Многумина од нас се жалат дека животот е комплициран, но вистинската вистина е дека ние сме комплицирани. Ова значи дека ако почнеме да ги правиме вистинските работи, можеме повторно да го направиме животот едноставен. Прво, треба да одлучите што е важно за вас. Следно, треба да се фокусирате на отстранување на сè друго што е можно повеќе. Иако секој има различна идеја за тоа како треба да изгледа удобен, рационализиран живот, постојат ...

Ќе дојдеш и ти во годините кога веќе нема да ти биде гајле што зборуваат луѓето. Ниту како те гледаат. И ќе откриеш една едноставна вистина – животот одеднаш станува поубав. Ни сам нема да знаеш како. И ќе се прашаш зошто тоа чувство не си го доживеал порано. И зошто не си уживал повеќе во него. Ќе дојдеш и ти во годините кога ќе сфатиш дека докажувањето дека си секогаш во право – повеќе не значи ништо. Зошто и за кого? Што добиваш кога ...

Пишува: Сара Танаскоска Живееме во време кога гласноста се наградува, а тишината се толкува како слабост. Во свет каде што секој има што да каже, најмалку се слуша оној што навистина има што да почувствува. Понекогаш не ми е јасно што е поентата да бидеш гласен кога твојот збор нема соодветна тежина. Тивкиот човек постоел и во минатото, постои и денеска ама во друга форма. Тој е невидлив. Не затоа што нема став, туку затоа што не се ...

Разговараше: Сара Танаскоска Во време кога екраните сѐ почесто го заменуваат времето поминато со книга, постојат луѓе кои секојдневно потсетуваат дека љубовта кон читањето започнува уште од најрана возраст. Една од нив е Марија – креаторката на „Мама (ми) чита“, платформа што со искрени препораки, рецензии, читачки клубови и работилници ги инспирира родителите и децата да откриваат нови книжевни светови. Во ова интервју разговараме за тоа ...

Пред да влезете во расправија, запрашајте се – дали личноста пред вас е доволно зрела да ја разбере суштината на поинаков став? Ако не е, тогаш расправијата е залудна. Не секој аргумент ја заслужува вашата енергија. Понекогаш, колку и да се обидувате јасно да се изразите, другата страна не слуша за да разбере – туку слуша за да одговори. Тие се заглавени во сопствената перспектива и не се подготвени да разгледаат друг агол. Вклучувањето во ...

Некои намирници, особено свежото овошје, имаат природни влакна, антиоксиданси и фитонутриенти кои помагаат во намалување на „лошиот“ LDL холестерол и заштита на срцето. Ова се 9-те најмоќни овошја: Не можеш да ги научиш луѓето да се почитуваат себеси. Ниту да … Секој од нас, барем еднаш се соочил со ситуација кога некој му … Некои намирници, особено свежото овошје, имаат природни влакна, антиоксиданси и фитонутриенти кои помагаат во ...

Разговараше: Сара Танаскоска Младиот музичар Филип Ангов чекор по чекор го гради својот музички пат, водејќи се од искреноста, креативноста и љубовта кон музиката. Иако својата музичка приказна официјално ја започнал за време на пандемијата преку социјалните мрежи, денес зад себе има бројни настапи и драгоцено искуство стекнато на сцената. Во разговор за нашиот медиум, Филип зборува за своите почетоци, предизвиците со кои се соочил, љубовта ...

Не слушај приказни и како се одвиваат работите во животот на другите луѓе. Не се споредувај со другите. Имаш свој живот. Почни да ја раскажуваш сопствената приказна. Целите кои опкружувањето во кое живеете ви ги наметнува како „исправни“ често се оние кои на крајот ги прифаќате, без да се запрашате кој и како ги поставил стандардите и одредниците на оваа „точност“. Подоцна, во многу случаи, сфаќате дека овие цели не се оние што сакате да ги ...

На 8 јуни официјално започнува сезоната за наводнување на земјоделските површини. Во тек е полнењето на цевководната мрежа и подготовката на системот за непречено и навремено снабдување со вода. Од ЈП „Стрежево“ ги повикуваат граѓаните кои имаат потреба од наводнување навремено да ги пријават површините што ќе ги користат и да склучат договори за наводнување, со цел ефикасно планирање и организирање на распределбата на водата. Навременото ...

Снежана Балканска е пензиониран играорец кој работеше во Ансамбл „Танец“. Таа и покрај пензионирањето е дел од голем број семинари, но и инструктор на деца за народните ора и песни. Во ова интервју Снежана Балканска раскажа нешто за нејзината кариера во „Танец“, за годините кога почнувала со работа, за семинарите и работата со деца. Читај бе: Во 1978 година бевте член на фолклорната секција при Пионерскиот дом „Карпош“, а денес сте таму во ...

Модата претставува повеќе од облека – таа е начин на изразување на индивидуалноста, ставот и внатрешната креативност. Токму тоа се препознава и во креациите на Маја Стефановски од Битола, каде елеганцијата, внимателно изработените детали и уникатниот пристап создаваат безвременска модна приказна. „Иако сум дипломиран економист, љубовта кон модата отсекогаш била дел од мене и природно се преточи во креативен израз преку креациите. Верувам дека ...

