
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Четиринаесет лица загинаа, а тројца се повредени и се во животна опасност по вчерашната несреќа предизвикана од уривањето на настрешницата на зградата на железничката станица во Нови Сад. Сега преку улицата од станицата се појави ново видео каде јасно се гледа како во еден момент се урнало се, вклучително и бетонската и металната конструкција на настрешницата, но и како напукнале стаклата на самата станица. Ве предупредуваме дека снимката е ...
Косовскиот премиер, Албин Курти изјави дека Србија секогаш ќе биде опасност за земјите кои го попречуваат проектот наречен „српски свет“, при што, освен Косово, како земји кои, како што рече, „се задеваат“ од Србија, ги спомна уште Црна Гора и Босна и Херцеговина. Според денешното соопштение на службата за информирање на неговиот кабинет, овие изјави Курти ги дал за време на неговиот дводневен престој во Швајцарија, каде како главен говорник ...
„Луѓе седеа на клупа кога се урна настрешницата, згмечувајќи невини души во моментот. Тој звук беше како детонација, како да се отвори земјата. Едноставно е неописливо, не знаев каде сум”, раскажува за „Нова.рс“ човек кој бил оддалечен 20 метри од настрешницата која падна од Железничката станица во Нови Сад и усмрти 14 лица. „Сите застанавме, збунети и во шок. Се замрзнав на место, не можев да се движам. По неколку секунди, кога сфативме што се ...
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска изјави дека официјален Киев го саботира процесот на размена на воени заробеници. – Руското Министерство за одбрана предложи оваа година да се разменат 935 украински воени заробеници, но официјален Киев се согласи на размена на само 279 лица – рече Захарова на онлајн брифинг со новинарите. Според неа, „Русија редовно повикува на враќање на практичниот дијалог и ...
Врховниот водач на Иран, ајатолахот Али Хамнеи вети дека ќе одговори на секој напад од Израел и САД врз Иран или една од неговите вооружени групи во регионот. „Непријателите, и САД и ционистичкиот режим, мора да знаат дека сигурно ќе добијат крвав одговор за нивните постапки против Иран, иранската нација и фронтот на отпорот против Израел“, рече Хамнеи, кој е на власт од 1989 година. Ајатолахот одржа говор пред студентите во пресрет на ...
Ако конечно се согласиме дека не се согласуваме, дека не можеме да го решиме прашањето за Ексклузивната економка зона и континенталниот гребен, бидејќи имаме многу различни позиции, тоа не значи дека треба да бидеме на работ на војна со Турција, посочи грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за телевизијата „Скај“ и истакна дека сака да имаат добри односи со Турција. Шефот на турската дипломатија Хакан Фидан в петок ќе биде во Атина на ...
Владата на Црна Гора ја прогласи недела, 3 ноември, Ден на жалост за трагедијата во Нови Сад, каде што 14 лица загинаа, а тројца беа повредени при пад на настрешницата на Железничката станица во тој град. Извршната власт таа одлука ја донела на седница. „Владата на Црна Гора го прогласува 3 ноември 2024 година за ден на жалост, по повод страдањето на граѓаните на Република Србија, кои трагично ги загубија животите. Денот на жалост се одбележува ...
Во најновиот број на неделникот „Фокус“ објавуваме интервју со универзитетскиот професор д-р Ванчо Узунов. Менување директори, земање кредит под сомнителни услови како потреба на владата да ги добие локалните избори, како и линеарното покачување на пензиите, се трите работи што новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги направи без грешка, но не за да ги задоволи потребите на граѓаните, туку за да се задржи што подолго на власт, смета ...
Српскиот министер за внатрешни работи – Ивица Дачиќ изјави дека денеска ќе бидат сослушани дваесетина лица за трагедијата во Нови Сад, „почнувајќи од врвот“. Како што рече, „полицијата и обвинителството веќе презедоа одредени чекори“. „Обвинителството го прави сето тоа, веќе денеска ќе бидат сослушани дваесетина лица, почнувајќи од врвот, од вработените во надлежното министерство, јавното претпријатие Железница и ќе се собира документација ...
Во најновиот број на неделникот „Фокус“ објавуваме интервју со универзитетскиот професор д-р Ванчо Узунов. Експертот по економија од Правниот факултет во Скопје вели дека оваа влада нема да спроведе вистински структурни реформи, бидејќи е фокусирана на мерки што само ќе ѝ го продолжат владеењето. Владата се пофали дека ја смирила инфлацијата за помалку од 100 дена и дека го зголемила растот на индустриското производство во јули и во август, но ...
