
Скопје
7ᴼ /
7ᴼ



Руските сили го претрпеа најсмртоносниот ден од почетокот на целосната инвазија на Украина, вторпат по ред, според податоците кои што Киев ги објави денеска. Според информациите од Генералштабот на вооружените сили на Украина, московските сили во изминатиот ден загубиле 1.950 војници. Ова го надмина претходниот рекорд од 1.770 поставен само еден ден претходно. Вкупната бројка, според податоците на Украина, сега изнесува 712.610. Податоците не ...
Во складиште за нафта во рускиот регион Белгород, тенк се запали по напад на украинските вооружени сили, соопшти денеска гувернерот на тој регион Вјачеслав Гладков. „Вооружените сили на Украина со дрон нападнаа складиште за нафта на територијата на градскиот округ Стари Оскол. Како резултат на експлозијата, еден од тенковите се запали“, објави тој на мрежата Телеграм. Пожарот бил брзо изгаснат, а во инцидентот нема жртви, пренесува РИА Новости. ...
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека Израел, кој продолжува со нападите во Либан, нема да склучи примирје со Хезболах „додека не ги постигне своите цели“, пренесува Anadolu. За време на средбата со претставници на израелската армија, Кац ги коментираше конфликтите со Хезболах, нападите во Газа и зголемувањето на тензиите со Иран. Тој истакна дека „нуклеарните капацитети на Иран се поранливи од кога било по израелските напади ...
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ќе го назначи сенаторот од Флорида Марко Рубио за нов државен секретар, а републиканскиот претставник Мајк Волц за советник за национална безбедност во новата администрација, јавуваат американските медиуми, повикувајќи се на информирани извори. Се очекува Трамп да го именува сенаторот Марко Рубио како негов номиниран за државен секретар, иако тој избор не е конечен, изјавија два неименувани ...
Лидерите на арапските и муслиманските земји кои се состанаа на самитот во Саудиска Арабија вчера го повикаа Израел целосно да се повлече од арапските територии што ги окупираше со цел да се постигне „сеопфатен“ мир на Блискиот Исток. „Праведен и сеопфатен мир во регионот (…) не може да се постигне без да се стави крај на израелската окупација на сите окупирани територии“ од 1967 година – кога Израел ја започна окупацијата на Западниот Брег, ...
Поранешниот израелски премиер Ехуд Олмерт на седмиот мировен форум во Париз изјави дека Израел ја „уништил“ Газа, каде и понатаму продолжува со нападите, пренесува Анадолија. Олмерт учествуваше на панелот „Израел-Палестина: План за две држави и план за мир“ во рамки на 7. Париски мировен форум, што се одржа во француската престолнина. Тој посочи дека решението за две држави што го предложи во 2008 година може целосно да го промени Блискиот Исток ...
Том Хоман, новоименуваниот граничен шеф на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, им порача на демократските пратеници кои би можеле да се спротивстават на плановите за масовна депортација „да му се тргнат од патот“, пишува Би-би-си. Трамп најави дека на непопустливиот поранешен директор на Агенцијата за граница и имиграција, Том Хоман, му го доверува секторот за надзор и безбедност на границите на земјата во новата администрација. ...
Судот во Италија пресуди седуммина мигранти кои беа префрлени во центар за баратели на азил во Албанија мора да бидат однесени во Италија, што е нов удар на договорот што италијанската премиерка Џорџија Мелони го постигна со нејзиниот албански колега Еди Рама. Мажите од Египет и Бангладеш беа собрани во Медитеранот минатата недела од италијанската морнарица, а потоа однесени во Албанија за да ги процесуираат нивните барања за азил. Веќе се ...
Денеска во 17 часот започна протестот пред српската влада поради трагедијата во Нови Сад, кога 14 лица загинаа, а тројца беа тешко повредени при пад на настрешницата на реконструираната железничка станица. Претставниците на опозицијата ги оставија своите барања пред зградата на Претседателството на Србија. Претседателот на Партијата на слободата и правдата, Драган Ѓилас, на вечерашниот протест рече дека претпоставува оти СНС „бара жртва“ која ...
Војната во Украина многу ескалира во последните денови. Двете страни викендов ги изведоа најголемите напади со беспилотни летала од почетокот на конфликтот пред речиси три години. На првите линии Русија напредува бавно, но систематски. Обрач се стега околу градот Покровск. Најблиските руски позиции се оддалечени само шест километри. Во исто време, Русија се обидува да ги истисне украинските сили од нејзиниот западен регион Курск со десетици ...
