Традиционалниот прв изборен резултат на претседателските избори во САД во 2024 година дојде од малото село Диксвил Ноч, во северниот дел на Њу Хемпшир, пренесува Данас. Резултатот е мртва трка: три гласа за Камала Харис и три за Доналд Трамп, пишува Гардијан. Беа потребни приближно 12 минути за да се пребројат и да се потврдат гласовите на шестмина жители на оваа мала заедница во близина на канадската граница, кои со децении гласаат на полноќ ...

ФБИ ја демантираше автентичноста на две видеа кои неодамна почнаа да кружат на Интернет, а кои тврдат дека агенцијата издава предупредувања за терористички закани на избирачките места и лажни информации за гласање на затворениците во клучните држави. ФБИ ги нарече видеата „фабрикувани“ и „неавтентични“. Првото видео, кое прикажува наводен исечок од вести, тврди дека ФБИ ги предупредува Американците да „гласаат од далечина“ поради заканата од ...

Републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп се огласи на платформата Х и испрати силна порака до американските граѓани. „Сега и официјално е ДЕНОТ НА ИЗБОРИТЕ! Ова ќе биде најважниот ден во американската историја. Ентузијазмот на гласачите е огромен затоа што луѓето сакаат да ја направат Америка голема повторно. Тоа значи дека редовите ќе бидат долги! Треба да го дадете својот глас без разлика колку долго ќе чекате. Останете во ...

Пред крајот на 2024 година, покрај бројните концерти во земјава на турбо- фолк регионални музички ѕвезди, најавен е интересен концерт кој ќе се одржи на 14-ти декември во СЦ Јане Сандански во Скопје, со почеток од 20 часот. Станува збор за турбо-рок фестивал, на кој ќе настапат големи музички имиња, и тоа Неле Карајлиќ, ,,Ван Гог” и ,,Ју Група”. -Една вечер и три имиња кои се избрани да бидат компатибилни и комплементарни во секој поглед, кои ...

„Гоце Седлоски не смее и нема да биде тренер на ФК Вардар! Човечкиот отпад кој уживаше во друштвото на убијците на нашиот брат Саздо, кој со огромно задоволство се радуваше на поразите на ФК Вардар и кој беше избркан од клубот во 2017 година поради сомнително работење, по кое е општо познат во јавноста, не заслужува да седне на црвено-црната клупа“ се вели во соопштението што на Фејсбук го објави навивачката група „Комити“. Оттаму му посочуваат ...

Милорад Улемек – Легија (56), осуден на 40 години за убиството на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ, побарал од судот да биде условно ослободен, дознава „Информер“. Покрај него условно ослободување побара и Бранко Берчек, поранешен член на „црвените беретки“, а веста за медиумот ја потврдил нивниот адвокат Александар Ковачевиќ. – Во име на Милорад Улемек и Бранко Берчек, поднесено е барање за условно ослободување од издржување затворска казна до ...

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад, во врска со трагедијата на 1 ноември кога се урна бетонска настрешница од зградата на железничката станица во тој град, во изминатите три дена сослуша вкупно 48 лица, а денеска е побарано сослушување на уште пет луѓе. Во тој период, од повеќе различни институции, правни и физички лица, одземена е соодветна документација, чија детална анализа е во тек, а наредено е и потребното вештачење за утврдување на ...

Шест лица загинаа, а девет се ранети во рускиот напад утринава врз градот Запорожје, на југот на Украина, соопшти регионалниот гувернер. Тоа беше смртоносен напад врз инфраструктурен објект, напиша гувернерот Иван Федоров на Телеграм. Тој додаде дека по ударот на тоа место избувнал пожар. Непосредно пред нападот, се огласија сирените за предупредување за напад со балистички ракети во таа зона, каде што се наоѓа најголемата нуклеарна централа во ...

Српскиот премиер Милош Вучевиќ изјави дека ја прифаќа оставката на министерот за градежништво, Горан Васиќ по трагедијата во Нови Сад, но нагласи дека целата работа не може да заврши само со таа оставка и дека очекува повеќе. Вучевиќ нагласи дека неговата одлука е „чин на сериозен човек“. „Свесен е дека кога ги извршувате најважните државни функции имате и товар на одговорност. Не се сомневам дека субјективно не е виновен за ништо што се случи ...

Според последните информации, бегалецот Алија Балијагиќ, кој е осомничен дека извршил двојно убиство во селото Бијело Поље и по кого потрагата трае веќе 13 дена, е лоциран во селото Орашац кај Бродарево, во близина на границата меѓу Србија и Црна Гора. – Жандармеријата пристигна на терен и го чешла теренот, во акцијата се вклучени и дронови и кучиња трагачи. Околу бегалецот се стега обрач, изјави за РИНА извор од местото на настанот. ...

