Овен Излезете од својот оклоп ако сакате да постигнете успех на работа – посоветувајте се со колегите и прифатете ги нивните сугестии. Попладнето опуштете се, се чувствувате исцрпено од напорниот период на работа, но и проблемите дома. Овните во врска ќе му покажат на партнерот колку им значи. Бик На работа ќе се најдете во некоја невозможна ситуација од која едвај ќе успеете да се извлечете. Бидете отворени за сугестии, ако сакате да си ја ...

Царински службеници на граничниот премин Меџитлија спречија обид за нелегално пренесување на непријавено лице во државава, откако мајка од Јужноафриканска Република се обидела да ја пренесе својата ќерка во багажник на изнајмено возило со македонски регистарски таблички. Имено во понеделникот, на 7 август, на влез во државава, на граничниот премин со Грција во Битола, се пријави државјанка на Јужноафриканска Република со иницијали Ц.Л.Р. (57), ...

Лионел Меси постигна два нови гола, а Интер Мајами го победи Орландо Сити со 3-1 во мечот од Лига купот, натпреварување во кое за трофејот се борат екипи од МЛС лигата и од мексиканското првенство. Со нови два гола, Аргентинецот стигна до својот петти гол во третиот натпревар за својот нов клуб, а неговиот тим се пласираше во осминафиналето на натпреварувањето. Необично, но Меси не го изведе пеналот на својот тим во 51. минута туку топката ја ...

Денес се навршуваат 22 години од крвавиот 10 Август 2001 година кога кај месноста Љуботенски бачила осум припадници на македонските безбедносни сили ги даваат своите животи за Македонија. Нема да оставиме нивната жртва да биде залудна, а нивното дело заборавено. Да ја цениме нашата слобода, нашата земја и заветот за Македонија. Да се одолжуваме кон хероите на тој начин што нема да ја заборавиме нивната жртва, порача градоначалникот на Бутел, ...

Министерството за внатрешни работи денеска објави јавен оглас за засновање на работен однос на 600 извршители на работно место полицаец, согласно своите организациски потреби, како и согласно одредбите од законите за внатрешни работи и за полиција, и соодветните подзаконски акти. Имено, за работната позиција полицаец во Секторот за внатрешни работи Скопје се бараат 300 извршители, во Секторот за внатрешни работи Охрид се отворени места за 100 ...

Гранки, лисја, тупаници летаат меѓу вработени во ЈП „Паркови и зеленило“, се гледа на видеото објавено на социјалните мрежи. Тепачката се случила пред Зоолошката градина во Скопје, а на видеото може да се забележи дека неколкумина вработени ги разделуваат раскараните колеги. Засега не е позната причината за инцидентот меѓу вработените во претпријатието. ЈП Паркови и Зеленило, жестока расправа за “Европскиот Манифест” со дрвја, камења, тупаници и ...

Започнуваме со решавање на деценискиот проблем на жителите во нас. Железничка. Стотина домаќинства немаат приклучок на фекална канализација од самото формирање и градење на населбата. Жалам што децении наназад никој не пристапил кон решавање на овој проблем и потреба на жителите во 21 век. Реализацијата на проектот за поврзување на нас. Железничка со фекална канализација ќе се одвива во две фази. Првата предвидува поврзување на Горна Жележничка ...

Вчера со положување цвеќе и панихида пред спомен плочата кај месноста Карпалак на автопатот Тетово-Скопје утрото беше оддадена почит кон десетте загинати бранители од Прилепско кои беа убиени во заседа во оружениот конфликт во 2001 година. Почит им оддадоа министерката Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, претставници на претставници на Владата, од кабинетот на Претседателот, ...

На жителите во загрозените подрачја им е препорачано да се евакуираат бидејќи бурата, со предвидени налети до 233 километри на час, полека се движи кон северозапад, а само во градот Наха беа погодени најмалку 20.000 луѓе. Моќниот, но бавен тајфун „Канун“, пропратен со силен ветер, оштети далноводи во јапонската префектура Окинава, популарна туристичка дестинација и остави околу 200.000 домаќинства без струја, а досега е забележан еден загинат и ...

Во Прилеп и во месноста Карпалак денеска ќе бидат одбележани 22 години од загинувањето на армиските резервисти: Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски. Високи државни делегации ќе им оддадат почит со положување цвеќе. Министерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал ...

„Малата Магдалена ја убија по вторпат – сол на рана за нејзиното семејство!“, пишува познатиот инфлуенсер Никола Николовски – Боемот во својата објава на Инстаграм. Неговиот став го пренесуваме во целост. Малата Магдалена ја убија по вторпат – сол на рана за нејзиното семејство! Апелациониот суд во Скопје ја намали 18-годишната казна затвор на осум години, на велешанецот Ангелче Николов. Да се потсетиме тој доби затворската казна во висина од 18 ...

