
Скопје
13ᴼ /
13ᴼ



Текстилниот сектор пополека згаснува, трендот на намалување на бројот на вработени продолжува. Годишно овој сектор останува без еден до три проценти од својата работна рака. Сопствениците на текстилните конфекции со став дека енергетската криза дополнително им ги зголеми трошоците, а како што велат без повеќе пари нема ниту млада работна сила. Ангел Димитров од Организација на работодавачи вели дека спасот е во преструктуирање и на тој начин ќе ...
Во оваа колумна ќе зборувам за фискална консолидацијата, финансирањето на буџетот и долгот. Ја затворивме финансиската конструкција за Буџетот за 2022 година, додека во следните седум дена Министерството за финансии ќе го поднесе предлог-буџетот за следната, 2023 година, до Владата. Оттаму, ова е вистинско време да се зборува на овие теми. Во 2020 година, како резултат на ефектите од ковид-19 пандемијата, светот го забележа најголемиот ...
Нелојалната конкуренција предизвикува хиперпродукција на туристички водичи во Охрид, додека во некои поголеми туристички градови немаат воопшто. Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка во туризмот Љупчо Јаневки смета дека е неприфатливо град како Дојран да нема туристички водич. – Ќе се потрудиме повеќе да ги инволвираме младите луѓе до 29 години да размислуваат за туризмот, активните форми на туристичката понуда и да размислуваат што ...
Нискобуџетниот превозник Виз Ер ќе ги откаже речиси сите линии од главниот град на Босна и Херцеговина и ќе ги премести двата авиони стационирани во градот. – Главните предизвици со кои се соочивме во Сараево се зголемувањето на цените на горивата и високите нивоа на инфлација што влијаеше на побарувачката за воздушен транспорт во земјата, вели Виз Ер. Превозникот ќе одржува само услуги од Абу Даби и Лондон до Сараево, управувани од неговите ...
Најбогатиот човек на светот Илон Маск наводно изгубил третина од своето богатство од ноември 2021 година. Поконкретно, извршниот директор на Тесла, Илон Маск, загуби повеќе од 100 милијарди долари за помалку од една година. Богатството на Маск падна за речиси 35%, од 320,3 милијарди долари на 4 ноември минатата година на 209,4 милијарди долари, најмногу поради големиот пад на цената на акциите на Тесла, објаснува Форбс, повикувајќи се на ...
Во вторник, наместо утре поради празникот, Регулаторната Комисија за Енергетика, стандардно, како и секоја седмицс ќе ги утврдува новите цени на горивата. Цените на нафтата на светските берзи се речиси идентични и без големи промени изминативе денови, па така барел од типот брент се продава за 93-94 долари, што може да укаже дека нема да има големи промени во цените. Во моментов малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, изнесува 89,00 ...
Подготвил: Бобан Илијевски Постојат добри и лоши шефови или работодавачи. Но постои и вид на шефови кои на почетокот се добри, за да подоцна го покажат вистинското лице. Том Гимбел, извршен директор на агенција за вработување во Чикаго и експерт за култура на работни места, за CNBC Make it открива седум типови на шефови и како да ги препознаете. „Постои една поговорка: луѓето се приклучуваат на компаниите, но ги напуштаат шефовите. Ова не е ...
🖼 Нов албум со слики, на кој не му се бендисуваат постовите , може и да ме избришете, не ви се лутам. 😏Не дека имам превише слободно време, ама велам да помогнам што е до мене. Оти во декември ќе прашате зошто не се побунивме, или никој не мисли на народот. 😑Оти мислам, еве ме, досадна сум. Напорна сум може, ама не е за зло. Криза иде, а народов мирен. Па велам притисок да направиме дека нашинци имаме низ светот кој побегнаа од Македонија оти ...
By: Boban Ilijevski Many people in Macedonia don’t bother to start a career because they have to find a way to survive. Unfortunately, we as a country don’t have a standard that can give us some comfort when we need it. Starting a career in Macedonia is still a pipe dream People have to find a way to survive, and for this reason they’ve to take any job that comes along. Many of them have no chance of becoming CEOs one day – in Macedonia this is ...
Многу луѓе во Македонија не се заморуваат со започнување на кариера поради тоа што мораат да размислуваат како да преживеат. За жал, како држава, немаме некој стандард кој може да ни овозможи барем мала удобност кога ќе ни биде потребно. Правењето на кариера во Македонија се‘ уште е бајка, бидејќи луѓето едвај преживуваат Од причина што луѓето мора да преживеат, тие мора да работат било што. Ја немаат таа можност да размислуваат за тоа колку би ...
