Австриското Министерство за здравство ја прогласи целата земја за ризична област за птичји грип (птичји грип) со нови, построги безбедносни мерки кои стапуваат на сила од денеска. Соопштението доаѓа по избувнувањето на птичји грип во областа Амштетен во Долна Австрија пред една недела, што доведе до евтаназија на околу 18.000 животни. Um die Vogelgrippe-Ausbreitung einzudämmen, wird mit 8.11. ganz Österreich zum Gebiet mit erhöhtem Risiko ...

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ја именуваше Сузи Вајлс, менаџерката на неговата кампања, за нова шефица на кабинетот на Белата куќа, што ја прави првата жена во историјата на САД на чело на кабинетот. „Сузи е силна, паметна, иновативна и исклучително добро почитувана. Таа ќе биде клучна во постигнувањето на нашите цели да ја направиме Америка повторно голема. Чест е да се биде првата жена што ќе ја заземе оваа позиција и ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека не е запознаен со деталите од планот на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, за брзо завршување на војната во Украина. Зеленски, говорејќи на прес-конференција на самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта, исто така рече дека не разговарал за тоа со Трамп, пренесе Ројтерс. Тој рече дека верува оти Трамп сака брзо да стави крај на војната меѓу Русија и ...

Пропалестински напаѓачи повредија 10 израелски фудбалски навивачи во Амстердам, по што израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нареди испраќање на спасувачки авиони за израелските граѓани во Холандија, пишува „Тајмс оф Израел“. Напаѓачи кои извикуваа „Слободна Палестина“ вчера ги нападнаа навивачите на Макаби од Тел Авив во Амстердам, од кои двајца се исчезнати, а 10 се повредени, соопшти израелското Министерство за надворешни работи. ...

Кошаркарите на Олимпија Милано со доста проблеми на почетокот на оваа сезона, но ја постигнаа втората последователна победа во Евролигата откако во 8. коло од Евролигата на „Медиоланум форум“ го совладаа Реал Мадрид. Шпанскиот тим и актуелниот вицешампион на Евролигата сезонава се уште нема победа на гостински терен и ова е нивни петти пораз на страна. Избраниците на Еторе Месина многу брзо го наметнаа својот стил на игра и беше јасно дека Реал ...

Српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура во оставка – Горан Весиќ вечерва изјави дека виновниците за трагедијата во Нови Сад треба да се бараат меѓу инвеститорите и проектантите, но и оние кои извршиле работи и ја надгледувале реконструкцијата на железничката станица во тој град. Весиќ наведува дека според Законот за планирање и градење, надлежните за издавање одобренија за градење не навлегуваат во техничката спецификација, ...

Дијана Хрка (47), мајка на белграѓанецот Стефан Хрка (27), кој трагично го загуби животот на 1 ноември при падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, својата исповед ја започнува со крик, очи отечени од плачење, со фотографија од нејзиниот син. Неутешната Дијана раскажала кога последен пат се слушнала со синот, пишува српска „Република“. „Четири дена пред несреќата Стефан му рекол на пријателот дека има чудно чувство и дека ...

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изрази желба да разговара со рускиот претседател Владимир Путин. – Мислам дека ќе разговараме – ја коментираше Трамп можноста за разговор со Путин. Претходно, рускиот претседател Владимир Путин му ја честиташе победата на Трамп на претседателските избори, велејќи дека е подготвен за контакти со него. Путин додаде дека не смета дека е срам лично да му се јави на новиот американски лидер и да му ...

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека Албанија е решена секој ден да се бори за своето членство во ЕУ и оти значително напредувала во оваа насока благодарение на поддршката на унгарското претседателство. На заедничката прес-конференција со унгарскиот колега Виктор Орбан, Рама истакнал дека Албанија направила значајни чекори напред во преговорите за членство и дека верува оти земјата во оваа деценија може да стане дел од Европската унија заедно ...

Рускиот претседател Владимир Путин денеска сепак му честиташе на Доналд Трамп за победата на претседателските избори во САД и го пофали за „покажувањето храброст кога вооружен маж се обиде да го убие“ и рече дека Москва е подготвена да разговара со него, пренесува Ројтерс. „Би сакал да му честитам за неговиот избор за претседател“, рече Путин на панелот за Валдаи во црноморското одморалиште Сочи. Трамп за време на предизборната кампања рече ...

Јоав Галант, сменетиот министер за одбрана на Израел, наводно им рекол на семејствата на заложниците дека нема причина ИДФ (Израелските одбранбени сили) да останат во Газа. Според извештаите на медиумите во Израел, Галант рече дека тој и началникот на израелската армија, Херзи Халеви, се скептични во врска со тврдењата дека има безбедносно и дипломатско оправдување војниците да останат во Газа. „Можам да ви кажам дека немаше безбедносно ...

