
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Новинари ја прашаа претседателката на српското Собрание, Ана Брнабиќ зошто не запалила свеќа за жртвите во Нови Сад. Брнабиќ прво не сакаше да одговори, а потоа кажа дека тоа е нејзина лична работа. „И не се чувствувам како некој кој сака да одговори на тие прашања во овој момент, од сите луѓе“, рече Брнабиќ. За тоа зошто хулиганите со палки кои во одреден момент се придружиле на вчерашниот протест не се уапсени и зошто им било дозволено да ...
Две лица загинале во престрелка во Подгорица, на кружниот тек кон Никшиќ. Според неофицијални информации на Вијести, убиени се двајца жители на Цетиње Ж. Л. и З. П., наводни членови на кавачкиот клан. Според овој весник, жртвите биле во „БМВ“ кога тројца напаѓачи отвориле оган врз нив, откако излегле од автомобилот „опел“. „Во возилото користено во нападот, кое потоа било запалено во Мареза, имало три маскирани лица“, тврди соговорникот на ...
Новите царини можат да бидат штетни за глобалниот раст и да доведат до маѓепсан круг на трговска војна, изјави поттпретседателот на Европската централна банка (ЕЦБ) Луис де Гуиндос, откако Доналд Трамп победи на претседателските избори во САД. Трамп во своите предизборни говори најави дека ќе воведе основни царини од 20 отсто за американскиот увоз од сите земји кои се трговски партнери на Вашингтон и високи царини од 60 отсто за увоз од Кина, а ...
Европската унија беше воздржана и поделена во поздравувањето на победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД, а главните оценки на медиумите и аналитичарите се дека сега Америка уште посилно се движи „во свет кој Трамп го гледа само преку фокусот на Американските национални интереси“, од трговијата до војната во Украина, која сега може целосно да падне на рамениците на Европа. Францускиот весник „Монд“, наведува дека „Трамп го ...
Доналд Трамп оствари историска победа на претседателските избори во САД, освојувајќи не само мнозинство од изборните гласови туку и т.н. народното гласање, односно мнозинството од вкупниот број гласови на Американците. Ова е голем успех за Трамп со оглед на тоа што на последните избори во 2016 и 2020 година не успеа да го освои народниот глас, иако победи на изборите во 2016 година и стана претседател преку Изборниот колеџ. На изборите во 2016 ...
Од целиот свет стигаат честитки за Доналд Трамп. Светските лидери преку социјалните мрежи му честитаа за победата. Досегашните резултати покажаа дека републиканецот по втор пат се враќа во Белата куќа. Претседателката на Европската комисија Фон дер Лајен, му порача дека со нетрпение очекува повторно да работи со него за унапредување на силната транс-атлантска агенда. “Европската унија и САД се повеќе од обични сојузници. Ние сме обврзани со ...
Поранешната премиерка на Хрватска и шефица на ХДЗ, Јадранка Косор ја коментираше победата на Доналд Трамп на изборите во САД. Според неа, потфрлиле сите анализи за изборите, но и коментаторите надвор од САД. „Многу убаво се покажа како не успеаја истражувањата за американските избори. И многу коментатори, и во Република Хрватска. Ништо од „неизвесниот резултат“. И да; големите поп ѕвезди не помогнаа особено. Поучно, исто така“ напиша таа на Х. ...
Во најновиот број на неделникот „Фокус“ објавуваме интервју со универзитетскиот професор д-р Ванчо Узунов. Експертот по економија од Правниот факултет во Скопје смета покачувањето на старосната граница е неизбежно, но прашање е кога политичарите ќе соберат храброст да ја соопштат мерката и да ја спроведат. Разговараше: Орце КОСТОВ ФОКУС: Претставниците на меѓународните финансиски организации побарале да се размисли за подигнување на старосната ...
Приказната за Доналд Трамп започна со неговото раѓање во јуни 1946 година во Њујорк. Тој е четврто дете на Фред Трамп и Мери Ен Меклеод. Неговиот татко се збогатил градејќи станови за припадниците на средната класа долж источниот брег на САД, а мајка му се грижела за децата и за сето тоа време работела хуманитарна работа. Доналд дипломирал на Воената академија во Њујорк на 13-годишна возраст, подоцна студирал на Универзитетот Фордам, а потоа се ...
Кремљ нема информации дека Владимир Путин планира да му честита на Доналд Трамп за победата на претседателските избори. Оттаму додаваат дека луѓето не треба да заборават дека САД се непријателска држава кон Русија. „Москва будно ги следи и анализира изјавите на американските политичари за Русија. Односите помеѓу двете земји се на историско ниско ниво и практички е невозможно да станат уште полоши“, изјави портпаролот на Кремљ – Дмитриј Песков. ...
