
Скопје
24ᴼ /
24ᴼ



Доколку АД ЕСМ го одржи планираното производство на електрична енергија не верувам дека по 31 декември ќе има потреба од зголемување на цената на струјата на регулираниот пазар, оцени денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски. -До 31 декември цената на електричната енергија која ЕСМ и ја продава на ЕВН Хоум е 48 евра за мегават час , рече Бислимоски во одговор на новинарско прашање на ...
Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава, според „Finance Think“, дава реална слика за македонската економија во постпандемискиот период и периодот на енергетска криза, но овојпат, како што посочуваат, поизразен е критичкиот тон кон клучните реформски приоритети кои се повторуваат во секој извештај поради бавната реализација или нивното одложување. Според „Finance Think“, Извештајот ја нагласува потребата мерките за справување ...
За 15 отсто повисоки плати ќе добиваат од овој месец вработените во основното и во средното образование.Така на пример, ако платата на наставникот досега изнесувала околу 26.000 денари, со новата пресметка таа ќе изнесува околу 30.000 денари, а септемвриската покачена плата, вработените треба да ја добијат деновиве, објави Мета. Јаким Неделков, претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура за Мета.мк вели дека се зголемуваат ...
На работните средби со претседателот на Комората Бранко Азески, менаџментот на компаниите „Кожувчанка“ ДОО Кавадарци и Металопромет – Струмица ја споделија загриженоста за високите трошоци за електрична енергија кои се неколку кратно повисоки и најавуваат дека без поддршка од државата прашање е на време кога ќе затворат. И двете компании, на работните состаноци дадоа силна поддршка и застанаа зад Комората во нејзините барања стопанството да ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска уште еднаш порача дека граѓаните не треба да се грижат зашто храна ќе има доволно. Како што истакна Николовски во гостувањето на Телевизија 24, пикот на кризата со храната се очекува во следните две години и затоа сега треба да го фатиме чекорот. Во овој контекст, укажа, добро е што се воспостави Отворен Балкан, иницијативата која значи тргање на сите бариери во ...
Промените во образованието треба да продолжат, а СОНК ќе даде активен придонес во креирањето и имплементацијата на политиките со кои МОН и другите надлежни институции ќе го унапредуваат квалитетот на воспитно – образовниот процес во државата. Ова е заклучокот од денешната средба на министерот за образование и наука Јетон Шаќири и претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура, Јаким Неделков, на која се разговараше за ...
Дали некогаш сте имале трема пред разговорот за работа или можеби сте помислиле дека би било добро некој тоа да го направи наместо вас? Се чини дека и за тоа постои решение. Некои кандидати, на својот разговор за работа ангажираат полномошници да одат на интервјуто наместо нив – и за тоа плаќаат и до 150 долари на час за еден. „Bait and Switch“ е појава која продразбира кандидатите за работа да ангажираат „професионалци“ кои наместо нив ќе седат ...
Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) испрати допис со барање до Владата на РС Македонија да не се намалуваат платите на новинарите и медиумските работници во Медиумската информативна агенција. ССНМ се спротивставува на планот за намалување на платите и другите додатоци во Медиумската информативна агенција, како дел од владиниот план за фискална одржливост бидејќи планираното намалување негативно ќе влијае врз работата ...
Во ситуација кога ланецот на набавки е отежнат, премиерот Димитар Ковачевски рече дека од 2023 Владата ќе им ги исплаќа субвенциите на земјоделците авансно за да ги добијат кога им се најпотребни. Според новиот модел за субвенционирање, за тоа ќе бидат потребни плус 15 милиони евра. Однапред платените субвенции ќе изнесуваат 30 отсто. – Земјоделците добиваат авансна исплата тогаш кога им се најпотребни пари. Но нема да има пари ако не прикажат ...
Фатмир Битиќи во изјава за СИТЕЛ ТВ потврди дека администрацијата ќе работи од дома за пониски плати од 10 до 30 %. Намалување на прекувремената работа за преку 20 отсто во МВР, во АНБ, како и во Агенцијата за разузнување, работа од дома на вработените со ротации, па дури и суспензија или укинување на колективните договори. Ова се дел од мерките што биле разгледувани на вчерашната четиричасовна седница на Економско-социјалниот совет, која беше ...
