Полна црвена линија исцртана на европските патишта

Полна-црвена-линија-исцртана-на-европските-патишта.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







На европските патишта пристигна полната црвена линија, што значи тоа за возачите

Владата на Андалузија неодамна за прв пат нацрта црвена линија каде порано имаше двојна бела линија.

Оваа црвена линија, нацртана на националниот пат А-355 во Малага, еден од најопасните во Шпанија, означува важен чекор во подобрувањето на безбедноста на патиштата.

Бидејќи двојната бела линија очигледно не ја исполни својата цел, Шпанците повлекоа црвена линија над неа, надевајќи се дека тоа ќе биде јасно предупредување за возачите да останат во нивната лента и дека претекнувањето е забрането. Оваа мерка има за цел да го намали бројот на сообраќајни незгоди и да ја зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Освен црвената линија, предвидено е долж патот да се постават и четири едукативни радари или дигитални знаци. Тие, пишуваат Шпанците, ќе ги информираат возачите за нивната моментална брзина и ќе ги потсетуваат на максималната дозволена брзина, што дополнително придонесува за безбедноста на патиштата. Доколку црвената линија не ги спречи возачите да направат сообраќаен прекршок, надлежните како последна мерка најавуваат воведување камери кои ќе ги покриваат критичните точки.

Овие иницијативи доаѓаат како одговор на високата стапка на сообраќајни несреќи на патиштата во текот на изминатата година, кога тука загинаа дури десет лица. Исто така, патот, отворен во 2014 година со предвидена дневна фреквенција од 7.000 возила, сега речиси го удвојува тој број. Имено, дневно низ него минуваат речиси 20.000 возила, меѓу кои и голем број товарни.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK