Министерот за одбрана на Израел рече дека нема да се согласи на каков било прекин на огнот во Либан се додека не се обезбеди целосно разоружување на Хезболах и движењето не се повлече северно од реката Литани или додека на жителите на северен Израел не им биде дозволено да се вратат во своите домови. „Ние нема да се согласиме на никакво примирје, нема да ја тргнеме ногата од гасот и нема да дозволиме никакви договори кои не вклучуваат ...

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека односите на Турција со Израел се прекинати и додаде дека неговата земја е подготвена да започне прекугранични операции доколку се чувствува загрозена. – Турција на чело со Реџеп Таип Ердоган не може да продолжи да ги развива односите со Израел. Во моментов немаме никакви односи со Израел. Не презедовме никакви чекори за да ги развиеме овие односи – изјави тој на новинарите по враќањето ...

Полициската управа и Агенцијата за национална безбедност на Црна Гора итно излегоа со заедничко соопштение во врска со загрозувањето на безбедноста на претседателот Јаков Милатовиќ. Како што се посочува, Агенцијата за национална безбедност на Црна Гора на 6 ноември дошла до информации за потенцијална закана за претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, за што го информирала во директна комуникација. Исто така, Агенцијата спроведе низа ...

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп пристигна во Белата куќа на средба со актуелниот претседател Џо Бајден. Тие се среќаваат во Овалната соба. Трамп му рече на Бајден дека политиката е тешка. Исто така, му се заблагодари за непречената транзиција, а Бајден одговори: „Добредојдовте“. Ова е нивна прва средба по претседателската дебата во јуни. Двајцата се ракуваа. „Честитаме и очекуваме непречена транзиција, како што рековме. ...

Една недела по распадот на владејачката коалиција, германскиот канцелар Олаф Шолц денеска се обрати пред Бундестагот и го оправда својот потег како чекор кој е неизбежен и неопходен за Германија. „На крајот, владата не постапи во иста насока и затоа беше неминовно разрешувањето на министерот за финансии и покрај тоа што се обидов да најдам компромис до крај“, изјави Шолц (Социјалдемократската партија на Германија СПД), оправдувајќи го, во ...

Една година по несреќата во која загина едно лице, судот во Хрватска го потврди обвинението против поранешниот хрватски министер за одбрана Марио Баножиќ. Баножиќ се товари дека автомобилот го возел од правец на Винковци кон Жупања. Возел, како што е наведено, со несоодветна брзина и при претекнување на колоната преминал на спротивната страна иако поради маглата била намалена видливоста, какао и прегледноста поради возилото кое било пред него. ...

Во окупираниот Крим, украински агенти разнеле автомобил во кој бил капетанот на 1 класа на руската Црноморска флота, пренесува „Киев пост“, кој објави и видео од разнесениот автомобил. Истиот медиум ја пренесува изјавата на локален новинар, кој рекол дека „Мосад на крајот ќе изгледа како Телетабис во споредба со украинската верзија на Мосад“, алудирајќи на успешните напади на израелската шпионска агенција врз членовите на Хезболах во Либан. ...

Албанскиот премиер Еди Рама остро го критикуваше самитот за климатски промени COP29 во Баку и праша која е смислата на меѓународните преговори за климата доколку најголемите загадувачи не го променат своето однесување. – Таму луѓето јадат, пијат и се фотографираат. Ова ми изгледа како она што се случува во светот секој ден. Животот продолжува, со старите навики, додека нашите говори – полни со убави зборови за борбата против климатските промени ...

Љупчо Палевски Палчо, еден од обвинетите за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски, тврдеше дека заминал во Турција заради лекување, а не дека бегал поради двојното убиство. Но, на денешното судско рочиште, сведочеа негови сопартијци, кои посочија дека Палевски решил да оди во странство, на 30 ноември, иако викендот, на 2ри или 3ти декември неговата партија ,,Десна” требало да оддржи централен комитет. -Палевски една ...

На денешното рочиште за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски сведочеше и адвокатот Васко Стојков, кој обвинетиот Љупчо Палевски Палчо го однел во Србија. Истакна дека на 30 ноември 2023 година отишол во Белград со Палевски. Претходно го опиша денот. Инаку, девојчето беше убиено на 27 ноември, а Жежовски три дена претходно. -Утрото ми се јави Влатко Кешишев и Палевски и ме прашаа дали знам некој нотар да работи во неработен ден. Му реков ...

Се очекува до петок ЕСМ да ја достави својата понуда до Универзалниот снабдувач ЕВН Хоум по што треба да почне процесот на носење одлука за цената на електричната енергија. Премиерот Христијан Мицкоски во изјава за медиумите во Велес рече дека Владата преземала мерки за да не дојде до ценовен шок и поскапување на струјата, а како тоа е ќе заврши на крај, ќе зависи и од Регулаторната комисија за енергетика иако дека цената за крајните корисници ...