Премиерот Ковачевски ја потврди веродостојноста на документот во врска со владините мерки за штедење во јавниот сектор, но порача да не се прави сензационализам од сето тоа. Тврди дека не станува збор за кратење на платите, но вели дека постојат службеници по институциите кои имаат примања повисоки и од оние на министрите и токму тоа треба да се ревидира. -Работниците и синдикатите да бидат мирни, да не се прави сензационализам од ова никој не ...
Владата на денешната 90-та седница ги разреши управителот и членовите на Надзорниот одбор на фабриката за шински возила „Велес“, ДООЕЛ – Велес, позната под називот Колска. Како што информираат од владината прес-служба, на седницата е констатирано дека раководството на фабриката покажало негативни финансиски резултати во работењето и покрај тоа што на овој субјект е доделена финансиска поддршка од страна на Владата. Премиерот Димитар Ковачевски ...
Барањата на работодавачите и платите кои ги нудат на потенцијалните работодавачи често умеат да бидат во потполна неусогласеност, а еден таков оглас за работа привлекол големо внимание, но и револот, на социјалните мрежи во Србија. Огласите работа кои можат да се пронајдат на платформите кои се за тоа наменети или пак на социјалните мрежи, често умеат да бидат нејасни и да не го опишуваат доволно работното место кое им се нуди на потенцијалните ...
Еуроникел (поранешен Фени) веќе трет месец е без производство, а на 30 септември електропечката во целост беше изгасната. Компанијата која вработува околу 1000 луѓе, што ја прави еден од најголемите работодавачи во државата, од 15 септември ги испрати своите вработени на принуден одмор, при што 25% се на работа, по принци пот на ротација. Генералниот директор Герасим Кујунџиев на денешната средба со претседателот на Стопанската Комора Бранко ...
Министерот за образование и наука Јетон Шаќири, оствари средба со победниците на националниот натпревар NASA Space Apps Challenge, ученици од средните училишта „Зеф Луш Марку“, „Раде Јовчевски – Корчагин“ и „Орце Николов”. Честитајќи им го постигнатиот успех и освоеното прво место, министерот Шаќири истакна натпреварите како NASA Space Apps Challenge се дел од поголем процес за подготовка на нова генерација на научници, инженери, астронаути и ...
Компаниите во Европската унија можат да забранат носење шамии се додека се работи за општа забрана што не ги дискриминира вработените жени, соопшти денеска највисокиот европски суд во последната одлука по прашањето што со години ја разединува Европа. Одлуката произлегува од случајот на муслиманка на која кога аплицирала за шестмесечна пракса во белгиска компанија и било посочено дека не може да носи покривка врз главата на работното место. Од ...
Откако го добивме Извадокот од нацрт-записникот од 88-та седница на Владата на РСМ, како синдикат кој е еден од потписниците на Колективниот договор во културата, зачудени сме од предлог-мерките од страна на Владата во однос на Колективниот договор во културата, кој веќе трета година се применува со пропишана методологија за пресметка на плати, која од истава оваа социјалдемократска влада беше прифатена како прогресивна. Во време кога ЕУ ...
Вработените во фабриката за шински возила „Колска“, кои денеска протестираат во Скопје, бараат средба со владини претставници за да се најде решение за нивниот проблем со блокираната сметка поради која не можат да функционираат. – Чекаме некој од надлежите да се одважи и да не прими. Проблемите во „Колска“ се веќе подолго време, а решение нема. Затоа сме дојдени пред Владата да ни кажат дали „Колска“ ќе работи и како ќе работи. Бараме да ни ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска остварија работна средба со претставници на познатиот меѓународен малопродажен синџир „Лидл“ – како од Националниот тим, така и со претставници на Меѓународниот управен одбор. Целта на средбата беа планираните активности во делот на инвестициите и развојот на оваа компанија во Република Северна Македонија и ...
Кога Светската здравствена организација ја прогласи пандемијата, на 11 март 2020 година, каматната стапка на благајнички записи беше 2 %. Оттогаш, таа прво се намалуваше, за потоа, со енергетската и ценовната криза, постепено да се зголемува до сегашните 3,5 %. Порталот Пари го анализира движењето на основните каматни стапки во овој период и како промените влијаат на кредитирањето и штедењето. Колку за потсетување, иако има значајно зголемување ...