Луѓето со комплекс на пониска вредност ретко се препознаваат по тишината или повлеченоста. Многу почесто тие се оние кои постојано чувствуваат потреба да се докажуваат – да бидат погласни, поуспешни, попаметни или поважни од другите. Во таа постојана трка, често се случува и нешто друго: за момент да се почувствуваат повисоко, тие се обидуваат да ги спуштат другите. Токму тука се создава една голема заблуда. Многумина веруваат дека таквите ...

Секој сака да биде среќен, а многумина од нас се подготвени да направат речиси се за да го „остварат“ ова чувство. Среќата е субјективно чувство, но и во тој случај има работи кои се пречка за среќата да тропне кај Вас. Ова се десет работи заради кои среќата „бега“ од Вас. Споредба Вие сте единствени и крајно време е да го сфатите тоа. Не се мерете според стандардите што некој друг ги поставил. Наместо тоа, треба да биде обратно. Сè додека ...

Разговараше: Сара Танаскоска Во светот на рачната изработка, каде што секое парче носи лична приказна, Наталиа Ѓореска од Кичево се издвојува со својата креативност и посветеност. Нејзините уникатни модни аксесоари се резултат на љубовта кон уметноста, инспирацијата од природата и желбата да создава нешто посебно и свое. Во ова интервју, Наталиа ни открива како започнала нејзината креативна приказна, што ја мотивира да создава и кои се ...

Туѓата негативност, расположение и однесување не се твој проблем Болката во човечкиот живот е неопходна за раст и развој Во секоја голема борба, најважен е тој мал, прв чекор Сè во живот е минливо Никогаш не доцна да се бориш за она што го сакаш – ако го сакаш Секогаш обидувај се да „возиш“ напред Биљана Т. Димко Читај бе Со свечена и несекојдневна атмосфера, вчера во Битола започна 27. издание на … Хотел Молика одбележува 32 години постоење ...

На многумина од нас им е тешко да се справат со здравата исхрана од едноставна причина – работиме по осум часа на ден или повеќе, а во тој период обично јадеме „што и да ни дојде при рака“, без да размислуваме дали тоа е во спротивност со нашата исхрана. Навистина нема многу смисла, бидејќи главно поголемиот дел од денот го поминуваме на работа и во тој период треба да размислуваме за своето здравје. Дали ќе ги следиме правилата за здрава ...

Пишува: Сара Танаскоска Марија Самарџиска е млада, храбра и амбициозна девојка која уште од најрани години се соочува со животни предизвици, но никогаш не дозволува тие да ја оттурнат од нејзините соништа. Растејќи во СОС Детско Село, таа пронаоѓа чувство на припадност, љубов и сигурност, што значајно влијае врз нејзиниот личен развој. Денес, Марија е посветена на правото, водена од желбата да се бори против неправдите и да им помогне на оние ...

Ништо не е случајно. Во овој свет, во кој сме поканети да живееме, секоја средба и случајно познанство се случуваат со одредена цел. Понекогаш ни се потребни другите луѓе за да не пробудат и да ни помогнат да ја промениме насоката на нашиот живот, понекогаш да нè инспирираат да нè потсетат која е нашата задача на оваа планета. Понекогаш, имаме само куси средби со некои луѓе. Потребно е да бидеме отворени за сè што со себе носи секое ново ...

Сите знаеме дека појадокот е најважниот оброк. Многу медицински експерти и нутриционисти препорачуваат конзумирање овошје и друга здрава храна за појадок, но дали знаете што ќе се случи со вашето тело ако јадете овесна каша секој ден? Овесната каша е полна со антиоксиданси, вклучувајќи витамин Е, витамин Б1, биотин, молибден, фосфор, бакар и магнезиум, меѓу другите фитонутриенти. Една четвртина од овесната каша содржи речиси 100% од ...

Од првите звуци на виолината во Нижото музичко училиште во Битола, до создавањето на еден од највпечатливите алтернативни албуми на новата македонска сцена – патот на Атанасија Гулевска е приказна за посветеност, тишина, борба и креативна слобода. Музичкиот проект АТА започнува како соло идеја во 2021 година, а денес прераснува во силен колектив со автентичен звук. По три години работа, експерименти и раст, АТА го објави својот деби албум ...

Ентони де Мело низ хумор, сочувство и разбирање им помага на читателите да ја осознаат важноста на „будењето“, за да се спознаат себеси и светот околу себе. Велика Среда, четвртиот ден од Страсната седмица, има длабока симболика и значење … Jazz Factory Festival 2026 | 15–19 април | ги поврзува Битола, Скопје, … Ентони де Мело низ хумор, сочувство и разбирање им помага на читателите да ја осознаат важноста на „будењето“, за да се спознаат ...

Зошто мислам дека зборовите се многу важни кога пишуваме? Бидејќи зборовите имаат моќ да опишат и објаснат некаква идеја, поим, слика, звук, сензација, и т.н. Пример, зборовите добро и лошо имаат човечка емоција прикачена во нивното значење. Исто така, зборовите креација/создавање и деструкција/уништување се фактуелни зборови, чии што морално значење или емоција може да биде обратно пропорционална со некаков чин. Пример, уништување може да ...

