
Скопје
15ᴼ /
15ᴼ



Во текот на вчерашниот ден е забележан значително зголемен интерес за вакцинација помеѓу граѓаните. Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 543.597 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 8.030 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 17.679 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 982.645 дози ...
Вашингтон и Берлин постигнаа принципиелен договор за контроверзниот гасовод „Северен тек 2″, според кој САД ќе дозволат овој проект да заврши без да воведат нови санкции за Германија и Русија. Според помошниците на членовите на американскиот Конгрес, кои се запознати со нацрт-договорот, САД и Германија за возврат ќе направат одредени отстапки кон Украина и Полска, двете држави што силно се спротивставуваат на гасоводот, но во моментов не е јасно ...
Во засилени акциски контроли за санкционирање возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на територијата на СВР Куманово, вчера се санкционирани 75 возачи, а на територијата на СВР Велес, по тој основ се казнети 45 возачи. Седум од 45-те казнети возачи во Велес возеле со над 50 километри на час над дозволеното, а двајца со дури 70 километри на час над дозволеното, соопшти Министерството за внатрешни работи. Оттаму најавуават ...
Министерството за здравство денеска преку соопштение информира дека во земјава досега се детектирани 30-тина случаи со делта варијантата на ковид19, која рапидно се шири насекаде во светот, во регионот, па, како што се наведува, многу е веројатно истото да се случи и кај нас. Од таму апелираат дека ова ја прави вакцинацијата уште поважна и наведуваат дека мора да се вакцинираат што поголем број граѓани за да се избегне повторно затворање, ...
Скопје денеска со повеќе активности и манифестации ќе одбележи 58 години од катастрофалниот земјотрес во 1963 година, кога се разбуди во урнатини под кои 1.070 лица го загубија животот, а 3.000 беа повредени. И оваа година поради корона пандемијата одбележувањето ќе биде според строгите мерки протоколи. Традиционално, во 10 часот, пред Споменикот на жртвите од катастрофалниот земјотрес на Градските гробишта во Бутел, официјални делегации и ...
Собранието денеска, во рамки на 47 седница, треба да ја продолжи општата расправа за дополнетиот ребаланс на Буџетот во кој се вметнати и осумте амандмани усвоени на Комисијата за финансирање и буџет. Општата расправа почна во четвртокот, а може да трае пет дена. Според министерот за финансии Фатмир Бесими, предложениот ребаланс ги отсликува економските и социјалните политики што ќе ги спроведува Владата, насочени кон остварување на клучните ...
Од денеска граѓаните кои поради здравствени причини не се во можност да дојдат на вакцинален пункт за да примаат вакцина за Ковид-19, може да закажат вакцинирање во домашни услови. Закажувањето е преку директно јавување во здравствените домови, а може да се направи и директно со пријавување на пунктовите за вакцинација. Министерството за здравство ги објави броевите на кои може да се закаже вакцинацијата со домашна посета: Здравствен дом Берово ...
Заврши процесот на присоединување на Охридска банка кон Шпаркасе банката. Процесот на преземање траеше речиси две години, и на македонскиот пазар создава уште една банка која ќе влезе во групата големи. Интегрираната Шпаркасе сега ќе опслужува над 140.000 клиенти, ќе има 35 експозитури и стотина банкомати низ цела држава. Активата на банката изнесува 1,15 милијарди евра и ќе биде слична поддршка за македонската економија. Австрискта Шпаркасе ...
Биткоин утрово повторно се искачи над 30.000 долари сепак нестабилноста е очигледна па до крајот на денот може и повторно да падне под ова ниво. Аналитичкиот провајдер Економетрикс објави твит-што покажува дека сегашната опаѓачка спирала од највисокото ниво на биткоин е една од „најдолгите повлекувања со кои биткоин мораше да се справи за време на пазарот на бикови по преполовување“. Понатаму, истиот ден, аналитичарот и економист, Џулио Морено, ...
Американските Центри за контрола и превенција на болестите (ЦДЦ) го потврдија првиот случај на мајмунска сипаница во САД. ЦДЦ и Министерството за здравство на државата Тексас сооштија дека кај американски државјанин, кој допатувал од Нигерија во Тексас, се потврдени мајмунски сипаници. Патникот имал два лета во САД до крајната дестинација, Далас – прво летал од Нигерија до Атланта, а потоа од Атланта до Далас, јави весникот „Хил”. Лицето било ...
Директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус во Токио, пред 138-та седница на Меѓународниот олимписки комитет (МОК), предупреди на закана од поопасен вид коронавирус отколку варијантата Делта. – Колку е пораспространет (вирусот), толку повеќе варијанти ќе се појават, со потенцијал да станат уште поопасни од варијантата Делта, која прави толку многу штета во моментов. И колку повеќе варијанти има, толку е ...
Поскапеа бензините, а поевтини дизел горивото. Од денеска, според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемија за половина денар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголеми за 0,299 денари за килограм и сега изнесува 38,018 денари. Од денеска горивата се продаваат по следниве цени: Моторен ...
Управата за јавни приходи апелира до граѓаните кои во апликацијата „МојДДВ” имаат внесено трансакциска сметка од Охридска банка АД Скопје да ја заменат со новата трансакциска сметка, поради статусните промени по нејзино присоединување кон Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје. -Исплатата на парични средства како дел од ДДВ искажано во фискалните сметки скенирани во тримесечјето април, мај и јуни 2021 година ќе се врши во текот на месец август 2021 ...
Петта година изминува откако прекина работата на фабриката за производство на феролегури „Југохром“ во тетовско Јегуновце поради неисполнетите обврски за достигнување на А интегрирана еколошка дозвола. Од раководството најавуваат дека е можно придвижување на процесот на доградба на системот за отпрашување што започна во април 2017 година, што е услов фабриката во иднина да продолжи да работи согласно потребните стандарди и да не ги загадува ...
Регионите со најголемо загадување на воздухот поврзани со фосилни горива, како што се Источна Европа, Југоисточна Азија и Североисточна Америка, имаат најголема стапка на смртност Повеќе од осум и пол милиони луѓе починале во 2018 година од загадување предизвикано од согорување фосилни горива, покажува новото заедничко истражување на Универзитетот Харвард и три престижни британски универзитети, што е многу повеќе од она што е познато од ...
Доколку долгорочната визија ни е енергетска транзиција и премин кон обновливи извори на енергија како и 51% намалување на емисиите на стакленички гасови, зошто слушаме изјави за продолжување на рокот на траење на РЕК Битола и гасификација на државата, реагираат од центарот за истражување Еко-свест на вчерашната конференција за медиумите на македонската влада за енергетската транзиција на земјата. Невладината организација го поздравува ...
Министерот за животна средина и просторно плaнирање, Насер Нуредини и амбасадорката на Швајцарија, Н.Е. Сибил Зутер Техада, денеска го посeтија Регионалниот центар за развој на Полошкиот регион, каде се сретнаа со претставници на консултантскиот тим и изведувачот заради увид во прогресот на имплементацијата на брзите мерките за рехабилитација на постојната локација за депонирање на отпад Русино, кои се предуслов за отпочнување на втората фаза од ...
Дваесет пати пониска емисија на цврсти честички од најниската дозволена граница кои се испуштаат во воздухот при производниот процес на Макстил, покажува извештајот од мерењето во првите три месеци од годината. Во месеците јануари, февруари и март кога компанијата е во полна оперативност, емисиите на прашина се движат од 0,59 до 1,11 mg/Nm3, а најниската дозволена гранична вредност е 20 mg/Nm3. Ова е втор извештај откако Макстил како општествено ...
Со впишувањето на Охридско Езеро и Студенчишко Блато во Светска Рамсар листа, нашата држава, по Преспанското и Дојранското Езеро го доби третото и најголемо водно живеалиште од меѓународно значење, заведено под бр.2449. Подрачјето е прифатено согласно сите 9 критериуми на Рамсарска Конвенција и е со вкупна површина од 25 205 хектари. Со него ќе се управува од страна на трите општини: Охрид, Струга и Дебарца. Впишувањето на Охридско Езеро и ...
Најмалку 68 проценти од Јапонците не веруваат дека претстојните Олимписки игри во Токио ќе бидат безбедни, како што вети Владата, покажуваат резултатите од анкетата на весникот „Асахи“. Додека 21 отсто од испитаниците изјавиле дека имаат доверба во ветувањето на Владата. Во исто време, 76 проценти од испитаниците ја поддржуваат одлуката поголемиот број натпревари да се одржат без публика, а 17 отсто се изјасниле против. Анкетата е спроведена на ...
