Сферичното одморалиште високо 224 метри го креирале проектантите Sandra G. Matthews и Michael R. Henderson. Гостите ќе можат да доживеат искуство слично на пат на Месечината. Авторите се надеваат дека својот проект ќе го реализираат на четири локации ширум светот. Одморалиштето е наречено Moon (Месечина), а се состои од сферична челична конструкција која го опкружува хотелот и претставува атракција која ја имитира површината на Месечината. ...

Во земјите од Европската унија, повеќе храна се фрла отколку што с еувезува, а тоа директно и штети на прехрамбената сигурност во ЕУ во екот на кризата и поскапувањето на трошоците на живот. Ова се истакнува во новиот извештај No time to waste, на организацијата Feedback EU. Во државите членки годишно се фрлаат 153,5 милиони тони храна, а тој отпад од храна предизвикува наjмалку 6% од вкупните емисии на стакленички гасови во ЕУ. Околу 20% од ...

Данска е првата земја од листата на историски големи емитери – загадувачи, која ветува дека ќе одвои средства за земјите во развој за загубите и штетите предизвикани од климатските промени. Оваа држава ќе извои околу 13 милиони долари за помош на најзагрозените региони и земји, во склоп на финансискиот механизам наречен „загуба и штета“ (Loss and damage). Овој инструмент исто така го покренува и прашањето на историската одговорност ан земјите ...

Бонсаи, јапонски збор што во буквален превод значи „стебленце во сад“ е мало дрво кое расте во саксија. Се верува дека за неговото одгледување, освен градинарски вештини, потребен е и уметнички талент. Уметноста на одгледување бонсаи дрвја започнала околу 200 години пр. н. е. во Кина. Тоа е период на владеење на династијата Хан. Создаден е нов концепт – креирање минијатурни природни пејзажи во садови, наречени пењинг. Една од многуте легенди ...

Германската компанија Ingenhoven Associates, после шест години ги заврши работите на двата облакодери во Токио. Во долниот дел на овие облакодери преовладува бујно зеленило, карактеристично за оваа компанија. Проектот е наречен Toranomon и подразбира изградба на две нови кули од двете страни на постоечката Toranomon Hills кула, која во моментот се смета за највисок облакодер во Токио и петти по височина во Јапонија. Сега приматот на највисока ...

Благодарение на поголемото користење на обновливи извори на енергија во производството на топлинска енергија за греење, граѓаните во 11 градови во Србија ќе добијат „почисто“ греење. Станува збор за проект кој се реализира во соработка со ЕБОР, а кој опфаќа производство на 197 GWh годишно топлинска енергија од обновливи извори во градовите опфатени со проектот. Вредноста на проектот е 40,5 милиони евра, а ги опфаќа следните градови: Бечеј, ...

Германскиот производител на автомобили Mercedes-Benz, планира да гради ветерна електрана на својата тест патека во Папенбург во северна Германија, чија моќност ќе надминува 100 MW. Таа ветерна електрана би покривала повеќе од 15% од годишните потреби за електрична енергија на групацијата Mercedes-Benz во Германија. Како дел од своите настојувања да до средината на деценијата изгради ветерни електрани со значителна моќност, Mercedes-Benz исто ...

Словенечкиот оператор на преносниот систем ELES и операторот на дистрибутивниот систем SODO, направиле преглед на локации на кои постои технички потенцијал за приклучување на поголеми соларни електрани, на преносната и дистрибутивната мрежа соодветно. Нивната анализа покажала дека на преносната и дистрибутивната мрежа можат да се приклучат електрани со вкупна инсталирана моќност од 1.826 MW. Поставувањето на соларни електрани со моќност од ...

Познатиот бренд за системи за греење и ладење Vaillant веќе многу години е присутен и на нашиот пазар. Со себе носи долгогодишно интернационално искуство, германски квалитет, најсовремена технологија и брзи услуги. Новите простории се наоѓаат во Скопје, населба Влае, на улица 1606 број 2/ локал 13. Токму овде, на 21.09.2022 во присуство на голем број гости, како и генералниот директор на Ваилант Македонија – Деан Наумовски и директорот за ...

Европскиот парламент оваа недела го објави својот конечен став за Директивата за обновлива енергија (RED III), притоа менувајќи ја заедничката цел уделот на обновливците во финалната потрошувачка на енергија на најмалку 45% до 2030 година. Во ажурирањето на Директивата ќе се видат сите потенцијали за развој на обновливата енергија, оптимално искористени за постигнување на целите на ЕУ за климатска неутралност до 2050 година, па затоа ...

Европската комисија објави повик за поднесување на предлози во склоп на Инструментот за поврзување на Европа (CEF) во областа на сообраќајот, со кој се ставаат на располагање над пет милијарди евра за европската сообраќајна инфраструктура. Со средствата ќе се поддржат проекти во сите земји членки на Европската унија во склоп на трансевропската сообраќајна мрежа (TEN-T), железничката мрежа, внатрешните пловни патишта, пристаништа и автопатишта ...

