
Скопје
16ᴼ /
16ᴼ



Пакистанскиот советник за национална безбедност рече дека земјата не може да прифати повеќе бегалци од Авганистан од неколку причини, вклучувајќи ги и финансиските тешкотии. – Пакистан во моментов не може да прифати повеќе бегалци, изјави Моид Јусуф на прес-конференција во Исламабад. Тој истакна дека Пакистан веќе примил повеќе од 3 милиони авганистански бегалци кои избегале од војната и насилството во нивната земја во последните децении. Јусуф ...
Според информациите од УХМР времето денеска ќе биде малку до умерено облачно и нешто потопло. Во западните делови повремено значително облачно со краткотраен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец, особено изразен во западните делови. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 26 до 35 степени. Во Битола максималната температура до 30 степени. Во вторник и среда ќе преовладува ...
Претседателот Стево Пендаровски во наредните денови ќе учествува на Генералниото собрание на Обединетите нации во Њујорк. Пендаровски во четврток на 23 септември, ќе се обрати пред останатите учесници на 76. сесија на собранието. Темата на оваа сесија е: „Градење отпорност преку надеж – опоравување од Ковид-19, одржливо обновување, одговор на потребите на планетата, почитување на правата на луѓето и ревитализација на Обединетите нации“. ...
ЗСФ КОМ и АК ИНВЕСТ се апсолутни лидери во градежниот бизнис во земјава. Првата остварила најголема добивка, втората најголем приход во градежниот сектор минатата година. Според Пари и информациите од платформата БизнисМрежа.мк најголема добивка во градежниот сектор лани имала ЗСФ КОМ ДООЕЛ од Скопје. Компанијата остварила приход од 11,8 милиони евра, а имала добивка од 3,76 милиони евра. Податоците покажуваат и дека компанијта имала раст на ...
Денеска (20.09.2021) во 00.50 часот во с.Соколари, кичевско, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода Н.Х.(59) од с.Боговиње, тетовско. Полициски службеници го запреле Н.Х. со неговото возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки и откако констатирале дека направил сообраќаен прекршок изготвиле записник и прекршочен платен налог, по што тој им понудил поткуп за да не го констатираат прекршокот. Тој бил ...
Утре истекува рокот во кој Општинските изборни комисии (ОИК) треба да ги достават до Државната изборна комисија (ДИК) потврдените листи на кандидати за градоначалници и советници за претстојните локални избори. ОИК ги доставува листите на кандидат/и до ДИК поради утврдување на редоследот во единствената листа на кандидат/и. Листата на кандидатот за градоначалник, односно листата на кандидати за членови на Совет, кои се поднесени од ист ...
Осминафиналните двојки на Европското првенство во фудбал ќе бидат комплетирани денеска со одигрување на завршните четири натпревари во групите Е и Ф. Шпанија во рамки на групата Е од 18 часот во Севиља е домаќин на Словачка, додека во истиот термин Шведска и Полска ќе играат во Санкт Петербург. Шведска е првопласирана во групата со четири бодови и обезбеди пласман во нокаут фазата. Словачка е втора со три бодови, Шпанија со бод помалку е ...
ЕБОР ќе продолжи да работи со државните железници, приватните инвеститори и клиентите и владите во регионот. Железниците на Западен Балкан се на добар пат да се приспособат на железничката мрежа на ЕУ и паневропските коридори, а приоритет за регионот останува отворањето на пазарот, управувањето и интероперабилноста, изјави потпретседателот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) Јирген Ригтеринк. Во интервју за Еурактив и агенцијата Бета ...
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лaјен, изјави дека блокот ќе го задржи притисокот врз членките Полска и Унгарија за поддршка на демократските вредности, вклучително и можните правни дејствија и кратење на финансиите. За време на денешниот говор во Брисел, таа рече дека акциите на Варшава и Будимпешта кои остро ја ограничуваат миграцијата, ги дискриминираат жените и ЛГБТ заедницата, ги ограничуваат медиумите или ја ...
Раст на Бруто-надворешниот долг и на јавниот долг, намалување на државниот долг на крајот од август. Новите податоци покажуваат дека задолженоста на државата сепак се зголемила во првото економско полугодие. Овој тренд е очекуван, економијата уште се бори со ковид-рестрикции кои Владата треба да ги “амортизира” преку директна помош и поддршка, велат економистите, пишува “Порталб”. Според прогнозите задолженста на земјава ќе расте и догодина – но ...
