Врховната заедничка воена команда на Иран соопшти дека Ормутскиот теснец е повторно затворен откако ги обвини САД и Израел за кршење на договорот за примирје, објави иранската државна новинска агенција Мехр. Ова доаѓа во време кога Израел ги продолжи нападите во јужен Либан, и покрај договорот за примирје меѓу Израел и милитантната група Хезболах, кој наводно стапи на сила вчера во 14 часот по британско време. Командата соопшти дека ...

Институтот за јавно здравје попладнево соопшти дека во земјава е регистриран прв случај на Зика вирусна инфекција во земјава. Ризикот за населението во моментов се оценува како низок -На ден 17.06.2026 година, од страна на Одделението за вирусологија при ИЈЗ, Одделот за епидемиологија на заразни заболувања при ИЈЗ доби информација за конфирматорен позитивен наод на зика вирусна инфекција – соопшти Институтот за јавно здравје. Како што ...

Патничкиот железнички сообраќај од Скопје кон три клучни дестинации во државата ќе биде во целосен прекин во наредните десет дена, што ќе предизвика сериозни главоболки за стотици патници. Нарацијата нѐ води кон официјалната одлука со која ниту еден патнички воз нема да сообраќа во правец кон Велес, Гевгелија и Битола, оставајќи ги граѓаните без редовниот железнички превоз. Причината за овој радикален чекор е изведувањето на вонредни градежни ...

Бугарската европратеничка Рада Лајкова се огласи по инцидентот пред Амбасадата на Бугарија во Скопје, каде што беа запалени дипломатски возила, упатувајќи остри критики кон македонските институции и изнесувајќи контроверзни ставови за македонскиот јазик, историјата и идентитетот. Во своето обраќање, Лајкова тврди дека сторителот го извршил делото без пречка, пред очите на полицијата, која, според неа, не реагирала. Таа истовремено ја ...

Милорад Улемек Легија (58), кој издржува максимална казна од 40 години во најстрогиот затвор во Србија, т.н Алкатраз во Забела, наскоро би можел да ја промени адресата. Вишиот суд во Белград ја преиспитува одлуката на секои две години дали Улемек треба да продолжи да ја издржува казната во посебно одделение или дали е можно да биде префрлен во еден од затворите каде што условите за престој се малку поблаги. Одлуката се преиспитува на секои ...

Имам Роналдо,немам Винисус. Давам две од Мексико за еден од Босна.Вакви муабети се слушаа денеска во Градскиот парк каде се случуваше размена на сликички од Светското првенство. Деца, млади, како и луѓе во средни години ги разменуваа сликичките од Панини за Светското првенство. На некого му фали уште некоја сликичка а други пак не се не до половина. Некои сликичките што им недостасуваат ги имаа запишано на лист хартија, а други пак во ...

Мицкоски секогаш има нов рок, а никогаш резултати. Вака опозициската СДСМ ја коментира денешната најава на премиерот дека списокот за реконструкција на Владата ќе биде готов до 1 јули. Од партијата обвинуваат дека премиерот континуирано поставува нови рокови за да го прикрие неисполнувањето на претходните ветувања. Според СДСМ, пред само неколку недели Мицкоски тврдел дека до 1 јуни ќе бидат исполнети клучните реформи во државата, но тој рок ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во изјава за медиуми рече дека до крајот на јуни ќе се формализира реконструкцијата на Влада, а до 1 јули очекува списокот да се најде пред пратениците. Тој оцени дека вчерашната средба со претставници на ВРЕДИ поминала во добра атмосфера, но не изнесе детали во интерес на процесот. Во интерес на процесот не би зборувал премногу околу конкретни кадровски решенија, имиња и слично. Се разгледуваат секакви ...

Meксиканска навивачка е хит на социјалните мрежи со радоста што ја покажа по голот на нејзината репреентација против Јужна Кореја. Во вакви гради едноставно Мексико не може да загуби 🚨 WATCH: Thehtowngirl’s reaction to Mexico’s goal against South Korea! 🤯🇲🇽 “MEXICOOOOO!” 🗣️🔥https://t.co/aLU4jyimVE — World Cup 2026 (@WorldCupMedia_) June 19, 2026 Meксиканска навивачка е хит на социјалните мрежи со радоста што ја покажа по голот на ...

Македонското здружение „ВМРО ДПМНЕ Албанија“ организира курсеви по кошарка за деца и млади од 6 до 17 години, што се случува за првпат. -Со големо задоволство информираме дека од денеска почна пријавувањето за сите заинтересирани деца. Особено сме горди што можеме да споделиме дека децата од македонската заедница ќе ги посетуваат овие курсеви бесплатно, додека за сите останати деца ќе се применува симболична цена, информираше Елена ...

Олга Даниловиќ веќе подолг период не учествува на тениски турнири, а поради тоа доживеа голем пад на ВТА листата. Таа го одигра својот последен натпревар на почетокот на февруари кога беше поразена од Полјачката Цвалинска, а неодамна објави дека и Јан Облак се свршиле. Олга и Јан очекуваат дете, а ќерката на кошаркарската легенда Предраг Даниловиќ треба да се породи во септември, објави „Спорт клуб“. Олга Даниловиќ веќе подолг период не ...

