Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, на денешната прес-конференција порача дека не е постигнат консензус за предложените измени на Изборниот законик. „Во ниту еден момент не се постигна консензус за ваков Изборен законик“, истакна Апасиев, додавајќи дека останале пет клучни прашања кои не биле затворени по работните состаноци: условите за независните кандидати по одлуката на Уставниот суд, електронското гласање на дијаспората, државното ...

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конферениција, порача дека СДСМ ќе го блокира предложениот Изборен законик, оценувајќи дека тој содржи сериозни решенија кои не се ниту европски ниту демократски и кои отвораат простор за злоупотреба на изборниот процес. „Ваков закон не смее ова Собрание да донесе. Ќе го блокираме затоа што граѓаните заслужуваат да имаат фер, демократски изборен процес, а не вака контролиран како што ...

Во рамките на Форумот на балканските уставни судови, со кој претседава Уставниот суд на Република Северна Македонија, од 24 до 26 јуни 2026 година во Охрид се одржа тркалезна маса на ниво на генералните секретари на уставните судови. Настанот беше организиран од Уставниот суд на Република Северна Македонија, со поддршка на Делегацијата на Европската Унија, во рамки на проектот „Зајакнување на капацитетите на Уставниот суд за оценување на ...

Престедателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање, нагласи дека реконструкцијата на Владата не носи никаква суштинска промена ниту пак каков било бенефит за граѓаните. Филипче посочи дека станува збор за формална замена на имиња, без промена на политиките што изминатите две години доведоа до осиромашување, изолација и влошување на квалитетот на живот. „Замената на луѓе во ресорите, замената на различни имиња е нешто ...

Министерството за култура и туризам изразува длабоко жалење по повод смртта на Владо Јаневски, еден од највлијателните македонски музички автори и изведувачи, кој со своето богато творештво остави неизбришлива трага во современата македонска музика. „Владо Јаневски беше уметник кој со својата исклучителна музикалност, препознатлива интерпретација и безвременски песни обедини генерации љубители на македонската музика. Неговото творештво, ...

Од утре попладне до сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно наместа со повремен дожд и грмежи особено во попладневните часови и во текот на ноќта, информира УХМР. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер (над 60 километри на час) и појава на град. Од среда температурите ќе бидат во опаѓање, особено за време на викендот кога ќе дува умерен до засилен ...

Имаме јасна визија за комплетна промена на железничкиот сообраќај. Ако наследивме претпријатија на раб на пропаст и пред банкрот, сега имаме карго сообраќај кој бележи сериозен раст, имаме раст на број на патници, имаме крупни инвестиции во изградба на нови пруги, водиме политика на развој на Железницата како срцевина на економијата, се обрати денеска заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, на ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа до каде е реализацијата на голем број на капитални проекти најавени во наредните години, до каде е реализацијата на капиталните проекти во културата со оглед на тоа дека и министерот Љутков спомна дека буџетот за културата во овој дел е зголемен, изјави: „Да, благодарам на прашањето, тоа е така. Оваа година ...

На 28.06.2026 во 18:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош, во базен во двор од куќа, бил пронајден починат М.Ј.(58) од Скопје. Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство. Извршен е увид, а по насоки од јавен обвинител телото на починатиот е предадено во судска медицина за обдукција. На 28.06.2026 во 18:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на ...

На 63-годишна возраст почина театарскиот режисер Сашо Миленковски. Роден во Битола во 1963 година, Миленковски зад себе остави богата театарска кариера во која режираше повеќе од 50 претстави, поставувајќи дела од автори како Шекспир, Молиер, Достоевски и Бекет. Една од неговите најзначајни режии беше праизведбата на „Балканот не е мртов“ од Дејан Дуковски, поставена во Битолскиот народен театар во 1992 година. Претставата освои четири ...

– Секогаш кога пуштаме еден ваков објект во функција, јас сум посебно задоволен и среќен, бидејќи на овој начин ќе го подобриме квалитетот на живот на многумина, се разбира најмногу на најмладите, на дечињата. Впрочем, намената на ваквите објекти е токму за нив, да почнат да другаруваат уште од најрани години, да стекнуваат знаења, пријателства, да се формираат како личности, изјави премиерот Христијан Мицкоски од денешниот настан во Гази ...

Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што утрово се случила на автопатот „Пријателство“, во близина на исклучувањето кон меѓународниот аеродром „Скопје“, информираат од МВР. Според информациите од полицијата, несреќата била пријавена околу 5:30 часот, откако автомобил „нисан“ со српски регистарски ознаки удрил во метална ограда, по што се превртел на коловозот. Повредени се возачот, 34-годишниот Н.Џ. од Република Србија, како и две ...