Доаѓањето на Килијан Мбапе не му го донесе на Реал Мадрид она што сите го очекуваа, па тој беше јавно критикуван од легендарниот Тиери Анри. Французинот летово од Пари Сен Жермен дојде во редовите на европскиот и шпанскиот првак како огромно засилување, но не му се допадна позицијата на класичен напаѓач, каде што беше принуден да игра бидејќи неговата природна позиција е онаа на која игра Винисиус. „Тој го фрустрира тимот, што разбирам дека не ...

Рускиот претседател Владимир Путин на пленарната седница на Меѓународниот клуб за дискусија „Валдеј“ во Сочи изјави дека светот влегува во ера на кардинални и револуционерни промени. Путин нагласи дека тие се сведоци на формирање на нов светски поредок, во кој нациите се повеќе инсистираат на правдата и зачувувањето на нивниот идентитет, додека општествата ширум светот се изложени на големи предизвици. „Живееме во време на најсложени процеси, ...

Полското национално обвинителство денеска соопшти дека во операција ширум Полска уапсени се 75 лица под обвинение за производство, дистрибуирање и чување порнографски материјали. Акцијата во која учествувале 400 полицајци, била спроведена помеѓу 21 и 25 октомври, при што се запленети повеќе од 1,1 милион порнографски фотографии и видео фајлови со малолетници. Меѓу запленетите материјали има и фотографии од деца преземени од социјалните мрежи. ...

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска најави дека „мирно ќе ја предаде власта“ на победникот на претседателските избори во таа земја, Доналд Трамп, на 20 јануари, односно на крајот на неговиот мандат. „Мора да се прифати изборот што го направија Американците. Имаме одговорност да направиме што е можно повеќе во следните 74 дена“, рече Бајден во своето прво јавно обраќање откако Трамп прогласи победа на изборите во средата. Тој оцени ...

Либанската државна новинска агенција денеска објави дека израелско беспилотно летало удрило возило на воен контролен пункт во пристанишниот град Сидон на југот на Либан и дека три лица загинале, а меѓу неколкумина повредени има и членови на мировните сили на ОН во Либан ( УНИФИЛ). Агенцијата наведува дека припадниците на мировните сили се полесно ранети и дека им била укажана помош на местото на нападот на северниот влез на Сидон, третиот по ...

Стојам зад одлуките кои сум ги носела и нема никакво незаконско постапување. Преговарав со сите синдикати и успеавме да усогласиме нов колективен договор. Позадината на оваа кривична пријава е лукративна и таа не ги решава проблемите со кои се соочува подносителот кои се од лична материјална природа. Вака реагира поранешната министерка за одбрана Славјанка Петровска, откако Независниот синдикат на професионални војници (НСПВ) поднесе кривична ...

Американскиот сенатор Берни Сандерс остро ја критикуваше Демократската партија по поразот на изборите, обвинувајќи ги дека ја напуштиле работничката класа, поради што тоа им се вратило. – Не треба да биде големо изненадување што Демократската партија, која ги напушти луѓето од работничката класа, сега откри дека истата работничка класа ги напуштила – напиша Берни Сандерс на социјалните мрежи. Сандерс, кој се опишува себеси како демократски ...

Белорускиот претседател Александар Лукашенко во разговор со новинарите ги изрази своите впечатоци од претседателските избори во САД, пренесува белоруската државна новинска агенција БелТА. „Секако, Трамп е моќна фигура. Што и да чувствувате за него, тој е важна личност. Тешко беше да се поверува дека може да победи. На него беше пукано. Беше под притисок. Сакаа да го затворат него и другите, но тој трчаше како булдожер и тоа по очигледно ...

Францускиот претседател Емануел Макрон упати драматичен апел до европските лидери еден ден по убедливата победа на Доналд Трамп на претседателските избори во САД. Според АФП, Макрон на состанокот со европските лидери во Будимпешта рекол дека „Европа не може засекогаш да ја делегира својата безбедност на САД“. Тој додаде дека Европа мора да ја преземе контролата врз сопствената историја во „одлучувачки момент“ за континентот. „Дали сакаме да ...

Државата во пазарна економија не треба да ги одредува цените, но препродавачите ги осакатија земјоделците и крајните купувачи во последните четири години со пандемијата, војната и со енергетската криза. Експертите по економија сметаат дека државата треба да се замеша повеќе, односно да го регулира пазарот на земјоделски производи за да ги заштити земјоделците и крајните купувачи. – Треба, јас тоа го зборувам со години и ниедна влада не сака да ...

Белата куќа планира да ѝ испрати на Украина воена помош од милијарди долари пред Џо Бајден да ја напушти функцијата во јануари, велат извори. Вашингтон сака да ја зајакне Украина пред инаугурацијата на Доналд Трамп на 20 јануари, зашто е неизвесно како новата администрација ќе се постави по ова прашање. „Владата на Бајден сака да ја стави Украина во најсилната можна позиција пред да ѝ заврши мандатот“, изјави висок владин функционер. Трамп беше ...