Многу неодговорени прашања има во случајот со исчезнатиот млад пар Тамара Новаков и Елвис Николиќ од Банат, Србија. Имено, сè започна уште на 19 октомври, кога и двајцата беа видени последен пат. Потоа заедно заминале во непознат правец и со денови не контактирале со семејствата. Иако на прв поглед може да се помисли дека се работи за двајца млади кои можеби сакале да избегаат или да патуваат, ситуацијата се искомплицирала кога стигнала веста ...
Една од причините за порастот на цените е прекумерното вложување во недвижнини и купување станови со пари во кеш, односно со црни пари за кои не може да се докаже потеклото. Според проценките на Светска банка, во сивата економија во Македонија се вртат помеѓу 700 и 800 милиони евра, а овие пари на црно најлесно се перат преку купување станови со поголема вредност. Колку станот е поскап, толку повеќе пари може да се легализираат. Текстот е ...
Израелскиот министер за финансии – Безалел Смотрич изјави денеска дека изборот на Доналд Трамп за претседател на САД е „можност за Израел да оствари суверенитет“ над окупираниот Западен Брег во 2025 година. Тој рече дека постои широк консензус во владејачката коалиција и опозицијата во Израел против формирањето на палестинска држава што ќе го загрози постоењето на Израел, пренесува Ал Џезира. „Единствениот начин да се отстрани оваа опасност од ...
Косовскиот премиер Албин Курти денеска изјави дека минатогодишниот Договор за нормализација на односите со Србија треба да се спроведе и оти очекува „дополнително инсистирање“ од Европската комисија за потпишување на тој договор. „Тоа е последниот договор што го имаме и тоа е договор во кој јас бев дел и го прифатив“, рече Курти. Вака одговори на прашањето дали Вашингтонскиот договор би бил прифатлив за него, доколку новата американска ...
Јавното обвинителство не информира дека постапува по извештајот на Државниот завод за ревизија кој се однесува на успешноста на реализацијата на капиталните проекти, во кој, меѓу другото, се констатира забавена реализација и зголемена цена на чинење на повеќе капитални проекти во патната, железничката и друга инфраструктура, по што новата Влада побара ЈО да го испита работењето на јавните претпријатија за патишта и железници. Имено, во ...
Српската парламентарна опозиција вечерва организира протест во Белград на кој ќе побара оставка од премиерот и владата, кои ги сметаат заеднички одговорни за трагедијата во Нови Сад, кога загинаа 14 луѓе, а тројца беа сериозно повредени при уривање на настрешница на железничката станица на 1 ноември. Надлежните тврдат дека настрешницата не била дел од реконструкцијата на станицата, додека во јавноста и на социјалните мрежи се објавуваат ...
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз доживеа епски дебакл на стартот од Завршниот турнир во Торино. Алкараз беше поразен од Каспер Руд во два сета со 6:1, 7:5. Алкараз дојде во Торино како еден од фаворитите, а тоа дефинитивно беше на мечот против Руд кој е во катастрофална форма. Норвежанецот дојде во Торино со четири порази во низа, односно девет на последните 11 натпревари, но успеа да го шокира третиот играч во светот на самиот старт од ...
Помошникот на претседателот на Русија – Николај Патрушев изјави дека Русија го зголемува нивото на безбедност во Балтичкото Море, оценувајќи дека тоа е најважната воено-политичка задача откако Шведска и Финска станаа членки на НАТО и по експлозијата на гасоводот Северен тек. „Американците и нивните европски сојузници поставија курс за милитаризација на Балтичкото Море, тоа е традиционална стратегија за Западот, дури и за време на Кримската ...
Европа е блиску до исполнување на ветувањето за испорака на милион артилериски гранати на Украина, изјави денеска министерот за надворешни работи на ЕУ, Жозеп Борел. „Речиси сме готови. Веќе испорачавме повеќе од 980 илјади гранати, а многу наскоро ќе испорачаме милион гранати“, изјави Борел. Тој посочи дека ЕУ не успеала да ги испорача ветените милион ракети до пролетта оваа година, но дека во последните месеци успеала значително да го забрза ...
Во акција на Одделот за криминалистичка полиција на Министерството за внатрешни работи на РС и Вишото јавно обвинителство во Белград, окриен е уште еден синџир на трговија со наркотици, запленети се 15 килограми кокаин и уапсени двајца осомничени, од кои едниот е државјанин на Република Хрватска. Министерот за внатрешни работи на Србија – Ивица Дачиќ изјави дека припадници на Управата за криминалистичка полиција уапсиле хрватски државјанин во ...