Избегнувјате во вашите професионални биографии да вклучувате термини како „ориентирани кон детали“ или „трудољубивии“. Не вклучувајте ниту термини како „бев одговорен за“ и избегнувајте да наведувате некое искуство кое е веќе „старомодно“. Сепак, постојат фрази коишто сакате да ги вклучите во вашето CV, бидејќи истите ќе ви овозможат да бидете избрани за интервју од страна на менаџерот за човечки ресурси. „На биографијата гледам како на ...
За 7,8 пати пораснале сметките за струја во охридски Водовод. Една сегашна месечна сметка за струја чини како претходно што трошеа за цела година вели директорот Марјан Ристески кој додава дека состојбата во претпријатието е алармантна бидејќи стариот долг од 80 милиони денари се уште стои, сметките се билдаат една по друга а претпријатието нема од каде да ги покрие сите тие долгови, дополнително месец за месец да се обезбеди и плати за над 200 ...
Управната зграда и неколку работни единици на „Водовод“ –Кочани се исклучени од електро-енергетската мрежа. Филтер станицата и пречистителната станица за третман на отпадните води работат и се уште не е доведено во прашање водоснабдувањето на граѓаните. Јавното претпријатие се одлучило за оваа рестриктивна мерка, поради долгот од 50 милиони денари за сметки за струја, направен само во изминатите 3 месеци. -Се работи за огромни средства за кои ...
Процес на вакцинација, отпорност кон теориите на заговор, мерки за штедење… Кризите со кои се соочува светот изминативе години на голема врата покажаа дека доброто управување, а особено професионалната комуникација на властите со граѓаните игра клучна улога во (не)успешноста на справувањето и надминувањето на ваквите кризни состојби. Владата пред неколку месеци донесе одлука со која ги задолжи сите јавни институции да обезбедат заштеда на ...
Мерките на Владата даваат позитивни резултати за зголемување на просечната месечна-нето плата, оценуваат од Владата, откако денеска Државниот завод за статистика, објави дека нето-платата по вработен во август годинава, изнесува 31.871 денари, што е за 3.229 денари повеќе од истиот месец минатата година. -Постојаното зголемување на просечната нето-плата, е резултат на економските мерки и политики што ги спроведува Владата за раст на просечната и ...
Најавата дека прехранбената индустрија ќе добива поевтина струја од декември не е причина да веруваме дека цените во маркетите ќе се намалат којзнае колку. Засега производителите на храна се уште немаат претстава по кој цена ќе добиваат струја, поради што не сакаат да даваат никакви најави дали и за колку би се намалиле цените во маркетите. Слободна проценка е дека и да има намалување, тоа би било минимално, можеби околу 10 отсто, процент што ...
Делегација на Стопанската комора на Северна Македонија предводена од претседателот Бранко Азески оствари работна средба со претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, согласно алармот на компаниите кои имаат сериозни забелешки за блокадите на законските решенија во Собранието, а кои во услови на тешка енергатска криза дополнително го усложнуваат нивното работење. На средбата беше посочено дека покрај Законот за ...
Честитка по повод роденденот за нашиот најмил Министер Оливер Синдикат на Полиција во Македонија – СПМ по повод роденденот на најдобриот некогаш на овие простори Министер Спасовски му го честита роденденот и му посакува се најдобро со желби на крајот да победи правдата и секој да одговара за стореното. Меѓу другото СПМ му посакува и: 3.Да се престане со незаконски решенија надвор од местата на живеење кон професионалците и неистомислениците, ...
Штрајкот поради платите и условите за работа на вработените на италијанската компанија за контрола на летање „Енав“ предизвика големи нарушувања на аеродромите низ Италија. Италијанската државна компанија „ИТА Ервејс“ откажа над 200 летови, најголем дел на домашни линии. Други превозници исто така откажаа дел од нивните летови. Синдикати за контрола на летање повикаа на прекин во работењето, а се очекува тоа најмногу да ги погоди аеродромите во ...
Просечната исплатена нето-плата по вработен, во август годинава, изнесувала 31.871 денар и е за 11,3 отсто повисока од истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика. Зголемувањето се должи, пред сѐ, на порастот на просечната плата во секторите: Преработувачка индустрија (16.2 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (16.1 %) и Уметност, забава и рекреација (15.6 %). Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата ...