Поранешниот американски претседател Барак Обама во средата му ја честиташе победата на Доналд Трамп на претседателските избори. „Очигледно, ова не е исходот на кој се надевавме, со оглед на длабокото несогласување со републиканците за цела низа прашања“, напиша Обама во заедничкото соопштение со неговата сопруга Мишел. „Сепак, да се живее во демократија значи да се прифати дека нашите позиции нема секогаш да победуваат и да бидеме подготвени да ...

Германскиот канцелар Олаф Шолц ноќеска се обрати до јавноста по одлуката за разрешување на министерот за финансии Кристијан Линднер, при што изјави дека на 15 јануари ќе се гласа за доверба на актуелната влада. Шолц го обвини претседателот на ФДП, партијата која заедно со СПД и Зелените ја предводат германската владејачката „семафор коалиција“, за опструкции во преговорите за буџетот, велејќи дека ја ставил својата партија пред државата. Шолц ...

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон и неговата сопруга и поранешна државна секретарка Хилари Клинтон им ја честитаа изборната победа на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп и неговиот потпретседателски кандидат Џеј Ди Венс. Клинтон изразија надеж дека Трамп и Венс ќе „владеат за сите“. Тие ги пофалија и демократските кандидати за претседател и потпретседател Камала Харис и Тим Валц, кои ги поддржаа, за „позитивната, ...

Актуелната потпретседателка на САД и претседателска кандидатка од редовите на демократите, Камала Харис, официјално го призна изборниот пораз. Во своето прво обраќање по објавата на изборните резултати, Харис рече оти го признава поразот, но дека не се откажува од борбата за слобода и правда„ Основниот принцип на американската демократија е дека кога ќе изгубиме избори, ги прифаќаме резултатите. Тој принцип, како и секој друг, ја разликува ...

Канцеларот Олаф Шолц го разреши министерот за финансии Кристијан Линднер од Либералната партија (ФДП). Во канцеларијата во Берлин се собраа шефовите на таканаречената „семафор коалиција“, во која покрај владејачката СПД се и Зелените. Линднер му предложил на Шолц нови избори за почетокот на 2025. Се очекува канцеларот наскоро да ѝ се обрати на јавноста, објавија германските медиуми. „Ова е историја! Заврши семафор-владата на канцеларот Олаф ...

По Камала Харис, и aктуелниот американскиот претседател Џо Бајден телефонски му честита на својот наследник, републиканецот Доналд Трамп, за победата на изборите за претседател на САД. Во разговорот, Бајден ја нагласил важноста да се работи за зближување на САД и го поканил Трамп на средба во Белата куќа. Датумот за средбата, според официјален претставник на Белата куќа, ќе биде прецизиран наскоро. Освен со новоизбраниот претседател, Бајден ...

Камала Харис му се јави на Доналд Трамп да го признае поразот на изборите и да му честита за победата, изјави висок помошник на Харис за „Ен-би-си Њуз“. Како што наведе, потпретседателката разговарала за важноста на мирен трансфер на власта и дека претседателот треба да биде претседател на сите Американци, рече помошникот. Според двајца други помошници, Харис го поминала утрото и попладнето подготвувајќи го својот говор за признавање на ...

Американската берза, Тесла на Илон Маск и биткоинот растат додека инвеститорите дебатираат што ќе значи враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа за економијата и светот. Според аналитичарите сите сектори немаат корист од победата на Трамп. Губитниците вклучуваат компании за соларна енергија и потенцијално сите кои се загрижени за повисока инфлација. Индексот S&P 500 се зголеми за 2% и беше на пат да го надмине својот рекорд на сите времиња ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
93%
1016
weather icon

Белград

14ᴼ / 13ᴼ
4.12
84%
1014
weather icon

Загреб

16ᴼ / 12ᴼ
0.51
71%
1016
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
87%
1016
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
0.82
89%
1014
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 10ᴼ
2.06
92%
1016
weather icon

Атина

17ᴼ / 13ᴼ
1.54
73%
1012
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
2.06
87%
1013
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
94%
1013
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 12ᴼ
2.57
83%
1014
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 11ᴼ
1.34
75%
1014
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
5.66
82%
1015
Currency

61.535

Currency

53.5268

Currency

71.8162

Currency

34.3766

Currency

38.9421

Currency

65.6811

Currency

7.35715

Currency

0.65988

Currency

0.38012

Currency

0.52161

Currency

1.4063

Currency

0.63136

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1051.34

Злато

111305.26

Бакар

9.55

Паладиум

29803.74

Платина

30837.68

Родиум

173614.03

Цинк

2.52