
Скопје
15ᴼ /
15ᴼ



Американскиот претседател Џо Бајден и германската канцеларка Ангела Меркел ветија дека ќе работат заедно за да се одбранат од Русија и да се спротивстават на антидемократските активности на Кина и да размислат за укинување на забраната за патување од Европа кон САД. Бајден ја повтори загриженоста во врска со изградбата на гасоводот „Северен поток 2“ што се гради од Русија до Германија под Балтичко Море, и двајцата беа обединети во верувањето ...
Шефот на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, објави дека јулската седница „ќе донесе интересни варијации и промени“. По зголемувањето на стапката на инфлација пред неколку дена, ЕЦБ ќе ги разгледа упатствата за монетарната политика на следната седница, со цел зачувување на поволните услови за финансирање во економијата на еврозоната. По 18-месечна ревизија, монетарната власт во Франкфурт објави дека отсега натаму ќе се насочи на ...
Четворица повратници од ИСИС, пет сопруги на борци и 14 деца од вчера влeгуваат во владината програма за ресоцијализација и репатријација, соопштија од Владата. Против 4-цата борци ќе се поднесат кривични пријави за учество во туѓа војска со обезбедни докази од македонските безбедносни служби. Процесот на рехабилитација ќе им се спроведува во притвор или доколку се осудат во затвор. „Репатрираните жени и деца ќе подлежат на 14-дневен здравствен ...
Според анализата што ја направи Пари, во јуни, оваа година имало 302 пензионери со пензија над 52.455 денари, покажуваат последните податоци на Фондот за пензиско. Вкупно 1.323 пензионери во земјава се водат како пензионери со највисоки пензии, а распонот на нивните месечни примања по основ на пензија е од 40.067 до 57.304 денари во зависност од годината кога го стекнале правото. Најголем дел или 887 се со пензија од 41.739 денари. Минимална ...
Индустријата за информатичка и комуникациска технологија е најбрзо растечки сектор во македонската економија и игра важна улога како снабдувач на работни места и создавач на извоз. Хардверот е најголемиот сегмент со 55 % на пазарот на ИКТ во Македонија. ИКТ услугите се втор по големина сегмент 30 %, а софтверот сочинува 15 % од пазарот на ИКТ. Со годишна стапка на раст помеѓу 2,5% и 8% во последните неколку години, секторот за информатичка и ...
Министерството за финансии на својот фејсбук профил објави дека земјата е оценета со највисока оценка меѓу државите во регионот во однос на транспарентноста и достапноста на буџетските документи. -Транспареност и достапност на буџетските документи со највисока оценка споредено со земјите во регионот, покажува Националниот монитор за реформи во јавната администрација 2019/2020 објавен од Институтот за европска политика. Преземени се значајни ...
Регулаторната комисија за енергетика утре напладне ќе ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ. Минатат недела малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемија за 0,50 денар/литар. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се променија и останаа на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни ...
Натпреварот на Sport Life –„Двојна шанса за Peugeot 3008” траеше нешто повеќе од 2 месеци, а на најуспешните првопласирани типувачи им донесе по еден СУВ од марката „пежо 3008“. Лојалноста и редовноста во игрите му се исплатеше на Трајан Јордановски од Струга кој го оствари највисокиот вкупен погоден коефициент на тикет, за главната премија – „пежо 3008“. Вториот победник и освојувач на другото пежо од „Двојна шанса“ е Сашко Јанковски од ...
Гром удрил во близина на плажата Оревче во Градиште, денеска околу 15 часот, при што има повредени, а повеќе граѓани претрпеле шок. Како што информира СВР Охрид, на последици се пожалиле 13 лица. Четворица се здобиле со изгореници на долните и горни екстремитети, а останатите се пожалиле на претрпен шок, страв, тахикардија и проблеми со слухот. Дел од повредените биле пренесени во болница со возила на брза помош, а дел се јавиле на лекар ...
Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 39-годишен кумановец, поради постоење на основано сомнение дека ги сторил кривичните дела – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 во врска со член 45 став 1 и Производство и дистрибуција на детска порнографија од член 193-а став 3 во врска со став 1 во врска со став 45 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот во својот ...
