
Скопје
13ᴼ /
13ᴼ



Бројот на вработени во Македонија во последниве неколку години драстично се намалил. Официјалните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека во 2020 година бројот на вработени изнесувал 811 106 лица. Следната година забележано е намалување на бројот на вработени лица за над 16 илјади, но годинава е загрижувачко бидејќи согласно второто тромесечие бројот на вработени се намалил за 116 илјади лица во однос на 2020 година. Повеќе на ...
За многумина, дигиталното номадство започнало многу пред ковид периодот, но овој тренд тогаш зел најголем замав. Зошто? Затоа што многумина – и да сакале – поради правилата на фирмите, не можеле да работат на тој начин претходно. Само самото давање на приоритет на одржувањето на физичка дистанца во текот на пандемијата, шефовите започнале повеќе да ги „олеснуваат“ правилата и масовно да ги испраќаат вработените на работа од дома, па дури и на ...
Во просториите на Агенцијата за вработување на Северна Македонија (АВРСМ) денеска беше промовирана мерката „Поддршка за креирање на нови работни места преку зелени инвестиции” од Оперативниот план за активни програми и мерки за 2022 година, кој се однесува на поддршка за креирање на нови работни места во делот на зелени инвестиции. Заинтересираните работодавачи за оваа мерка, која Агенцијата ја имплементира во соработка со Програмата за развој ...
Матичната компанија на „Google“, „Alphabet“ објави значително послаб раст на приходите во третиот квартал, наведувајќи го падот на приходите од рекламите на „YouTube“ поради намаленото корпоративно трошење во услови на забавена економија. Приходите на „Alphabet“ се зголемија за шест отсто во третиот квартал на 69,1 милијарди долари. Во претходниот квартал приходот скокна за 13 отсто. Нето добивката падна во периодот до септември за 26,5 отсто, ...
Започна печатењето на учебниците за основно образование кои се нови и оваа учебна година за првпат ќе се употребуваат. Приоритет во процесот на печатење имаат учебниците за прво, второ, четврто и петто одделение, кои низ сложена неколкумесечна постапка се неодамна одобрени, а нивната изработка следеше по креирањето на нови наставни програми за овие одделенија, согласно планот за етапна реформа на основното образование. Согласно договорот со ...
Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска истакна дека исплатата на платите на вработените во градинките доцни заради доцнењето на градинките со доставувањето на податоците за платите поради покачувањето од 15 проценти. Платите ги потпишав вчера. Доцнеа заради доцнењето на градинките со доставувањето на податоците за платите. Платите го подготвуваат стручните лица во самите градинки – сметководители, благајници што ги имаат во ...
Германскиот производител на луксузни автомобили Мерцедес-Бенц соопшти дека ќе се повлече од рускиот пазар, а удели во своите филијали за индустриски и финансиски услуги ќе продаде на рускиот синџир на застапништва за автомобили Автодом. Презентирајќи ги резултатите за третиот квартал, финансискиот директор на Мерцедес, Харалд Вилхелм, рече дека трансакциите не треба значително да влијаат на профитабилноста и финансиската позиција на групацијата, ...
Дипломите издадени во една од шесте земји од регионот: Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово и Албанија, од надлежна високообразовна институција, ќе се признаваат во сите други, предвидува Договорот за признавање на високообразовните квалификации во Западен Балкан. Со потпишувањето на Договорот на претстојниот Самит на Берлински процес во Берлин, Германија, се промовира академска мобилност и соработка , високото ...
Во рамките на воспоставениот дијалог на министерката Славјанка Петровска со синдикатите во Министерството и Армијата, вчера во Министерството за одбрана се одржа средба на министерката Петровска со првите луѓе на четирите синдикати во Министерството и Армијата на која беше потврдено дека припадниците на Армијата од ноември ќе добијат зголемување на платата во висина од 2.000 денари. Тоа значи дека со октомвриската плата која што ќе се исплати во ...
Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и директорот на АД Пошти на Република Северна Македонија, Васко Стефанов, денеска остварија средба со претставници на синдикалните организации при АД Пошти на Република,Северна Македонија придружувани од претседателот на Сојузот на Синдикати на Македонија информираат преку соопштение од Министерството за транспорт и врски. На средбата се разговараше за тековните состојби во АД Пошти на Република ...