Сенаторката од Делавер, Сара Мекбрајд, синоќа го освои единственото место во Претставничкиот дом на државата, пишува NBC News, што ја прави првата отворено трансродова личност избрана во Конгресот. Мекбрајд го победи Џон Вејлен Трети, освојувајќи 57,8% од гласовите. „Вечерва е доказ за граѓаните на Делавер дека овде во нашата соседна држава ги судиме кандидатите врз основа на нивните идеи, а не на нивниот идентитет“, рече Мекбрајд на прославата ...
Македонскиот фудбалски селектор на А репрезентација, Благоја Милевски го објави списокот со повикани фудбалери за натпревари против Летонија (14. ноември) и против Фарски Острови (17. ноември) од Лига на Нации, за двата меча кои ќе се одиграат во Скопје. „Рисовите“ по четири одиграни кола во групата се на првото место со 10 освоени бода. Нов фудбалер во составот е Бехар Фета, кој настапува за словенечки Домжале. Тој првпат добива повик во ...
Дмитриј Медведев, поранешен руски претседател и актуелен заменик-шеф на рускиот Совет за безбедност, ја коментираше победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД. „Доналд Трамп мрази да троши пари на разни сикофанти и паразити, а Украина спаѓа во таа категорија“, рече Медведев. Како што наведе, пред неколку дена пишувал за „бесниот двопартиски антируски консензус на Капитол Хил“. „Трамп има една карактеристика што ни користи: како ...
За платите на јавната администрација за 2025 година се предвидени 780 милиони евра, на кои се додаваат 32 милиони евра за планираното покачување на платите во образованието, 84,5 милиони евра за покачување на платите во здравството и 23 милиони евра за растот на минималната плата. Од планираните расходи од 6,5 милијарди евра, дури 930 милиони евра ќе чинат платите за администрацијата, која работи во над 1.300 институции. Професорот од Правниот ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски му честиташе на Доналд Трамп по прогласувањето на победата на претседателските избори во САД. „Честитки за импресивната изборна победа на Доналд Трамп! Се сеќавам на нашата одлична средба во септември, кога детално разговаравме за Украина и САД. Ја ценам посветеноста на претседателот Трамп за пристапот „мир преку сила“ за глобалните работи. Токму тоа е принципот што практично може да го приближи ...
Унгарскиот претседател Виктор Орбан му честиташе на Доналд Трамп за победата. „Најголемото враќање во политичката историја на САД! Честитки до претседателот Доналд Трамп за неговата огромна победа. Многу потребна победа за светот“, напиша тој на социјалната мрежа X. The biggest comeback in US political history! Congratulations to President @realDonaldTrump on his enormous win. A much needed victory for the World! — Orbán Viktor ...
Телевизијата Фокс њуз наведува дека според нивните проекции, Доналд Трамп ќе стане 47-миот претседател на Соединетите Американски Држави. Фокс њуз објави дека Трамп ја победи Камала Харис, демократската кандидатка за претседател на САД. Си-Ен-Ен пренесува дека Трамп ја освоил и Пенсилванија, му требаат уште само пет електорски гласови, со оглед на тоа што сега има 265. Агенцијата АП објави дека Њу Хемпшир е за Демократската партија, која на ...
Доналд Трамп и се обраќа на јавноста: „Ви благодарам на сите, ова е одлично. Ова е движење што никој досега не го видел. Ова е најголемото политичко движење на сите времиња. Никогаш немало вакво движење во Америка. И сега ќе достигне ново ниво на важност. Ќе ја излечиме Америка. Се ќе средиме кај нас. Поминавме пречки за кои многумина мислеа дека е невозможно да се преминат. Ова е политичка победа каква што Америка никогаш не видела. Сакам да ...
Пет лица загинаа кога мал авион се урна по полетувањето од аеродромот во Феникс и удри во возило, соопшти американската полиција. Авионот се урнал во вторникот при полетување од аеродромот Фалкон Филд во Меса, недалеку од Феникс во американската сојузна држава Аризона, се вели во соопштението на локалната полиција, пренесува АП. Лесниот авион Хонда ХА-420 удрил во возило пред аеродромот во 16 часот и 40 минути по локално време, соопшти ...
Милиони Американци избираат претседател меѓу поранешниот републикански претседател Доналд Трамп и демократската потпретседател Камала Харис. Американците гласаат и за целиот Претставнички дом, како и за третина од Сенатот. -Трамп или Харис мора да обезбедат најмалку 270 гласови на Изборниот колеџ за да победат на претседателските избори Според сегашните проекции: – Трамп води во сите одлучувачки држави (сè уште не е започнато пребројувањето во ...
