Грција официјално се согласи да ја води мисијата на ЕУ во Црвеното Море за заштита од Хутите

Грција-официјално-се-согласи-да-ја-води-мисијата-на-ЕУ.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Грција официјално се согласи да учествува и да ја води поморската безбедносна операција на ЕУ во Црвеното Море, чијашто цел е заштита на трговските бродови од напади на јеменските бунтовници, Хутите.

Комитетот за безбедност, предводен од грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, нареди учество на грчката фрегата во операцијатата што почна минатата недела, пренесе АП.

Мисијата ќе се спроведува од воената база во Лариса во централна Грција под команда на грчката морнарица.

Грција е погодена од нападите на Хутите во Црвеното Море, бидејќи сообраќајот на трговските бродови во пристаништето Пиреја, во близина на Атина, падна за 12,7 отсто во јануари на годишно ниво.

„Одржувањето отворени поморски трговски линии е во апсолутен интерес на ЕУ и е егзистенцијална потреба за Грција“, изјави грчкиот министер за одбрана Никос Дендиас на парламентарната комисија минатата недела.

Дендиас ја опиша мисијата на ЕУ во Црвеното Море како одбранбена, наведувајќи дека Грција нема да учествува во нападите предводени од САД врз воените цели на Хутите во Јемен.

Хутите од ноември напаѓаат трговски бродови во Црвеното Море како, како што велат, одмазда за израелскиот напад врз Појасот Газа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK