
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Рушењето на дивоградбите во Охридскиот регион се одвива многу бавно и мораториум кој не дал резултати, се дел од критиките на Реактивната мониторинг мисија на УНЕСКО во новиот извештај за Охридскиот регион, за кој се наведува дека ги исполнува условите да биде ставен на листата на светско наследство во опасност. Заклучоците на реактивната мониторинг група на УНЕСКО кон крајот на 2020-та ги констатирал истите еколошки и урбанистички аномалии како ...
Кинескиот град Харбин е затворен поради нови случаи на инфекција со коронавирус, а испратени се и национални здравствени службеници за да се справат со ново можно жариште. Градот со 9,5 милиони жители во североисточна Кина денеска пријави три нови случаи на инфекција, еден ден откако беше пријавен првиот случај на инфекција во заедницата. По првиот пријавен случај, властите почнаа масовно тестирање и ги затворија училиштата. Градските власти ...
Одделот за „облак“ услуги за складирање податоци на Амазон ќе гради ново виртуелно подрачје во Нов Зеланд. Ова го соопшти министерот за дигитална економија и комуникации на оваа земја – Дејвид Кларк. „Амазон е втората најголема технолошка компанија во светот и, сега, вложува во создавање „облак“ на Нов Зеланд. Ова ќе поттикне раст на националниот дигитален сектор и натамошно закрепнување на економијата на земјата по пандемијата на Ковид-19. ...
Партијата Алијанса за Албанците го избра Арбен Таравари за претседател на денешниот трет вонреден конгрес во Тетово. Досегашниот вршител на должноста и поранешен потпретседател беше избран со гласовите на скоро сите делегати присутни на конгресот. По изборот тој најави дека политиките на партијата остануваат исти, а промена согласно денешните одлуки на конгресот има во партиските тела и функции. -Политиките на партијата генерално ќе продолжат ...
Исполнет саботен ден во општина Кисела Вода. Општинските власти се погрижија денеска Дедо Мраз да ги изненади на пладне дечињата во Кисела Вода и се симне со летечки балон, исто како во старите добри времиња кога тоа се правеше на Плоштад Македонија. Родителите се потсетија на нивното детство кога беа деца и истата радост ја доживуваа на градскиот плоштад, а најмалите добија од Дедо Мраз новогодишно пакетче. Како што информира градончалникот ...
Податоците што ги аналираше порталот Пари во соработка со БизнисМрежа.мк, за првите 10 компании по големина на приход кои се во сопственост на бугарска фирма, покажуват дека минатата година тие во Македонија направиле вкупен приход од 157,7 милиони евра. Но, сите економисти што ја следат надворешната трговија, па и официјалните власти, досега многу пати напоменувале дека економската соработка со Бугарија може да биде многу подобра од сегашната. ...
Првиот месец на Лионел Меси во ПСЖ не е како од бајките иако многумина претпоставуваа и очекуваа да биде така. Се уште го чека првиот гол, нема ни асистенција, а дојде и првиот конфликт со тренерот Маурисио Покетино откако синоќа беше повлечен од игра на 15 минути пред крајот, при резултат 1-1. Тоа толку го изнервира најдобриот на сите времиња што не се ни израдува на победа на својот нов тим. https://twitter.com/i/status/1439786963717005316 ...
Oпштините ќе добиват секоја година повеќе средства, но од 2024 година. Министерот за финансии Фатмир Бесими вчера најави предлог-измени на Законот за финансирање на општините со кои ќе се подобри нивниот фискален капацитет и ќе се зголемат приходите преку постепен раст на стапката на дотацијата од ДДВ и персоналниот данок на доход. -Согласно проекциите со предвидените 3 отсто од данокот на личен доход средствата за општините сега изнесуваат 600 ...
Седумнаесетгодишна девојка е осомничена за убиство на 16-годишиното момче, кое вчера наутро беше најдено мртво во реката Пена кај месноста Бањиче близу Тетово. По увидот и започната истрага, тетовското Обвинителтво до Основниот суд поднел барање за подготвителна постапка поради сомнение за сторено убиство. -Основното јавно обвинителство Тетово до надлежниот суд поднесе барање за поведување подготвителна постапка против едно лице за кои постои ...
Главна и неопходна потреба на граѓаните, родителите и младите брачни парови во општина Аеродром со години беше проблемот со сместување на деца во градинките. Недоволниот капацитет на сместување и огромна четирицифрена листа на чекање на дечиња во градинките, ги тераше самите градоначалници да ветуваат дека ќе го решат овој огромен проблем. Навидум тивкиот и присебен Муцунски, иако не говорејќи го гласно ова ветување за решавање на овој горлив ...
