Најмалку 33 лица се повредени, а еден маж е убиен во нападот утринава на автобуска станица во централен Израел, за кој постои сомневање дека е терористички напад. Израелската служба за итни случаи соопшти дека осум лица останале заробени под камионот кога медицинските лица пристигнале на местото на настанот. – Камионот удри во десетици луѓе кои се симнаа на автобуската постојка. Осуммина повредени останаa заробени под камионот, а останатите ...

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант го информираше својот американски колега Лојд Остин за израелскиот напад врз Иран, кој во соопштението за печатот го опиша како „успешен“. Во соопштението, канцеларијата на Галант соопшти дека двајцата зборувале за „прецизни“ напади врз „производствени капацитети за ракети, ракети земја-воздух и иранските воздушни способности“. Израелскиот министер му се заблагодари на Остин за „непоколебливата ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска, по серијата руски напади во кои има загинати или ранети цивили, повторно ги повика сојузниците на Киев да го зголемат притисокот врз Москва. „Секој ден од војната покажува дека Москва е решена да продолжи со својата агресија. Овие луѓе немаат други намери, па затоа се обидуваат да ја зајакнат својата одбранбена индустрија, а тоа го прават со заобиколување на санкциите. Тие се повеќе ја ...

Врховниот верски водач на Иран, ајатолахот Хамнеи денеска се сретна со семејствата на припадниците на безбедносните служби убиени во израелските воздушни напади. „Злото на ционистичкиот режим од пред две ноќи не треба ниту да се зголемува ниту омаловажува. Тие повторно пресметаа и треба да ја разберат силата, волјата и иницијативата на иранската нација и нашата младина“, рече Хамнеи, пренесе иранската државна новинска агенција ИРНА. Тој рече ...

Владејачката партија Грузиски сон победи на изборите. Партијата Грузиски сон којашто опозицијата ја обвинува за проруски наратив, освои 53 отсто од гласовите наспроти 38,28 за блокот од четири проевропски партии, објави синоќа изборната комисија. „Како што покажаа резултатите објавени од Централната изборна комисија, Грузискиот сон освои солидно мнозинство во новиот парламент, изјави за новинарите извршниот секретар на партијата Мамука ...

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва подготвува различни начини да одговори доколку САД и нивните сојузници во НАТО и дозволат на Украина да користи западно оружје со долг дострел за да напаѓа цели длабоко во Русија. Украинскиот претседател Володимир Зеленски со месеци ги моли сојузниците на Киев да и дозволат на Украина да истрела западни ракети со долг дострел, вклучувајќи ги американските „АТАЦМС“и британските „Сторм шедоус“, ...

Во Бугарија денеска се одржуваат седмите предвремени избори во последните четири години, додека поделените политички партии во земјата се борат да формираат стабилна коалиција, а гласачите стануваат сè поапатични. Бугарија, најсиромашната членка на Европската унија и една од нејзините најкорумпирани држави, се бори со ротирачки влади од 2020 година, кога антикорупциските протести помогнаа да се собори коалицијата предводена од ...

Поранешната прва дама на САД, Мишел Обама, остро го критикуваше Доналд Трамп во говорот одржан во саботата во градот Каламазу, Мичиген, на предизборниот митинг на претседателскиот кандидат на Демократската партија и актуелен потпретседател на Америка, Камала Харис. Мишел Обама го обвини поранешниот претседател Трамп за „груба неспособност и аморален карактер“ и ги повика неопределените Американци да ја изберат Камала Харис за 47. претседател на ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Израел ги избрал целите што ги нападнал во Иран врз основа на неговите национални интереси, а не она што го диктираат САД. Канцеларијата на Нетанјаху издаде соопштение како одговор на, како што наведе, целосно лажниот извештај на локалната телевизија дека Израел одлучил да не ги таргетира иранските гасни и нафтени постројки поради притисокот на САД, пишува „Џерусалим пост“. „Израел ...

Вашингтон Пост денеска објави дека милијардерот со јужноафриканско потекло Илон Маск работел илегално во Соединетите Држави за краток период во 1990-тите додека градел стартап компанија. Весникот објави дека Маск пристигнал во Пало Алто, Калифорнија во 1995 година за да присуствува на Универзитетот Стенфорд, но никогаш не се запишал. Наместо тоа, тој ја разви софтверската компанија Zip2, која беше продадена во 1999 година за околу 300 милиони ...

Техеран денеска побара итна седница на Советот за безбедност на ОН, поради нападот на Израел, соопшти иранската мисија во Обединетите нации. – Исламската Република Иран бара од претседавачот на Советот за безбедност да свика итен состанок за да разговара за ова сериозно прекршување и незаконски дејствија и да го изведе овој криминален режим пред лицето на правдата – се наведува во писмото на постојаниот претставник на Иран во ОН, Амир Саид ...

