Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) ја поздрави одлуката на Основниот граѓански суд-Скопје за донесеното решение со кое се одбива барањето за одредување привремена судска мерка со кое се бараше да се наложи на тужените од страна на Судот веднаш да ги отстранат објавените содржини со наслов „Нечиста крв“, односно објавите на документарниот видео запис со истоимениот наслов на МРТВ, YouTube каналот на ИРЛ и Facebook профилот на ИРЛ. Ова ...

Двете синдикални организации на Македонска пошта денеска повторно одржаа предупредувачки протест за време на паузата. Бараат да им биде исплатена септемвриската плата, да не се доцни во иднина со исплатата на платите, да се подобрат нивните услови за работа и државата да ги користи нивните услуги и да не ангажира приватни пошти, со цел да се зголемат нивните приходи. Претседателот на едниот Синдикат на Македонска пошта Боро Велигденов појасни ...

Таблите со информации за возниот ред на автобуските станици ги најавуваат автобусите на ЈСП кои утрово останаа паркирани во автобазите. Главниот град за прв пат во историјата откако има јавен транспорт остана без него. Синдикалците од ЈСП најавија дека ќе продолжат со протестите сè додека не им биде исплатена платата, а граѓаните кои немаа можност да патуваат со автомобили, наместо со автобуси, заминуваат од автобуските постојки со такси или ...

Од Сојузот на синдикати на Македонија велат дека градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и в.д директорот на ЈСП Александар Стојковски оставиле повеќе од 1.000 семејства на вработените во ЈСП да трпат за леб, а за првпат ги оставија скопјани без јавен превоз. -Работниците утринава дојдоа на своите работни места да возат, но не видоа дека в.д директорот Стојковски дошол да им исплати плати, туку видоа дека дошол неовластено да ги снима ...

Бобан Илијевски Во вториот дел од седмата епизода од Работник Поткаст со професорот на Економскиот факултет во Прилеп при Универзитетот „Свети Климент Охридски“, Димитар Николоски разговаравме за тоа колку Македонија е привлечна за странските работници имајќи ги во предвид платите и стандардот. Професорот во текот на поткастот изрази согласување за тоа дека деловната структура, односно структурата на компаниите треба да се трансформира. На тој ...

Нискобуџетната авиокомпанија Еуровингс, која и припаѓа на германската Луфтханза, вчера беше принудена да откаже околу 300 летови поради штрајк на пилотите. Тоа е трет и последен ден од овонеделниот штрајк предизвикан од условите за работа на пилотите. По вторпат во последните неколку недели, пилотите изразија незадоволство од условите за работа со прекин на работата. Штрајкот погоди две третини од планираните 450 летови за Дизелдорф, Келн/Бон, ...

Претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати, Благоја Ралповски, во вечерашното гостување во емисијата „Економски Магазин на Алсат, оценува дека мерките документот за намалување на трошоците во јавниот сектор, претставен од владата, е донесен без анализи и дозволувал можност за партизација на администрацијата. „Овој документ им дава можност 100% да ја партизираат јавната администрација…Заклучуваме дека мерките и препораките се донесени ...

Вечерва заврши вонредната седница на Советот на град Скопје, околу проблемот со платите во ЈСП Скопје. Беше усвоен заклучок со кој се задолжува градоначалникот со надлежните сектори најдоцна до петок 21-ви октомври до 12 часот, да достави одлука до Советот на град Скопје за прераспределба на средства за ЈСП Скопје, како би се овозможило непречено работење на претпријатието. За заклучокот гласаа 24 советници, без ниту еден против или воздржан. ...

Европската конфедерација на синдикати објави детална анализа за состојбата на платите и профитите на компаниите, алармира за состојбата на работниците во ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел. Студијата на Европската синдикална конфедерација, каде членуваат сите големи синдикати на земјите членки на ЕУ, покажа дека во профитите на корпорациите во 13 земји на ЕУ се зголемиле за 6,5 отсто во однос на минатата година, додека реалните плати се ...

Скопје утре ќе останат без градски превоз. Синдикатите попладнево по седницата на Советот на Град Скопје револтирани дека нема договор за нивните барања, ја напуштија седницата и најавија дека утре нема да има јавен градски превоз. – Репрезентативните синдикати на ЈСП беа присутни на вонредната седница на Советот на Град Скопје и очекувавме брз и експресен одговор по иницијативите што ги дават политичките партии дека одредени средства ќе се ...

Каква е моменталната состојба на пазарот на труд, што значи функционалната неписменост и што треба да се направи за да невработените станат функционално писмени, како да го сопреме егзодусот на работоспособното население, се дел од прашањата на кои во седмата епизода на Работник Поткаст разговараме со профсорот Димитар Николоски од Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“. Со оглед на тоа дека оваа епизода е малку подолга, ...