Владите на Република Северна Македонија и Република Косово денеска во Скопје ќе ја одржат првата заедничка седница во полн состав, предводени од премиерите Зоран Заев и Албин Курти. Пред почетокот на заедничката седница ќе има церемонија за официјален пречек, и тет-а-тет средба на премиерите Заев и Курти, како и билатерални средби на министрите во Владите на двете земји. -Заедничката седница на владите ќе се одржи веднаш после средбите на ...
Единаесетте договори и меморандуми потпишани вчера во Скопје, на првата заедничка седница на владите на Северна Македонија и Косово, треба да ја продлабочат соработката која, според оценката на премиерите на двете земји, Зоран Заев и Албин Курти, и сега е одлична и пријателска. Договорите на кои се обврзаа министри од повеќе ресори во двете влади, се однесуваат главно на инфраструктурно поврзување што ќе ја подобри економската соработка и ...
Американската војска соопшти дека ракетните тестови спроведени од Северна Кореја викендов претставуваат „закана“ за соседите во земјата и меѓународната заедница. „Оваа активност го нагласува континуираниот фокус на Северна Кореја за развивање на воената програма и заканите што ги претставува за нејзините соседи и меѓународната заедница“, се вели во соопштението на Индо-тихоокеанската воена команда на САД. Севернокорејските државни медиуми ...
Надлежните здравствени власти укажуваат дека ковид вирусот моментно има широка инфекција, се следи ситуацијата, а доколку е потребно ќе има нови мерки. Засега, истакнуваат надлежните, нема индикација за промена на наставниот модел со физичко присуство на учениците. Бојот на активни КОВИД случаи изнесува 13.027. Според вчерашниот извештај на Министерството за здравство за претходното деноноќие, од 4.621 тестирање се регистрирани 617 нови случаи ...
Од денеска почнува првиот дел од пребројувањето во Бугарија. Првиот дел ќе биде електронски, а од 18 септември до 3 октомври ќе биде на терен. Националниот статистички институт на Бугарија ги повика граѓаните да се попишат по електронски пат, јави дописникот на МИА од Софија. Оние што ќе се попишат електронски ќе треба да го достават својот код до физичкиот попишувач, а оние што ќе одбијат да учествуваат во пописот ќе бидат казнети со 160 лева ...
Сојузот на синдикатите на Македонија, денеска преку соопштение ги потсетува работодавците во приватниот сектор да исплатат регрес за годишен одмор, популарно К-15, бидејќи тое е законска обврска. -Регресот за годишен одмор е право воспоставено по пат на дијалог помеѓу претставниците на работниците во конкретниот случај Сојузот на синдикатите на Македонија и од претставниците на работодавачите– ОРМ и со оглед на тоа што се работи за право уредено ...
Премиерот Зоран Заев изјави дека не мисли оти цела Влада треба да си поднесе оставка поради несреќата во Тетово, а за понудените оставки на министерот Венко Филипче, неговиот заменик Илир Хасани, директорот и економскиот директор на тетовската болница, Флорин Бесими и Артан Етеми ќе се произнесе откако ќе заврши истрагата. Тој посочи дека нема информации до каде е истрагата. – Прво, трагедии се случуваат насекаде во светот. И како што реков, во ...
Албанската влада објави дека првата група евакуирани Авганистанци пристигнале синоќа во таа земја. Владиниот портпарол го потврди доаѓањето на Авганистанците во Тирана, без да даде повеќе детали. Тој пред да слета авионот рече дека се очекува да пристигнат 171 евакуиран. Од авионот излегоа мажи, жени, деца и постари лица, кои беа тестирани за коронавирус при пристигнувањето, а по регистрацијата беа префрлени во хотели. Албанија е една од првите ...
ВМРО-ДПМНЕ вчера најави дека доколку до вторник претпладне министерот за здравство Венко Филипче и неговиот заменик Илир Хасани не достават оставки до Собранието, партијата ќе поднесе предлог-одлука за нивно разрешување, тврдејќи дека оставките требало да ги достават до Законодавниот дом, а не до премиерот Зоран Заев. Ваквата иницијатива СДСМ ја оцени како „голо политиканство и очаен обид да се напаѓа неосновано”, наведувајќи дека согласно ...
Украина е петта земја во изминатите неколку недели која воспостави некои основни правила за пазарот на криптовалути. Украинскиот Парламент речиси едногласно усвои закон со кој се легализираат и регулираат криптовалутите. Законот, кој беше донесен во 2020 година, сега треба да го потпише претседателот Володимир Зеленски. Досега, криптопазарот во Украина функционираше во сивата зона, при што на граѓаните им беше дозволено да купуваат и разменуваат ...
Бројот на активни случаи во земјава изнесува 13.412 од кои најголем број или 5858 се во Скопје. Во Тетово има 1184 активни случаи, во Куманово – 898, во Гостивар – 688, во Струга – 620, во Охрид- 590, во Струмица – 565, во Кичево – 483… Според вчера објавените податоци на Институтот за јавно здравје, при направени 4.553 тестирања, се регистрирани нови 464 случаи со Ковид-19, 23 починати и 435 оздравени пациенти. Досега во земјата се направени ...
Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за второто тримесечје од 2021 година е 13,1, при што извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 62,2 отсто, а увозот на стоки и на услуги се зголеми во номинален износ од 64,4 отсто. Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје пораст е забележан во секторите Е, Ж и З – Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; ...
До полноќ граѓаните можат да извршат увид во Избирачкиот список и да достават барања за дополнување, бришење или бришење на нивните податоци до Државната изборна комисија. Рокот за поднесување кандидатури за локалните избори на 17 октомври истекува во сабота на 11 септември. Заклучно со вторник, 7 септември, вкупно 13.502 лица се провериле во Избирачкиот список, поднесени се вкупно 122 барања за запишување во избирачкиот список, 31 барање за ...
Владата не работи ништо, за 7 месеци реализирале само 30% од планираните капитални инвестиции, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ. -Нема нови патишта, нема нови училишта, болници или други капитални проекти. Најголема реализација на капиталните инвестиции од сите буџетски корисници има Агенцијата за разузнавање со над 98% реализација. Ова е показател дека власта ништо не работи само пари троши на неважни работи. ...
Министерството за здравство информира дека во вчерашната несреќа при пожар во Ковид центарот во Тетово загинаа вкупно 14 лица. Во Ковид центарот за време на пожарот имало вкупно 26 пациенти, останатите 12 се на лекување во тетовската болница и се надвор од животна опасност. Нема настрадани здравствени лица, неколкумина се со полесни повреди. Министерството за здравство изразува сочувство до семесјтвата на загинатите и длабоко жалење за ...
Основното јавно обвинителство објави дека петмина обвинители се ангажирани и веќе се на терен каде што вршат вештачење за да се проверат причините за пожарот во модуларната болница во Тетово. „Основното јавно обвинителство Тетово врши вештачење на местото на настанот во модуларната болница во Тетово, каде што вечерва избувна пожар во кој има жртви. Во вештачењето се вклучени тројца обвинители од Основното јавно обвинителство Тетово, на кои им се ...
Американскиот претседател Џо Бајден вети дека евакуиацијата на цивилите од Авганистан ќе продолжуи и покрај двојниот бомбашки напад во близина на аеродромот во Кабул, во кој загинаа повеќе од 90 луѓе, вклучувајќи и 13 американски војници. Повредени се над 150 луѓе. „Мораме да ја завршиме оваа задача и ќе ја завршиме, порача Бајден, додавајќи дека до сега над 100.000 лица биле евакуирани од земјата. И покрај тоа илјадници Авганистанци се уште ...
По нападите во Кабул, во кои загинаа 13 американски војници и најмалку 72 цивили, американскиот претседател Џо Бајден најави одмазда и продолжување на евакуацијата. Американскиот претседател Џо Бајден одговорноста за вчерашните бомбашки атентати во Кабул им ја припиша на припадниците на џихадистичката милиција Исламска држава, ИС-Х. К означува Хорасан, историски регион во Централна Азија кој го опфаќа и Авганистан. Тие се во непријателски односи ...
„EpiVacCorona-N“, која е додадена во Државниот регистар на лекови е развиена во истражувачкиот центар „Вектор“, во Новосибирск Русија ја одобри својата петта вакцина против коронавирусот, истиот ден кога земјата го собори рекордот според бројот на смртни случаи од ковид-19 во еден ден, Русија ја одобри својата петта вакцина против коронавирусот, јавија синоќа руските медиуми, пренесе ДПА. Вакцината „EpiVacCorona-N“, која е додадена во Државниот ...
Домаќинствата, на крајот од јули се позадолжени кај банките за 8 проценти во однос од пред една година, покажуваат податоците на Народната банка. Штедењето пак, покажува анализата на Pari.com.mk забавило. Така, населенито за една година, ги зголемило депозитите за 4,3 проценти. Овие податоци се очекувани, со оглед на пандемијата, рестрикциите, зголемениот број на невработени и намалување на платите кај дел од вработените. ФИРМИТЕ НА СВОИТЕ ...