Владините мерки и препораки за намалување на расходите на буџетските корисници не се насочени кон УПОЗ, ниту се однесуваат кон некого лично. Во нив се дадени совети што треба да направат институциите од централната и локалната власт, јавните претпријатија и акционерските друштва, изјави денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Одговорајќи на новинарско прашање за документот што го објавија синоќа претставници на УПОЗ во ...
Доколку воопшто има зголемување на цената на електричната енергија по 1 јануари, тоа ќе биде минимално, изјави денеска генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски. Според него, со направените вложувања во изминатиот период во сопствена опрема и работата на рудниците на ЕСМ, со рационализација и операционализација на трошоците, намалена е производната цена на РЕК „Битола“ на околу 58 до 60 евра за мегават час произведена електрична енергија. ...
“Булмак 2016“, како носител на концесии за експлоатација на металични руди од “Злетово“ – Пробиштип и “Тораница“ – Крива Паланка до овој момент работи непречено, но под вонредни мерки кои се преземени за да се ублажат секојдневните удари од кризата со енергенси и војната во Украина, информираше управителот на компанијата Гоце Мојсоски при денешната посета на делегацијата на Стопанската комора предводена од претседателот Бранко Азески. На ...
Трошоците поврзани со работата и нивно надоместување Работникот има право на надомест на трошоци поврзани со работата за: 1) службено патување, 2) теренски додаток, 3) користење на приватен автомобил за службени патувања, 4) одвоен живот од семејството и 5) смрт на работникот или член на неговото семејство. Висината, основицата и рокот за пресметување и исплата на надоместокот на овие трошоци се утврдува со закон и дополнително може да се ...
Од полноќ ќе има ново поскапување на дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство. Регулаторната комисија за енергетика денеска одлучи дизелот да поскапи за три денари, а Екстра лесното масло за домаќинство за два денари. Цените на Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 остануваат непроменети. Според оваа најнова одлука, дизелот ќе се продава по цена од 103,5 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство за 99 денари за литар. ...
Производителот на чипови Intel Corp планира големо намалување на бројот на вработени, веројатно намалувањето ќе се брои во илјадници, соочени со забавување на пазарот на персонални компјутери, објави во вторникот Bloomberg News, цитирајќи луѓе кои ја познаваат ситуацијата. Отпуштањата ќе бидат објавени веќе овој месец и некои од одделите на Интел, вклучително и групата за продажба и маркетинг, би можеле да доживеат кратење што ќе влијае на околу ...
Стручното образование во Република Северна Македонија во последниве неколку години, бележи сериозни реформи во кои се вклучени Министерството за образование и наука, локалните власти и компаниите. Токму соработката помеѓу овие три системи и нивната кохезија, како и визијата за развој на стручното образование, придонесе за зголемување на бројот на дуалните паралелки во средните стручни училишта, а со тоа и зголемување на бројот на ученици. Ова го ...
Премиерот Димитар Ковачевски на официјалното отворање на канадската инвестиција во Северна Македонија, поточно во Технолошко-индустриската развојна зона во Струга, истакна дека новите инвестиции се потврда за успешните владини политики и во услови на најголемата светска економско-енергетска криза. Премиерот Ковачевски посочи дека новата инвестицијата во Струга за Владата е потврда за заложбите за рамномерен регионален развој, за нови добро ...
„Вложуваме во млади таленти” е слоганот со кој започнува кампањата за поддршка на млади, талентирани лица, иницирана од Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ). AСОМ како општествено одговорен субјект кој континуирано го остварува својот придонес кон заедницата, преку оваа кампања ќе обезбеди поттик и поддршка за развој на младите таленти, и тоа од областа на спортот, науката и уметноста. Кампањата има за цел на младите ...
Мерките кои ги нуди владата се гол маркетиншки трик. Тие ниту се навремени, ниту се таргетирани, ниту се решение за проблемите. Тие се само купување на време, додека кризата метастазира. Овие идеи на владата не даваат одговор на енергетската криза која веќе создава економска и социјална криза, и е клучниот фактор за инфлацијата и пропаѓањето на стандардот и економската активност, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Потенцираат дека токму затоа ВМРО-ДПМНЕ како ...