
Скопје
16ᴼ /
16ᴼ



Американскиот кошаркар Алекс Карузо беше уапсен во вторникот вечерта во Тексас, откако полицијата пронајде марихуана во негова близина, како и опрема за нејзино консумирање. Карузо заедно со Леброн Џејмс и Ентони Дејвис го предводеа Лос Анџелес Лејкерс кон титулата минатата сезона, а исто така важи за еден од милениците на навивачите. Полицијата го одвела Карузо во станицата, откако во неговиот автомобил била пронајдена дрога, но по платената ...
Бонусот на плата во износ од 3000 денари ги натера вработените од компанијата Макстил АД побрзо да се решат да примат вакцина. Компанијата веќе втор месец исплаќа ваков додаток на сите работници кои ќе приложат документ дека се вакцинирани. „Нашата цел беше да се наградат вработените кои се грижат за себе, за колегите, за здравјето на своето семејство, за компанијата, но и да биде мотив плус за оние што се двоумат’’, изјави за Локално.мк ...
Угостителите и туристичките работници реагираат за рестриктивните мерки што ги донесе Владата по препорака на Комисијата за заразни болести. Вчера се пожалија и трговците. Укажаа дека трговските центри се речиси празни, дека нивната посетеност во споредба со минатиот месец е намалена за 60 отсто, како и дека бележат пад на прометот за 40 проценти. Бизнис секторот укажува дека мерките се преостри, дека се донесени без најави, но и без консултации ...
Според податоците на Државниот завод за статистика, во академската 2020/2021 година се запишани 50.881 студенти, што претставува намалување за 1,7 процент во однос на академската 2019/2020 година. Најголем број студенти – 83.8 % се запишани на државните високообразовни установи, додека 15,5 %, или 7.886 се запишани на приватните високообразовни установи. Зависно од изборот на факултетот и од изборот на приватниот универзитет, за студирање, за ...
Околу 40 илјади граѓани од денеска ќе можат да ги подигаат новите лични карти на кои ќе биде впишано новото име Република Северна Македонија. Печатењето и издавањето на личните карти е деблокирано откако Владата со подзаконски акт го овозможи тоа. МВР два месеца не можеше да издава лични кари со новото име на државата и согласно Законот за употреба на јазиците, бидејќи во Собранието е заглавен Законот за лични карти, кој опозицијата го блокира ...
Економските политики на Владата предводена од СДСМ продолжуваат да даваат резултати што се рефлектираат со постојаниот раст на платите, развојна и динамична економија. Просечната плата во јуни годинава изнесува 28.724 денари, што е за 7 отсто, односно за 1877 денари повеќе во однос на јуни минатата година. За четири години просечната плата во државата, односно од јуни 2017 година досега, е зголемена за една четвртина, односно за над 6.000 ...
Јавниот конкурс за ангажирање реонски попишувачи и инструктори за претстојниот Попис на населението, домаќинствата и становите трае уште денеска. Сите заинтересирани кандидати за реонски попишувачи можат да се пријават на онлајн апликацијата достапна на www.stat.gov.mk и popis2021.stat.gov.mk. Конкурсот беше отворен на 20 јули, но потоа беше продолжен до 25 август. Државниот завод за статистика, информира дека ќе биде организирано дополнително ...
Секојдневно е во пораст бројот на починати како последица од коронавирусот – во изминатото деноноќие беа евидентирани 32, од кои најмладиот на 32 години од Делчево. Владата вчера на седница ги дополни важечките антиковид-мерки. Донесена е одлука нашите граѓани кои по 1 септември ќе влегуаат во државата да поминат седум дена во карантин доколку немаат една од трите медицински потврди – негативен ПЦР-тест или серификатите за вакцинација односно за ...
Русија соопшти дека ја зајакнала својата воена база во Таџикистан со противтенковски системи, а претседателот Владимир Путин предупреди дека „хаосот” предизвикан од Западот со повлекувањето од Авганистан ја загрозува соседната земја. Базата доби неколку противтенковски системи „Корнет”, соопшти руската војска. Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу пред околу еден месец најави проширување на најголемата руска база во странство, а руските ...
Асоцијацијата на спортски обложувалници алармира дека ако продолжат мерките и непосетеноста на објектите за игри на среќа, ударот врз нивниот профит ќе биде толку силен што ќе мора да отпуштаат работници. По казината и обложувалниците работат околу над 10 илјади луѓе, а преку даноците кои ги плаќаат, годишно во државниот буџет од нив се слеваат 280 милиони евра или учествуваат со 4% во бруто домашниот производ. Од Асоцијацијата велат посетеноста ...
Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе донесе одлука за цените на нафтените деривати кои ќе важат од полноќ. Минатата недела РКЕ ги намали цените на нафтените деривати за половина денар. Од 17.8.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати изнесува: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 71,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 73,50 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 62,00 (денари/литар) Масло ...
Биткоинот го продолжи трендот на закрепнување, достигнувајќи вчеравечер вредност од 50.000 долари, наведе CoinDesk. Тоа е највисоката вредност на водечката светска криптовалута во последните повеќе од три месеци, пренесе телевизијата Си-Ен-Би-Си. Оваа дигитална валута во април го забележа историскиот максимум од над 64.000 долари, но во јуни и јули следуваше нејзината распродажба и урување на вредноста, што опадна дури и под 30.000 долари. Ова ...
Ниту еден бегалец нема да прими Словенија, ниту ќе дозволи да ѝ се повтори мигрантската криза од 2015 година, децидно објасни словенечкиот претседател Јанез Јанша во свое обраќање, пренесува МИА. „Нема да си дозволиме да ги повториме стратешките грешки од 2015 година. Ќе им помогнеме само на поединци кои ни помогнаа за време на мисијата на НАТО и на земјите-членки на ЕУ кои ја штитат нашата надворешна граница“, објави Јанша на Твитер. Дека тоа е ...
Третата доза на вакцина Фајзер против ковид-19 значително ја подобри заштитата од инфекција со коронавирусот и сериозни истовремени заболувања кај луѓе постари од 60 години, велат новите истражувања од Министерството за здравство на Израел. Овие наоди се совпаѓаат со податоците објавени минатата недела од компанијата за здравствено осигурување „Макаби“, една од организациите што спроведуваат вакцинација и се борат да го спречат ширењето на делта ...
Претседателот на германската агенција за вработување, Детлеф Шеле, упати итен апел до владата во Берлин, во кој предупреди дека земјата има потреба од 400.000 имигранти годишно поради недостаток на работна сила, што е многу повеќе отколку во претходните години. “Како резултат на демографскиот развој, бројот на потенцијално работоспособно население ќе се намали за 150.000 оваа година. Ќе биде многу подраматично во наредните години”, изјави Шеле ...
Талибанците, кои ја преземаа власта во Авганистан по 20-годишна вооружена борба, почнаа да именуваат службеници на клучните функции во владејачкиот систем на земјата во војна. Гул Ага беше назначен за министер за финансии и в.д Садра Ибрахим беше назначен за министер за внатрешни работи. Според извештаите на авганистанските медиуми, Наџибула бил назначен за шеф на разузнавачката служба, а Мула Ширин за гувернер на Кабул, додека Хамдул Номани ја ...
Човечките ресурси се можеби најбитниот фактор на една држава и истите треба да се третираат како национална стратегија. Нема успешна држава без квалитетен кадар и не може кадарот да се задржи доколку државата не е успешна! Каде и дали погреши Македонија во овие 30 години независност од аспект на својот кадровски потенцијал? Одговорот лежи во емиграцијата. Погреши во тоа што државата не можеше да го следи трендот на успешниот кадар. Поединците ...
Оваа недела треба да пристигнат првите 250 терминали за читање на отпечатоци од прсти што ќе се применуваат на локалните избори на 17 октомври. Како што најави претседателот на ДИК Александар Даштевски во неодамнешното интервју за МИА, фингерпринт апаратите треба да бидат во земјава на 25 август. Германската компанија „Дермалог” со која ДИК потпиша договор вреден 11 милиони евра, покрај испорака на терминалите за читање отпечатоци од прсти, ќе ...
Европската комисија вчера го одобри нашиот дигитален сертификат за ковид-19. Нашата држава, како што информира Министерството за здравство, е прва во регионот за која сертификатите за ковид-19 ќе се сметаат за еквивалентни на Дигиталниот сертификат на ЕУ. – Со ова се избегнуваат сите ограничувања во патувањата како што се дополнително тестирање или карантин. Во неопходни случаи, како што е заштитата на јавното здравје, земјите членки можат да ...
