
Скопје



Атина и Анкара вртат нова страница во односите и потпишаа декларација за билатерална соработка. -Ајде да разговараме гледајќи ја чашата полуполна – изјави турскиот претседател Реџеп Ердоган, кој вчера пристигна во грчката престолнина за прв пат по 6 години. Тоа беше долг период на тензии меѓу двата соседа, обележан со спорови околу миграцијата, енергетските проучувања во Егејското море и територијалниот суверенитет. За време на посетата, двете ...
Синот на поранешниот командант на израелската армија Гади Ајзензот, кој моментално служи како министер во воената влада, е убиен во Газа. Израелската армија соопшти дека 25-годишниот мајор Гал Ајзенкот е убиен денеска на северот на Појасот Газа. Медиумите јавуваат дека Ајзенкот се здобил со сериозни повреди по експлозијата на шахта во тунелот и дека подоцна починал во болница. Премиерот Бенјамин Нетанјаху рече дека тој и неговата сопруга се ...
Американското Министерство за правда поднесе ново обвинение против синот на американскиот претседател Џо Бајден, Хантер Бајден, соопшти Си-Ен-Ен, повикувајќи се на свои извори. Бајден беше обвинет пред федералниот суд во Лос Анџелес за учество во четиригодишна шема за избегнување плаќање даноци во вредност од околу 1,4 милиони долари, соопшти Министерството за правда. Хантер Бајден е обвинет за вкупно девет точки – три даночни престапи и шест ...
Силен земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала вечерва го погоди Мексико. На социјалните мрежи се појавија видеа на кои се гледа како од јачината на потресот пукало стаклото на прозорците. – Се чувствував чудно кога земјата почна да се тресе, прозорците се скршија – стои во описот на објавата на платформата „Х“ (поранешен Твитер) Just got hit by a little earthquake in Mexico City 5.5 Felt weird to have the floor shake up like ...
Олаф Шолц изрази „солидарност“ со Евреите на почетокот на Ханука и стана првиот германски канцелар што во Берлин запали огромна менора, деветокрак свеќник. Два месеци по избивањето на конфликтот меѓу Израел и Хамас, Шолц, облечен во традиционална еврејска „кипа“ капа, повика на „итно“ ослободување на сите израелски заложници земени од екстремното палестинско исламистичко движење. Канцеларот го направи ова пред толпата собрана на Бранденбуршката ...
Синот на израелскиот министер без ресор и поранешен началник на армијата Гади Ајзенкот е убиен во борбите во Појасот Газа, изјави денеска лидерот на Партијата за национално единство, Бени Ганц. Израелската армија не соопшти конкретни детали за смртта на Гал Ајзенкот (25), освен дека тој бил убиен во борби во северниот дел на Појасот Газа, објави Ројтерс. – Заедно со цел Израел ја испраќам мојата поддршка до Гади и целото негово семејство. Сите ...
На социјалните мрежи се шират фотографии и видео снимки од Газа, на кои се прикажани Палестинци опколени од израелски војници. Како што може да се види, Палестинците се во долна облека. Еврејските медиуми јавуваат дека најверојатно станува збор за членови на Хамас, кои им се предале на израелските војници во кампот Џабалија и други делови на северот на Појасот. Distressing images have emerged showing palestinians who were detained by Israeli ...
Иранскиот претседател Ебрахим Раиси денеска го обвини Западот дека го поддржува израелскиот „геноцид“ врз Палестинците во Појасот Газа на почетокот на разговорите со рускиот претседател Владимир Путин во Москва. Како дел од серијата состаноци посветени на Блискиот Исток, Путин му беше домаќин на Раиси во Кремљ, еден ден по посетата на Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија, каде што разговараше за цените на нафтата и војните во Појасот ...
Кремљ го обвини американскиот претседател Џо Бајден дека се обидува да ја демонизира Русија со цел да добие повеќе средства од Конгресот за продолжување на војната во Украина. Претходно, Москва ја спореди помошта за Украина со палење на парите на американските даночни обврзници во печка, пренесува Ројтерс. „Длабоко жалиме што американското раководство ја продолжува својата навика да ја користи Русија како алатка во своите внатрешни работи“, ...
Грција и Турција денеска се договорија за темелно обновување на односите, воспоставувајќи план кој треба да отвори нова ера во односите меѓу двата сојузници на НАТО, но и историските ривали. Во историската посета на турскиот претседател Таип Ердоган на Грција, долгогодишните противници се согласија да се фокусираат на развивање добрососедски односи, да ги одржуваат отворени комуникациските канали, да ја зајакнат трговската размена и да работат ...