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против полициските службеници Б.В. и Х.З., вработени во СВР Скопје, кои се осомничени дека сториле кривично дело „примање поткуп“ по член 357 од Кривичниот законик. Како што соопшти денеска МВР, пријавените на 25 септември 2022 при вршење на сообраќајна контрола ...
Надоместок на плата за скратено работно време Правото на надоместок на плата за скратено работно време поради нега на детето со попреченост и најтешки облици на хронични заболувања, утврдено со Законот за работните односи, родителот го остварува во центарот за социјална заштита, без оглед на возраста на детето. Висината на надоместокот на плата изнесува 50% од просечната нето плата на родителот за претходната година, но најмногу до 50% од ...
Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија Важноста на Законот за градење, Панеуро медитеранската конвенција и Законот за гаранција за заем за финансирање на АД ЕСМ, што ги усвојува Собранието на РСМ и значењето на одлуките што ќе се носат во Берлин, за патување со лични карти помеѓу сите земји во Западен Балкан, признавање на професионалните квалификации на докторите по медицина, по стоматологија и архитектите, ...
МАКЕДОНСКА МЕРА- MACEDONIKUM ADMODUM Tема: Правила, правила, да би те удавила…? Како што велеше познатиот рефрен од песната на Бора Чорба, веројатно кај нас се случува во реалноста. Новиот Правилник за постапката за доставување и регистрација на колективните договори и нивните измени (го кратам насловот бидејќи во оргинал е километрски и на крај забораваш воопшто за што се однесуваше Правилникот!) има за цел да го „удави“ системот на коелективно ...
Автор: Бобан Илијевски Сте ја забележале ли некогаш онаа слика што кружи по социјалните мрежи, на која е претставен еден распартален човек кој на својата жена и дете (исто распарталени) гордо им вели: „Победија нашите на избори!“ На таа слика често се потсетувам кога ќе видам некој кој едвај преживува а се удира во гради за неговата политичка партија. Се потсетувам и се чудам како е можно да се случува тоа? Тие со полни стомаци, другите со ...
Владата ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за труд и социјална политика за исплата на пензии за месец октомври 2022 година. Се задолжува Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 28.10.2022 година и се препорачува на деловните банки пензионерите да може да располагаат со октомвриските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската ...
Бизнисот очекува в петок, на 28 октомври, да се одржи редовна седница на Платформата за јавно-приватен дијалог и Владата да каже кои ќе бидат следните чекори за поддршка на стопанството. Како што вели за МИА претседавачот на Платформата и извршен директор на Стопанската комора на северозападна Македонија Дриљон Исени, засега нема информација од фирмите членки за отпуштања, но сите работат минимално, со 30 – 40 отсто од производствените ...
Apple се соочува со штрајк во кој учествувале 150 вработени во продавниците во Австралија, откако преговорите за подобри плати и работни услови не успеале. Вработените им дале поддршка на синдикатите и повикале на низа подобрувања, вклучувајќи поголеми плати и распореди со два последователни слободни денови. Apple на вработените им понудил зголемување на минималната плата на 17,35 долари, но синдикатот не ја зел во предвид оваа понуда поради ...
Според Унијата на здруженија на медицински сестри платите на сестрите се за пет пати се помали од платите на докторите. Иако со анекс договор се уреди и коефициент на сестрите со виско образовние во најголем дел од здравствените институции ова се реши како додаток на плата и овој додаток го добиваат мимо вистинскиот коефициент и добиваат плата со средна стручна спрема, вели Гордана Бешлиовска од Унијата на здруженија на медицински сестри. Повеќе ...
Главниот одбор на Синдикатот за просвета на Црна гора не го прифатил предлогот на Министерството за финансии и Министерството за образование платите на просветните работници да се зголемат за 15 % од 1 јануари 2023 година, а во 2024 и 2025 година да има нови зголемувања, пренесува Vjesti.me. Во соопштението до медиуми, синдикатот бара што е можно поскоро да се продолжат преговорите за зголемување на платите на просветните работници и на ...