Тринаесетгодишно девојче со нож ја уби својата седумгодишна сестра во Лајпциг, по што самата повикала брза помош, пренесуваат германските медиуми. Според информациите на германскиот весник БИЛД, се работи за семејство од Србија. Убиството се случило во петокот вечерта, кога родителите на девојчињата не биле дома. Според информациите од истрагата, убиството било извршено со нож, а повреденото девојче било пренесено во болница, каде набрзо им ...

И владејачката и опозициските партии во Грузија прогласија победа на парламентарните избори, кои според нив ќе одредат дали поранешната советска република ќе се движи кон Запад или ќе се сврти кон Русија додека војната во Украина продолжува. Ривалските излезни анкети беа со различни проекции. Според првите прелиминарни резултати, објавени од страна на изборната комисија по пребројување на околу 70 отсто од избирачките единици, владејачката ...

По формирањето после конфликтот во 2001 година, со исклучок на периодот 2006-2008 година, ДУИ на Али Ахмети непрекинато беше дел од власта се до последните парламентарни избори годинава, по кои победникот ВМРО-ДПМНЕ одлучи да формира парламентарно мнозинство и влада со ВЛЕН и со уште еден „помал“ партнер – ЗНАМ. Откако се пресели во опозиција, ДУИ почна да ја напаѓа Владата дека е нелегитимна, бидејќи, според нив, премиерот Христијан Мицкоски ...

Племенските лидери повеќе од три децении ачик фураат модел на дезинтеграција со две алтернативни опции: создавање паралелни институции како основа за бинационална држава или, пак, сеалбанско обединување. Затоа, во стилот „Сто стапа по туѓ грб не болат“, бараат веднаш и сега уставни измени за бугаризација и бришење на фашистите од учебниците. Пишува: Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ Насловот сугерира состојба на нефункционална, разнебитена и корумпирана ...

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, по средбата со претседателката на Косово, Вјоса Османи, изјави дека за време на нејзиниот мандат приоритет ќе биде проширувањето на Европската Унија, со членство на сите шест земји од Западен Балкан. Од Приштина порача дека косовските власти треба да работат повеќе на следните чекори со цел да се дојде до точка кога земјите членки на ЕУ ќе постигнат согласнот да ги укинат мерките кон ...

Набргу откако беше избран за нов лидер на СДСМ после катастрофалниот пораз на последните двојни избори, Венко Филипче во неколку наврати порачува дека СДСМ е консолидирана партија, иако се уште не ги екипирала новите партиски органи и не избрала ново раководство. –Од парламентарните избори, па сѐ до мојот избор за претседател, СДСМ беше речиси неактивна. Ова создаваше впечаток во јавноста дека партијата се откажала или не може да се консолидира ...

Братот и сестрата Миланка и Јован Маџгаљ се убиени синоќа во селото Бијело Поље, додека осомничениот за тоа двојно убиство Алија Б.(64) сеуште е во бегство. Од полицијата велат дека сите расположливи единици се на терен, а до граѓаните е упатен апел да бидат внимателни. Обвинителката Љубица Цаковиќ утринава за ТВЦГ изјави дека синоќа околу 22 часот дежурниот обвинител бил известен од полицијата дека во градот Соколац се пронајдени две тела. – ...

Иранската армија соопшти дека двајца нејзини војници се убиени во израелскиот воздушен напад во текот на ноќта, јавуваат иранските државни медуми. „Армијата на Исламската република Иран во одбрана на безбедноста на Иран и заштитата на народот и интересите на државата, жртвуваше двајца свои борци, спротивставувајќи им се на ракетите на криминалниот ционистички режим“, соопштија од иранската војска. Иран соопшти дека се погодени три локации и е ...

Осум лица беа уапсени до саботата наутро во рации во БиХ, како дел од истрагата започната откако малолетник уби еден и тешко повреди друг полицаец во Босанска Крупа. Портпаролот на МУП на Унско-санската жупанија, Аднан Бегановиќ, потврди дека, покрај Босанска Крупа, претреси на згради и апсења биле извршени и во областа на Бихаќ, каде биле уапсени осум мажи. Еден од нив е уапсен на Бихаќ, каде што живеел, но е роден во Босанска Крупа, а сите ...

Популарната американска пејачка Бијонсе синоќа ја поддржа кандидатурата на Камала Харис за претседателка на САД. -Не сум тука како славна личност, не сум тука како политичар. Јас сум тука како мајка. Мајка која се грижи за светот во кој живеат моите деца и сите наши деца, свет во кој имаме слобода да ги контролираме нашите тела, свет во кој не сме поделени – рече Бијонсе на предизборниот митинг во Хјустон. На Бијонсе на сцената ѝ се придружи ...

