Кралската ковачница му оддаде почит на Џорџ Мајкл со колекционерска монета

Кралската-ковачница-му-оддаде-почит-на-Џорџ-Мајкл-со-колекционерска.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







На починатиот британски пејач и текстописец Џорџ Мајкл му се оддаде почит со издавање персонализирана колекционерска монета.

Британската кралска ковачница објави дека новата монета, на која пејачот е во своите препознатливи очила за сонце, му оддава почит на хит-соло синглот на британската музичка ѕвезда – Faith, објавен во 1987 година.

Монетата е дизајнирана од уметникот и скулптор Сандра Дејана.

„Од неговото деби со дуото WHAM!, Џорџ Мајкл стана еден од најпродаваните соло музичари на сите времиња. Тој е глобална суперѕвезда, која инспирира и влијаеше на генерации со својата работа, музика и уникатен стил. Со задоволство ви ја претставуваме официјалната британска монета, која ги слави животот и наследството на Мајкл“, рече Ребека Морган, директорка на колекционери на монети во Кралската ковачница.

Џорџ Мајкл почина на Божиќ 2016 година на 53-годишна возраст.

Монетата е најновата во серијата „Легенди на музиката“ на Кралската монетарница, која претходно им оддаде почит на Дејвид Боуви, Елтон Џон и на „Квин“, а ќе биде достапна за купување на почетокот на оваа недела.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK