Министерот за внатрешни работи на Полска, Марчин Кервињски, појасни дека напаѓачот кој во крајот уби шест лица и уште 15 ги рани, по сè изгледа, имал „многу радикални ставови“, а во автомобилот што го управувал биле пронајдени „многу парчиња огнено оружје“. Тој посочи и дека првичните анализи укажуваат оти осомничениот бил инспириран од „крајнодесничарски идеологии“, а постојат и индиции дека имал „ултранационалистички ставови“. Тој појаснува ...

Македонија има околу 560 полицајци на 100.000 жители, наспроти европскиот просек од приближно 340, а сепак сме на третото место во Европа по стапката на убиства на жени од интимни партнери. Во оваа противречност е содржано едно од најтешките прашања за Панче Тошковски – како држава со толку бројна полиција не успева да воспостави ефикасна заштита од насилството врз жените, прашуваат од Левица. И Европската комисија во Извештајот за 2026 ...

Јорданчо Јанев – Дано, во јавноста познат и како баџанакот на премиерот Христијан Мицкоски, беше еден од ретките граѓани на оваа земја, кој можеше да учествува на концертот посветен на византиската музика во хотелот „Цар Самоил“ во Струмица. Иако настанот е во организација на Домот на културата во Струмица и е финансиран од Министерството за култура на Македонија, но наместо да е достапен за сите граѓани, од некоја причина беше организиран ...

Почитувани и помалку почитувани министри, политичари, функционери, интелектуалци, академици, доктори и ,,морални” авторитети, пишува Д-р Љупка Трајкова, в.д. коодинатор на Здравствен сектор на Левица. Инспирирана од изјавите на Богоевски на Алфа телевизија и од убиството во Богданци, Јас не ви се обраќам како жена во моментов демек загрижена за заштитата на жените што претпочитаат овие денови да го прават првата дама, или втора, трета, тие ...

Додека ДПМНЕ се подготвува да го претставува Скопје како европска престолнина на културата, Европската комисија веќе предупредува на сериозни недостатоци во транспарентноста на управувањето, стабилноста на финансирањето, навремената реализација и соработката со културните чинители. Наместо оваа историска можност да биде искористена за суштинска преобразба на културниот живот, постои опасност проектот да се претвори во уште една партиски ...

Шест лица загинаа во престрелка со огнено оружје во центарот на Краков, Полска, соопшти шефот на полската полиција, Марек Борон. Но, полскиот премиер Доналд Туск потврди дека во домот на осомничениот биле пронајдени телата на две жени и еден маж, за кои се верува дека се членови на неговото потесно семејство. Полицијата извршила претрес во домот на осомничениот и неговото семејство, а премиерот предупреди дека на таа локација можеби се наоѓа ...

„Но, зошто сакаа да ја осудат Куба? Што направи Куба за да биде осудена? Што направи нашиот народ за да ја заслужи Декларацијата од Костарика? Нашиот народ не направи ништо друго освен што ги скина своите синџири! Нашиот народ не направи ништо со што би му нанел штета на кој било друг народ, ниту, пак, му одзел нешто на кој било друг народ, освен што се бореше за подобра судбина. Нашиот народ сакаше само да биде слободен, нашиот народ сакаше ...

Во сабота, (07.11.2026), со почеток во 19ч, во Галерија Рудиќ ќе се отвори изложба на полароиди на италијански фотограф Патрицио Чиполини(Patrizio Cipollini), под име “Душе” Полароиди на Патриција Чиполини — единствена изложба за минливоста и магијата на моментот. Чиполини ги користи несовршеностите на полароидната фотографија за да ја нагласи минливоста на моментот: меките, избледени бои и благиот контраст ја претвораат секоја слика во мал ...

Во Културно-информативниот центар во Скопје вечерва во 20 часот концерт ќе одри составот Amplidyne Effect. Ќе настапат Мартин Георгиевски, Владимир Мартиновски (тамбура, кавал, удиралки) и Соња Димитриоски, флејта. Влезот е слободен. Оваа инструментална комбинација отвора можност за непосредна интеракција меѓу електронскиот звук и акустичните инструменти, како и меѓу современите експериментални звучни структури и препознатливите звучни бои на ...

Изложбата „Чеиз“ на уметницата Верица Димеска ќе биде отворена вечерва во 20 часот во Отвореното графичко студио при Музејот на град Скопје. Димеска ќе се претстави со слики преку кои го истражува и преиспитува односот меѓу традицијата и современото, поврзувајќи ги личната меморија, културното наследство и современиот визуелен израз. Идејата за проектот се родила во март 2023 година, кога авторката покрај кејот на Вардар пронашла отфрлени ...