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ постојано работи да ја зајакне меѓународната позиција на Македонија, работи на развој на економијата и на подобрување на животниот стандард на граѓаните. Од друга страна, од СДС и од опозицијата се трудат да и штетат на Македонија. Кога во прашање се доведуваат државни интереси, без разлика дали станува збор за власт или опозиција, треба да се бранат истите. Дипломатскиот преседан што ...

Прес конференција на СДММ – Петар Огњеновиќ: Во среда, на 1 јули, во 12:05 часот, овде, во хотелот, ќе се одржи настан насловен како „Разговори за иднината во 12:05“. Ние, младите, велиме: ова не се разговори за нашата иднина. Ова е обид на Христијан Мицкоски да создаде ЗНАМ 2.0 – нов сателит кој ќе му послужи да ги раздели гласовите на опозицијата на следните избори, исто како што го направи и со ЗНАМ пред последните парламентарни избори. ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека Киев повторно го погодил Московскиот регион со „долгорочни санкции“, термин што го користи за украинските напади длабоко на руска територија. „Време е да се заврши оваа војна и Русија мора да преземе потребни чекори во дипломатијата“, додаде Зеленски. Тој објасни дека масовниот напад бил одговор на рускиот напад врз Киев минатата недела, во кој беше запален важен историски и религиозен ...

Според последните извештаи, Венецуела била погодена од два силни земјотреси со магнитуда 7,2 и 7,5, регистрирани во многу краток временски период, западно од Каракас. Првите информации говорат за бројка од триесетина загинати, а околу 700 биле повредени, додека властите предупредуваат дека бројките ќе се зголемуваат бидејќи спасувачките операции продолжуваат. Властите прогласија вонредна состојба, а меѓународниот аеродром „Симон Боливар“ во ...

Венецуела се соочува со една од најтешките природни катастрофи во последните години, откако земјата беше погодена од два силни земјотреси што предизвикаа паника, уривање на објекти и голема мобилизација на спасувачките служби. Според последните информации, првиот земјотрес бил со магнитуда од 7,2 степени, а кратко потоа следел уште посилен удар од 7,5 степени. Потресите биле почувствувани во главниот град Каракас, но и во други делови од ...

Вршителот на должноста претседател Делси Родригез им се обрати на граѓаните по катастрофалните земјотреси и рече дека приоритет е „спасување животи2“ и дека властите работат на спасување на луѓето заробени во урнатините на зградите. Зборувајќи порано утрово, Родригез рече дека во следните неколку часа, Венецуела ќе почне да прима спасувачи од други земји, вклучувајќи ги САД, Доминиканската Република, Мексико и Ел Салвадор. Таа додава дека ...

Иран и САД се согласија да ги запрат неодамнешните судири во Персискиот Залив и да ги продолжат разговорите за спорот околу Ормускиот теснец, потврди во неделата американски функционер, зголемувајќи надежи дека привремениот мировен договор би можел да се одржи и покрај притисокот од меѓусебните напади во последните денови. „Договорено е да се продолжат техничките преговори за сите делови од меморандумот за разбирање. Двете страни засега ќе се ...

Температурите во некои делови од Европа вчера достигнаа 40 степени Целзиусови, додека бури ги погодија другите области, а рекордните топлотни бранови ги преплавија здравствените системи и го нарушија транспортот и производството на електрична енергија во делови од континентот. Франција регистрираше дополнителни 1.000 смртни случаи поврзани со топлината, соопшти францускиот завод за јавно здравје „Санте Публик“. Повеќето од смртните случаи се ...

Прес конференција на Миле Лефков од ВМРО ДПМНЕ: Државното раководство на Македонија има многу јасно зацртано како државата треба да се вклучи во ЕУ и тоа јасно го кажува. А тоа значи, намерата на Македонија не е само да почне преговори со Брисел и да се соочи со нова блокада како актуелната од официјална Софија, туку процесот да почне и успешно да заврши со целосно исполнување на европските стандарди. Ова им е јасно и на многу истакнати ...

Соопштение на СДСМ: ЗНАМ се распаѓа и веќе не постои ниту во анкетите ниту во гласови. Последните двајца што останаа, Максим Димитриевски и Горан Минчев се тепаат за фотелји и ги делат последните тендери за да ја наплатат својата улога на последните избори, кога ја предадоа својата партија, а потоа и своите гласачи. Христијан Мицкоски веќе работи на создавање на нов инструмент, нов сателит- ЗНАМ 2.0, кој треба да му послужи за разбивање на ...