Девојчињата Тина (9) и Сара (5) кои вчера се нашле со својот дедо на Железничката станица во Нови Сад, како што српски Курир дознава од членовите на нивните семејства, им подлегнале на повредите. „И двете починаа, ги нема“, рече Бранко Матиќ, дедото од Лозница, кој нетрпеливо чекал да дојдат кај него вчера на вториот ден од крштевната слава Свети Лука. Ги чекал и не ги сретнал, пишува Телеграф. Матиќ проговори за своите стравови и надежи дека ...
Министерот за транспорт, градежништво и инфраструктура на Србија – Горан Весиќ денеска изјави дека во тек е увид за утврдување на причината за падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, а одговори се очекуваат од Сообраќајниот институт, Железничката инфраструктура на Србија и кинеските изведувачи кои работеле на проектот за реконструкција на таа станица, во кој, како што вели, не била вклучена и самата реконструкција на ...
Нови Сад е опкружен со тага по страшната несреќа што се случи вчера на Железничката станица во Нови Сад. Во инцидентот што се случи во 11:50 часот се урна бетонска настрешница при што загинаа 14 лица. Меѓу жртвите се младиот Милош Милосављевиќ Киви (роден 2003 година) и неговата девојка Анѓела Руман (родена 2004 година). На клупите под настрешницата имало патници кои чекале возови, кога се случил падот и невидената трагедија. Овој трагичен ...
Најстариот детски музички фестивал на Балканот ,,Златно славејче” ќе се одржи на 16-ти и 23-ти ноември во Македонскиот народен театар во Скопје. Годинава за првпат во улога на водител ќе се појави актерот Сашко Коцев и ова е 54-то издание на популарната детска манифестација. Во минатото помеѓу водителите беше музичарот Влатко Илиевски, како и актерот Мартин Јорданоски. Фестивалот за првпат се одржа во 1971 година, а негови основачи беа ...
Министерот за транспорт, Александар Николоски, во интервју за „Фокус“ пред нецели 2 месеци, говореше и за автопатот кон Блаце, откривајќи дека трасата била прецртана во планински дел, каде речиси половина од делницата, според него, требало да минува низ тунели, додека земјиштето во тој дел, како што истакна, преминало во сопственост на функционери на ДУИ. –Трасата се поместува низ планината и од 13 километри испаѓа 6 километри да се тунели. И ...
Обидот на Мок да посредува во грчко-македонскиот спор можеше да се разбере само како средство да се доближи до една членка на Сојузот – Грција. Само така можеа да се толкуваат неговите обиди да смисли име со кое ќе бидеме признаени од земјите-членки на ЕУ и кое нема да го содржи зборот „Македонија“. Името што тој го предложи беше „Централно-балканска република“. Со таква цел Мок, со специјален авион испрати и свој претставник, амбасадорот Рохан, ...
Во најновиот број на неделникот „Фокус“ објавуваме интервју со универзитетскиот професор д-р Ванчо Узунов. Експертот по економија од Правниот факултет во Скопје вели дека оваа влада нема да спроведе вистински структурни реформи, бидејќи е фокусирана на мерки што само ќе ѝ го продолжат владеењето. Според него замрзнатите бруто-маржи не го дадоа економскиот ефект бидејќи владата направи кардинална грешка и им даде на трговците прво да се ...
Еден од хероите на последните Олимписки игри во Париз – Леон Маршанд повторно го воодушеви светот со неверојатна трка, овој пат на 200 метри мешано, која ја заврши за време од 1’48”88. Претходниот светски рекорд кој го држеше Лохти во 2012 година беше 1’49”63. Маршанд на тој начин продолжи да доминира на азиската турнеја, каде што е моментално. Тој без вистинска конкуренција исплива во Шангај, па во Инчон, а потоа блесна во Сингапур и ја ...
Во медиумите и на социјалните мрежи е објавено ново драматично видео од Шпанија. Го прикажува моментот кога воената единица за итни случаи спасува жена во загрозена област користејќи метален кафез прикачен на хеликоптер. Со хеликоптер била пренесена на безбедно. Имено, Шпанија ја погодија најголемите поплави во поновата историја и однесоа повеќе од 200 животи. Спасувачите очајнички ја пребаруваат областа за преживеани, селата и градовите се ...
Министерството за финансии и комерцијалните банки разговараат за рокот на отплата на кредитите за приватниот сектор, откако е постигнат е договор за дефинирање на каматната стапка и нејзиното субвенционирање од страна на државата која се јавува како посредник со цел да се охрабрат компаниите да инвестираат во земјава, информираше денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска по брифингот со новинарите. – Разговорите со банките ги ...