Ние, социјалдемократите, сме знаменосците на големите државнички одлуки, на големите државни идеи, рече вечерва генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ -Вардарски на трибината „Силно и одлучно кон иднината” во Скопје. – Ние сме весниците на прогресот, гласници на напредокот. Горди наследници на плеадите револуционери, преродбеници, просветители, илинденци, социјалисти и антифашисти. Горди корени на македонскиот пиреј низ историјата, како ...
Просечната исплатена нето-плата по вработен во јули годинава изнесувала 28.540 денари и е за 4,8 отсто поголема од истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика. Зголемувањето се должи, пред сѐ, на растот на просечната месечна исплатена нето-плата во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (15,1 отсто), Уметност, забава и рекреација (14,2 отсто) и Други услужни дејности (13,5 отсто). Намалување на просечната ...
Министерството за образование и наука и Педагошката служба почнаа процес за утврдување на причините за пропустите при одобрувањето и издавањето на учебникот по Историја и општество за петто одделение во кој, како што се наведува, се констатирани низа грешки и нелогичности, кои секако, не смееја да се дозволат. -Преку Националната комисија за учебници како највисоко тело во процесот на одобрување на учебници, МОН веќе побара информации за ...
Интензитетот и опсегот на упатените дојави, како и примерокот кој се применува за дојавите за бомби во земјава, но и во други земји, дава основана претпоставка дека станува збор за хибридни напади, изјави премиерот Димитар Ковачевски. -Кога се организирани со ваков интензитет, со толку широк опфат, со таргетирање на места, институции, објекти и градови со голем број на жители, каде што се повторува моделот(примерок) на пораки кои се исти во ...
Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта во Скопје (8 основни училишта и 19 средни училишта и една градинка) и Битола (девет основни училишта и две средни училиште), како и Меѓународен аеродром Скопје, СЦ Борис Трајковски, Национална арена „Тоше Проевски“, Фудбалска федерација на Македонија, Ист гејт мол, како и неколку хотели, дека добиле пораки ...
Одбраната на обвинетите за убиство на хрватскиот ракометар Денис Тот најави жалба за пресудата со која на обвинетите Анџело Ѓорѓиевски и Клементина Левковска во Основниот кривичен суд Скопје денеска им беше изречена казна затвор од по 18 години, додека, на обвинетиот Андреј Костовски 16 години за сторено кривично дело „убиство“. Адвокатот Еленко Миланов, бранител на обвинетиот Костовски рече дека ќе ја обжалат пресудата по однос на основата и ...
Градоначалничката на Град Скопје, г-ѓа Данела Арсовска се пофали со уредувањето на градската површина. Во својата објава таа наведе колку параметри во животната средина и разубавувањето успеала да поправи и надгради изминатава година во однос на своите претходници, фалејќи се со бројки. Во однос на новозасадени дрва вели, рализирала двојно повеќе од минатата година, односно од својот претходник и успеала да насади нови 724.480 листопадни, ...
Авионот во кој се наоѓаше фудбалската репрезентација на Германија принудно мораше да следта во Единбург, пренесува „Билд“. При враќањето од Исланд, каде играа натпревар од квалификациите за СП, се појавил дефек на авионот па пилотот морал принудно да слета во Единбург. „Ние сме добро. Во тек се безбедносни проверки. Безбедноста е на прво место“, соопштија од германската фудбалска федерација. Во еден момент, „Боинг 737“ нагло сврте десно и почна ...
Заевизмот од 1-ви јануари ја поскапе електричната енергија за граѓаните за над 15%, како со базичното поскапување од 9,5%, така и со укинувањето на евтината дневна тарифа. Заевизмот ова го направи за да ја покрие со пари од народот својата неспособност и неодговорност. Марко Бислимовски послушникот на Заев и самиот Зоран Заев ја лажеа јавноста во октомври месец, непосредно пред изборите, дека нема да има поскапување на електричната енергија. – ...
Деновиве на јужниот дел на границата со Грција, јавноста е сведок на сериозен скандал каде е откриена мрежа за продажба на негативни ковид тестови. Продажбата на тестови во Дојран и Гевгелија, неколку дена е најактуелна тема во грчките медиуми, каде што изминатиов период и околу новогодишните празници, грчките граѓани кои имале намера да ги поминат во македонските казина, купувале од овие негативни тестови. Истото важело и за македонците кои ...