Македонската женска одбојкарска репрезентација го претрпе и петтиот пораз во годинашново издание од Европската лига откако вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ загуби од Хрватска со 3:0 (25:15; 25:12 и 25:15) во сетови. Противничките кои важеа за фаворитки ја потврдија улогата и со игра без осцилации стигнаа до третата победа. Во средината на првиот македонските одбојкарки одиграа најквалитетно и направија серија од 5-1, но сепак предноста на ...

Кривичниот суд попладнево по сослушување на осомничените за проневера во Фудбалската Федерација на Македонија одлучи на три лица да им определи мерка притвор од 30 дена, а на пет лица им е определен куќен притвор. Во 30-дневен притвор одат поранешниот претседател на ФФМ Илчо Ѓорѓиевски и уште две лица со иницијали О.М. и Ѓ.Ч. Куќен притвор им е определен на Н.Л., И.П., И.Ш.,С.Т. и К.А, а мерки на претпазливост на Т.П., Ј.Д., Д.Ј. и Е.Н. Од ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги оцени вооружените сили на својата земја како практично „втора најсилна армија во НАТО“, пренесува ДПА. Тој изјави пред новинарите дека „на НАТО му требаме ние“, објави украинскиот портал „Хромадске“. Тој додаде дека тоа е веќе факт што го признаваат сите шефови на држави членки на Алијансата. Според Зеленски, во текот на одбраната од руската инвазија, украинската армија се покажала како повеќе од ...

Израелски напад е изведен врз местото Суџуд во јужен Либан по објавувањето на договорот за прекин на огнот меѓу Израел и либанското шиитско движење Хезболах, поддржано од Иран, јавува либанската Национална новинска агенција (ННА). Агенцијата исто така извести за летови на беспилотни летала над населени места во околината на големиот јужен град Тир. Според Франс прес, нивни дописник слушнал и продолжено артилериско гранатирање во подрачјето на ...

Српскиот кошаркарски тренер Жељко Обрадовиќ е пред враќање во грчкиот тим Панатинаикос, каде имаше успешна работа во минатото. Според информациите од Атина, Обрадовиќ денеска е во Атина на разговори со сопственикот на клубот Димитрис Јанакопулос. Доколку се случи Обрадовиќ да постигне договор со Панатинаикос тоа ќе значи враќање по 14 години на местото каде имаше одлични резултати. Обрадовиќ на клупата на Панатинаикос беше од 1999 до 2012 ...

Фудбалерот на САД, Кристијан Пулишиќ најверојатно ќе го пропушти натпреварот од второто коло против Австралија (натпреварот се игра вечерва во Сиетл – 21 часот). Тој се повреди на дуелот со Парагвај и четири дена тренира одвоено од екипата. Веста ја потврди селекторот на САД Маурицио Покетино, но на прес конференцијата не даде гаранција за негов настап против Австралија. – Ако не биде подготвен за дуелот со Австралија, ќе биде на располагање ...

Грција, како што имам кажано, би била подготвена да учествува во некој вид мисија, која, сепак, ќе треба да има меѓународен легитимитет на ниво на Советот за безбедност на ОН, доколку тоа биде потребно. Во моментов, сепак, такво нешто не се наоѓа на маса, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на прес-конференцијата по завршувањето на Самитот на ЕУ во Брисел во однос на тоа каква би можела да биде улогата на Грција во Ормуската Теснина, јави ...

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Ацо Ристов, предложи нов модел за финансирање на стратешките енергетски објекти во кој директно би се вклучиле граѓаните преку купување на акции. Овој став тој го изнесе на тркалезната маса „Зајакнување на конкурентноста – Енергетската транзиција, CBAM и иднината на македонската индустрија“, организирана од „Фајнанс тинк“. Според него, наместо традиционалното инвестирање во ...

Читатели на Нетпрес, кои престојуваат во туристички во местото Миражио Паљури на Халкидики во соседна Грција, до редакцијата на порталот испратија фотографии на кои се гледа поранешниот македонски премиер и некогашен лидер на СДСМ, Зоран Заев, на неговата лускузна јахта. Информациите, кои стигнаат до Нетпрес велат дека јахтата наводно чини околу 800.000 евра, и дека најверојатно е произведена 2024 година. Целата галерија на погледнете ја на ...

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, информира дека на Самитот со ЕУ за транспорт одржан во Солун, одржал корисни разговори за големи инфраструктурни проекти кои ќе ја развијат економијата во регионот. Македонија со својата геостратешка позиција е природна раскрсница на Балканот. Со големи инфраструктурни проекти ќе ја направиме Македонија значително подобро место за живеење“, вели Николоски. Николоски додава дека на ...

Во првото тримесечје од 2026 година во Македонија има 707.385 вработени лица, наспроти 691.736 вработени во второто тримесечје од 2024 година.Тоа значи дека денеска во Македонија има близу 17.000 повеќе вработени лица.Истовремено, стапката на невработеност е намалена од 12,5 на 11,3 проценти, додека пак стапката на вработеност е зголемена од 45,6 на 46,5 проценти. Оперативниот план за вработување за 2026 година е вреден речиси 40 милиони евра ...