Во време кога сè се случува брзо – разговорите, деновите, па дури и односите меѓу луѓето – добрината понекогаш изгледа како да останала некаде во минатото. Но вистината е поинаква. Таа не исчезнала. Само станала потивка. Добрината денес не доаѓа со големи гестови и силни зборови. Таа се крие во малите нешта – во насмевката што ја подаруваме без причина, во зборот што го кажуваме кога некој молчи, во раката што ја подаваме кога некој се бори ...

Често занемарувана како обично печалче, младата коприва (Urtica dioica) всушност е вистинска ризница на хранливи материи. Таа со векови се користи во народната медицина низ светот. Особено во пролет, кога е најнежна и најлековита, младата коприва нуди бројни здравствени придобивки што ја прават вреден сојузник за телото и умот. Богата со хранливи материи Младата коприва е природен мултивитамин, богата со витамини А, Ц, К и неколку витамини од ...

Во секој од нас има една лоша работа. Секогаш гледаме на она што ни недостасува. Оној што не е таму. Она што не можеме да го имаме. И не ги гледаме сите околу нас. Тревата не е секогаш позелена во туѓа градина. Всушност, не се работи за тие што се тука, ниту за оние што не се. Се работи за тебе. За животот во тебе. Чувството на благодарност. Сознанието дека никој од нас и ништо нема да остане тука засекогаш. И дека се може да се смени со ...

Лесно умира тој што не патува, оној кој не чита, оној кој не слуша музика, кој не наоѓа задоволство во себе. Оној што ја уништува сопствената љубов, оној што не прифаќа помош, полека умира. Оној кој се претвора во роб на навиките, поставувајќи ги истите ограничувања секој ден, оној што не ја менува рутината, оној што не се осмелува да се облече во нова боја, оној што не разговара со луѓето не знае, лесно умира. Оној кој бега од страста и ...

Во свет во кој најгласните често добиваат најмногу внимание, тивките луѓе понекогаш остануваат незабележани. Но токму тие, во многу случаи, се оние што најмногу слушаат, најмногу размислуваат и најмногу учат. Тишината не значи празнина – понекогаш значи длабочина. Тивките луѓе најчесто повеќе слушаат отколку што зборуваат. Додека другите се обидуваат да го кажат своето мислење, тие внимателно ги следат разговорите, ги забележуваат деталите и ...

Сите брзаме. Брзаме на работа, брзаме дома, брзаме низ деновите и низ разговорите. Брзаме и кога немаме каде да стигнеме. И колку повеќе брзаме, толку повеќе имаме чувство дека сме заглавени на исто место. Деновите поминуваат, неделите се претвораат во месеци, а чувството на исполнетост сè почесто изостанува. Живееме во време што ја слави брзината. Брз одговор, брза храна, брза информација, брза одлука. Од нас се очекува постојано да бидеме ...

Во една прилика, еден учител ги прашал своите ученици: – Зошто луѓето викаат кога се расправаат? – Затоа што го губат трпението, – претпоставил еден од учениците. – Но зошто викаат кога е друга личност до нив? Зошто се крева тонот во несогласувањата? – прашал учителот. – Не можат да зборуваат тивко? Зошто викаат кога се лути? Учениците ги дале своите одговори, но ниту еден одговор не бил точен за учителот. На крајот тој објаснил: – Кога ...

Цвеклото е едно од најздравите и најпотценети зеленчуци, богато со витамини, минерали и антиоксиданси кои го зајакнуваат имунитетот и ја подобруваат циркулацијата. Иако најчесто го препознаваме по интензивната црвена боја, цвеклото не мора секогаш да изгледа така. Постојат сорти кои се жолти, бели, па дури и пругасти, а сите тие носат слични хранливи придобивки. Пигментот кој го прави црвеното цвекло толку впечатливо има силно антиоксидативно ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
0.35
51%
1017
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
3.13
62%
1017
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
0.28
58%
1018
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
1.47
67%
1016
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
1.8
66%
1015
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 14ᴼ
0.2
71%
1019
weather icon

Атина

32ᴼ / 30ᴼ
1.34
61%
1008
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
1.3
68%
1014
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
4.29
53%
1016
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 16ᴼ
1.34
89%
1014
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 17ᴼ
1.34
46%
1016
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 23ᴼ
3.93
100%
1011
Currency

61.5262

Currency

53.9935

Currency

72.2685

Currency

37.7606

Currency

38.3386

Currency

66.3813

Currency

7.98011

Currency

0.69247

Currency

0.331

Currency

0.52479

Currency

1.14361

Currency

0.55949

Сребро

1926.30

Злато

133068.72

Платина

52566.47

Алуминиум

3.19

Родиум

263636.12

Кобалт

56.29

Калај

54.35

Бакар

13.02

Рутениум

53852.50

Иридиум

252383.36

Паладиум

41152.96

Цинк

0.00