Во последните два месеца се зголеми интересот за акциите на компанијата „Македонија Турист“ која поседува неколку големи хотели во Скопје. Нов акционер во хотелско-угостителската компанија е друштвото за трговија, производство и услуги М.Г. Фешн ДОО Увоз-извоз од Скопје, кое поседува акционерски пакет од 7,69 проценти од вкупниот број обични акции на компанијата, односно 34.795 акции. „Согласно член 38 став 1 од Правилата за котација на ...

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денеска во Белата куќа ќе се сретне со претседателот во заминување Џозеф Бајден, една недела откако тој како републикански кандидат го освои потребниот број електорски гласови за втор претседателски мандат. Нивната средба, која е закажана за 11:00 часот по локално време (17:00 часот по македонско време), се толкува како еден од неформалните чекори во транзицијата на политичката моќ, која Трамп ...

На 65-годишна возраст почина српскиот претприемач Миодраг Костиќ, основач на компанијата МК Груп, во јавноста попознат како „српскиот крал на шеќерот“, пренесува Б92. – Со голема тага ве известуваме дека почина Миодраг Костиќ, основачот и претседател на МК Груп. За време на својата 40-годишна активна професионална кариера, тој го создаде еден од најголемите деловни системи во регионот, што му донесе меѓународен статус на еден од највлијателните ...

Напаѓачот на Ал-Наср и репрезентацијата на Португалија, Кристијано Роналдо ги критикуваше фудбалерите кои одбиваат да играат за националниот тим. – Кога дојдов во репрезентацијата на 18 години, тоа беше остварување на сонот. Дури и по освоени толку многу трофеи, нема ништо подобро од тоа да играш за репрезентацијата, да ја претставуваш својата земја, културата, твоите пријатели, па затоа сум разочаран од некои играчи кои не сакаат да се ...

Извршниот директор на Тесла и Платформата X, Илон Маск, и поранешниот републикански претседателски кандидат Вивек Рамасвами ќе го предводат Одделот за владина ефикасност во администрацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп. „Тие двајца исклучителни Американци ќе и помогнат на мојата администрација да ги намали непотребните регулативи и трошоци и да ги реорганизира федералните агенции – што е од клучно значење за движењето „Даја спасиме ...

Двајца од тројцата пациенти кои беа тешко повредени како последица од уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад се во свесна, но се уште тешка состојба, изјави за Танјуг директорот на Клиничкиот центар на Војводина, д-р Весна Туркулов. „Како што вчера рече д-р Николиќ, двајца пациенти се свесни и на кислородна поддршка, комуницираат со очите. Еден пациент се уште е на апарати за вештачко дишење“, рече Туркулов. Таа додаде ...

Вашингтон, заедно со Западен Ерусалим, е виновен за смртта на повеќе од 43.000 Палестинци убиени од почетокот на ескалацијата на палестинско-израелскиот конфликт, изјави постојаниот претставник на Руската Федерација во ОН, Василиј Небензја. САД „намерно ја измамија“ меѓународната заедница, давајќи време на Израел да ги спроведе своите планови за истребување на што повеќе Палестинци во Газа, оцени тој. Небензја истакна дека Резолуцијата 2735 се ...

Во текот на ноќта и утрово Русија ја нападна Украина со крстосувачки ракети од стратешки бомбардери, а нешто подоцна следеше и самоубиствен напад со беспилотно летало, соопштија украинските власти. Според податоците на украинските воздухопловни сили, шест авиони Ту-95МС полетале за Украина, пренесува Укринформ. Во Киев утринава се слушнаа експлозии откако украинските воздухопловни сили ја ставија целата земја во готовност за воздушен напад по ...

Капитенот на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш станал херој на авионскиот лет од Манчестер кон Лисабон. Португалецот забележал дека еден од патниците се онесвестил, по што прв интервенирал, а потоа повикал помош. „Слушнав дека некој вика за помош. Тоа беше Бруно Фернандеш, по што дојде дел од екипажот на авионот да помогне. Бруно остана со човекот до крајот на летот“, изјавила Сузана Лосон која била сведок на драмата во авионот. – По крајот ...

Потрагата по двојниот убиец од Црна Гора – Алија Балијагиќ трае веќе 17 дена, а според последните информации тој се вратил во Црна Гора каде бил виден во селото Обраде, но припадници на војската и полицијата не успеаја да го фатат, пишува српски Телеграф. Балијагиќ е осомничен за убиство на две лица во селото Соколац. Црногорската полиција соопшти дека тој преминал во Србија, но ниту српската полиција, ниту жандармеријата не успеале да го фатат. ...

Изборите во Украина би можеле да се одржат веќе во мај 2025 година, пишува Економист, додека од кабинетот на украинскиот претседател негираат дека се подготвуваат за избори. Економист наведува дека најраниот датум за одржување на изборите е 25 мај. Весникот посочува дека некои подготовки за изборите веќе се започнати, дека се мобилизираат регионални изборни штабови и се составуваат листи со кандидати. Според анкетите, актуелниот украински ...