Четиричлено семејство од Кикинда, составено од татко, мајка и две малолетни деца денеска се затруле со јаглерод моноксид, но за среќа сите преживеале и се префрлени во Општата болница во Кикинда на лекарска опсервација и нега. Како што пренесуваат српските медиуми, родителите и двете малолетни деца на возраст од 14 и две години не се во животна опасност, но дел од нив вдишале отровен гас, па Итната помош ги префрлила во болница за лекарска ...
Деновиве својот завиден 191 роденден го прослави Џонатан, желка која живее на островот Света Елена во јужниот дел на Атлантскиот Океан. Се смета за најстарото копнено животно во светот. Точниот датум на неговото раѓање не е познат, дури и годините се само приближни врз основа на собраните докази. Во 1882 година, кога пристигнала на островот Света Елена, желката била возрасна, односно најмалку 50 години, пренесува Euronews. Денес Џонатан е слеп ...
Актуелните антикорупционери поднеле над 50 иницијативи за кривично гонење, но обвинителството не донело јавнообвинителска одлука за ниту една иницијатива. По пет години поминати на чело на Државната комисија за спречување корупција, претседателката Билјана Ивановска, во интервју за „Фокус“, зборува за случаите што ги отворија за високи актуелни функционери, а кои заглавија во лавиринтот на институциите. Заеднички именител на корупцијата, според ...
Поранешниот тринаесетти тенисер во светот, Александар Долгополов, „битките“ од теренот ги префрли на воени операции и конфликтот со Русија. А, додека неговите спортски колеги се подготвуваа за турнири и грен слемови, тој беше во Запорожје. Сега за Дејли Мејл зборуваше за војната и моментите кога се нашол среде акција. Тој е во позиција на пилотирање дронови кои фрлаат бомби на цели. Долгополов често на социјалните мрежи споделува видеа на кои ...
Вонредна состојба е прогласена на Сејшелите по експлозија во складиште за експлозиви и поплави предизвикани од обилните врнежи. Како што пренесуваат медиумите, нанесена е голема штета на индустрискиот имот Провиденс и околните области на главниот остров Махе. Причината за експлозијата се уште не е позната. Според последните извештаи, повредени се околу 100 лица. Официјалните лица ги советуваа луѓето да останат дома, со исклучоци што се ...
Утрово имало пукање во училиште во Брјанската област во Русија, потврдија оперативните служби за руската државна новинска агенција Тас. Ученичка од осмо одделение, девојче, донела огнено оружје (во училиште) од кое пукала неколку пати“, рекол изворот. „Според првичните информации ученичката внела огнено оружје во зградата на Гимназијата бр.5 и испукала неколку истрели при што повредени се петмина. Потоа девојчето се самоубило“, соопштија од ...
Утрово имало пукање во училиште во Брјанската област во Русија, потврдија оперативните служби за руската државна новинска агенција Тас. Ученичка од осмо одделение, девојче, донела огнено оружје (во училиште) од кое пукала неколку пати“, рекол изворот. „Според првичните информации ученичката внела огнено оружје во зградата на Гимназијата бр.5 и испукала неколку истрели при што повредени се петмина. Потоа девојчето се самоубило“, соопштија од ...
Американскиот претседател Џо Бајден рече дека е зачудувачки што Конгресот не усвоил дополнителна помош за Украина. Тој повика тоа да се направи што е можно поскоро, обвинувајќи ги републиканците дека ја поврзуваат помошта за Украина со финансирањето на безбедноста на јужната граница на Америка. Не сум подготвен да се откажам“, рече тој, предупредувајќи дека американските трупи би можеле да се најдат соочени со руската војска доколку Украина ја ...
УНЕСКО одобри вклучување на „ифтар“ – вечера за време на муслиманскиот пост Рамазан – во листата на културно наследство на човештвото. На предлог на Азербејџан, Иран, Узбекистан и Турција, „ифтар“ е вклучен како „нематеријално наследство“ во областа на „социјалната и културната традиција“. Таа одлука ја донесе Меѓудржавниот комитет на УНЕСКО за зачувување на нематеријалното културно наследство, кој од понеделникот заседава во Касане, Боцвана. ...
Големо мнозинство Германци гледаат предности во членството на нивната земја во Европската унија, покажува истражувањето на Европскиот парламент. Седумдесет отсто од Германците сметаат дека членството во Европската унија е добро за Германија, што е значително повеќе од истражувањето спроведено во 2010 година, кога само 50 отсто од испитаниците го делеле ова мислење. Кај помладите испитаници на возраст од 15 до 24 години позитивното мислење за ...