На стартот од новата сезона во Премиер лигата на 21. август (петок) првакот Арсенал на домашен терен го пречекува повратникот во најквалитетното англиско натпреварување Ковентри, екипа која ланската сезона ја освои титулата во Чемпионшип. Уште еден од повратниците во лигата има за противник повеќекратен првак, Хал е домаќин на Манчестер Јунајтед во првиот натпревар од саботната програма, додека на другите дуели двојките се: Евертон – Кристал ...

Процесот за најавената реконструкција на Владата се одвива преку тековни разговори со коалициските партнери, при што денес и утре се предвидени средби со политичките партии ЗНАМ и ВРЕДИ. Од Владата посочуваат дека станува збор за рана фаза на процесот кој бара внимателен и одговорен пристап, поради што засега не се изнесуваат дополнителни детали во јавноста. Оттаму додаваат дека јавноста ќе биде навремено информирана кога ќе бидат постигнати ...

Ја користам оваа прилика да се заблагодарам на секој еден од основачите, кој што, со своето дело, со својата храброст, со својата енергија, со својата визија, го создаде ова што денеска ние го имаме, а тоа е најголемата политичка партија во Македонија и најголемата организација на Балканот, ВМРО-ДПМНЕ, напиша Мицкоски. И благодарам, за сето ова што го направија на тој 17 јуни 1990 година! Edit Ја користам оваа прилика да се заблагодарам на ...

Блокадата награнични премини меѓу Македонија и Бугарија, која беше најавена за во недела од бугарската Фондација Македонија, е откажана. „Организаторите соопштија дека одлуката е донесена по разговори со бугарските институции и дипломатски претставници, со цел да се избегнат непотребни тензии и застои во сообраќајот. Според моменталните информации на 21 јуни не се очекуваат организирани блокади на граничните премини меѓу двете земји, а ...

Фудбалерите на Мексико со победата од 1:0 над Јужна Кореја обезбедија пласман во следната рунда од Светското првенство. Тие ја постигнаа и втората победа и со шест бодови се на првата позиција во А групата. Стрелец на единствениот гол беше Луис Ромо во 50.минута. На првиот дуел од групата Чешка и Јужна Кореја одиграа нерешено 1:1. Мексико е прв на табелата пред Јужна Кореја која има три бодови, а Чешка и Јужна Африка имаат по еден. ...

– Ќе останеме приземјени, нема да се претеруваме. Ќе се погрижам тимот да биде подготвен во секој поглед да се фокусира и концентрира и да се натпреварува за да ја освои групата и навистина да се подготви за успех на овој турнир. Но, во оваа работа научив дека, знаете, големите моменти не доаѓаат толку лесно и мора да ги цените и мора да ги славите, изјави селекторот на Канада, Џеси Марш. – Ќе останеме приземјени, нема да се претеруваме. Ќе ...

– Репрезентацијата на Швајцарија ја постигна првата победа на Мундијалот откако вечерва ја совлада Босна и Херцеговина со 4:1. По изедначеното прво полувреме, во вториот дел головите беа постигнати во последните 15 минути. Швајцарија првиот гол го постигна во 74.минута кога Јохан Манзамби одлично реагираше на една одбиен топка во противничкиот 16-тник и со волеј удар ја затресе мрежата на противникот. Шест минути подоцна БиХ продолжи со играч ...

Бразилскиот фудбалер Нејмар нема да биде во комбинација за дуелот против Хаити, извести бразилската федерација. Тој нема да патува за Филаделфија каде „кариоките“ ќе го играат вториот натпревар. Нејмар ќе биде во Њу Џерси и ќе се заздравува од повредата. Засега уште работи индивидуално во теретана и од медицинскиот тим му е забрането да има активности, кои бараат и физички контакт. Последниот натпревар го одигра на 17. мај за својата екипа ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
2.11
37%
1020
weather icon

Белград

31ᴼ / 29ᴼ
2.68
52%
1020
weather icon

Загреб

32ᴼ / 32ᴼ
2.05
41%
1021
weather icon

Софија

25ᴼ / 25ᴼ
2.28
42%
1022
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
3.47
43%
1020
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 27ᴼ
1.89
74%
1022
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
5.81
39%
1019
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
1.87
54%
1020
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
2.07
45%
1020
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 28ᴼ
1.34
40%
1020
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 30ᴼ
4.02
44%
1020
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 22ᴼ
5.46
75%
1021
Currency

61.6417

Currency

53.7211

Currency

71.1705

Currency

37.6717

Currency

37.9349

Currency

66.5663

Currency

7.93737

Currency

0.73503

Currency

0.33311

Currency

0.52522

Currency

1.15679

Currency

0.56962

Родиум

257205.97

Алуминиум

3.40

Злато

133769.08

Бакар

12.73

Платина

53498.84

Паладиум

39866.93

Калај

53.45

Кобалт

45.39

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Сребро

2087.39

Рутениум

48965.59