Активисти на Движењето на слободни граѓани синоќа на големо бело платно на Градското собрание во Нови Сад закачија транспарент на кој со црвена боја беше испишано „Крвави ви се рацете“. Истиот транспарент го ставија и на фасада на зграда на централната пешачка улица. pic.twitter.com/81yWPwfK0I — Pokret slobodnih građana Novi Sad (@psgns) November 4, 2024 За денеска во 18 часот е закажан протест во Нови Сад, чие одржување го поддржаа партиите ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ синоќа во тв гостување изјави дека оставката на министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ е чин на одговорност, но тој не го принудил на тоа. – Веднаш рекоа дека Вучиќ го натерал да поднесе оставка, но морам да ги разочарам и да кажам дека не сум. Реков дека ќе ја почитувам волјата на премиерот и политичката и човечката чесност на Горан, но не го ни советував да го стори тоа – ...

Палестинскиот претседател Махмуд Абас изјави дека е време да се имплементира Резолуцијата 2735 на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН), која го опфаќа спроведувањето на прекинот на огнот во Појасот Газа. Абас ова го изјави на Светскиот форум што се одржа во Каиро, главниот град на Египет. – Откако помина една година од почетокот на геноцидот врз нашиот народ во Газа и на Западниот Брег, време е за итна примена на резолуцијата 2735 ...

Екс капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски е старо-новиот тренер на ФК Вардар. Тој е четвртиот предводник на „црвено-црните“ оваа сезона откако претходно беше прекината соработката со Горазд Михајлов, Горан Петрески и вчера со Срѓан Захариевски. Седлоски се враќа во Вардар откако во периодот од 2015 до 2017 година беше на клупата на скопскиот клуб и со него освои две шампионски титули. АД ФК Вардар го назначи Гоце ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека 11,000 севернокорејски војници се распоредени во рускиот регион Курск за да ја поддржат руската армија во обид да ги потиснат украинските сили кои навлегоа во оваа погранична територија. -Веќе има 11,000 од нив во регионот Курск. Гледаме зголемување на бројот на Севернокорејци, но не и зголемување на реакциите на нашите партнери, рече Зеленски во своето секојдневно вечерно обраќање до ...

Гласачите во САД денеска излегуваат на гласање за да изберат нов претседател на својата земја. Тие ќе можат да гласаат за републиканецот Доналд Трамп или за поранешниот потпретседател на САД од редовите на демократите Камала Харис, која влезе во изборната трка во јули кога Џозеф Бајден ја заврши кампањата. Дали САД ќе ја добијат својата прва жена претседател или изборите ќе резултираат со втор мандат за Доналд Трамп? Според националните анкети, ...

НАТО ќе остане обединет без разлика кој ќе победи на изборите во САД, изјави во Берлин генералниот секретар на алијансата Марк Руте, додека сојузниците на Вашингтон нервозно го очекуваат исходот од гласањето. „Кој и да победи на тие избори, ќе работиме со Камала Харис, со Доналд Трамп и ќе се погрижиме алијансата да остане обединета“, рече Руте заедно со германскиот канцелар Олаф Шолц. Руте рече дека „нема сомневање“ дека кој и да победи на ...

Текстот е објавен на 4 јуни 2024 година во неделникот „Фокус“ со број 1495 Палењето на возилата на вработени во затворот „Идризово“ кулминираше со палење на службениот „пасат“ на директорот на најголемиот затвор. Досега не е откриен ниту еден сторител или нарачател на осумте запалени возила на вработени во затворот или во сопственост на самата установа. Oна што му претходеше на палењето на возилото беше преместувањето на петмина познати ...

Фолк пејачката Анета Љумакоска, која повеќе од две децении беше вокалистка на битолската група ,,Молика”, промовираше нов музички проект заедно со бендот ,,Дакапо”. Нивниот заеднички проект, сплет на македонски народни песни веќе е објавен на музичкиот канал Јутјуб, каде е оставен и телефонски број за договарање на настапи, а како вокалисти се истакнати Анета и Васко Спасов. Инаку, „Дакапо“ се присутни на сцената околу десет години и зад себе ...

Ивона Јовановиќ (28), позната на сцената како Ивона Јо, на годинашното издание на фестивалот Макфест беше една од највпечатливите учеснички. Настапи со баладата „Себично“, дело на композиторот и аранжер Илија Ќосевски, со текст на Весна Малинова. Самоуверенета и истовремено доста емотивна изведба на сцената и донесе на Ивона низа на комплименти, не само од публиката, туку и од нејзини повозрасни колеги, кои на социјалните мрежи ја издвоија како ...

Шампионот во бодибилдинг, Тоше Зафиров, ќе ја промовира својата прва книга насловена ,,Моќта на промените”. Промоцијата ќе се одржи утре (сабота) во Дом на културата Кисела Вода со почеток од 18 часот, и на истата ќе бидат прочитани извадоци од книгата, а Зафиров ќе подели и потпишани примероци. Пред седум години пак, познатиот бодибилдер ја промовираше својата автобиографија ,,Патот кон врвот” која е дело на професорката Силвана Јорданова, и ...

