
Скопје
22ᴼ /
22ᴼ



„Вака изгледа прошетка низ една од новите населби во Хатај, изградена од страна на државата за оние кои останаа без домови во катастрофалниот земјотрес!“, стои во објавата на Фејсбук на страницата Република Турција. На 6 февруари, 2023 година, југоисточна Турција и северна Сирија беа погодени од силен земјотрес. Според официјални податоци, имаше повеќе од 50 илјади жртви, а повеќе од 125 илјади беа повредени. Најсилно погоден беше градот Хатај ...
Резултатите од самитот на БРИКС во Казан ја покажуваат неспособноста на западните земји да ја изолираат Русија на меѓународната сцена, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. „Земјите од светското мнозинство не го следат примерот на Западот, тие ги зајакнуваат односите со нас во различни формати и области. За тоа сведочат резултатите од самитот на БРИКС во Казан, под руско претседателство“, изјави Лавров на отворањето ...
Актуелниот американски претседател Џо Бајден даде контроверзен коментар на предизборен настан, нарекувајќи ги поддржувачите на Доналд Трамп „ѓубре“, како одговор на коментарот за Порторико што можеше да се слушне за време на митингот на Трамп во Њујорк. Бајден зборуваше на настан наменет за Латиноамериканците, каде што одговори на коментарот на комичарот Тони Хинчклиф, кој рече дека Порторико, американска територија, е „остров за отпадоци“. ...
Премиерот на Србија – Милош Вучевиќ изјави дека секогаш е добро да се слуша гласот на вистината за Косово во Обединетите нации, но дека не очекува големи заклучоци од денешната седница на Советот за безбедност на ОН, со оглед на поларизирани ставови на земјите-членки кога станува збор за Косово. „Оние кои мислат дека Косово е независно веројатно ќе ги величаат или оправдуваат постапките на Курти и Приштина. Оние кои го почитуваат меѓународното ...
Канадскиот премиер Џастин Трудо оцени дека распоредувањето и вклучувањето на севернокорејските војници во конфликтот во Украина најверојатно ќе ја ескалира војната, соопштено е денеска од кабинетот на јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол по телефонскиот разговор меѓу двајцата лидери. Се цитира дека Трудо рекол дека војната значително ќе влијае на безбедносната средина во Европа и индо-пацифичкиот регион, пренесува Ројтерс. „Премиерот на ...
Дамир И.(23) брутално ја претепал својата партнерка Драгана (23), која од тешките повреди починала во Александровац. Како што вели нејзиниот татко, никогаш не го сакал Дамир и почувствувал дека неговата ќерка има некаков проблем. Имало пријави за семејно насилство, а Дамир и бил познат на полицијата за обид за убиство. – Ја одгледав Драгана, ми ја зеде ќерката и ја уби – ја започнува приказната за „Информер.рс“ таткото на Драгана М., која беше ...
Поранешниот албански претседател – Илир Мета, реагираше од притворската ќелија од затворот „313“ во Тирана, во врска со синоќешниот протест на опозицијата, со блокада на шест главни национални патни правци. Тој во објава на Фејсбук, на која има и фотографии со моменти од протестот, им се заблагодари на учесниците на митингот наведувајќи дека „Албанците храбро застанале да ја земат судбината на Албанија во свои раце“. – Срдечна благодарност и ...
Покрај тоа што неговиот клуб загуби и беше елиминиран во осминафиналето на Купот на кралот, еден навивач на Ал Наср по лошо ќе го памети дуелот против Ал Тавон поради тоа што остана без телефонот! На социјалните мрежи се појави интересно видео на кое се гледа како Кристијано Роналдо со удар со топката го исфрли телефонот од раката на навивач – во моментот кога го промаши пеналот. Се играше 96. минута, Ал Наср губеше со 1:0 на домашен терен, а ...
Украинските воздухопловни сили соопштија дека Русија лансирала 62 беспилотни летала во текот на ноќта, но противвоздушната одбрана уништила 33 од нив над Киев и други региони, а 25 се водат за исчезнати. Деветнаесет воздушни напади врз Киев во октомври, напиша на Телеграм – Серхи Попко, шеф на воената администрација во Киев. Отпадоците што паднаа од уништените беспилотни летала предизвикаа пожар во повеќекатната станбена зграда во западниот ...
Неколку безживотни тела се пронајдени во областите погодени од поројни поплави во југоисточна Шпанија, изјави денеска гувернерот на регионот Валенсија. Тропските дождови предизвикани од студениот воздушен фронт што се движеше низ југоисточна Шпанија во вторникот ги поплавија патиштата и населените области, поради што властите во најтешко погодените области ги советуваат жителите да останат во затворени простории, пренесува Ројтерс. „Пронајдени ...