Стотината пчелари од дебарскиот регион, поради климатските промени годинава се соочија со минимален приход од пчелните семејства а дел од нив дополнителна штета претрпеле и од мечките. Веќе неколку месеци во општина Дебар но и во поширокиот регион, мечки имаат уништено околу 200 пчелни сандаци. По пријавата од страна на пчеларите посебна комисија врши увид, по што пчеларите преземаат соодветни законски активности, бидејќи мечката е заштитена со ...

Во Стар Дојран, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Стар Дојран го лишиле од слобода И.Х.(22) од Египет. Како што објавија од МВР, околу 07.30 часот тој бил затекнат со група од 25 лица мигранти (меѓу кои пет малолетници), сите од Сирија и по преземени мерки било утврдено дека тој ги организирал и им помогнал илегално пеш да ја поминат државната граница од Грција во Македонија. Мигрантите биле ...

На почеток од нашиот одговор за интервјуто на Ковачевски добро е да и се објасни на јавноста како е реализирано интервјуто за МИА со Димитар Ковачевски којшто најави дека од 3 август е на одмор во странство во до сега необјавена држава и локација? Дали е однапред направено или истото е направено од плажа, или е напишано на друг начин, прашува ВМРО-ДПМНЕ. Тоа што е суштинско и што недостасува во ламентирањето на Ковачевски во интервјуто е зошто ...

Доскорешниот потпретседател на Судскиот совет Селим Адеми 9 години го користи службеното „ауди“, иако само претседателот има право на службено возило, потврди претседателот на Судскиот совет Сашко Георгиев на прашање од „Сакам да кажам“. Адеми, кој е од Тетово, повеќе години беше на потпретседателското место во Судскиот совет и иако не му следува службена кола, тој уште ја користи без прекин. Георгиев за порталот потврди и дека годишната ...

Пеп Гвардиола конечно го доби Јошко Гвардиол, откако Манчестер сити постигна договор со РБ Лајпциг за трансферот на младиот хрватски бек. Европскиот и англиски првак ќе плати обесштетување од 90 милиони евра, со што 21-годишниот Гвардиол би требало да стане најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот. Оваа сума не ги вклучува бонусите, чија висина засега не е позната. Актуелниот рекордер е Хари Мегваер, за кого Манчестер јунајтед плати 92 ...

Џанлуиџи Буфон ова попладне го официјализираше она што се „шушкаше“ во италијанската јавност веќе некое време, бидејќи се јави со кратко соопштение со кое потврди дека става крај на професионалната кариера. После 28 години минати во фудбалскиот врв, Џиџи реши да се повлече од фудбалот на 45-годишна возраст и да стави крај на сонот кој никогаш не сакаше да го заврши, а со својата одлука предизвика многу реакции во цела фудаблска спортска јавност. ...

Бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ кој ги наруши односите меѓу двете земји повторно е активен.На неговото отворање дојде тогашниот бугарски премиер Кирил Петков и потпретседателката Јотова. Неколку месеци по отворањето овој клуб од Битола беше затворен и избришан од регистарот отако македонското Собрание донесе закон со кој се забрануваат клубови и здруженија кои носат имиња на фашистички соработници. Но, затворањето не му пречи на клубот повторно ...

Хантер Бајден бил ангажиран од една украинска енергетска компанија за да додаде вредност на „марката“ и му се јавил на својот татко, претседателот Џо Бајден, за време на клучните состаноци за да ги импресионира клиентите на компанијата, наводно, изјавил поранешниот деловен соработник на Хантер на сослушувањето во Конгресот во понеделникот. Хантер Бајден се приклучи на одборот на украинската енергетска компанија Бурисма во 2014 година, додека ...

Ковачевски, Маричиќ и Османи прописно се посрамотија за овој Илинден. Го чествуваа без да споменат дека е македонски и го злоупотребија да го убедуваат народот за уставните измени, иако над 80% од граѓаните се против уставни измени под бугарски диктат, обвинува ВМРО-ДПМНЕ. Наместо да ја трошат енергијата да го понижуваат својот народ, требаше да реагираат на пораките кои доаѓаат од Софија на овој голем ден кој се целосно негаторски за ...

Општина Центар информира дека минатата недела е извршено мерење на бучава во угостителските објекти „Мош“ и „Интермецо’, по што се спроведени инспекциски постапки со платен налог за глоба за сторен прекршок согласно Законот за заштита од бучава во животна средина. Правните лица можат да платат половина од казната во рок од осум дена. По извршените мерења на бучава, овластената лабораторија за животна средина ги достави извештаите од мерењата, ...

Лидерот на Левица познат по продавањето социјлани политики дека македонските граѓани едвај преживуваат покажа на дело дека не треба да се гледа што говори туку што прави. Истиот тој Димитар Апасиев утрово на аеродромот во Скопје е забележан како се чекира за лет за Египет. Димче и сопругата работничките права ќе ги бараат во Хургада, лукзузно одмаралиште каде одат оние со подлабог џеб и каде сѐ е на база „ол инклузив“. За оваа понуда нема ...