Постовите за лични неуспеси, животот на новопечен родител или нечиј пат кон поголема самодоверба некогаш биле резервирани за Фејсбук. Меѓутоа, во текот на последните неколку години, тие стигнале и до деловната социјална мрежа LinkedIn. Во текот на пандемијата, границите помеѓу работата и приватниот живот за многу вработени биле избришани. Овој факт заедно со промената на алгоритамот на LinkedIn и фаворизирањето на личните приказни, покажува дека ...
Илон Маск им рекол на потенцијалните инвеститори дека планира да елиминира речиси 75 отсто од персоналот на Твитер како дел од неговиот договор за преземање на компанијата за социјални медиуми, објави во четвртокот Вашингтон пост. Во следните месеци се очекуваат кратење на работните места, без разлика кој е сопственик на компанијата, се наведува во извештајот, во кој се цитирани интервјуа и документи. Веста за плановите на Маск, доколку тој на ...
„Револуцијата“ на работата од дома во текот на пандемијата ја подигнала скалата на она што се смета за заболен. Опцијата „на боледување сум“ изгледа повеќе не постои. Многу вработени во последните две години работеле од дома, понекогаш дури и со симптоми како треска, неможност да земат здив или мачнини. Многумина и понатаму работат во таква состојба. Колумнистот во The Economist пишува за појавата на исчезнување на деновите за боледување, во ...
„Новата инвестиција за која денеска сме овде ќе биде вредна 30 милиони евра, a новиот производствен капацитет ќе биде пополнет со уште најмалку 100 нови работни места. Ова е можност за младите, бидејќи компаниите со европски и светски стандарди отвораат работни позиции и за висококвалификувани кадри”, рече премиерот Димитар Ковачевски по повод новата заедничка инвестиција YFA Аутомотив помеѓу двете компании Јангфенг и АРЦ Аутомотив во ТИРЗ ...
Една тиктокерка станала вирална откако го прикажала својот „турбулентен“ работен ден додека доставува за Амазон Флекс. Луѓето се враќаат на стариот начин на купување, а со тоа онлајн продажбата опаѓа. Поради тоа, доставувачите на Амазон останале без пакети за испорака. Тиктокерката Диана Дунам – Нелсон, која работи за Амазон Флекс, го привлекла вниманието со своето видео кое го прикажува дистрибутивниот центар на Амазон без пакети. „Се сомневам ...
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,41% во однос на одлуката од 19.10.2022 година. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се ...
Во 2000 година во Македонија се родиле 26.168 деца. Истата година починале 17.085 луѓе, што значи дека во таа година природниот прираст бил 9.083. Поразителен демографски податок е тоа што се случило со природниот прираст во наредните две децении, анализира Пари. Бројот на умрените постојано растел, а бројот на родените се намалувал. Кулминација се случила со 2020 година како пандемиска, кога се регистрирани дури 25.755 умрени, а истата година ...
Текстилните компании го гледаат спасот во преструктурирање и создавање на свои брендови. На тој начин ќе можат да им дадат поголеми плати на вработените и евентуално да станат поинтересни за стручната работна сила. Бројот на вработени во преработувачката индустрија континуирано опаѓа поради, пред се поради ниските плати, па поради тоа, како што велат бизнисмените, потребно е текстилните фабрики да создадат свои брендови. Претседателот на ...
Стапката на невработеност во Шведска малку се намали во септември, откако се зголеми во претходниот месец, покажаа последните бројки на заводот за статистиката на Шведска. Неприспособената стапка на невработеност се намали на 6,5 отсто во септември од 6,6 отсто во август. Во истиот месец лани стапката на невработеност изнесувала 8,2 проценти. Бројот на невработени падна на 359.000 во септември од 455.000 пред една година. Стапката на ...
Од утре, рудниците Бучим и Боров дол ќе го продолжат производствениот процес, што го прекинаа на 1 септември поради модернизација и монтирање нова современа опрема, како и за реализирање на проект за обновливи извори на енергија. Со тоа на работа се враќаат околу 700 вработени, кои два месеци беа на принуден одмор.. „Во изминатите десетина дена, видовме промена на цената на електричната енергија што ни овозможи да ги продолжиме производствените ...