Оваа калкулација прозлегува од анализа на податоците од електродистрибуција за потрочувачката на струја во државните институции, како Владата, министерствата, кабинетот на претседателот на државата, Собранието, ЕСМ и МЕПСО. -Шест субјекти имаат намалена потрошувачка, но немаат остварено заштеда од 15 отсто, додека останатите се над тој процент. Единствено зградата на Министерството за локална самоуправа има зголемена потрошувачка на електрична ...

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), јавно инсистира Судот да не го прифати барањето на доктор Жан Митрев за примена на вонредни судски мерки, односно за повлекување на истражувањето на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) со наслов „Нечиста крв“. Во спротивно ИРЛ директно, но и целата медиумска индустрија посредно ќе бидат изложени на брутална цензура. За жал се покажа дека опасноста на која ССНМ укажуваше ...

Кога се доведовме во ситуација македонскиот работник во очај, во безизлезност, не можејќи да ја прехрани својата фамилија, да се заканува по неговиот живот и животот на останатите, тогаш ние како држава и Град Скопје го допревме дното, вели претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Дарко Димовски, коментирајќи ја заканата од вработен во ЈСП дека ќе постави бомба во еден од автобусите затоа што немаат земено плата поради што ...

Мајкрософт планира да отпушти околу илјада работници поради послаб раст на приходите од лиценците за оперативниот систем Windows, објави американскиот портал за вести „Axios“, повикувајќи се на неименуван извор. Отпуштањата ќе бидат распоредени на повеќе нивоа на компанијата, во различни тимови и делови од светот, дознава „Axios“. Изворот го цитираше портпаролот на Мајкрософт кој рече: „Како и сите други компании, ние редовно ги анализираме ...

Вработени во Македонски пошти од денеска започнуваат со предупредувачки прекини во работата во времетраење од половина час, јавува „Независен“. Паузата во текот на работните часа ќе ја поминат во предупредувачки прекин во работата бидејќи се уште немаат земено плата за месец септември. Предупредувачките прекини, вработените велат дека ќе се одвиваат за време на паузата во времетраење од половина час се со цел за да не бидат оштетени корисниците ...

Германија Социјалната група со среден приход е столб на германското општество. Тоа е таканаречената средна класа. Постојат различни дефиниции за припадност кон средната класа, но може да се констатира дека за Германија станува збор за луѓе што заработуваат во висина од 80 до 150 проценти од утврдената просечна плата. Такви луѓе има многу и досега живееле добро: просветни работници, државни службеници, занаетчии. Според истражувањето на ...

Министерството за образование и наука континуирано вложува во инклузивно образование. Градењето подобар образовен систем значи обезбедување можности секое дете, согласно своите потенцијали, да стекне знаења и вештини што ќе му бидат потребни за да биде релевантен и активен учесник во општествениот живот. За оваа цел, одбрани се 118 основни училишта, од сите општини во Република Северна Македонија во кои ќе се изведат реконструктивни зафати за ...

Денеска од полициски службеници е приведен Ј.И. вработен во ЈСП, по претходна пријава околу 5 часот од ЈСП дека од неговиот меил на службениот меил на ЈСП и на мејловите на сите директори, службите за финансии, правни и други служби во ЈСП со закана дека поради нередовното земање на плата планирал да постави бомба во автобус на ЈСП, која би експлодирала денес за време на протестите. Се вршат антитерористички проверки и се преземаат мерки за ...

Граѓаните живеат во секојдневна неизвесност од цените на основните прехранбени намирници. Велат не знаат утре какви цени ќе ги дочекаат во маркетите, со оглед дека месеци наназад цените растат. -Секаде е криза тоа го знаеме, но кај нас очигледно е профитерство во прашање. Цените низ продавниците не растат за денар или два, туку директно за 5, 10 и 15 денари, коментира еден скопјанец. Вели дека цените горе-долу се исти како во некои европски ...

Вработените на ЈСП го започнаа штрајкот пред претпријатието. Aко денеска не добиеме плати утре во 16.30 ќе дојдеме со нашите семејства на протест. Сите сме гладни не може да си ги вршиме своите обврски и сите задно ќе бидеме за да го изразиме револтот од политичките партии и се надевам дека денеска ќе седнат и ќе се договорат, вели Миќо Стојановски од синдикатот на ССМ при ЈСП. Тие велат дека автобусите денеска ќе сообраќаат. Денска превозот ...

Со нето-добивка од над 130.000 евра, канцеларијата на извршителката Катерина Кокина остварила најголем профит во 2021 година. Добивките на извршителите, обично, предизвикуваат негативни реакции во јавноста, но Кокина вели дека тие се огледало за успешноста на реализацијата на извршните исправи, односно дека „јавноста не би требало да демонстрира негативен прием на веста дека ефикасно се спроведуваат судски и останати одлуки.” Кокина не се крие ...

