Владата се обидува да најде начин дел од компаниите кои се на слободниот пазар на електрична енергија да бидат вретени на регулираниот, но тоа да не предизвика дополнителни трошоци кои би влијаеле на зголемување на цената на електричната енергија од 1 јануари идната година за домаќинствата и 72-те илјади компании кои се веќе на регулираниот пазар. Во текот на оваа недела се очекува да бидат доставени и понудите за набавка на потребните количини ...

Владата го усвои Предлог Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории граѓани за справување со енергетската криза. Овој Закон како дел од пакетот антикризни мерки, обезбедува финансиска поддршка за најранливите категории во време на криза и опфаќа околу 200.000 граѓани. Во следните четири месеци финансиска помош од 3.000 денари или вкупно 12.000 денари предвидено е да добијат – корисниците на право на социјална сигурност на ...

Сојузот на синдикатите на Македонија им ,,заблагодарува” на претседателот на Владата, Ковачевски, Министерката за труд и социјална политика, Тренчевска и на Министерот за финансии, Бесими што повторно јавно истакнаа дека Мерките и планот за штедење иако донесен на седница на Влада и доставен до сите институции за постапување нема да се применуваат поради тоа што нема да се намалуваат платите на вработените во јавен сектор, никој нема да го ...

Француските синдикати денеска стартувале со национален штрајк барајќи поголеми плати во ек на најголемата инфлација во последните декади. За претседателот Емануел Макрон тоа е еден од најтешките предизвици по неговиот реизбор во месец мај. Штрајкот кој најпрво ќе го погоди јавниот сектор (училиштата и јавниот превоз) е продолжение на повеќенеделниот штрајк кој ја попречил работата на повеќе големи рафинерии и снабдувањето со гориво на ...

Тешки времиња за болниците во Германија. Трошоците растат. Ова го рекол Карл Лаутербах, министер за здравство, во своето обраќање. Здравствените работници предупредуваат дека болниците можат да затворат поради високата инфлација и зголемените цени на енергенсите. „Се приближуваме до драматично тесно грло на ликвидноста на болниците“, напишал претставник на просветните работници во писмото упатено до Лаутербах, пишува германски РНД. „Како ...

Работниците во Германија одат на работа и дури ако се заразени со корона, се тврди во една нова студија. Речиси секое десетто заразено лице оди на работа, а само 28 % од испитаниците не го напуштаат својот дом. Речиси секое десетто лице кое е позитивно на корона вирусот, во случај на поблаги симптоми, оди на работа. 9 % од нив и понатаму одат на работа, 17 % – работат од дома, а 17 % седат дома се додека не им поминат најтешките симптоми, ...

Вработени во Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје денеска се заканија дека јавниот превоз во градот ќе прекине доколку не им биде исплатена септемвриската плата. Од ЈСП, пак, преку соопштение најавија нејзина исплата и тврдат дека нема да дозволат скопјани да останат без јавен превоз. Но, во меѓувреме, претседателот на синдикалната организација на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) при ЈСП Миќо Стојановски за Радио МОФ вели дека ...

Во изработката на Национална стратегија за млади 2023 – 2027 кој ќе се работи наредниве два месец преку работни групи ќе бидат вклучени државните институции, единиците на локална самоуправа, граѓански организации, меѓународната заедница и сите други засегнати страни за младински политики кои преку работни групи во наредните два месец ќе работат на креирање одржливи политики. Меѓу говорниците на почетокот на овој проект беше и Славчо Темелковски, ...

Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 од ноќеска на полноќ поскапува за половина денар, а за толку се намалува цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1). Поевтинува и мазутот М-1 НС, за 0,886 денари за килограм, а не се менува цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Новата цена на моторниот бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе изнесува 91,50 денари за литар, ...

Автор: Бобан Илијевски Веќе 30 години, најголемиот дел од граѓаните во Македонија тонат во сиромаштија. Денска по повод Светскиот ден за борба против сиромаштија (17 октомври), неминовно е да се отвори проблемот со којшто се соочуваат многу поединци и семејства. Борбата со сиромаштија некако тешко ни оди. Се повеќе гледаме семејства кои едвај преживуваат. Властите, за жал, најмногу се ориентираат кон оние коишто им се најголемо гласачко тело, ...

Секоја нова образовна етапа започнува со ентузијазам и со желби за достигнување на поставените цели. Јас посакувам така и да заврши ова ново патување за новата генерација студенти – бруцоши и за сите оние кои преминуваат во повисоки години на студии на Меѓународниот Балкански Универзитет во Скопје. Ова го истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири на првиот академски час од новата студиска 2022-2023 година, кој на оваа ...

