На вакциналните пунктови во државата и на терен, прва доза вакцина вчера примиле 11 925 граѓани, а вкупно се вакцинирале 16 955 граѓани, со што заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 624 819 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1 115 988 дози вакцини, а ревакцинирани се 491 169 граѓани, информираат од Министерството за здравство. Во текот на вчерашниот ден, од МЗ информираат дека е забележан значително зголемен интерес за вакцинација ...

Првиот авион на компанијата Луфтханза во кој беа пренесени Авганистанци, утрово слета на аеродромот во Франкфурт, со околу 130 патници во него, пренесува Ројтерс. Авионот ги презеде патниците од германскиот воен авион кој ги пренесе Авганистанците од Кабул до главниот град на Узбекистан, Ташкент. Како дел од мисијата за спасување на Авганистанците од страна на германската влада, во следниве неколку дена ќе следуваат дополнителни летови од ...

Најнова здравствена студија во Обединетото Кралство покажала дека во рок од три месеци опаѓа заштитата што ја обезбедуваат вакцините на „Фајзер“ и на „Астра зенека“ против доминантниот делта-сој на коронавирус, пренесуваат медиумите во регионот. Откриено е дека оние што се инфицирале откако ги примиле двете дози на вакцината, може да претставуваат поголем ризик за другите луѓе. Студијата на Универзитетот во Оксфорд, заснована на повеќе од три ...

Албанскиот премиер, Еди Рама, во интервју за радио емисијата „Светот вечерва“, која се емитува на Би-Би-Си, изјави дека Албанија мора сега да ги прими Авганистанците, бидејќи тие се нивни пријатели, а додаде дека и тие биле во слична таква ситуација како нив пред 30 години. „Не знам што мислат земјите-членки на ЕУ кои велат дека во наредниве години ќе ги примат Авганистанците. Ние треба да бидеме тука за тие кои работеле за нас. Има илјадници, ...

Како што би рекол еден мој пријател, 30 години се вртиме во еден маѓепсан круг на големи очекувања од секоја промена на власта и потоа брзи разочарувања, отсуство на вистински економски реформи и гол популизам, се поголема корупција, партизација и поделеност на народот и општеството, рече поранешниот премиер Хари Костов на денешната конференција по повод 20 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. Според него, уште долго ќе ...

-Војната заврши … лидерот им прости на сите. Авганистанскиот народ може да ја преземе својата слобода и да ја исчисти земјата од окупаторот“. Ова е пораката на претставникот на талибанците Забихула Муџахид, кој со години важеше за сомнителна фигура. Но сликата од Кабул покажува дека Талибанците наоружани до заби со автомобили на авганистанската војска патролираат по улиците на градот, а бројните жители ги набљудуваат. Сосема малку или воопшто ...

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.Во Скопје 106 сообраќајни казни, 47 за брзо возење На територијата на град Скопје се изречени 106 мерки при засилените акциски контроли на полицијата во сообраќајот во текот на вчерашниот ден, од кои 47 се за брзо возење, 20 за непрописно паркирање, 10 прекршоци од возачи на мотоцикли, осум за непрописно престигнување и обиколување и пет за возач почетник, соопшти Министерството за внатрешни ...

На платото пред Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата во Скопје денеска ќе биде одбележан Денот на Армијата на Македонија. Свеченоста ќе се реализира согласно протоколот на Комисијата за заштита од заразни болести за одбележување државни празници. Од Генералштабот на Армијата информираа дека обраќање ќе имаат претседателот на Република Северна Македонија и врховен командант Стево Пендаровски, министерката за одбрана Радмила ...

Рејтингот на американскиот претседател Џо Бајден падна на рекордно ниско ниво од 46 отсто, откако радикалните талибанци го прездоа Авганистан. Тоа го покажува анкетата на Ројтерс, пренесува БГНЕС. Ова е најниската оценка за работата на Бајден за целиот период од неговиот досегашен мандат како шеф на државата. За само една недела, рејтингот на поддршката на претседателот се намали за 7 отсто, што е исто така рекорден пад. Возрасни граѓани ...

Корона кризата предизвика огромни трошоци за австриската држава, кои, според експертите, достигнаа околу 100 милијарди евра. Само бесплатните тестови ќе ја чинат државата околу 1,8 милијарди евра до крајот на годината, што е само дел од трошоците досега. Економистот Хано Лоренц, покрај тоа, смета дека австриската економија е добро позиционирана за надминување на кризата, пишува „Независне новине“. „Ако имаме дисциплиниран буџет, ќе можеме да ја ...