Тема на неделата стана резултат на изборот за Златна топка. Но, не се зборува ниту пишува кој го добил, кој е Родри, туку кој не, што е очекувано и најавувано со недели – Винисиус Жуниор. Неочекуваниот расплет го предизвика бесот на Реал. Тоа што најпрестижната индивидуална фудбалска награда не ја освоија тие, туку играч на Манчестер Сити, беше причина никој од актуелниот шампион на Шпанија и Европа и најголемиот клуб во светот да не присуствува ...
Се чини дека нема решение на повидок за кризата на Блискиот Исток, откако лидер на Хамас рече дека групата е отворена за каков било договор за ставање крај на војната во Појасот Газа, што вклучува целосно повлекување на Израел од енклавата. За тоа време, Хезболах го назначи Наим Касем за нов водач на групата, за што израелскиот министер за одбрана Јоав Галант коментираше дека е „привремено назначување“ и дека неговото водство нема да трае долго. ...
Голем пожар избувна во бродоградилиште за нуклеарни подморници во Камбрија, Велика Британија. Видеата и фотографиите објавени на социјалните мрежи покажаа пламен и чад од BAE Systems во Burrow-in-Furness. Две лица се пренесени во болница, но полицијата во Камбрија соопшти дека нема жртви откако пожарот избувнал рано утринава околу 00:30 часот. Полицијата соопшти дека пожарот се гаси и дека луѓето се евакуирани од Док Хол во Девоншир. Додаваат ...
Русија го забрани влезот на 131 претставник на австралиската воена индустрија, новинари и јавни личности како одговор на санкциите против руски поединци, соопшти Министерството за надворешни работи. – Како одговор на политички мотивираните санкции на австралиската влада против руски поединци и субјекти, воведени како дел од антируската кампања на „колективниот Запад“, влезот во Русија е на неодредено време забранет за 131 австралиски претставник ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека победата на изборите во Грузија, што ја постигна десничарската партија „Грузиски сон“, е слободна и демократска и покрај големите протести на опозицијата, која ги смета изборите за наместени. Орбан, главниот сојузник на рускиот претседател Владимир Путин во Европската унија, е првиот странски лидер што ја посети Грузија по изборите одржани минатата сабота. Претседателот на Грузија и опозицијата тврдат ...
Рускиот претседател Владимир Путин отвори нова вежба на нуклеарните сили на неговата земја, втора од ваков вид во последните две недели. Според руските власти, две и полгодишната војна во Украина влегува во најопасна фаза. Руската армија напредува на исток од нападнатата земја, а западот размислува како да го зајакне Киев. Со недели Русија испраќа сигнали до Западот дека Москва ќе одговори доколку САД и нивните сојузници и дозволат на Украина ...
Зголемената глобална популарност на TikTok го направи ко-основачот на неговата матична компанија ByteDance најбогатата личност во Кина. Според листата составена од Институтот за истражување Хурун, Џанг Јиминг сега вреди 49,3 милијарди долари, што е за 43 отсто повеќе од минатата година. 41-годишникот поднесе оставка и се повлече од компанијата уште во 2021 година, но се разбира дека сè уште поседува околу 20 отсто од компанијата. TikTok стана ...
Принцезата од Велс испрати трогателна порака до водечката боливудска актерка по нејзиното лекување од рак. Маниша Коирала, која е во ремисија од четвртата фаза на рак на јајниците, доби срдечно писмо од Кејт во кое и честиташе за закрепнувањето и враќањето на работа. „Сакав да се обратам до Принцезата од Велс за да ги испратам моите добри желби. Длабоко сум среќна што добив таков топол одговор од неа“, рече таа. Кејт, сега без рак, полека се ...
Фудбалерот на Манчестер Сити – Родри ја освои „Златната топка“ за најдобар играч во 2024 година. Минатата сезона Родри ги освои Премиерлигата, ФА Купот, Суперкупот на Европа и Светското клупско првенство со Манчестер Сити, а со шпанската репрезентација и Европското првенство во Германија, каде беше прогласен за најдобар играч на турнирот. – Им благодарам на сите што гласаа за мене. Ова е посебно за мене и за моето семејство и за вредностите на ...
Хотелска зграда од 10 ката се урна во денеска рано наутро во крајбрежниот град Вила Гесел во аргентинската провинција Буенос Аирес, соопштија локалните власти. Се претпоставува дека во хотелот „Дубровник“ тогаш имало меѓу седум и девет лица, меѓу кои имало градежни работници кои наводно работеле без градска дозвола, се вели во соопштението. Спасувачките екипи ги расчистуваат урнатините за да ги ослободат затрупаните, соопштија властите на Вила ...
