
Скопје
13ᴼ /
13ᴼ



Замислете еден ден вашиот работодавец да ве викне во канцеларија и да ви рече дека од тој ден натаму сте бескорисни. Тоа не е реченица која некој очекува да ја чуе, но реалноста дека тоа може да се случи е се поголема. Научниците и развојот на технологијата наскоро целосно ќе ги трансформираат овие професии. И тоа многу брзо. Во наредните 10 години поради се што ни овозможуваат интернетот и развојот на технологијата ќе се сменат многу професии и ...
Премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција, по денешната седница на Влада, информираше дека се донесени одлуки со кои ќе обезбеди поевтина струја за компаниите кои вршат производство на основни прехранбени производи, основните и средните училишта, како и за јавните претпријатија од областа на водоснабдувањето кои работат со пуктни и прочистителни станици. За компаниите ќе биде обезбедена струја од 80 евра по мегават час и со ваквата ...
Ангажираноста и продуктивноста на работните места опаѓа на глобално ниво. Македонија и останатите земји од Европа бележат најмала вклученост на работниците која изнесува 14 %. Најголема е ангажираноста кај работниците во САД и Канада или 33 %. Работниците не ги сметаат работните места за значајни, оценуваат дека нивните животи не течат добро, ниту пак имаат надеж дека ќе се подбори нешто во иднина. Ова го посочуваат од консултантската компанија ...
Откако премиерот Димитар Ковачевски синоќа на трибината во Крива Паланка го повика високиот функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески, да дојде и да им каже на рударите дека минималната плата од 18.000 денари била многу, со реакција се јави Славески во која тврди дека реалната вредност на минималната плата е помала. „И по осум месеци од стапувањето во сила на Закон за минималната плата во мај оваа година не е применет членот 8 од законот за ...
Чекориме “СИЛНО И ОДЛУЧНО КОН ИДНИНАТА”- силниот и одлучниот пат на “Лукаро” со другарите Кога ќе се спомнат реформи во нашава држава Македонија, сите веднаш помислуваме ете дојде крајот на страдањава. И би било така, да ги нема оние кои мислат дека се над сите и само затоа што во моментот се наоѓаат на високи позиции, се им е дозволено. Одат дури до таму што си дозволуваат да не почитуваат нити наредби, нити телеграми. За нив не постои ни ...
Ако сакате да станете незаменлив дел од сите работни средини во иднина, овие бизнис вештини ќе ви помогнат да ги совладате сите пречки на кое било работно место. Не мора да ги развивате само техничките вештини затоа што како што влегуваме во нова индустриска револуција и темпото на промени продолжува да се забрзува, вештините кои ви се потребни за да напредувате на работното место се менуваат. Во својата книга „Вештини за во иднина: 20 вештини и ...
Автор: Бобан Илијевски Текстот што ќе следува во продолжение е наменет за оние кои работат или сакаат да работат во компании каде што постои поголема хиерархија, а делумно важи и за оние кои работат во помалите. Ако сакате да напредувате на повисока позиција во една компанија, несомнено е потребно да имате низа на вештини и знаења, коишто би требало да ги стекнете со искуството. Менаџерите на компаниите, барем колку што знам, на повисоки позиции ...
Македонската компанија за здрава храна Виталиа официјално започна да користи обновливи извори на енергија во процесот на работата и производството. Од Септември 2022, поставен е фотоволтаичен систем за генерирање на електрична енергија, при што 35% од електричната енергија која се користи за производствените процеси, како и за останатите објекти во компанијата ќе биде обезбедена од сопствените фотонапонски панели, односно фотоволтаици. ...
Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапува за два денара од ноќеска на полноќ и литар ќе чини 90 денари. Не се менуваат малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС, одлучи денеска Регулаторната комисија за енерегетика и водни услуги. Литар ЕУРОСУПЕР БС – 98 и понатаму ќе чини 92,5 денари, 100 денари ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V), а 97 денари Екстра лесното 1 (ЕЛ-1). РКЕ ...
На женското претприемништво му треба поддршка од локалните заедници за да може да опстојува и да се развива. Се соочува со многу можности и предизвици. Ова беше нагласено на денешниот форум „Жените во Пелагонија можат да отворат бизнис” што го организира Националната платформа за женско претприемништво преку локалниот координатор. Претседателката на Здружението на бизнис жени на Македонија и претседател на Национална платформа за женско ...
