучувањето на Џими Батлер и Томас Брајант за Хит, а Наџи ...

Не дека не е познато на граѓаните, организирање на свечености со труби по тунели, еве сега имаме втор дел, свеченост за пристигање на обрасци за пасоши, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. -Место пратениците на СДС и ДУИ, да се одважат и да им помогнат на граѓаните, со гласањето во Собранието, за продолжување на рокот на пасошите, тие се решија свечено да ги примат обрасците, на граничниот премин Богородица, со сите почести. Додека ...

Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници по повод Светскиот ден на туристички водичи денеска организира бесплатно разгледување на Град Скопје. Разгледувањето на главниот град ќе се одржи во два термина, со почеток во 12 и во 13 часот. Почетна точка е пред Спомен-куќата на мајка Тереза. -Сите кои се заинтересирани и сакаат да дознаат за културно-историските знаменитости на Град Скопје може да присуствуваат. Ве покануваме на ...

Скопје

11ᴼ/11ᴼ
2.06
62%
1009

Белград

12ᴼ/10ᴼ
2.06
41%
1011

Софија

11ᴼ/10ᴼ
3.09
48%
1013

Сараево

12ᴼ/12ᴼ
2.3
50%
1010

Љубљана

12ᴼ/11ᴼ
4.12
42%
1010

Атина

17ᴼ/15ᴼ
4.12
81%
1003

Тирана

13ᴼ/13ᴼ
2.57
67%
1007

Подгорица

16ᴼ/13ᴼ
6.17
34%
1007

Алуминиум

2 $

Иридиум

155948 $

Кобалт

552 $

Никел

585498 $

Рутениум

24115 $

Калај

34 $

Сребро

910 $

Злато

76574 $

Бакар

8 $

Паладиум

32379 $

Платина

29904 $

Родиум

151607 $

Цинк

90429 $