Промени има, но далеку сме од тоа што Скопје можеше да биде денес доколку постоеше институционална посветеност на велосипедскиот сообраќај. Во пресрет на одбележувањето на 10-годишнината од постоењето на граѓанската иницијатива НаТочак, кое ќе се одржи оваа сабота, со почеток во 11 часот од Плоштад Македонија, тие ја потсетија јавноста и институциите преку социјалните медиуми на тоа што е сменето во поглед на велосипедскиот сообраќај во Скопје ...

Caracat е ново хибридно возило кое е претставено на Caravan Salon во Дизелдорф во Германија овој месец. Станува збор за возило кое на копно „игра улога“ на камп приколка, а на вода се „претвора“ во катамаран на електричен погон. Неговото име е комбинација од двете возила кои ги претставува - caravan и catamaran –а го осмислила германската компанија со исто име во Хајделберг, во соработка со компанијата Schneider Caravaning. Постојат три ...

Конференцијата SEE ENERGY- Connect & Supply на тема „Западен Балкан во пресрет на новите енергетски предизвици“, ќе биде одржана на 13-ти и 14-ти октомври годинава во хотелот Sheraton во Нови Сад. Организаторите, Националната асоцијација за биомаса SERBIO и Еврпската банка за обнова и развој (ЕБОР), во текот на дводневниот настан ќе ги претстават состојбите, моменталните предизвици, како и потенцијалните решенија во енергетската транзиција ...

Изградената средина е аспект на животната средина на кој сè повеќе му се посветува истражувачко внимание. Изградената средина се дефинира како дел од физичката средина, конструирана или модифицирана од човековата активност. Таа во себе ги инкорпорира начините на користење на земјиштето, транспортните системи, урбаниот дизајн, зелените површини, накратко урбаното ткаење составено од волумени и празнини. Бидејќи повеќето активности на корисниците ...

Најголемиот соларно термален систем во Германија, започна со работа во близина на брегот на Балтичкото море. Станува збор за постројка која се простира на површина од четири хектари во Greifswald во североисточна Германија. Има моќност од 11MW и користи сончева енергија за производство на електрична и топлинска енергија. Топлинската енергија се обезбедува со загревање на вода која потоа се води го градската топлификациска мрежа. На овој начин ...

Двата црногорски ветерни парка „Можура“ и „Крново“, во саботата на 17-ти септември, задоволиле 36% од потребите на земјата за електрична енергија. Според WindEurope, тој ден Црна Гора била трета во Европа според уделот на електрична енергија добиена од ветерните електрани. Во моментот Црна Гора ги има само двата споменати ветерни парка со инсталирана моќност од 72 MW („Крново“) и 46 MW („Можура“). Во план е изградба на ветерниот парк „Гвозд“ со ...

За емисиите на стакленички гасови често се зборува и пишува во последните години. Некои држави емитуваат повеќе некои помалку, ретко се поставува прашањето како всушност тие се мерат? Програмата на Обединетите Нации за животна средина (UNEP) објави напис во кој објаснува како се мерат овие емисии и дали тие мерења се точни. Како што стои во текстот, земјите известуваат за своите емисии преку она што е познато како пристап bottom up (од долу ...

По прв пат во автомобилската индустрија, моделите NEUE KLASSE на BMW кои ќе бидат лансирани од 2025 година, ќе имаат украсни делови направени од пластика чија суровина содржи околу 30% рециклирани рибарски мрежи и јажиња. Оваа суровина проактивно се набавува во пристаништата ширум светот, со цел да се осигура дека таа нема да се фрла во морето. По процесот на рециклирање, компонентите имаат прилижно 25% понизок јаглероден отпечаток во однос на ...

Спалната соба е наше приватно кралство, а креветот е неговата круна. Сите ја знаеме важноста и потребата од одличен кревет. Еден теаков е креветот Boomerang, кој е мошне функционален, а неговата убавина е во неговата едноставност. Дизајниран од Teixeira Design Studio, креветот Boomerang е уште една иновативна креација на португалскиот дизајнер Жоао Тешеира. Од ноќна маса дизајнирана со одвоено лежиште за лаптоп до тенка полица која изгледа ...

Европскиот парламент даде поддршка на ревизијата на Директивите за обновлива енергија и енергетска ефикасност , и предложи целите да се зголемат. Исто така, одлучено е да се определат ограничувања и постепено намалување на користењето на дрвна биомаса која се смета во обновливи извори. Европскиот парламент сака употребата на „зелена“ енергија во периодот до 2030 година значително да се зголеми, а потрошувачката на енергенти да се намали. ...