Додека гласовите продолжуваат да се бројат низ Соединетите Држави, мултимилијардерот Илон Маск се изјасни на Икс. „Гем, сет и меч“, напиша тој. Маск го поддржуваше републиканскиот кандидат Доналд Трамп и беше активно вклучен во неговата кампања. Трамп во август изјави дека ќе му понуди на Маск работа во неговата администрација доколку победи на претседателските избори. Републиканскиот претседателски кандидат одговори потврдно на прашањето за ...
Камала Харис нема да им се обрати на своите поддржувачи на Универзитетот Хауард, рече Кедрик Ричмонд, копретседавач на кампањата Харис-Валц. Таа утре ќе и се обрати на нацијата, рече тој. Ричмонд веста ја објави пред неколку мигови во кратка порака до поддржувачите. Трамп беше прогласен за победник во две сојузни држави, намалувајќи ги шансите за победа на кампањата Камала Харис. Камала требаше да им се обрати на своите поддржувачи на ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ пристигна во Нови Сад, каде вечерва се случуваат немири пред градското собрание. „ Голема трагедија ја снајде нашата земја. Пред малку запалив свеќа на Железничка станица. Огромна тага го погоди секој град и секое село во нашата земја. Државата ги презеде сите мерки за да ги казни виновниците за страшната трагедија и тоа ќе го направиме. Никој нема да се извлече, колку и да е близок со власта, ако направил ...
Демонстранти ги искршија стаклата на Градското собрание во Нови Сад. Беа фрлени факели, а полицијата фрли солзавец за да ја растера толпата која се обидуваше да влезе внатре. На самиот почеток на протестот негде по 18 часот, насобраните граѓани со едноминутно молчење им оддадоа почит на жртвите од несреќата на Железничката станица во Нови Сад. Меѓу присутните се советници од опозицијата, претставници на студентските организации „Борба“ и ...
Астронаутите Буч Вилмор, Сани Вилијамс и Дон Петит гласаа на претседателските избори од Меѓународната вселенска станица, јавува Си-Ен-Ен. Тие објавија фотографија на Инстаграм облечени во патриотски чорапи. На чорапите на двајцата астронаути пишувало „Горд што сум Американец“. Гласачките ливчиња во вселената се емитуваат на Земјата на ист начин како што повеќето податоци се пренесуваат помеѓу вселенската станица и контролата на мисијата – преку ...
Британската кралица Камила ги откажа своите ангажмани оваа недела по совет на лекар поради инфекција на белите дробови, соопшти денеска Бакингемската палата. Портпаролот на палатата рече дека лекарите на Камила „советувале краток период на одмор“ и додаде дека „со големо жалење“ таа се повлече од своите должности оваа недела, објави Скај њуз. Queen Camilla, the wife of Britain’s King Charles III, has withdrawn from two scheduled engagements ...
Индијците во јужните делови на земјата се молат за победа на Камала Харис на претседателските избори во САД. Харис делумно е од Индија, по нејзиниот татко. Таа е родена и израсната во Оукленд, Калифорнија, но е ќерка на Јамајканецот Доналд Харис и индијката Шјамала Гопалан. Нејзината мајка е родена во Тамил Наду и се преселила во САД на докторски студии. Своевремено Харис објавувала некои од спомените од периодот кога го посетувала својот дедо ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го смени министерот за одбрана Јоав Галант. Наведувајќи го недостатокот на меѓусебна доверба, Нетанјаху објави дека го отпушта министерот за одбрана Јоав Галант, долгогодишен ривал во партијата Ликуд. Него ќе го замени министерот за надворешни работи Израел Кац. Министерот без ресор Гидеон Сар ќе го замени Кац како министер за надворешни работи. – За жал, иако имаше доверба во првите месеци од војната и ...
Во тесната претседателска трка меѓу Доналд Трамп и Камала Харис, исходот најверојатно ќе зависи од резултатите во неколку клучни држави кои се менуваат. Во рамките на тие држави, одредени области, оние кои најчесто гласаат за севкупниот победник, можат да играат клучна улога и да бидат показател за конечните резултати, пренесува Гардијан. Резултатите од тие области веројатно ќе стигнат порано, па затоа треба да се обрне внимание на нив. ...
Во експлозија во нафтената рафинерија „Тупрас“ во близина на турскиот град Измит на северозападот од земјата полесно се повредени 12 лица, соопшти денеска компанијата. Компанијата „Тупрас“ соопшти дека пожарот е ставен под контрола, а повредените се префрлени во болница во градот Коџаели, пренесе Ројтерс. Градоначалникот на тој град Тахир Бујукакин изјави дека пожарот кој избувна по експлозијата е ставен под контрола, пренесе НТВ. Тој посочи ...