Фудбалскиот клуб Вардар иницира итна смена на Миле Ристевски, комесарот за делегирање судии при Фудбалската федерација на Македонија и повикаа на итно воведување на ВАР технологијата од следната сезона, ама се осврнаа и на другите клубови. Порачаа дека вината за лошите резултати тие првично ја бараат кај себе, наместо како некои други. „Со оглед на многуте гласни коментари на повеќето клубови од Првата и Втората МФЛ, ние како ФК Вардар ...
Популарната музичка група ,,Нови фосили” со голем концерт во Арена Загреб одбележа 55 години на сцената, но истовремено, концертот претставуваше и крај на нивната кариера. Со тој настап Сања Долежал, Владимир Кочиш Зец и Маринко Колнаго се простија од својата публика. -На сцена повеќе нема да пееме. Можеби некогаш ќе запееме некаде, во публика, но бендот има многу години, време ни е да се повлечеме достоинствено, порачаа членовите не бендот за ...
Децата во Македонија дишат загаден воздух додека се на училиште или во градинка. Воздухот во затворени простории како училишта и градинки е позагаден отколку надворешниот во топлите месеци, додека во зимските нема разлика. Ова е епилогот во студијата „Справување со загадувањето на воздухот“, којшто го спроведува УНДП во партнерство со Министерство за животна средина и просторно планирање , како и општините Куманово, Гостивар, Струмица, Кавадарци ...
Новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави го чуваат кучиња-роботи. Кучето робот неодамна беше фотографирано во одморалиштето во Палм Бич, Флорида на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп. Потврдено е дека овие роботи на далечинско управување се на Тајната служба на Соединетите држави (USSS) и беа распоредени по победата на Трамп на претседателските избори на 5 ноември. На оваа мерка во голема мера влијаеја двата обиди ...
Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени (COP29) започна денеска во Азербејџан, во сенка на реизборот на Доналд Трамп, кој вети дека ќе ги откаже обврските на Соединетите Американски Држави за намалување на емисиите на јаглерод. „Овде во Баку, мора да се договориме за нова глобална цел за финансирање на климатските промени. Ако најмалку две третини од светските нации не можат да финансираат брзо намалување на емисиите, тогаш ...
Кремљ денеска ги демантираше информациите објавени синоќа од „Вашингтон пост“, според кои рускиот претседател Владимир Путин и новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп разговарале за Украина минатата недела. „Тоа е јасен пример за квалитетот на информациите што се објавуваат деновиве, дури и во прилично угледни медиуми. Тоа е целосно невистинито. Чиста фикција. Тоа е едноставно лажна информација“, рече портпаролот на Путин, Дмитриј ...
Британскиот премиер Кир Стармер и францускиот претседател Емануел Макрон денеска во Париз ќе разговараат за можноста да се убеди американскиот претседател во заминување Џозеф Бајден да и дозволи на Украина да истрела проектили „Бура сенка“ длабоко на руска територија, изјавија за британски „Телеграф“ извори од британската влада. Изворите велат дека британските власти се надеваат дека Бајден конечно ќе го даде одобрението што Киев го бара со ...
Масакр во Минесота. Четириесет и шестгодишен маж ги уби поранешната девојка и поранешната сопруга и двата сина, по што се самоуби. Полицијата верува дека Ентони Нефју ги убил својата поранешна девојка Ерин Абрамсон (47) и нивниот 15-годишен син Џејкоб Нефју, како и неговата поранешна сопруга Кетрин Нефју и нивниот единствен 7-годишен син – Оливер, а потоа извршил самоубиство. Сите убиени имале прострелни рани. Minnesota man kills his two sons, ...
Германскиот канцелар Олаф Шолц и новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп синоќа телефонски размениле мислења за билатералните односи и геополитичките предизвици, соопшти портпаролот на германската влада. „Канцеларот ја истакна подготвеноста на германската влада да продолжи со децениската успешна соработка меѓу владите на двете земји. Тие, исто така, се согласија да работат заедно за враќање на мирот во Европа“, рече Штефен Хебестрајт. ...
Биткоинот вчера достигна нов рекорд, надминувајќи ја вредноста од 80.000 долари. Порастот на вредноста на биткоинот дојде во пресрет на претседателските избори во САД, а се зголеми во изборната ноќ, кога стана јасно дека Доналд Трамп победува, а продолжи да расте и по неговата победа. Оваа година, биткоинот забележа пораст од 80%, надминувајќи го растот на индексот S&P 500, кој порасна за 25,7%. Иако накратко ја премина границата од 80.000 ...