Иако Турција до неодамна се мачеше со пожари, сега таа е погодена од големи поплави, пренесува АП. BREAKING – Massive flood strikes Turkey's black sea region. Moment of the floodwater causing destruction captured https://t.co/Ippqn2OeDE pic.twitter.com/1SDVP6URTN — Insider Paper (@TheInsiderPaper) August 11, 2021 Најмалку пет лица загинаа, а едно се води за исчезнато во големите поплави кои го погодија северниот дел на Турција. Поплавите синоќа ...

Талибаните тврдат дека не планираат да го преземат Кабул со сила, јавија американски медиуми. „Ничиј живот, имот или достоинство нема да бидат повредени, а животите на граѓаните на Кабул нема да бидат загрозени“, тврдат во изјава за американски медиуми бунтовниците откако денеска влегоа во предградија на главниот град на Авганистан. Владини службеници во паника кога ги напуштаат своите канцеларии, американски хеликоптери почнаа да слетуваат во ...

Потрошувачките цени во Германија во јули се зголемија најмногу во последните 27 години, објави Дестатис, посочувајќи на зголемените цени на енергијата, но и ниската споредбена основа од минатата година, кога стапката на ДДВ беше привремено намалена поради пандемијата. Цените скокнаа за 3,8 проценти минатиот месец во споредба со јули 2020 година, што е нивниот најголем пораст од крајот на 1993 година, објави во средата статистичката служба. ...

Државната изборна комисија (ДИК) го потпиша договорот со германската компанија „Дермалог“, која треба да ги набави потребните терминали за читање отпечатоци од прсти, системот за нивно функционирање, а ќе се грижи и за нивно одржување во следните четири години односно четири изборни циклуси. Договорот е во висина од околу 11 милиони евра. Првите 250 терминали за читање на отпечатоци од прсти што ќе се применуваат на локалните избори на 17 ...

Во гасењето на пожарот во атарот на селото Горно Мелничани во општина Центар Жупа, од утрово вклучени се два хелкоптера, кои со вода се снабдуваат од Дебарско Езеро.Тоа е по барање на градоначалникот Аријан Ибраим, поради ширењето на пожарот кој до сега има опожарено над 15 хектари високостеблеста букова шума. Пожарот, кој вчера беше ставен под контрола повторно се распламти на што влијаеше и ветерот, осебно во ноќните часови. -Во неговото ...

Германските власти уапсија вработен во Амбасадата на Велика Британија во Берлин под сомнение дека испраќал документи до руската разузнавачка служба, соопшти германското Федерално обвинителство, пренесе ДПА. Обвинителство во соопштението наведува дека осомничениот бил уапсен вчера во Потсдам, како дел од заедничката истрага на германските и британските власти, пренесува агенцијата АП. Уапсениот Британец бил идентификуван само како Дејвис С. Тој ...

„Вакцинацијата на пунктовите се одвива непречено и со зголемен интерес, а новоотворените пунктови ја дисперзираа зголемената работа на медицинските лица во поликлиниките и го смали редот на чекање за граѓаните. Вакцини има доволно од сите производители, а на неделно ниво со нови пратки истите се надополнуваат. Сите вакцини се безбедни и само со вакцинација на населението ќе го сочуваме колективното здравје. Ова е единствениот начин да почнеме ...

Две од заразените лица биле вакцинирани во април во Велика Британја со Астра Зенека, две со една доза со Фајзер во Германија, два случаи се со две дози Коронавакс, рече Бино, раководителка на Одделот за епидемиологија. Во Албанија потврдени се 21 случај заразени со Делта сојот, од нив осум се „увезени“, додека остантите се семејни кластери, изјави Силва Бино, раководителка на Одделот за епидемиологија, при Институтот за јано здравје и член на ...

Американскиот претседател, Џо Бајден, објави дека американската воена мисија во Ирак ќе заврши до крајот на годинава и посочи дека оваа одлука ја рефлектира реалноста на теренот повеќе отколку големите промени во надворешната политика на САД. Ова соопштение од претседателот на САД следи по одлуката за повлекување на американските сили од Авганистан, по 20 години воен ангажман. Американската воена интервенција во Ирак и Авганистан чинеше многу ...

Трошоците на живот во јули во однос на јуни се зголемени за 0,5 проценти, а цените на мало за 2,3 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Во споредба со јули лани, трошоците на живот се зголемени за 3,4 проценти, а цените на мало за 5,4 проценти. Пораст во однос на јуни е забележан кај цигарите за 0,9 проценти, млекото за 0,8 проценти, лебот и житата за 0,4 проценти и пивото за 0,3 проценти. Зголемување има и кај воздухопловниот ...