Неколку случаи на делта видот на коронавирус се пријавени во австралиската држава Квинсленд, а тоа ги натера властите да реагираат итно. Квинсленд повторно воведе задолжително носење маски и го ограничи собирањето во домови. За време на викендот беше воведена двонеделна блокада во најнаселениот австралиски град Сиднеј, како и во Дарвин на северот на земјата. Според Би-Би-Си, бројот на лица заразени со делта сојот во Сиднеј се искачи на 128, и ...
„Фајзер“ и „Бајонтек“ во наредните недели имаат намера да побараат овластување за трета доза од нивната вакцина против ковид-19, се наведува во соопштението на двете компании. Целта е со трета доза на вакцина да се зголеми имунолошката заштита на веќе вакцинираните. Според прелиминарните податоци од тестови, нова доза што би била аплицирана по шест месеци од втората ги зголемува нивоата на антитела против оригиналниот вид на вирусот и до 10 ...
Во извештајот на Централното биро за статистика на Народна Република Кина објавен вчера, се вели дека кинеската стапка на економски раст во првата половина на оваа година беше 12,7 проценти. „Според прелиминарните проценки, кинескиот БДП во првата половина на 2021 година беше 53,2 трилиони јуани (околу 8,24 трилиони американски долари по тековниот курс), што претставува годишен пораст од 12,7 проценти. Во првиот квартал, растот беше 18, 3 и ...
Засега нема нови случаи со Делта варијантата на коронавирусот, но во Тетово има четири сомнителни случаи на јужноафриканскиот сој, рече денска Мнистерот за здравство Венко Филипче. – Четири случаи треба да се секвеционираат, меѓутоа на јужноафриканскиот сој што значи има и други соеви присутни во земјава. Пристапот е ист,епидемиолошка анкета, анализа, скрининг на тестовите и индикација дали да се прави секвенционирање. Освен тоа нема информација ...
Пратениците во собранието ги изгласаа измените на Законот за додадена вредност, со што ДДВ-то за прометот на електрична енергија кон домаќинствата се намалува од 18 на 5 проценти. ДДВ од 5 отсто ќе важи до 30 јуни 2022 година, а за период од 1 јули 2022 до 30 јуни 2023 година даночната стапка за ДДВ ќе се накачи за пет проценти односно ќе изнесува 10 отсто. За периодот по 1 јули 2023 година даночната стапка повторно ќе се врати на досегашните 10 ...
Министерството за економија ја објави листата на хотели каде граѓаните ќе може да ги искористат своите ваучери за одмор. Оваа мерка е во рамки на Програмата за домашен туризам за работници со ниски приходи 2021 и предвидува издавање на потврди-ваучери за туризам во вредност од 12.000 денари за лица со ниски примања за да истите ги користат во категоризираните угостителските објекти за сместување (хотели) лоцирани во туристичките центри во ...
За нас не постои друга алтернатива, освен ЕУ иднината, сакаме да ги европеизираме нашите земји, Скопје, Приштина, Белград, Тирана, Подгорица и Сараево, сите ние сакаме во внатрешноста да ги почувствуваме придобивките, рече претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев за време на неговото учество на конференцијата на „Економист“ и додаде дека „ние сме како остров опколен од ЕУ земји и потребна е унификација на Унијата“, ...
На самитот на ЕУ тој имал контакти со голем број европски лидери, но од објавените фотографии се гледа дека сите тие носеа маски на средбите Премиерот на Луксембург, Ксавиер Бетел, е позитивен на тестот за Ковид-19 откако минатата недела присуствуваше на самитот на ЕУ во Брисел. Весникот „Луксембург Ворт“ објави дека тој засега има благи симптоми, треска и главоболка и од дома ќе ги извршува своите должности, а ќе остане во карантин 10 дена. ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени. УВ индексот ќе биде 8. Во Скопје, сончево и топло со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 37 степени. Продолжува периодот на ...
Хуманитарната акција на Sport Life „НАВИВАМЕ ЗАЕДНО ЗА МАКЕДОНИЈА“ која траеше од 11-ти до 21-ви јуни, обезбеди вкупно 712.500 денари, средства наменети за поддршка на Центарот за рани интервенции и третман кај децата со нарушувања од аутистичниот спектар, во Охрид. Во деновите додека навиваме за нашата репрезентација на ЕУРО2020, Sport Life својата поддршка ја изрази со издвојување на средства за донација од секој уплатен тикет со одигран ...