Постојат два хороскопски знаци, кои тешко речиси невозможно, да ги измамите. Причината е развиената интуиција, што ги наведува да ја откријат лагата. РИБА Рибите честопати се случуваат да сонуваат работи што им укажуваат на ситуација или важен настан што се случува подоцна. Нивниот внатрешен мир и задоволство прераснуваат во интуиција што ги води во скоро сите животни ситуации во кои се наоѓаат. ШКОРПИЈА Луѓето родени во знакот на Шкорпија имаат ...
Покажавме вистинска посветеност на овој процес и покрај тоа што од 2005 година сме земја кандидат и 16,5 години чекаме да се случи следниот чекор. На јасно сме дека до членството ќе поминат можеби уште 5, 7 или 10 и повеќе години, но ЕУ е неопходно да ги исполни своите ветувања, да ни овозможи да го направиме следниот чекор“, истакна претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев во емисијата „Конфликт зоун“ на „Дојче веле“ ...
Денеска продолжуваме практично со она кое што започнавме во скопската општина Гази Баба, каде што ја имавме првата промоција на политиките под концептот „Македонија за сите луѓе“. Денеска продолжуваме овдека во општина Карпош, после темата енергетика, после визијата на ВМРО-ДПМНЕ содржана во концептот „Македонија за сите луѓе во енергетиката, заштитата на животната средина“, денеска од овде во Карпош ќе зборуваме како до просечна плата во еден ...
Ова барање беше доставено официјално до Владата, а истото е поддржано од вкупно 38 граѓански здруженија и иницијативи. Целта на ова барање е само една: да се обезбеди сестрана интегрирана заштита на Парк Шумата Водно, се вели во соопштението од иницијаторите на иницијативата. „Сегашната постапка на носење на Одлуката за прогласување на дел од планината Водно за заштитено подрачје во категорија V – Заштитен предел, која бараме да се стопира, е од ...
Британскиот премиер Борис Џонсон и министерот за финансии Риши Сунак поради контакт со лице заразено со коронавирус, во следните денови ќе продолжат да работата и ќе бидат во изолација. Министерот за здравство на Британија Сајид вчера изјави дека бил тестиран и бил позитивен на коронавирус. „Британската национална здравствена служба (НХС) ги контактирала премиерот и министерот, така што тие се наведени како контакти на заразено лице“. Правилото ...
Во претходниот текст предмет на анализа беа остварените приходи на најголемите 7 финансиски друштва за изминатите 3 години. Денес, вниманието ќе го насочиме кон остварената нето добивка, односно чистиот профит кој останува за сопствениците/акционерите, а исто така ќе се осврнеме и на бројот на вработени кои делуваат во овој сектор. Првичниот впечаток е дека како што одминува времето и се развива пазарот, така се зголемуваат и добивките на ...
Нема потреба од нови дополнителни рестриктивни мерки бидејќи епидемиолошката состојба е стабилна, оцени вчера на состанок Комисијата за заштита од заразни болести, која констатирала лесно зголемување на нови ковид-случаи во Скопје и Тетово. Според анализите на Комисијата, ширењето на вирусот во Тетово е поради непочитување на препораките и протоколите при организирање семејни и друг тип веселби во затворен простор. -И покрај бројот на активни ...
Утре, 20 јули, ќе биде објавен Конкурсот за пријавување на кандидати за реонски попишувачи и инструктори. Конкурсот ќе биде објавен во 4 дневни весници, како и на веб-страницата www.Popis2021.stat.gov.mk каде што од утре во 8:00 часот ќе биде активна и апликацијата за електронско пријавување. Ги повикуваме сите заинтересирани, како и сите оние кои се пријавија на првиот повик во март годинава, да ја пополнат апликацијата и да станат дел од ...
Министерството за здравство апелираа до населението што помасовно да се имунизира бидејќи тоа е единствениот начин да избегнеме нов силен бран и ширење на опасниот делта-сој Од денеска, според претходните најави на Министерството за здравство, во земјава треба да почне вакцинацијата на деца од 12 до 17 години. Според податоците од здравствените власти, за вакцина пријавени се околу 1 800 деца. Тие ќе се вакцинираат со „Фајзер“ бидејќи во ...
Комитетот за итна помош за Ковид-19 при Светската здравствена организација (СЗО) ја предупреди меѓународната заедница дека најверојатно ќе се појават и ќе се шират нови, поопасни мутации на коронавирус низ светот. Тоа е соопштено на брифинг во Женева од генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, кој ги информираше новинарите за препораките на комитетот на неговото осмо заседание вчера и денеска. – Комитетот предупреди за голема ...