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Во 2024 и 2025 година беа направени значајни чекори во спроведувањето на Реформската агенда, кои се дел од процесот на усогласување со европските стандарди и исполнување на обврските од Планот за раст на ЕУ. Европските институции го препознаваат напредокот на Македонија и затоа и оваа година Македонија ќе биде лидер во регионот по Планот за раст. СДС не гласаше ниту за едно од законските решенија што се дел од ...

Во Шорндорф, град во германската покраина Баден-Виртемберг, 20-месечно девојче почина откако беше оставено во автомобил со часови. Според првичните извештаи, детето било заборавено во возилото од нејзината мајка. Криминалната полиција и канцеларијата на државниот обвинител започнаа истрага, објавува „Берлинер Цајтунг“. Истрага против мајката Полициската управа во Ален објави дека добила пријава за безживотно дете во автомобил паркиран на ...

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјави дека европските сојузници на САД мора да ја преземат водечката улога во одбраната на сопствениот континент и да помогнат во трансформацијата на НАТО во „силен, цврст воен сојуз“. На состанокот на министрите за одбрана на НАТО, Хегсет повика на „ресетирање“ на организацијата од 32 земји за да се трансформира во „НАТО 3.0“ способна да одврати каква било закана. „Ќе испратиме порака до светот ...

Пекинг денеска соопшти дека го поздравува потпишувањето на меморандумот за разбирање меѓу претседателите на Соединетите Американски Држави и Иран, со кој се повикува на итен прекин на непријателствата и ги повика двете страни на компромис во следната фаза од преговорите. Потпишувањето „има позитивно значење за ублажување на тензиите и зајакнување на сегашниот моментум кон прекин на огнот. Кина го поздравува овој развој на настаните и се ...

Грчкиот остров Евија утрово беше погоден од земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од четири километри и на 78 километри од градот Перистери. Земјотресот се случил во 5:13 часот наутро по локално време и предизвикал вознемиреност кај жителите на областа, особено имајќи предвид дека Евија вчера беше погодена од серија ...

Основното јавно обвинителство Скопје синоќа донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 51-годишник за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. На 25 јуни, во атарот на селото Летевци, при вршење семејно насилство, тој со умисла ја лишил од живот неговата сопруга. Осомничениот вечерта со автомобил ја зел жената од нејзиното работно место, ја однел во ...

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Најниските утрински температури ќе се движат од 10 до 19 степени, додека максималните дневни ќе бидат од 30 до 39 степени. Во западните делови температурите ќе се движат околу 30 до 31 степен, во јужните и централните делови околу 33 ...

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив, седуммина ( по двајца во Скопје, Росоман и Куманово и еден во кавадаречко) управувале возило без возачка дозвола. Поради возење под дејство на алкохол лишени од слобода се петмина возачи ( во Кавадарци, Свети Николе, Неготино, Гевгелија и на автопатот Велес-Градско), а двајца возачи ...

weather icon

Скопје

31ᴼ / 31ᴼ
2.92
28%
1015
weather icon

Белград

34ᴼ / 33ᴼ
3.21
36%
1014
weather icon

Загреб

34ᴼ / 34ᴼ
0.46
44%
1015
weather icon

Софија

30ᴼ / 30ᴼ
2.42
37%
1017
weather icon

Сараево

33ᴼ / 33ᴼ
1.67
41%
1015
weather icon

Љубљана

33ᴼ / 29ᴼ
1.28
52%
1017
weather icon

Атина

31ᴼ / 29ᴼ
3.58
38%
1013
weather icon

Тирана

32ᴼ / 32ᴼ
1.43
39%
1014
weather icon

Подгорица

34ᴼ / 34ᴼ
1.86
28%
1013
weather icon

Букурешт

34ᴼ / 32ᴼ
2.24
36%
1015
weather icon

Будимпешта

38ᴼ / 35ᴼ
0.89
22%
1014
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 26ᴼ
5.9
100%
1015
Currency

61.6417

Currency

54.0919

Currency

71.4501

Currency

37.2538

Currency

38.1416

Currency

66.8701

Currency

7.95535

Currency

0.68999

Currency

0.33423

Currency

0.52556

Currency

1.15981

Currency

0.57336

Платина

50476.67

Калај

50.54

Родиум

249168.29

Сребро

1862.96

Иридиум

233896.68

Цинк

0.00

Паладиум

38355.84

Кобалт

56.29

Злато

129060.56

Алуминиум

3.11

Рутениум

49029.89

Бакар

12.22