Грузиските избирачи денеска гласаат на парламентарни избори, а резултатите, според анкетите, засега се неизвесни. Владејачката партија Грузиски сон е на власт од 2012 година и бара уште еден четиригодишен мандат. За опозицијата, гласањето претставува избор меѓу Западот или Русија и меѓу демократија и авторитаризам. На парламентарните избори во Грузија учествуваат вкупно 18 партии. Гласањето се спроведува според новиот изборен систем согласно ...

Израел го изведе долгоочекуваниот одмазднички напад против Иран. Армијата извести за „прецизни напади“ врз воени цели. Нуклеарни и нафтени капацитети не биле погодени. „Како одговор на повеќемесечните континуирани напади на режимот во Иран против Израел, токму сега израелските одбранбени сили изведуваат прецизни напади врз воени цели во Иран. Режимот во Иран и неговите застапници во регионот немилосрдно го напаѓаат Израел од 7 октомври – на ...

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен предупреди на итна потреба да се постигне дипломатска резолуција за војната во Газа и Либан, откако Агенцијата за бегалци на Обединатите Нации изрази загриженост поради израелските воздушни напади, велејќи дека тие ги загрозуваат оние што бегаат од војната. Зборувајќи пред состанокот во Лондон со арапските лидери на 25 октомври, Блинкен ја истакна потребата да се стави крај на конфликтот во денот ...

Србија е една од најнапредните земји во процесот на пристапување во Европската унија и на неа е да избере брзина на пристапување, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен по состанокот со српскиот претседател Александар Вучиќ во Белград. Фон дер Лајен рече дека партнерството меѓу Србија и Европската унија станува се посилно, а ЕУ е првиот трговски партнер и инвеститор на Србија. Напредокот на Србија на европскиот пат и ...

Кучан жали за неприсуството на Изетбеговиќ. Вели дека тоа што се случува во Босна е агресија. Оваа војна е поинаква од таа што се случи во Словенија зашто е војна против една независна држава. Искажува загриженост таа да прерасне во една општојугословенска или општоевропска војна. Предлага Југославија да се исклучи од меѓународните организации, да се гонат воените злосторници, да се демилитаризира бившата југословенска територија и да се признае ...

Северноатлантската алијанса (НАТО) денеска соопшти дека безбедносната ситуација на Косово се уште е нестабилна, а за евентуалното членство на Косово во НАТО или во програмата Партнерство за мир е потребен консензус од сите членки, во кој нема напредок за Приштина. Како одговор на прашањето на РТВ21, НАТО наведува дека КФОР продолжува да го спроведува својот мандат, врз основа на резолуцијата 1244 на Обединетите нации, и придонесува за безбедна и ...

Институтот за статистика – ИНСТАТ денеска објави дека во периодот јануари – септември годинава Албанија ја посетиле 9.680.030 странски туристи или 16,7 отсто повеќе во однос на истиот период минатата година, кога таа бројка била 8.294.600 туристи. – Целта на влез на албанска територија на странските државјани, во над 90 отсто, е поради одмор и посета на роднини. Во 9-месечниот период е забележан значителен пораст на влезот на странски државјани ...

Полскиот претседател Анджеј Дуда денеска ја отфрли можноста за снабдување на Украина со ново оружје, вклучувајќи тенкови, самоодни хаубици, ракетни фрлачи и авиони за лесен напад што неговата земја ги нарача од јужнокорејските производители за полската војска. Ова го изјави Дуда за време на официјалната посета на Јужна Кореја каде се сретна со својот колега Џун Сук Јеол. – Не размислуваме за сценарио во кое оружјето што го набавивме… со парите ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на заедничката прес-конференција со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, рече дека имале многу долг и крајно отворен и искрен разговор. „Се разбира, има работи за кои ЕУ ја критикува Србија, но претседателот на ЕК секогаш беше подготвен да ја слушне нашата страна и да не слушне, а ние разговаравме за обврските на Србија. Јас го кажав истото што го кажав и претходните денови – ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
5.66
40%
1009
weather icon

Белград

24ᴼ / 22ᴼ
2.57
56%
1010
weather icon

Загреб

24ᴼ / 22ᴼ
1.03
46%
1011
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
4.12
55%
1011
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
3.13
46%
1010
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
2.06
54%
1012
weather icon

Атина

26ᴼ / 23ᴼ
4.63
38%
1009
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
5.14
68%
1011
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
8.23
49%
1011
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
4.12
37%
1011
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 24ᴼ
2.57
41%
1011
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
8.23
67%
1012
Currency

61.535

Currency

53.9688

Currency

71.8162

Currency

34.3766

Currency

38.9421

Currency

65.6811

Currency

7.35715

Currency

0.65988

Currency

0.38012

Currency

0.52161

Currency

1.4063

Currency

0.63136

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15519.00

Рутениум

20190.67

Калај

31.20

Сребро

1057.05

Злато

107001.17

Бакар

9.87

Паладиум

29707.29

Платина

30669.41

Родиум

172810.26

Цинк

2.57