Израел вечерва повторно истрела ракети врз областа Дамаск, објави сириската државна телевизија Ахбари и државната новинска агенција САНА. Сириската противвоздушна одбрана, наводно, се спротивставила на „израелската агресија“ околу Дамаск. SyADF responding to Zst aggression #Damascus pic.twitter.com/n4cqzBOQjv — Bosni (@Bosni_94) August 19, 2021 Во соопштението на сириската армија се наведува дека „израелскиот непријател ја изврши воздушната ...
Ставот дека Грција нема да толерира никаква инструментализација на ситуацијата во Авганистан и нема да дозволи да се повтори 2015 година во мигрантското прашање, го истакна портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому, на денешниот редовен брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина. За состојбата во Авганистан и евентуаланите нови мигрантски бранови во Грција, рече дека Владата, нејзините активности ќе ги усогласи со Европската унија ...
Јужнокорејската компанија „Алмак“ и американската компанија „Дура аутомотив системс“ денеска во ТИРЗ 2 во Скопје го означија почетокот на заедничката инвестиција во Македонија. Станува збор за инвестиција од околу 30 милиони евра кои ќе бидат вложени во изградба на современ објект во кој ќе се произведуваат лесни профили за автомобилската индустрија. Планирано е фабриката да се изгради на површина од 80 илјади квадратни метри и да почне со ...
Дел од капиталните инвестиции поврзани со водостопанство, наводнување, водоснабдување и одводнување спаѓааат во надлежност на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Управата за водостопанство и АД „Водостопанство“. На крајот на годината очекуваме да направиме мултифункционално решение, во кое помагајќи ги јавните комунални претријатија кои што должат према АД Водостопанство 298 милиони денари обврски од 2013 наназад, Владата ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничниот премин Табановце за излез од државата има чекање околу 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и ...
Нов Зеланд одобри употреба на Фајзер/БиоНТек за деца и адолесценти со цел да се сузбие ширењето на коронавирусот, соопшти денеска премиерката на таа земја Џасинда Ардерн. Нов Зеланд од денеска е во строго „затворање“ откако беше идентификуван еден случај на локална трансмисија на вирусот, прв по речиси шест месеци. Кластерот во Окленд сега има 21 случај на инфекција, од кои 11 нови случаи се регистрирани во изминатото деноноќие.. Ардерн рече ...
Директорката на Агенцијата за храна во Обединети нации, Мери Елен МекГрути изјави дека хуманитарната криза во Авганистан претставува закана за 14 милиони луѓе, кои се соочуваат со глад откако талибанците ја презедоа власта. Таа за време на видео брифингот со претставниците на ОН во Кабул истакна дека конфликтот во Авганистан, втората најлоша суша во изминатите три години и социјалниот и економскиот удар од пандемијата со Ковид-19, ја втурнаа ...
Цената на биткоинот продолжува да расте. Вчера достигна вредност од 47.542 долари, што е зголемување за 3,87 проценти во последните 24 часа. И втората најпозната криптовалута етериумот е со зелена боја. Денес, вреди 3.304 долари, што е, според пишувањето на страницата coindesk, зголемување на вредноста од 3,68 проценти. Ова не е највисоката цена на Биткоин, односно на почетокот на оваа година вредеше околу 64.000 долари, а потоа ја достигна ...
На предлог на Министерството за економија Владата на денешната седница го усвои Предлог -законот за изменување и дополнување на Законот за јавни претпријатија со кој се намалува бројот на членови во управните и надзорните одбори во јавните претпријатија. Согласно новото законско решение бројот на членови на управните одбори се намалува од сегашните 15, на 7 членови , односно 5 во помалите општини, а бројот на членови во надзорните одбори на ...
Царовска без компас, на 10-тина дена пред почеток на учебната година не ги информира граѓаните како ќе се одвива наставата, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ. -Царовска, сѐ уште размислува за „сценарио“ односно за моделот за изведување на наставата од можни три одобрени на Влада. Едно од нив е учениците да посетуваат физички настава, а дел да следат настава онлајн. На десетина дена пред почеток на учебната ...
Реконструкцијата на Универзална сала многукратно најавувана од градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, која требаше да биде најголемиот капитален проект од областа на културата и веќе одамна завршена, никако ни да започне. Гледајќи ги околностите поврзани со Универзална сала се чини дека не исполнетото ветување и многуте невистини и лаги пренесени на јавноста, околу овој проект се најмал проблем. Иако постоеја силни притисоци од јавноста, пред ...