Фејсбук статус на Трудовиот сектор на Левица: УКИНАТИ ПРАВАТА НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЈП ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА Директорот Душко Весковски и претседателот на СУТКОЗ Дарко Димовски, склучиле спогодба за регрес на годишен одмор за 2016, 2017 и 2018 година во износ од 3 илјади денари иако во Колективниот договор е предвиден повисок износ. Спогодбата е склучена во 2019 година а треба да важи ретроактивно за трите години наназад 2016,2017 и 2018- што е ...
По најавите на Министерството за економија за поддршка на прехранбениот сектор и компаниите од месната индустрија и фармите одгледувачи на животни очекуваат да бидат вклучени во тој пакет. При посетите на „Естра Меин“, „Агрија“, земјоделската задруга „Единство“- Челопек, „Везе шари“ и ДПТ„Лецкер“ од страна на Кризниот штаб, формиран од Стопанската комора на Северна Македонија, заеднички став на овие компании е дека и тие треба да добијат ...
Илон Маск го затворил договорот за преземање на Твитер за 44 милијарди долари, рекол за CNN извор упатен во ситуацијата. Најбогатиот човек на светот на тој начин дошол на чело на една од највлијателните социјалните мрежи во светот, пренесува Index.hr. Неговиот прв чекор бил отпуштање на менаџментот на социјалната мрежа. Маск го сменил извршниот директор Параг Агравал, главниот финансиски директор Нед Сегал и главниот директор за правни прашања и ...
Дали некогаш ви се има случено после интервју за работа да не добиете никакво известување од работодавачот за тоа дали сте примени или не на позицијата за која сте аплицирале? Претпоставката е дека да, бидејќи има голем дел на работодавачи коишто не го практикуваат тоа. Катерина Златановска – Попова, советник за развој на кариера, неодамна во Работник Поткаст даде потврден одговор на горенаведеното прашање. Таа рече дека многу мал број ...
Милиони работници кои беа дел од „Големиот отказ“ се префрлиле во поплатени работни места. Сепак, сега се соочуваат со уште еден проблем – стравуваат дека ќе бидат отпуштени од работа. Како што пренесува CNBC, повеќе од половина (56 %) од луѓето кои се вработиле на нови, поплатени работни места во текот на последната година се плашат за сигурноста на своите работни места. Овие податоци доаѓаат од финансиско – сервисната компанија Bankrate, која ...
Автор: Бобан Илијевски Навистина ме израдува веста за нашата Македонка која е вклучена во програма на НАСА за аналогни астронаути. Нема да навлегувам подлабоко во ова, бидејќи моите знаења околу астрономијата се ограничени. Сепак, нејзиниот успех е навистина голем и ми го исполнува срцето. Секогаш се радувам кога ќе видам дека некој од Македонија остварил успех. Се радувам и за Македон, малиот генијалец кој на Македонија ѝ донесе два златни ...
Често работодавачите не ги информираат неизбраните кандидати дека не се избрани за работната позиција за која аплицирале. Повеќе за ова побаравме да ни каже Билјана Чкламовска, Legal/HR Manager или подобро кажано професионалец од областа на човечките ресурси. Во продокжение ви го пренесуваме целосниот став на Чкламовска по ова прашање: Завршуваш со образованието и мислиш си ја завршил најтешката задача во животот. Среќен, полн со елан, почнуваш ...
Најдобрата инвестиција што можеме да ја направиме денес е во квалитетно образование. На крајот на денот, напредокот на државата ќе зависи од тоа како ќе ги едуцираме младите во оваа земја. Ако се ангажираме вредно, напредокот ќе биде неизбежен, а успесите очигледни. Ова го истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири на одбележувањето на шестгодишнината од основањето на Универзитетот „Мајка Тереза. – Знаењето е моќ. Образованието е ...
Македонскиот дипломатски синдикат (МДС) денеска, преку медиумите, упати отворено писмо до министерот за надворешни работи Бујар Османи во кое меѓу другото го прашуваат кога ќе седна да разговара за покачување на платите на вработените и за исплатата на К-15 за 2022 година. Според синдикатот однесување на министерот Османи не е ниту чесно, ниту одговорно, ниту професионално. Од Македонскиот дипломатски синдикат тврдат дека со платите не можат да ...
Во периодот од 2017 до 2021 година, Дирекцијата за ТИРЗ има доделено државна помош во вкупен износ од 75,5 милиони евра, од кои директно исплатените средства од буџетот на државата се 37,5 милиони евра, а даночните и царинските ослободувања се во износ од 38 милиони евра, се вели во ревизорскиот извештај за ТИРЗ објавен денеска од Државниот завод за ревизија. Во Македонија се основани 14 ТИРЗ . Во периодот на вршење на ревизијата 8 од нив се во ...