Од милионски приходи до затворени капацитети. Зошто за една година запреа со производство два од ТОП петте рудници во Македонија, а истото му се заканува на уште еден? Бучим од Радовиш и Боров Дол од општина Конче, Штипско, во септември привремено го стопираа производството, поради неможност да ги платат високите сметки за струја. Во двата рудника работат 674 вработени и сѐ уште нема информација дали и кога ќе продолжат со работа. Булмак 2016, ...

Рубрика трудово и социјално право Тема: Законската забрана за отказ поради бременост, раѓање и родителство Законот за работни односи изрично го забранува откажувањето на договорот за вработување од работодавачот на работник/чка за време на бременост, раѓање и родителство, како и за време на сместување на дете кај посвоител. Отсуството од работа за родителство од страна на татко или посвоител на дете, скратено работно време кое се остварува ...

Мажите и понатаму остануваат „резервирани“ за највисоките позиции во деловниот свет, додека жените кои и да дојдат до водечките позиции, се сретнуваат со непочитување на авторитетот во корист на машките колеги. Ова го покажуваат резултатите од истражувањето кое го спровела компанијата McKinsey&Company, пренесува CNN. Во анкетата учествувале повеќе од 40,000 вработени во 55 компании, а истражувањето било спроведено во комбинација со ...

Сите економии од Западен Балкан имаат речиси идентични приоритети и цели дефинирани во националните стратегии за паметна специјализација, а Европската унија на сите нам ни овозможува достапност на исти финансиски инструменти за нивна реализација. Само обединети и преку заедничка соработка, ќе можеме да ги искористиме овие средства и ќе ги оствариме зацртаните цели на најдобар можен начин и со тоа ќе го стимулираме регионот да оди напред и да ...

И директните средби со компаниите, кои Стопанската комора на Северна Македонија (СКСМ) интензивно ги имаше деновиве, покажуваат дека енергетската криза има силно влијание врз конкурентноста на македонската економија и со тоа компаниите тешко ја одржуваат ценовната ликвидност на своите производи и услуги на странските, но и на домашниот пазар. За да се одржат домашната економија и конкурентноста на домашните производи и услуги, и дома и во ...

АД ЕСМ на 17.10.2022 година произведе 12.660 MWh електрична енергија, соопштија од Владата. Од компанијата се посочува дека во термоелектраните РЕК Битола, РЕК Осломеј и ТЕЦ Неготино се произведени 12.253 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци 407 MWh. „АД ЕСМ на 17.10.2022 година целосно ги задоволи потребите за струја на домаќинствата и на малите потрошувачи исклучиво од сопствени, домашни капацитети“, се вели во соопштението, ...

Министерот за финансии Фатмир Бесими вечерва најави дека до крајот на октомври буџетот за 2023 година ќе биде доставен до Владата. Се очекува инфлацијата идната година да се ублажи и да биде под просекот од 11,6 проценти колку што е сега, до август. Варијациите се од пет до осум отсто, но калкулациите се уште се различни, рече Бесими, нагласувајќи дека земјава ќе ги усогласи проекциите со ММФ, и во однос на растот и во однос на инфлацијата. ...

„Низ еден повеќемесечен дијалог и преговори со претставниците на СОНК го финализиравме колективниот договор. Го потпишавме и објавивме во службен весник и е веќе во сила. Колективниот договор содржи многу поволности и дополнителни права како и обврски за вработените во градинките. 15% поголема плата како што ветивме е дел од овој колективен договор, што значи дека со исплатата на септемвриската плата воспитачите, негувателите и стручните тимови ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
87%
1016
weather icon

Белград

14ᴼ / 14ᴼ
6.17
85%
1015
weather icon

Загреб

16ᴼ / 12ᴼ
0.0
69%
1016
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
87%
1016
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
1.46
89%
1014
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 11ᴼ
1.54
91%
1017
weather icon

Атина

17ᴼ / 13ᴼ
1.79
77%
1012
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
2.06
87%
1013
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
72%
1013
weather icon

Букурешт

16ᴼ / 12ᴼ
2.57
84%
1014
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 12ᴼ
2.24
74%
1015
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
6.17
87%
1014
Currency

61.535

Currency

53.5268

Currency

71.8162

Currency

34.3766

Currency

38.9421

Currency

65.6811

Currency

7.35715

Currency

0.65988

Currency

0.38012

Currency

0.52161

Currency

1.4063

Currency

0.63136

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1051.34

Злато

111305.26

Бакар

9.55

Паладиум

29803.74

Платина

30837.68

Родиум

173614.03

Цинк

2.52