Деветтото издание на Меѓународниот културен саем „Патот на свилата“ (Дунхуанг) беше свечено отворено во вторникот во градот Дунхуанг, во кинеската провинција Гансу. Под мотото „Зајакнување на културната размена и поттикнување на заемното запознавање на цивилизациите“, манифестацијата претставува меѓународна платформа за афирмација на културното наследство, уметничката соработка и дијалогот меѓу различните култури. Годинашното издание ...

Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, реагира на состојбите со Алта банка, која ја презеде Стопанска банка Битола со добивка од 49 милиони денари, а сега бележи загуба од 48 милиони денари. Мојсоска посочува на хронологијата на настаните по одземањето на дозволата на Алта банка во Србија, критикувајќи ги тврдењата на надлежните дека банката во Македонија продолжува со редовно работење, додека Народната банка воведува неделен лимит за ...

Тоа што некој е поканет да гостува на национална телевизија, во емисија за анализа и коментирање на тековните социо-политички настани, и тоа во ударен термин, па меѓу другите глупости што со години наназад ги пласира во јавноста, сега заговара и надзор на мажот врз жената, не е само прашање на личните ставови на гостинот. Тоа би рекол е повеќе прашање на уредничката политика, кадровските критериуми и одговорноста на оние што раководат со ...

Кина сè поактивно ја проширува својата глобална улога, промовирајќи мултиполарен светски поредок и економска соработка со земјите во развој. Какво е значењето на кинеската стратегија за Балканот, какви можности отвора за Македонија и дали Пекинг може да стане нов центар на глобална стабилност? На овие прашања во интервју за Антропол одговара Дарко Тодоровски, истражувач и докторант на Руската претседателска академија за национална економија ...

Автор: Н.Е. Џианг Сјаоjан, амбасадор на НР Кина во Република Македонија Откако пред една година ја презедов функцијата амбасадор во Северна Македонија, ги запознав сите делови на оваа прекрасна земја. Остварив официјални посети на речиси 30 општини, со наша помош повеќе од 200 претставници од сите општествени сектори учествуваа во различни програми за обука во Кина. Од Скопје, градот на културата, Битола, градот на конзулите, па до малото ...

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, оцени дека американскиот бизнисмен Илон Маск задоцнил со признанието дека било грешка да ѝ се помага на Украина преку сателитскиот комуникациски систем „Старлинк“. Медведев на Телеграм наведе дека Маск дури сега признал дека погрешил кога ѝ овозможил на Украина да го користи „Старлинк“ за воени цели, пренесува Спутник. „Да, Маск со задоцнување го сфати тоа и призна ...

Жителите на Лозово се загрижени и револтирани, бидејќи како што самите велат „со багери им ја раструаат винаријата“. Тие велат дека „жално е тоа што се случува во нивната општина“, а за винаријата велат дека некогаш била сериозен произведувач на квалитетно вино, ама сега ѝ е дојден крајот. Граѓаните велат и дека голем дел од нив работеле своевремено во винаријата и дека „децата си ги подигнале со работата“. Погледнете го прилогот на ...

Министре Ерѓан Демир, денеска порачуваш дека Ромите треба да бараат поддршка од Ромите, Но, токму твојата вчерашна реакција покажа зошто ромските граѓани понекогаш бараат поддршка надвор од своите политички претставници, порача активистката за промоција на човекови права, Ана Глас. „Во случајот поврзан со ЕВН, вчера со голема сигурност излезе со јавна објава во која тврдеше дека фотографиите се лажни и дека станува збор за обид за создавање ...

Иран ќе одговори на секој нов напад од страна на Соединетите Американски Држави и Израел со ракетни удари чиј дострел би можел да ја опфати и Европа, изјави пратеникот во иранскиот парламент Хосеинали Хаџи Делегани, предупредувајќи дека новата воена ескалација би можела да предизвика нагло зголемување на светските цени на нафтата. „Во случај на какви било деструктивни дејствија или започнување напад од страна на Соединетите Американски Држави ...

На 7 и 8 ноември (грегоријански календар), се случил еден од најбитните настани во светска историја, а тоа е избувнувањето на Октомвриска револуција (позната и како Болшевичка револуција), што е втората и воедно клучна фаза на Руската револуција од 1917 година. Првата фаза на Руската револуција започнала со Февруарската револуција неколку месеци претходно и била воспоставена преодна влада на чело со либералот Александар Керенски. Револуцијата ...

На 6 ноември 2026 година, со почеток во 19 часот, во галеријата M.Y Gallery во Гуанџоу, Кина, ќе се одржи културен настан посветен на проектот „Обични и необични приказни“ на ликовната уметница и графичка дизајнерка Христина Зафировска. Настанот ќе опфати изложба на илустрации, презентација на книга и видео, обединувајќи ги ликовната уметност, книжевноста и современите визуелни медиуми. Ѓорѓи Крстевски е македонски писател и преведувач, автор ...