Владата ќе ги поддржи производителите на масло, пекарски, млечни и мелнички производи, како и преработувачите на млеко, но можно е листата да се прошири и со компаниите од месната индустрија. Тие ќе плаќаат струја под 100 евра за мегават час, што е двојно помалку од цената на регулираниот пазар. Поради ова се очекува најпрво да се стабилизира пазарот, а потоа цената на лебот да се намали за околу 10 проценти. Како што соопшти министерот за ...
Премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи минатата недела остварија работна средба со претставници на познатиот меѓународен малопродажен синџир „Лидл“ – како од Националниот тим, така и со претставници на Меѓународниот управен одбор, информира владината прес-служба. Тема на средбата беа планираните активности во делот на инвестициите и развојот на оваа компанија во Република Северна Македонија и поддршката ...
Швајцарската банка Credit Suisse објави дека ќе укине 9.000 работни места до крајот на 2025 година како дел од радикалната трансформација во обид да закрепне. Банката планира да го намали бројот на работници од 52.000 на 43.000. Credit Suisse се согласи да исплати „оштета“ за да избегне тужба за прикривање даночно затајување од страна на нејзините клиенти во Франција помеѓу 2005 и 2012 година. Банката претходно соопшти дека нејзината капитална ...
Економската ситуација во Македонија е лоша, речиси и да немаме раст или тој е многу низок. Се намалува бројот на вработените во индустријата, има проблеми и во текстилната индустрија и ја губиме цела една дејност. Во моментов имаме највисока стапка на инфлација, двојно повисока од еврозоната, посочува поранешниот министер за финансии, Трајко Славески во вториот дел од интервјуто за „Република“. Тој смета дека секое раздвојување на стапката на ...
Јавното комунално претпријатие „Брегалница” од Делчево се уште ја нема исплатено септемвриската плата на вработените. Ова го потврдија група вработени кои велат дека до денеска 27 октомври се уште немаат примено личен доход за изминатиот месец. Директорот на претпријатието, Стојче Стојковски потврди дека платата доцни, но воедно најави дека таа ќе биде исплатена во текот на денешниот ден. -Вработените платата за месец септември ќе ја имаат на ...
Фриленсерството во Македонија зема се поголем замав. Според достапните податоци во 2018 година имало 10,000 фриленсери. Најголемиот дел од нив работеле за странски клиенти. Од друга страна, се повеќе компании насекаде низ светот се прилагодуваат на новите трендови кои ги поттикна дигитализацијата, а еден од нив е токму фриленсерството. Славица Тасева, советник за развој на кариера и тренер за меки вештини во интервју за порталот Работник вели ...
Американскиот рапер Снуп Дог не крие дека редовно консумира марихуана, поради што сега ангажирал работник да му помогне во тоа. Снуп Дог најмил личен „мотач на трева“. Станува збор за Ренегад Пиранха, која сега има многу необична работа. Таа мота џоинт за раперот и проценува дека веќе смотала околу 450 илјади. Ренегад гостуваше во австралиското радио шоу „The Kile and Jackie O Show“ каде го сподели своето искуство со раперот. „Пресметав дека ...
Стопанската комора во рамките на воспоставениот концепт на делување како Комора на иднината ставајќи се во целосна функција на компаниите членки и согласно нивните потреби и услугите што ги креира во интерес на поддршка на бизнисот и економијата за зголемен економски раст, покрај другите започнува со дејствување и на Советот за развој на тренингот и обуките. Проблемот со образованието е еден од топ приоритетите во работата на Комората повеќе ...
Владата треба да е свесна на тоа какви последици може да има доколку пакетот мерки за штедење ја ограничи Македонската информативна агенција МИА во нејзината дејност, а тоа е информираност на јавноста, соопшти денеска Сојузот на синдикатите на Македонија. Сојузот на синдикати на Македонија во кој членува и Синдикатот на Медиумски Информативнии агенции – СМИА, предупредува на опасноста од оневозможување на информирање на јавноста поради барањето ...
Во Тетово на ул.„29 Ноември“ синоќа во 23:05 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода О.М.(30) од тетовското село Џепчиште. Тој бил фатен веднаш по извршување кривично дело „разбојничка кражба“ во аптека на истата улица, каде што физички ја нападнал вработената и одзел пари од дневниот промет. Одземените пари, информираа денеска од МВР, биле пронајдени и вратени на сопственикот. По преземени мерки било утврдено дека лицето ...