Meтеорологот Славчо Попоски вели дека од вечерва, и за време на викендот, Џеновски циклон ќе донесе снег во Алпскиот регион и страшно невреме на Балканот, но овој пат невремето нема да ја одмине нашата држава, односно невремето ќе ја зафати и Македонија. Од ова страшно невреме од вечерва, а особено од утре па за време на викендот на многу места во целиот регион се очекуваат интензивни врнежи од дожд, поплави, силни грмежи, ветер, како и појава ...

Гледаме целосен распад во последните две години од работењето на Зоолошката градина во Скопје, алармира активистот Стефан Кирков. Во неговото гостување на „Алфа“, тој зборуваше за последните случаи со починати животни, а откри и дека во мај починале и два пингвина, но тоа било сокриено од јавноста. Ако има некаков проблем, мора да се сподели со јавноста, и веднаш да се работи на него. Доста е од евтин ПР, се работи за живи суштества и мора да се ...

Директорот на Клинички центар да го бира Владата, но раководители да бидат вработени на клиниката со минимум 20 години искуство, истакна денеска на прес-конференција доктор Нико Беќаровски, член на Иницијативниот одбор за формирање синдикат, кој денеска се спои со синдикатот на Клиничкиот центар во докторски одбор „Хипократ“. Иницијативниот одбор ја поздравува идејата за спојување на Клинички центар, тоа беше една од нашите заложби. Меѓутоа, од ...

Уставен суд оформи предмет по иницијативата на адвокатката Сузана Јошевска и граѓанската иницијатива Шанса за Центар со која го оспоруваме ДУП за Буњаковец во кој спаѓа и подрачјето на „Треска“, соопштија од иницијативата. Се надеваат на еднакво брзо и ефикасно постапување на судот имајќи предвид што и инвеститорите забрзано се подготвуваат да почнат со градба. Од „Шанса за Центар“ посочуваат дека градоначалникот на општина Центар, Горан ...

Од Уставниот суд информираат дека се формирани предмети за законските измени на Законот за работни односи и измената на ДУП Буњаковец 2. Хелсиншки комитет за човекови права поднел иницијатива за член 1, 2 и 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ бр.111/23). Со оспорените членови, како што е наведено во иницијативата, се напушта нивотo на заштита кое го нудат позитивните ...

– Празничниот ден на програмата на „Охридско лето“ резервиран за Италијанската вечер, со најпознатите светски арии во изведба на тенорот Џани Лечезе во пијано-придружба на маестро Екланд Хаса. Лечезе е ученик на Вилијам Матеуци и Леоне Магиера. Џани Лечезе дебитира во операта „Палјачи“ од Р. Леонкавало во театарот во Пиза, по што настапува со истата улога во Гросето, Пескара, Витербо, во рамки на театарските сезони и на фестивали. Неговата ...

Легендарниот бразилски фудбалер Марсело го направи најлошиот фаул во неговата кариера. Искусниот 35-годишен дефанзивец кој настапува за тимот на Флуминесе, направи брутален фаул на дуелот против Аргентинос Јуниорс, поради кој веднаш беше и исклучен. Се играше 58 минута кога Марсело згазна на ногата на Лучијано Санчез и му ја скрши. Марсело немаше намера да го повреди противникот, но го направи еден од најлошите стартови што може да се види во ...

Овен Ќе бидете отворени за нови идеи. Ова ќе ви го олесни секојдневието и ќе ви даде можност да бидете попродуктивни. Некој пријател може да ви понуди да почнете заеднички бизнис. Убаво размислете дали ќе ја прифатите или одбиете понудата. Чувствувате негативен набој од партнерот – разговарајте отворено за работите што го мачат. Бик Околу вас се случуваат многу работи, па не стигнувате да завршите сè што сте испланирале. Забавете го темпото. ...

Скопје

9ᴼ/9ᴼ
1.54
76%
1020

Белград

14ᴼ/12ᴼ
5.66
58%
1016

Софија

16ᴼ/12ᴼ
0.0
56%
985

Сараево

17ᴼ/17ᴼ
2.53
47%
1017

Љубљана

12ᴼ/8ᴼ
3.09
88%
1003

Атина

20ᴼ/16ᴼ
1.79
53%
1017

Тирана

12ᴼ/12ᴼ
0.51
76%
1020

Подгорица

15ᴼ/14ᴼ
1.03
77%
1020
Currency

61.615

Currency

57.1177

Currency

72.1028

Currency

37.239

Currency

42.1843

Currency

63.3539

Currency

7.90283

Currency

0.61687

Currency

0.3772

Currency

0.52643

Currency

1.76281

Currency

0.68476

Алуминиум

2 $

Кобалт

558 $

Никел

524887 $

Рутениум

24115 $

Калај

27 $

Сребро

785 $

Злато

70609 $

Бакар

8 $

Паладиум

31906 $

Платина

28698 $

Родиум

150321 $

Цинк

76077 $