Останува само еден ден до историските избори во Америка, кои во голема мера ќе ја одлучат иднината на светот. Трамп е во Ридинг, Пенсилванија, на неговиот втор од четирите предизборни собири планирани за денеска. „5 ноември 2024 година ќе биде Ден на американското ослободување. На првиот ден ќе ја започнам најголемата програма за криминална депортација во американската историја. Ќе ги истераме“, рече тој. По овој митинг, Трамп ќе оди во ...

По падот на покривот на зградата на Железничката станица во Нови Сад, при што загинаа 14 лица, меѓу кои две девојчиња на возраст од 5 и 9 години, дел од експертите предупредуваат дека целата зграда сега е небезбедна и опасна по живот. Како што неодамна беше информирана јавноста, оваа стационарна зграда нема употребна дозвола, а се уште не се знае што точно е направено со објектот при санацијата, бидејќи градежната документација се уште е под ...

Српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ на вонредна прес-конференција изјави дека утре и официјално ќе поднесе оставка. Весиќ најави дека поднесува оставка по трагедијата во Нови Сад во петокот, кога падна бетонска настрешница на железничката станица, при што загинаа 14 лица, а тројца беа во тешка состојба. „Не можам да прифатам вина бидејќи немаме ни трошка одговорност за несреќата што се случи. Поднесувам ...

Ракети истрелани од Израел погодија село во јужниот дел на Либан, не се знае кога точно се случил нападот. Продолжуваат конфликтите на Блискиот Исток меѓу Либан и Израел, а во последниот напад Израел целосно го збриша селото Меис ал Џабал. Israel wipes out the village of Meis al-Jabal in South Lebanon. A village that has stood for centuries. A war crime and a crime against humanity. While the “international community” just watches in silence. ...

Скопски Вардар ќе го бара четвртиот тренер оваа полусезона, откако утринава отказ доби и Срѓан Захариевски. Се чини му пресуди вчерашниот пораз на „црвено-црните“ од Пелистер во Битола. „АД ФК Вардар и шефот на стручниот Срѓан Захариевски утрово спогодбено ја раскинаа соработката. АД ФК Вардар му благодари за несебичниот ангажман, максималниот вложен труд и голема желба за успех. За личности како Срѓан Захариевски вратите на АД ФК Вардар се ...

Главната зграда на аеродромот во Барселона е потопена, вода истекува од таванот додека патниците ги соблекуваат чевлите и боси одат до капијата. Дождот силно врне и по улиците на градот, а во блискиот Кастелдефелс, на околу еден час возење од Барселона, автомобили „пливаат“. Ова се сцените кои денеска пристигнуваат од Шпанија, по обилните врнежи и смртоносните поплави што ја погодија Валенсија, при што загинаа најмалку 217 луѓе. Моќните бури ...

На 5 ноември Американците избираат нов претседател, но во САД за победникот на изборите не одлучува вкупниот број гласови на национално ниво за еден од кандидатите, туку т.н. наречен Изборен колеџ. Изборниот колеџ, како што потсетува Гласот на Америка, е систем кој ги вклучува сите сојузни држави и го сочинуваат претставници – електори, кои ги распределуваат гласовите врз основа на резултатите од гласањето во нивната држава. Технички, граѓаните ...

Викендов во Прилеп се одржа фестивалот на новокомпонирани македонски народни песни ,,Прилеп Фест” на кој наградата за животно дело ја доби Перо Христов. Како што вели музичарот, по 55 години на естрадата, на свои 73 години, го дочекал ова признание кое многу му значело. За „Фокус“ вели дека многу му значел и приемот од прилепската публика која го наградила со долг аплауз, и се заблагодари на организацијата на настанот. -Прилеп Фолк Фест ме ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е сигурен оти надлежните државни органи ќе утврдат кој е кривично одговорен за трагедијата што ја погоди Србија. – Сигурен сум дека надлежните државни органи ќе откријат кој е кривично одговорен за трагедијата што ја снајде нашата земја – нагласи Вучиќ. Да потсетиме, претседателот Вучиќ во своето обраќање до јавноста во петокот, кога се случи трагедијата во Нови Сад, кога 14 лица загинаа при ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
0.51
56%
1015
weather icon

Белград

18ᴼ / 17ᴼ
2.06
70%
1015
weather icon

Загреб

19ᴼ / 16ᴼ
2.06
60%
1015
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
59%
1015
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
1.9
70%
1014
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 15ᴼ
1.54
79%
1016
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
3.09
44%
1012
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
56%
1013
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
0.51
53%
1013
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 15ᴼ
4.12
69%
1015
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
2.57
56%
1015
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
5.66
82%
1015
Currency

61.535

Currency

53.5268

Currency

71.8162

Currency

34.3766

Currency

38.9421

Currency

65.6811

Currency

7.35715

Currency

0.65988

Currency

0.38012

Currency

0.52161

Currency

1.4063

Currency

0.63136

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1051.34

Злато

111305.26

Бакар

9.55

Паладиум

29803.74

Платина

30837.68

Родиум

173614.03

Цинк

2.52