Што треба конечно да се направи за да се спречи одливот на македонски работници, беше едно од прашањата кои му ги поставив на универзитетскиот професор Димитар Николоски, експерт во областа на пазарот на трудот, во седмата епизода од Работник Поткаст. Професорот Николоски посочи дека иселувањето не е проблем кој ја засега само Македонија, односно дека тој е присутен во целиот регион. Сите земји кои поминуваат низ транзицијата, каде што поради ...
Од 17 до 19 октомври во Белград, Марина Илиевска од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) заедно со Бисера Кафтанова од Гласен Текстилец, присуствуваа на состанок на мрежата Clean Clothes Campaign, која е фокусирана на производството во Европа, во организација на српскиот Центар за политичка еманципација. На средбата се дискутираше и се донесоа одлуки за понатамошниот развој на активностите за заштита на правата на ...
Автор: Бобан Илијевски Голем срам доживеавме овие неколку дена. Жителите на Скопје останаа без јавен превоз поради негрижата од страна на надлежните да им ги исплатат платите на возачите во ЈСП кои ги имаат заработено преку макотрпна работа. И како и секогаш – мораше да протестираат за да го добијат она што им следува. Оваа држава е вистински феномен. Никогаш работите не можат да се средат со добро. Мораме да штрајкуваме и протестираме за нашите ...
Колумна на Билјана Чкламовска – Legal / HR / Compliance Manager, одговорна за човечките ресурси на три компании на австриската интернационална компанија Novomatic AG во Македонија (ХТЛ Македонија, Мастербет и МА Гаминг) и Менаџер за правна усогласеност и етичко однесување за Новоматик компаниите во Македонија. Дечки од ЧР – Внимание! Овој месец вработив две лица, едното 2001-во другиот 2002-ро годиште, што ме поттикна да ја истражам генерацијата ...
Централната банка на Ирска нуди платено отсуство за вработените кои влегле во менопауза. Со ова, банката се приклучува кон растечката листа на компании кои се обидуваат да ги спречат жените да дадат отказ од работа. Вработените ќе можат да земат до 10 слободни дена годишно ако имаа физички или психички проблеми поврзани со менопауза, објавила банката денеска. Банката, која вработува околу 9,800 луѓе ширум светот, исто така ќе ги обучуваат ...
Најголемиот регионален саем за работа кој започнал во понеделник на 17 октомври, во првите два дена го посетиле 81,000 луѓе кои се во потрага по работа Оваа година по 13-ти пат на саемот се нудат работни места поделени на тематски целини од областа на Трговија, Производство, Услуги, ИТ, како и посебни работни места и пракса за младите. Повеќе од 700 работни позиции Саемот ќе трае до утре (21 октомври) и нуди можност за работа во преку 700 ...
„Немој на некој да му падне на памет зошто не си излегол. Тоа е мое право, синдикатот ме повикал. Немој на некој, откако ова ќе заврши, да му текне да тероризира возач, зошто не сме излегле, а сите знаете зошто не сме излегле..“ Вака почна денот, кој поради доцнењето на плата за возачите, ги остави Скопјани без автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие, единствениот, на ниво на целиот град, организиран јавен превоз. Дел од Скопјани, ...
Драстично поскапената електрична енергија, непрецизното дефинирање на мерките поврзани со ограничувањето на маржите, отсуството на сеопфатен приод на државата при справување со кризни моменти и нелојалната конкуренција се само дел од проблемите со кои се соочуваат големите ланци на маркети што деновиве ги посети делегација на Стопанската комора, предводена од потпретседателот Зоран Јовановски. При посетите на „Рамстор“, „КАМ“, „Тинекс“ и „Веро“, ...
Без вовед, без претходни најави зошто и како, се обраќаме директно до Министерот Спасовски, со оглед на целокупната ситуација, криза и натрупани проблеми во кои заглавуваме како припадници на МВР заради негрижа, некомпетентност и безидејност. Г-дине Министер, од последните информации кои СПМ ги добива од членството и многубројните подржувачи на нашите напори, обврзани сме да Ве предупредиме за следните Ваши чекори и решенија во врска со ...
Скопје денеска остана без јавен превоз откако возачите на Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје денеска се собраа со протест да го изразат незадоволството поради тоа што не им е исплатена септемвриската плата. За денеска во 13 часот повторно е закажана вонредна седница на Советот на Град Скопје, откако вчера советниците побараа од градоначалничката Данела Арсовска да достави одлука за прераспределба на средства за платите на вработените во ...