Така големи, а така ненаметливи, можеби и по нивна волја недоволно експонирани во јавност, е она кое спонтано им доаѓа во мислите на почитувачите на музичкото дело на „Зијан“, кога ќе се спомне бендот. Реткост се интервјуата со членовите на бендот, за кои пошироката јавност знае многу малку, освен тоа дека оставија богатство во музичките ризници на македонската историја. Сепак, деновиве легендарниот бенд од Гевгелија ги израдува љубителите на ...
Бројот на загинати во израелскиот напад рано утринава врз петкатница на северот на Газа, каде што се засолниле раселените Палестинци, се искачи на 93, соопшти цивилната заштита на Газа, каде што на власт е палестински Хамас. Претходно, Министерството за здравство во Газа соопшти дека бројот на жртвите е 60, додавајќи дека половина од жртвите се жени и деца. Во нападот на резиденцијата на семејството Абунаср во северниот град Беит Лахија, ...
Повеќе од 200.000 луѓе ја откажаа претплатата на „Вашингтон Пост“, откако угледниот весник минатата недела објави дека нема да поддржи ниту еден кандидат на претседателските избори, објави американското радио „НПР“. „Вашингтон пост“ се соочи со финансиски тешкотии и пред ова потсетувајќи дека минатата година весникот имал повеќе од 2,5 милиони претплатници, од кои повеќето се онлајн, што го прави трет најчитан во САД, зад Њујорк Тајмс и Волстрит ...
Трамвај денеска удри во продавница во центарот на норвешката престолнина Осло, при што се повредени возачот и уште најмалку три лица, соопшти норвешката полиција. Во моментот на судирот во трамвајот имало околу 20 патници, соопшти полицијата. Фотографиите од местото на настанот покажуваат син трамвај кој удрил во продавница за компјутери на приземјето на четирикатница во центарот на норвешката престолнина. Полицијата во соопштение наведува ...
Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, изјави дека, без разлика што на последниот состанок на дијалогот нема напредок во спроведувањето на Договорот за нормализација од 2023 година, тој е оптимист за напредокот во однос на некои други клучни прашања. – Минатата недела бев домаќин на уште една рунда дијалог со поддршка на ЕУ на ниво на главни преговарачи, со фокус на унапредување на нормализацијата на ...
Ги извршивме сите обврски кои ни беа зададени за изборите да бидат фер, изјави денеска привремениот премиер на Бугарија Димитар Главчев пред новинарите. Главчев посочи дека не може да процени какви се шансите да се формира редовна влада. – Не можам да зборувам за шансите, не сум ниту социолог, ниту политолог. Не можам да предвидам какви ќе бидат процесите, но сè уште се надевам дека ќе се формира редовна и стабилна влада. Сите имаат потреба од ...
Д.И. (23) е уапсен во српскиот град Александровац под сомнение дека ја претепал девојката која починала во болница како последица на тепањето. „Припадници на МВР Александровац од околината на тоа место го приведоа Д.И.(23), поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело семејно насилство со смртен исход“, соопштено е од тамошната полиција. Тој е осомничен дека и нанел повеќе удари по главата и телото на својата 23-годишна ...
Наим Касем е избран за нов водач на Хезболах, откако Хасан Насрала беше убиен во израелски напад врз Бејрут на 27 септември, објави либанската милитантна група. Во соопштението, Хезболах наведува дека Касем е избран поради неговото „придржување кон принципите и целите на Хезболах“, пренесува Ал Џезира. „Шура Советот на Хезболах се согласи да го избере Неговото Високопреосвештенство Шеик Наим Касем за генерален секретар на Хезболах, да го носи ...
Северна Кореја ја засили безбедноста на својот лидер Ким Џонг Ун поради стравувањата од можен обид за атентат, според јужнокорејското разузнавање. Националната разузнавачка служба на Јужна Кореја (НИС) ја даде оваа оценка денеска за време на седницата на парламентарната комисија, според јужнокорејските пратеници, пренесува Јонхап. НИС им кажала на парламентарците дека, поради можни обиди за атентат, Северна Кореја го подигнала нивото на ...
Војната во Газа мора да престане, изјави денеска американскиот претседател Џозеф Бајден. „Потребен ни е прекин на огнот“, изјави Бајден пред новинарите по предвременото гласање на претседателските избори во САД во Вилмингтон, во американската сојузна држава Делавер. „Мора да престане, мора да престане, мора да престане“, нагласи американскиот претседател. Тој додаде дека ќе ги разгледа тековните напори за прекин на огнот по предлогот на Египет ...