Работничка во британската Управа за приходи и царина добила 290,000 евра компензација затоа што добила отказ по расправијата со својата шефица. Имено, Елејн Ворзли, која 45 години работела во Управата за приходи и царина, се искарала со својата шефица Линда Марисон кога и било одбиено барањето за новогодишната вечер да ѝ биде слободна, пренесуваат медиумите. Ворзли вели дека станала анксиозна поради влошувањето на нивниот работен однос, како и ...

„Јазикот претставува еден од клучните елементи за историскиот континуитет на една нација. Зад секој пишан збор, зад секоја напишана книга се крие приказната на оние кои живееле пред нас, и се овековечуваат важните настани во државата”, порача министерот за образование и наука, Јетон Шаќири на денешната манифестација по повод Отворени денови на Институтот за македонскиот јазик. Министерот Шаќири во своето обраќање истакна дека вложувањето во ...

„Вработените во наредниве денови ќе ја добијат заслужената плата, нема да дозволиме скопјани да останат без јавен превоз“, велат во испратеното соопштение од ЈСП Скопје. Тие велат дека централната власт и дел од општините ќе ги исплатат заостанатите обврски кои ги имаат за испорачаната услуга од страна на ЈСП за организиран превоз за одредени категории патници, средства со кои се исплаќа платата за вработените во ЈСП. „Очекуваме дека час поскоро ...

Премиерот Димитар Ковачевски денеска потврди дека ниту еден вработен нема да остане без работа, а мерките што ги донеле како Влада, се однесуваат на намалување на трошоците и за фискална консолидација во државата. – Мерките се однесуваат на намалување на трошоците и за фискална консолидација во државата, и исто така зголемување на приходите. Ниту јас, ниту кој било министер има кажано дека на некој вработен ќе му биде раскинат договор и дека ќе ...

Владата го усвои Предлог Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории граѓани за справување со енергетската криза, Сега, ова законско решение влегува во прoцедура пред собраниските тела и пред пратениците. Овој Закон обезбедува финансиска поддршка за најранливите категории во време на криза и опфаќа околу 180.000 граѓани. Во следните четири месеци финансиска помош од 3.000 денари или вкупно 12.000 денари предвидено е да добијат ...

Вториот капацитет на американската компанија „Кемет електроникс“, инвестиција од 25 милиони евра во која ќе се вработат нови 360 лица денеска свечено е отворен во технолошко индустриската развојна зона – ТИРЗ Скопје 1. Одлуката на компанијата да го прошири производството тука е потврда за добрите економски политики кои ги води Владата и политиките што ги имаме за зголемување на платите на вработените, рече премиерот Димитар Ковачевски на ...

Во третиот квартал од годинава, односно во јуни, јули и во август, се отвориле 3.166 нови фирми, покажуваат податоците од платформата БизнисМрежа.мк. Ова е одличен показател за раст на инвестициската активност ако се земе предвид дека во целото прво полугодие од годинава се отворени 3.768 нови фирми, што покажува дека за три месеци се отвориле фирми колку за речиси шест месеци! Дека има значителен раст на инвестирање во нови компании покажува и ...

На вчерашната седница на Владата е усвоен Предлогот на Закон за финансиска поддршка на социјално ранливи категории граѓани за справување со енергетската криза, предложен од Министерството за труд и социјална политика. Целта на Предлог-законот е обезбедување финансиска поддршка на најранливите категории на граѓани, во услови на енергетска криза. Финансиска поддршка од 3.000 денари месечно, за период од четири месеци, започнувајќи од наредниот ...

Автор: Бобан Илијевски Цените во Македонија се речиси исти со цените во Германија, држава каде има многу поголеми плати од нашите. Ова навистина нема логика. И ако за нашите политичари ова е имплементирање на европски вредност – Не , благодарам. Дајте ни прво европски плати, па да имаме европски цени, а не обратно. Се фалат дека ги зголемиле минималната плата и пензиите Премиерот Димитар Ковачевски вчера рече дека оваа Влада минималната плата ја ...

Сметам дека треба да имаме еден општ колективен договор, кој ќе биде пропратен со Закон за плати во државата. Ние немаме закон кој ги унифицира платите. Ако ги погледнете и менаџерските договори на директори на јавни претпријатија кои прават загуби со години и на членови на управни одбори ќе видите поголеми плати од двајца министри заедно, изјави премиерот Димитар Ковачевски. Тој, во гостувањето во „360 степени” на Алсат М, посочи дека е ...