Германската Сојузна влада расправа за превземање на уште поголем удел во најголемиот тамошен увозник на гас, енергетската компанија Uniper, со оглед дека компанијата се соочува со финансиски потешкотии предизвикани од драстичното намалување на испораките од руски гас. Со оглед на „растечката неизвесност“, сега се испитува, меѓу останатото можноста за „директно зголемување на капиталот кое би довело до мнозински удел на Сојузната влада во ...

Само десетина години се поминати од почетокот на т.н. Четврта индустриска револуција (Индустрија 4.0). Експертите сè уште усвојуваат нови знаења во областа, јавноста сè уште се информира што значи тој концепт, а Европската комисија веќе лансира нова иницијатива – Индустрија 5.0. Покрај новините кои се содржани во т.н. двојна транзиција – зелена и дигитална, новата индустриска стратегија носи уште еден приоритет – холистички пристап кон ...

Истражувачите во Франција користат VR за да го тестираат влијанието на промените во урбаните средини. Присутноста на светлите бои и зеленилото во градските ткива може да ги направи луѓето посреќни и помирни. Тим истражувачи од Универзитетот во Лил, Франција, користеа VR за да тестираат како реагираат корисниците на варијации од минималистички урбан пејзаж од бетон, стакло и метал. Триесет и шест учесници се движеа, носејќи VR слушалки со тракери ...

Буенос Аирес е еден од најмалку зелените градови во светот, со само 1,8 квадратни метри зелена површина по глава на жител во споредба со препораките на Светската здравствена организација за минимум 10 квадратни метри по глава на жител. Во 2014 година, владата го изгласа законот наречен Ley de Bares (Закон за баровите) според кој се дозволува издавање на лиценци за кафулиња во паркови од 50.000 квадратни метри или повеќе. Во паркот Чакабуко на ...

Тимот предводен од Rojkind Arquitectos ја проектирал куќата Casa Pasiddhi, која се врти околу градина исполнета со растенија во мексиканската Hacienda de Valle Escondido. Rojkind Arquitectos го проектирале домот во соработка со архитектите Agustin Pereyra и Inocente Colectivo. Објектот е организирана околу елемент во „форма на змија“ – издигнат премин кој кружи околу центарот на градината. Ова создава впечаток дека куќата лебди над пејзажот. ...

После две години планирање, започна изградбата на новиот станбен проект во 22-рот округ во Виена – Donaustadt. Станува збор за иновативен пример за домување со висок квалитет на живот, кој ќе се реализира на земјиште со значителна површина во близина на автобуски и станици на метрото, но и образовни институции и рекреативни зони. Просектот опфаќа десетина згради со 557 субвенционирани станови, 31 деловен простор, детска градинка, здравствена ...

Да се прошетаме низ ентериер на куќа во Штудгард, Германија, проектиран и изведен од архитектонското биро „Конструкта“ од Скопје, во период на пандемија, кога не беше можно да се посети објектот, директно да се контактира со инвеститорите, да се види во живо и да се сними и почувствува просторот. Дополнителен предизвик и одговорност за мене како проектант, беше и времето за реализација, така што истовремено со изведбата на објектот, се ...

Во време кога цените на фосилните горива постојано се во пораст поради судирите на истокот на Европа, досегашните алтернативни решенија за задоволување на потребите од електрична и топлинска енергија и погонски горива во сообраќајот, како што се обновливите извори на енергија, се повеќе се споменуваат како главна па и единствена опција. Истовремено, се чини дека процесот на напуштање на фосилните горива и нивната замена со обновливи извори ...

Познатата париска авенија Шанзелизе (Champs – Elyseesе) претвора во „континуирана градина“ пред Олимписките игри во 2024 година. И покрај тоа што е позната како „најубавата авенија на светот“, оваа сообраќајница сега повеќе наликува на автопат, со десетици илјади автомобили кои поминуваат секој ден. Неодамна, тоа беше и централна локација за масовни собири, штрајкови, особено позната по протестите на жолтите елеци. Се очекува работите за ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
87%
1015
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
1.03
76%
1015
weather icon

Загреб

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
67%
1016
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
76%
1016
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
0.57
84%
1014
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 13ᴼ
3.09
88%
1017
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
1.34
75%
1013
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
82%
1014
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
4.12
72%
1015
weather icon

Букурешт

16ᴼ / 15ᴼ
2.06
83%
1014
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 13ᴼ
1.54
63%
1015
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
6.69
82%
1014
Currency

61.535

Currency

53.5268

Currency

71.8162

Currency

34.3766

Currency

38.9421

Currency

65.6811

Currency

7.35715

Currency

0.65988

Currency

0.38012

Currency

0.52161

Currency

1.4063

Currency

0.63136

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1051.34

Злато

111305.26

Бакар

9.55

Паладиум

29803.74

Платина

30837.68

Родиум

173614.03

Цинк

2.52