За разлика од многу други земји-членки на Европската унија, Унгарија не прифаќа луѓе кои припаѓаат на странски култури, има семејна политика и е конзервативен остров во европскиот „либерален океан“, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан. Орбан, во интервју за ТВ Сервус, зборувајќи за миграцијата, рече дека Унгарија издава работни дозволи за странци, главно од муслимански земји, колку што е потребна работна сила, и дека таквите работници, кога ...
Осум тела се извлечени од под урнатините во несреќата на Железничката станица во Нови Сад, изјави српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ. „Од урнатините се извлечени осум тела, две лица се во болница, но состојбата на едно лице е многу сериозна и му е ампутирана ногата. Во контакт сме со две лица од под урнатините. Во моментов работиме на нивно извлекување. Ќе видиме што уште ќе се најде под урнатините“, рече Дачиќ. Меѓу лицата со ...
Премиерот Христијан Мицкоски денес е поголем оптимист дека, со помош на меѓународните партнери, може да се најде заеднички јазик со Бугарија со цел да се премости пречката со уставните измени и да се започнат преговорите со ЕУ, отколку што бил пред 6 месеци. На брифинг со новинарите, Мицкоски рече дека, по неформалната средба со бугарскиот претседател Румен Радев, македонската страна имала стратегија да гради наратив во правец да се најде ...
Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи им наредил на воените службеници да подготват одмазда против Израел, пишува Њујорк Тајмс. Одлуката за одмазда е донесена откако Хамнеи, заедно со членовите на Врховниот совет за национална безбедност, доби детален извештај за степенот на штетата предизвикана од израелскиот напад врз иранските воени позиции на крајот на октомври. Според извештаите, Иран подготвува одмазда која ќе биде „остра“ и ...
Премиерот Христијан Мицкоски на денешниот брифинг со новинарите, меѓу другото, рече дека бил обработуван од службите за безбедност. Во таа насока, тој откри дека во белешките на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање неговото име било поприсутно отколку на познати криминалци. Воедно, тој одговори под кој основ бил „обработуван“. –Во белешките на Агенцијата за разузнавање има основ дека јас сум ја загрозувал ...
Во САД активиран е Амбер алерт алармот поради киднапирање на трудница и нејзините четири деца. Драмата се одвивала во Минесота, а се сомнева дека децата и нивната мајка биле киднапирани од нејзиното вооружено момче. Полицијата трага по Никола Добсон (33) и нејзините деца Брендон (14), Хели (11), Грејси (7) и Клои, кои ги киднапирал Чад Анеруд (35). Властите во Минесота на социјалните мрежи наведуваат дека Анеруд е осомничен дека убил маж пред ...
Истрагата за струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов се уште трае зашто излегуваат нови моменти, но таа напредува и на крајот ќе излезат податоци кои се шоканти, рече на брифинг со новинарите премиерот Христијан Мицкоски. Како што истакна тој, станува збор за индиции, односно сомневања за злоупотреби тешки 15 милиони евра. Целата шема, според него, допира и до политичари кои, според неговиот исказ, немаат имунитет, што значи дека не се пратеници. ...
Португалскиот стручњак Рубен Аморим е назначен за нов менаџер на Манчестер Јунајтед. Како што е објавено на клупската веб-страница, 39-годишниот Аморим потпишал договор со челниците на „црвените ѓаволи“ до јуни 2027 година, со опција за дополнителна сезона. „Рубен Аморим ќе му се приклучи на нашиот клуб во понеделник на 11 ноември. Рубен е еден од највозбудливите и најценетите млади професионалци во Европа. Има освоено трофеи и како играч и ...
Тригодишно момче го загуби животот откако беше смртно рането во пределот главата, кога врз автомобилот во кое било заедно со неговите родители, во населба во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, бил отворен оган од засега непознати лица. Детето (3) починало и покрај напорите на лекарите. Смртта била констатирана набргу по пристигнувањето во болница. Престрелката во која учествувале повеќе лица се случила утрово во ...
На влезот на Железничката станица во Нови Сад денеска се урна дел од настрешницата. Според неофицијални информации, има повредени. На терен има неколку екипи на брза помош и пожарникари, дознава „Еуроњуз Србија“. View this post on Instagram A post shared by 192.RS (@192_rs) Таа настрешница е изградена во 1964 година. Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ, ја прекина посетата на Црна Гора и се упати кон Нови Сад, ...