Со виртуозни басистички делови, спој на македонската традиција и моќен рок-звук, младиот македонски музичар Иван Кукиќ и бендот „Sound Therapy“ одржаа спектакуларен двочасовен концерт насловен „Začarani krug“ во „МТС Дворана“ (Домот на синдикатите) во Белград. Пред публика која ги обедини различните генерации, Кукиќ уште еднаш докажа зошто рок-легендите го сметаат за еден од најталентираните музичари на овие простори од поранешна Југославија. ...

Одолговлекувањето и повикувањето на правен вакуум не го решаваат прашањето за рудникот Иловица-Штука, туку ја продолжуваат неизвесноста и оставаат простор за потенцијални милионски отштетни побарувања на товар на државниот буџет, посочува Мики Крстев, член на Централниот Комитет на Политичката партија Левица. Тој реагира дека изјавите на Мицкоски за отсуство на рокови и обврска за донесување анекс на концесискиот договор не претставуваат ...

Долгот на македонските домаќинства по основа на станбени кредити достигна две милијарди евра, што претставува зголемување од 16,6 проценти за една година и 35 проценти во последните две години, предупредува пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ. Тој посочува дека станбените кредити учествуваат со 40 проценти во вкупната задолженост на домаќинствата, оценувајќи дека ваквиот тренд дополнително го ограничува финансискиот капацитет на семејствата ...

Мицкоски, „како инженер“, ни соопшти дека дата-центрите биле „новата нафта“ и дека Македонија морала меѓу првите да го јава бранот. Проблемот е што држава не се води со фрази од технолошки конференции. Особено не држава која сè уште нема обезбедено ниту енергетска самостојност, стабилна инфраструктура и гаранции дека нејзините природни ресурси нема да станат евтина суровина за туѓ приватен профит. Кога една економски ослабена и корумпирана ...

Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, преку објава на социјалните мрежи, упати низа критики за состојбите во државата, посочувајќи на намалениот број паралелки во основното и средното образование, најавеното затворање на 26 училишта, состојбите во јавното здравство и високите долгови на институциите. Притоа, таа иронично оцени дека додека државата, според неа, „пука по сите шавови“, премиерот Христијан Мицкоски се фали со користењето на ...

Вчера, струмичките земјоделци повторно протестираа поради ниската откупната цена на пиперката ајварка. Ова е вака затоа што изминативе триесетина години властите упорно одбиваат да интервенираат на пазарот. Доколку власта конечно не ја искористи политичката моќ за да го заузда пазарот, на крај ќе се доведеме во ситуација воопшто да нема земјоделци, а Македонија да нема домашно производство на земјоделски производи. Вчера, струмичките ...

Откако неколкупати ѝ укажавме на Весна Јаневска дека студентскиот оброк останал закован на 140 денари од 2023 година, министерката реши да оди чекор подалеку и сега соопшти дека не планира ни да го зголеми, бидејќи, замислете, „студентите не се пожалиле“. Ова веќе го оценуваме како кулминација на дрскоста. Министерката од нас беше јавно предупредена дека постои законска обврска за усогласување, пред носењето на буџетот, а таа сега се однесува ...

Интерву со маратонката Росана Гошева – единствената Македонка учесничка на Охридскиот пливачки маратон Росана, за почеток како започна вашата приказна со пливањето? Кога првпат се појави љубовта кон овој спорт и што ве натера од рекреативното пливање да преминете кон маратонското пливање? Љубовта кон пливањето се појави меѓу првите натпревари. Впрочем, јас никогаш не сум се занимавала со рекреативно пливање. Почнав да тренирам на шест ...

Откако Левица ја обзнани иницијативата за дата-центар во Панчарево и ја отвори темата што локалната власт очигледно сакаше да ја истурка без каква било дебата, денес точката беше повлечена од дневниот ред на Советот на Општина Пехчево. Притисокот вроди со плод! Градоначалникот Александар Китански беше видно вознемирен што Левица, иако нема советник во Пехчево, дознала што се подготвува и ја алармирала јавноста, па наместо аргументи понуди ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
65%
1028
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
79%
1024
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
84%
1025
weather icon

Софија

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1027
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
0.98
95%
1028
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 0ᴼ
0.74
95%
1025
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
1.79
74%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 11ᴼ
1.03
97%
1025
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
100%
1025
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 0ᴼ
1.54
92%
1028
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 2ᴼ
0.89
80%
1026
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
97%
1030
Currency

61.562

Currency

54.966

Currency

73.761

Currency

38.002

Currency

39.164

Currency

67.235

Currency

8.2482

Currency

0.67187

Currency

0.34738

Currency

0.52331

Currency

1.0968

Currency

0.58426

Рутениум

61086.42

Родиум

295786.87

Паладиум

32279.35

Сребро

1666.05

Цинк

3.76

Калај

46.54

Платина

49319.25

Злато

130856.75

Кобалт

33.53

Бакар

12.58

Иридиум

321507.47

Алуминиум

3.07