Соопштение до јавноста, реакција на интервјуто на Димитар Ковачевски, во емисијата 360 Степени на ТВ АЛСАТ М Дезертерот Ковачевски во вечерашното интервју призна дека власта има конфликти, поделби и е разединета, освен во моментите кога крадат и прават криминал. Самиот Ковачевски призна дека милионскиот тендер за Коридорот 8 завршил во рацете на консултанска фирма регистрирана во Велешко село. Воедно Ковачевски не кажа ниту збор за аферата ...

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во вечерашното интервју во емисијата „360 степени“ на Телевизија Алсат кажа дека од првиот ден од неговото доаѓање во Владата, прво како заменик министер за финансии, а потоа и како премиер, покажал дека неговите политики се левичарски. „Од првиот ден од моето доаѓање во Владата, прво како заменик министер за финансии, а потоа и како премиер, покажав дека моите политики се левичарски и што значи левичар, ...

Во Полициската станица Велес вчера било пријавено дека во канцеларија во касарната на Армијата во Велес бил пронајден починат 59 годишниот С.А. од Гевгелија, вработен во армијата. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, информира денеска портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев. Тој појасни дека извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес, а телото на починатиот, по наредба на Јавен обвинител, било дадено на ...

Непријавената работа или работата на црно е еден од најгорливите проблеми во македонската економија. Одредени фирми, обидувајќи се да ги избегнат даноците и плаќањето на придонеси за вработените, истите ги држат во илегала. Дел од вработените пак, мислејќи дека тоа им е единствена опција во борбата за опстанок, се решаваат да работат непријавени. Тие не го земаат во предвид тоа дека непријавената работа значи и дека немаат пристап до социјално ...

Централата ТЕ-ТО е еден од клучните капацитети во решавањето на енергетската криза. Денеска имавме разговори со менаџментот за да се договориме како заеднички да настапиме пред државата, за да можеме да изнајдеме решение за компаниите коишто, ако овој капацитет работи со полна сила, сигурно нема да имаат проблем со набавка на електрична енергија, порача претседателот на Стопанската комора Бранко Азески при денешната посета на гасната централата ...

Нема да има кратење на платите на вработените во администрацијата, но ќе се кратат додатоците за прекувремена работа, репрезентација за патување и трошоците за службените телефони на вработените и функционерите, вели за ТВ21 заменик-министерот за информатичко општество и администрација, Александар Бајдевски, откако владините препораки за намалување на расходите на буџетските корисници предизвикаа бурни реакции во јавноста. Повеќе на ТВ21 Post ...

По поминати шест месеци, седница одржа Економско социјалниот совет кој го сочинуваат власта, синдикатот и работодавачите. Работниците и стопанствениците на состанокот влегоа со големи очекувања, но според информациите на Денар, тие излегоа буквално со празни раце. Нема нови мерки за работниците, за осигурување на работните места, а на компаниите им е понудено да аплицираат за поволни кредити и олеснети услови за монтирање на фотоволтаици. Во ...

Бројот на туристи во државава во август годинава изнесува 190 855, од кои 60,9 проценти се домашни туристи, а 39,1 процент се странски, објави денеска Државниот завод за статистика. Во август годинава се регистрирани 835 016 ноќевања, од кои 77,7 проценти се од домашните, а 22,3 проценти од странските туристи. Од евидентираните вкупно 74 673 странски туристи, најбројни биле од Турција, 11 017, по што следат тие од Србија, 7 317, Полска 5 570, ...

Прометот во индустријата, вкупно, во август годинава во однос на август лани е зголемен за 17, 6 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика. Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во август 2022 година, во однос на август 2021 година, бележи пораст кај Капитални производи за 42,9 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 25,3 проценти, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
1.54
36%
1022
weather icon

Белград

18ᴼ / 16ᴼ
2.57
60%
1023
weather icon

Загреб

23ᴼ / 18ᴼ
0.45
47%
1023
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
4.63
45%
1022
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
2.77
64%
1022
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 18ᴼ
1.03
73%
1023
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
5.81
40%
1016
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.03
53%
1017
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
7.2
29%
1020
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 17ᴼ
4.12
61%
1022
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 18ᴼ
3.6
56%
1024
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
6.17
53%
1018
Currency

61.535

Currency

53.2956

Currency

72.2284

Currency

34.5295

Currency

39.1925

Currency

65.588

Currency

7.42289

Currency

0.66745

Currency

0.36942

Currency

0.52463

Currency

1.35117

Currency

0.61735

Алуминиум

2.51

Кобалт

42.99

Никел

14937.50

Рутениум

21637.45

Калај

32.87

Сребро

1161.55

Злато

110212.49

Бакар

9.52

Паладиум

33372.47

Платина

38596.61

Родиум

177632.87

Цинк

2.61