Еден хороскопски знак се истакнува за неговата сложеност. Станува збор за вага. Овој знак е нестабилен и неодлучен по природа, не им верува на другите лесно и избегнува да се расправа. Вагата симболизира рамнотежа, така што не е изненадување што луѓето во овој знак се стремат кон хармонија. Терезија затоа што едноставно не можат да одлучат што сакаат повеќе и често некој друг треба да одлучи за нив, што може да биде многу фрустрирачки. Со овој ...
Раизел Грејс Калаго (16) е убава тинејџерка од Филипини. Сепак, минатата година, таа почна да добива брчки преку ноќ, и за само една година, таа „остаре“ неколку децении. Тaa сè уште оди во средно училиште, но кога ќе се појави на улица, сите мислат дека има педесет години. – Промените почнаа да се случуваат прво во форма на осип под вратот и лицето. Имав болка на допир. Потоа, кога осипот ќе се повлечеше, брчките остануваа. Ги посетив сите ...
Почеток на преговорите за пристапување во ЕУ со С Македонија и Албанија останува приоритетно прашање, порача вечерва еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји по состанокот на Советот за општи работи во Луксембург. -Во врска со ситуацијата со Албанија и С. Македонија, во текот на изминатите месеци, направено е многу и постигнат е значителен напредок. Ние сме во крајна фаза и ќе продолжиме да работиме со словенечкото ...
Најмалку три лица загинаа во катастрофалното невреме што ја погоди Јужна Моравија во четвртокот пред полноќ, изјави утрово за чешката телевизија Михаела Бетова, портпарол на службата за спасување на Јужна Моравија. Tornádo Lužice. pic.twitter.com/pshXYUAUOW — Martin Masařík (@MasarikMartin) June 24, 2021 Силна бура со град со големина на тениски топчиња и торнадо вчера вечерта ги погоди главно регионите Бжецлав и Ходонин. Невремето уништуваше ...
Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе донесе одлука за нови цени на нафтените деривати кои ќе важат од полноќ. Минатата недела цената на горивата повторно се зголеми, бензините и Екстра лесното масло за домаќинство поскапеа за 1 денар, а дизелот за половина денар. Актуелните цени на горивата се следни: ЕУРОСУПЕР БС-95 – 69,50 денари по литар ЕУРОСУПЕР БС-98 – 71,50 денари по литар ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) – 62,00 денари по литар Екстра лесно ...
Престолнината Туркменистан во Ашхабат, е најскапиот град во светот за странските работници. Ова го покажа годинешното истражување спроведено за потрошувачката на животот од страна на американската компанија Мерсер за управување со средства. Во годишниот извештај на Мерсер рангирани се 209 градови во светот врз која е направена анализа на потрошувачката за живот, како што се трошоци за домување, превоз, храна и забава, споредбено со Њујорк. ...
Почнаа да функционираат како финансиски друштва за кои довербата беше ниска, имаа мал кредибилитет и најчесто со поврзуваа со балтички капитал. Денес, се борат да го завземат своето место во конкуренција со големите банки и да бидат носители на проектот за финтек организации. Општиот впечаток е дека простор за напредок и освојување на пазар постои и овие друштва имаат соодветна понуда на производи и услуги, но од друга страна се чини дека ...
Денеска претпладне во тетовската полиција 39-годишна жена се пријавила дека половина час претходно го убила невенчаниот сопруг. Таа истакнала дека употребила тврд предмет при убиството на 51 годишниот маж. -Во 11:35 часот во СВР Тетово А.С. (39) од Тетово пријавила дека околу 11:00 часот во семејниот дом во Тетово извршила убиство на нејзиниот 51-годишен невенчан сопруг А.И. Според пријавеното, во извршувањето на кривичното дело осомничената ...
Сојузот на синдикатите на Македонија бара Владата да донесе мерки за заштита на животот и здравјето на работниците и граѓаните затоа што, како што велат, според најавата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) денеска и во следните денови времето ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период од годината, а максималната температура ќе достигне до 40 степени. Во соопштението од Сојузот се дополнува дека во насока на ...
Со загуба од 1.033.100.724 денари (околу 16,8 милиони евра), направена во 2020 година, државната компанија која го раководи домашното производство на струја – Електростопанство на Македонија (ЕСМ) е најголемиот загубар меѓу државните компании и јавните претпријатија. Порталот Pari.com.mk во соработка со БизнисМрежа.мк ја анализираше профитабилноста на компаниите од државниот сектор, а податоците се запрепастувачки – долга листа на загубари и тоа ...