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на прес-конференција говореше за проблемите со формирањето на Владата во Бугарија, нешто што го кочи решавањето на проблемот со Македонија. Како што истакна Османи, без разлика на проблемите кои ги има Бугарија, комуникацијата мора да се одржи на ниво. Немаме дилема дека сме дел од Европа и дека припаѓаме на ЕУ. За жал, немаме охрабрувачки вести од Бугарија. Тоа се покажа како важен фактор за ...

Францускиот Парламент доцна синоќа ја усвои проширената употреба на ковид-пасошот, по викендот за време на кој се одржаа протести против таа обврска низ целата земја. Долниот дом на Парламентот со 156 гласа „за”, 60 „против” и 14 воздржани го усвои текстот за задолжителна санитарна пропусница за влез во ресторани и превоз, како и за задолжителна вакцинација на здравствените работници. Горниот дом, Сенатот, веќе усвои текст претходно, за кој ...

Министерот за економија Крешник Бектеши ги повика граѓаните, особено угостителските објекти, да ги почитуваат мерките за заштита и протоколите, оти само на тој начин ќе се спречи ширењето на коронавирусот. Тој потенцира дека како Влада се обврзани да ги поттикнат сите граѓани да се вакцинираат, се со цел да не бидат доведени во ситуација да воведат порестриктивни мерки. -Ако сме доведени во ситуација да воведеме целосен „локдаун“ на одреден ...

Министерството за образование и наука интензивно се подготвува за започнување на новата учебна година од 1 септември, во услови на пандемија преку пристап со кој ќе се обезбеди непречено одвивање на наставата, но и заштита на јавното здравје. Дополнително информираат од МОН дека досега од вкупно 31.447 лица вработени во училиштата, вакцинирани се околу 60% и апелираат наставниот и останатиот кадар во училиштата да се вакцинира со цел да го ...

Голем број гиганти за електронска трговија постепено ги воведуваат криптовалутите како нова опција за плаќање. Повеќето компании и натаму го разгледуваат пазарот и ги разгледуваат најдобрите опции на делување и се чини дека Amazon наскоро би можел да донесе конкретна одлука и да прифати дигитални валути како метод на плаќање. Огласот за работа, поставен од Amazon, сугерира дека компанијата конечно сериозно размислува за имплементација на ...

Во текот на вчерашниот ден е забележан значително зголемен интерес за вакцинација помеѓу граѓаните. Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 552.263 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 8.202 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 14.928 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 998.876 дози ...

Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, реализираше работна посета на компанијата Алкалоид Скопје, каде оствари средба со генералниот извршен директор и претседател на Управниот одбор, Живко Мукаетов, кој ги презентираше историјатот и развојните планови на компанијата и заеднички извршија обиколка на дел од производствените погони. Вицепремиерот Битиќи ...

Министерството за труд и социјална политика известува дека од денеска започнува етапната исплата на јулските пензии. Пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот. Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата: За пензии со ...

Според Груби активностите за одбележување на Охридскито Договор не се само активности за рефлекција или споредба, но тие ги оценува како начин на креирање на заедничка визија за следните 20 години. Првиот вицепремиер и министер за Политички систем и односи помеѓу заедниците, Др. Артан Груби беше денес присутен на панел дискусијата на тема: “По две децении, дали Рамковниот Договор е тесен за едно општество целосно отворено и еднакво“ организирано ...

Планот на Светската здравствена организација (СЗО) за втората фаза од истрагата за потеклото на коронавирусот содржи јазик што не ја почитува науката и Кина нема да го следи, изјави на прес-конференција Зенг Јинсин, заменик-шеф на Државниот комитет за хигиена и здравје на Кина, пренесува агенцијата ТАСС. – Што се однесува до предлогот на СЗО за втората фаза од истражувањето, тој содржи јазик што не ги почитува науката и здравиот разум. Ние нема ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
59%
1012
weather icon

Белград

18ᴼ / 15ᴼ
1.61
70%
1011
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
0.0
63%
1010
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
0.0
76%
1013
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
1.39
65%
1012
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 12ᴼ
1.54
81%
1012
weather icon

Атина

18ᴼ / 15ᴼ
0.45
74%
1011
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
82%
1013
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
72%
1012
weather icon

Букурешт

16ᴼ / 15ᴼ
1.03
61%
1011
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 14ᴼ
1.03
68%
1011
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 12ᴼ
3.09
48%
1012
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1049.88

Злато

109913.70

Бакар

9.54

Паладиум

29610.84

Платина

30576.51

Родиум

173614.03

Цинк

2.52