Запрашан за застапеноста на Албанците во специјалната полициска антитерористичка единица „Тигар“, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во емисијата „Прав пат“ на Алсат-М одговори дека во таа единица не е важна етничката припадност, туку дека кандидатите мора да ги исполнуваат условите што ги предвидува оваа елитна единица. Посочи и пример за еден кандидат Албанец, кој ги поминал сите тестови за да стане дел од единицата „Тигар“, но сѐ ...
Македонскиот репрезентативец на првиот натпревар во новата сезона во Серија А се запиша во листата на стрелци. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас имаше фантастичен старт во новата сезона во Серија А, постигна гол во победата на својот тим. Наполи во првото коло од Серија А со 2:0 ја совлада Венеција, а Елмас во 73. минута го постави конечниот резултат. Елмас за италијанските медиуми изјави дека новиот тренер Лучано Спалети верува во ...
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, денеска оцени дека САД покажале недостиг на лојалност и транспарентност кон кризата со раскинувањето на договорот за австралиската нарачка на француските подморници во рамките на новото стратешко партнерство на САД, Велика Британија Британија и Австралија. -Основните принципи меѓу сојузниците се транспарентноста и довербата, тие одат заедно. И што гледаме сега? Очигледен недостиг на транспарентност ...
Со оглед на тоа дека Петар Георгиевски – Камиказа призна дека добил 14.000 евра за озвучувње на новогодишната прослава на плоштадот, редно време е Данела да излезе пред граѓаните и да даде конкретни одговори за тоа кој му платил на Георгиевски и по кој основ на неговата фирма биле исплатени 14.000 евра. Во официјалното соопштение од Град Скопје се вели дека парите се платени директно на изведувачите и дека изведувачите, озвучувањето и ...
„Не би сакал да зборувам кога ќе се случат следните избори, но мислам дека овој период сега не е погоден за избори. Бројни се проблемите во државата, а изборите не ги решаваат нив. Владата ќе ја поддржат од сите партии во коалицијата, 64 пратеници, што е солдина поддршка“ кажа членот на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј Петров во „Утринска на Телма“. Тој доадде дека досега сме имале влади кои функционирале и со минимално ...
Почина Марјан Додовски, поради компликации од коронавирус. Марјан Додовски имаше богата политичка и професинална кариера, а ќе го паметиме по монументалниот проект за спас на Дојранското езеро. Додовски во својата кариера беше: Пратеник во Собранието на Република Македонија 2006-2008 година Претседател на собраниската комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство Раководител на секторот за заштита на животната средина и природата во Град ...
Вечерва Струмица руши неславни рекорди во загаденост на воздух во Република Македонија. Струмица е најзагаден град оваа втора вечер од новата 2022 година со 204 нанограми на метар кубен – ПМ10 честички. Во вакви моменти на високо присуство на ПМ10 честички во воздухот, докторите препорачуваат граѓаните да не излегуваат од своите домови и да не ги вдишуваат штетните честички и загадениот воздух. Имено Струмица како општина беше една од ...
Адвокатката Ирена Фрчковска, како што пишува порталот, изјавила дека Јанева, користи привилегии поради тоа што одлежала 1/3 од казната затвор за случајот „Рекет“ во кој беше осудена на седум години затвор поради злоупотреба на службената положба и овластување. Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева празниците ги минува дома со своето семејство, објави „А1он“. Адвокатката Ирена Фрчковска, како што пишува ...
По пауза од повеќе од година ипол од денеска повторно е во функција жичницата до врвот на Водно. – Изминатиов период се завршени сите неопходни процедури за пуштање на жичницата во функција од технички и безбедносен аспект. Во изминатиов период направен е редовен годишен преглед од овластена институција, мониторинг од Државен инспектор за жичници, како и редовен технички преглед. Жичницата е повторно функционална и скопјани можат да ја ...
Сашо Мијалков од вечерва е слободен човек, откако Кривичниот суд претходно му одреди мерка притвор за „Плацови на Водно“, но денеска Апелација го ослободи. Ваква одлука денеска донел Апелациониот суд, кој одлучувал по поднесена жалба од Мијалков. Поранешниот шеф на тајната полиција и пред неколку дена требаше да излезе од притвор , којшто му беше определен за случајот “Трезор”, откако Апелација му ја прифати дадената ...