Претседателот на Чешка, Петр Павел денеска оцени дека клучот за брз мир во Украина не го држи идниот американски претседател Доналд Трамп, иако тоа го ветува, туку рускиот претседател Владимир Путин, кој можеби сака да се договори, но веројатно на штета на Украина. „Ако некој го има клучот за брз крај на војната во Украина, тоа е претседателот Путин. Но, тоа нема да го направи бидејќи има интерес да контролира барем дел од Украина. Русија ...

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, денеска во телефонски разговор го нарече претседателот на Аргентина – Хавиер Милај, неговиот „омилен претседател“, изјави портпаролот на јужноамериканскиот лидер. Трамп и Милај се поддржуваа и претходно, а оваа недела ќе се сретнат лично во Мар-а-Лаго, резиденцијата на Трамп во јужна Флорида, пренесува Ројтерс. Откако беше избран кон крајот на минатата година, Милај се обиде да воспостави блиски ...

Ракометната федерација на Македонија донесе одлуки по повод натпреварот помеѓу Скопје и Гевгелија, по срамниот Куп натпревар во кој ракометарките си даваа автоголови, и наводно и намерно промашувале на меѓусебниот натпревар. Така ЖРК Гевгелија и ЖРК Скопје се исклучени од сите натпреварувања под капата на Ракометната федерација на Македонија. Суспензии добија и официјалните лица на двата клуба, како и делегатот. Валентина Радуловиќ како ...

Две недели по разорните поплави во источна Шпанија, метеоролошките служби ги предупредија граѓаните да бидат внимателни, бидејќи повторно се очекуваат нови катастрофи со доаѓање обилни врнежи и ниски температури. Источниот и јужниот дел на Медитеранот повторно се најзагрозени, а шпанската метеоролошка агенција Аемет од денеска до четврток издаде портокалово предупредување за делови од регионите Валенсија, Каталонија и Андалузија, како и за ...

Автобус со дваесетина патници слета денеска во реката Инд во северен Пакистан, при што загинаа најмалку 18 лица, соопштија властите. Несреќата се случила во регионот Гилгит Балтистан додека автобусот се движел кон Чаквал, град во провинцијата Пенџаб, изјави владиниот портпарол Фаизулах Фаркан. Тој рече дека потрагата по телата продолжува и оти досега само една жена е пронајдена жива и е на болничко лекување. Полицијата соопшти дека не е јасно ...

Во Нови Сад попладнево граѓаните се собраа пред Основното јавно обвинителство и судот каде бараа ослободување на локалниот политичар и активист Миша Бачулов. Тој е меѓу 14-те приведени по демонстрациите поради трагедијата во Нови Сад на Железничката станица. Приведени се најмалку осум лица, меѓу кои еден малолетник, потоа студент на Академијата за уметности, поранешниот потпретседател на Владата на Војводина, Горан Јешиќ, кој првично беше ...

Шефот на НАТО, Марк Руте, во вторникот ги повика западните земји да ја засилат поддршката за Украина во нејзината борба против руската инвазија, велејќи дека на Киев му треба повеќе од „само продолжување на „борбата“ во тек. – Мораме да направиме повеќе од само да ја задржиме Украина во борбата – им рече Руте на новинарите пред разговорите во Париз со францускиот лидер Емануел Макрон. – Мораме да ја зголемиме цената за Путин и неговите ...

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, говорејќи во име на Европската унија, денеска на самитот за климатски промени COP29 во Баку изјави дека насилниот империјализам и бескрајните циклуси на одмазда се двигатели на војните кои го доведоа светот до работ. Тој го спореди ова со европските верувања во свет заснован на правила, кој ја промовира „силата на законот, а не законот на силата“. Европа го направи најголемиот напредок во светот во ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
93%
1016
weather icon

Белград

14ᴼ / 13ᴼ
4.12
84%
1014
weather icon

Загреб

16ᴼ / 12ᴼ
0.51
71%
1016
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
87%
1016
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
0.82
89%
1014
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 10ᴼ
2.06
92%
1016
weather icon

Атина

17ᴼ / 13ᴼ
1.54
73%
1012
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
2.06
87%
1013
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
94%
1013
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 12ᴼ
2.57
83%
1014
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 11ᴼ
1.34
75%
1014
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
5.66
82%
1015
Currency

61.535

Currency

53.5268

Currency

71.8162

Currency

34.3766

Currency

38.9421

Currency

65.6811

Currency

7.35715

Currency

0.65988

Currency

0.38012

Currency

0.52161

Currency

1.4063

Currency

0.63136

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1051.34

Злато

111305.26

Бакар

9.55

Паладиум

29803.74

Платина

30837.68

Родиум

173614.03

Цинк

2.52