Израелските војници денеска водеа жестоки битки против палестинската исламистичка група Хамас во јужниот дел на Газа, откако стигнаа до центарот на градот Кан Јунис, принудувајќи ги палестинските цивили да бараат засолниште на друго место, бидејќи бројот на безбедни области се намалува. Израелски воени авиони бомбардираа цели низ густо населената крајбрежна енклава за време на една од најинтензивните фази на конфликтот во изминатите два месеци ...
Руската Дума усвои закон за проширување на овластувањата на рускиот претседател. Ова му овозможува на рускиот претседател да преземе мерки во случај на непријателски активности на странски земји. Со усвоениот документ се менува законот за мерки против непријателски дејствија на САД и други странски земји, пренесува РИА Новости. Сега таквите мерки може да се применат и за земјите кои вршат непријателски дејствија против Русија, како и за ...
Фудбалерот на Интер Мајами и аргентински репрезентативец Лионел Меси е прогласен за спортист на годината во магазинот Њујорк Тајмс, пренесува Ројтерс. Меси во летниот преоден рок пристигна во Интер Мајами од Пари Сен Жермен. На крајот на октомври ја доби Златната топка за најдобар играч на годината, која ја доделува магазинот „Франс Фудбал“. На Светското првенство во Катар 2022 година, Меси ја освои титулата светски шампион, предводејќи ја ...
Советот на Руската Федерација, Горниот дом на парламентот, в четврток ќе гласа за предлогот претседателските избори да се одржат на 17 март следната година, најави висок претставник. – Тоа прашање ќе биде доставено на следната пленарна седница на Советот на Федерацијата на 7 декември 2023 година – објави Андреј Клишас, шеф на Претставничкиот комитет за уставно законодавство, на својот Телеграм канал. Објавувањето на датумот за избори е ...
Радиоактивниот отпад што се повеќе истекува од огромниот силос во британската нуклеарна централа Селафилд може да претставува еколошки ризик, а како што пренесува „Гардијан“, расте загриженоста за безбедноста на зградата која се распаѓа во објектот, како и пукнатините во резервоарот за токсична тиња, познат како B30. Колку е тоа опасно најдобро говори фактот дека пожарот што се случи во Виндскал во 1957 година (како што се нарекуваше местото) е ...
Менаџерот на фудбалскиот клуб Манчестер Сити, Пеп Гвардиола денеска изјави дека е уверен оти неговиот клуб ќе ја одбрани титулата во англиската Премиер лига, пренесуваат британските медиуми. Манчестер Сити минатата сезона ја освои титулата во Премиер лигата, ФА Купот и Лигата на шампионите. Гвардиола тврди дека е задоволен од настапот на последните два натпревари во Премиерлигата и истакна дека чувствува дека неговиот клуб ќе ја брани титулата ...
Претседателот на САД, Џо Бајден рече дека не е сигурен дека би се кандидирал за уште еден мандат доколку Трамп не му е противкандидат. „Да не беше Трамп, не сум сигурен дека ќе се кандидирав“, рече Бајден вчера во врска со неговата кандидатура за втор претседателски мандат во 2024 година. „Но, не можеме да му дозволиме да победи“, рече Бајден (81) за време на состанокот со демократските донатори надвор од Бостон, мислејќи на поранешниот ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека израелската војска ќе ја задржи контролата врз безбедноста на Газа по војната, исклучувајќи ја можноста таа одговорност да им се довери на меѓународните сили, јавува Anadolu. Говорејќи на прес-конференција по состанокот со неговиот воен кабинет, Нетанјаху рече дека Газа „мора да се демилитаризира“ по завршувањето на војната. „И за да се демилитаризира Газа, постои само една сила која може ...
Под драконски безбедносни мерки се очекува да биде Атина в четврток поради посетата на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган и одржувањето на Високиот совет за соработка. Според грчките медиуми, се очекува да бидат ангажирани над три илјади полицајци. Државната телевизија ЕРТ објави дека во надлежното Министерство за заштита на граѓаните секојдневно се одржуваат состаноци за безбедносните мерки, што вклучуваат дронови, хеликоптери, ...
Двајца преживеани мажи од смачканото „ауди“ со кое удриле во бетонски блок на излезот од тунелот Учка во Хрватска се уште се борат за живот во риечката болница, дознава Индекс.хр. Тие се во многу тешка состојба, велат хрватските извори. Според неофицијални информации, возачот и тој што седел зад него преживеале, додека другите двајца починале на местото на настанот. Фотографиите кои покажуваат што останало од автомобилот зборуваат со колкава ...