
Скопје
8ᴼ /
8ᴼ



Ѕид од набиена земја, направен од песок земен од локацијата, ја опкружува оваа вила со повеќе структури во Бразил, проект на бирото Studio Guilherme Torres. Објектот се наоѓа во населбата Fazenda Boa Vista, место за одмор лоцирано на околу два часа возење од Сао Паоло. Младо семејство со две деца тинејџери, нарачале од архитектите од Guilherme Torres, биро од Сао Паоло, да проектираат прибежиште од градот каде што ќе можат да поминуваат време ...
Африканската развојна банка (AfDB) објави дека африканскиот континент секоја година губи од 5 до 15% од бруто домашниот производ (БДП), поради последиците од климатските промени. Иако Африка учествува со само 3% во светските емисии на јаглерод диоксид, таа е најранлива во однос на последиците од климатските промени, особено поради зачестената појава на суши и полави во последните години. Иако африканските земји добиле околу 18,3 милијарди ...
Напуштениот Igloo city на Алјаска не само што е необична туристичка атракција, туку е атракција која никогаш не заживеала. Навистина голема штета за ентузијазмот. Имено, овој хотел започнал да се гради во 70-тите години од минатиот век, но градбата сериозно се оддолжила поради тоа што постојано се појавувале нови и нови проблеми. Еден од проблемите бил лоциран во несоодветните димензии на прозорците, што ја нарушило целата идеја за ентериерот. И ...
Пропадна и вториот обид на NASA за лансирање на ракетата SLS (Space Launch System). Лансирањето е прекинатот поради истекување на водород. Новиот датум е 27-ми септември, но се размислува и за 2-ри октомври како опција. Кога SLS конечно ќе полета, ќе ја испрати капсулата Orion без екипаж на пат околу Месечината. Враќањето на капсулата на Земјата ќе го означи успешниот прв чекор на програмата Artemis на NASA, чија цел е враќање на луѓето ан ...
Иконичната дизајнерска колекција од 1972 година, добитник на Compasso d’Oro во 1979 година, се враќа на сцената како возбудливо редизајнирање – La Bambole… Создадена како дело на Марио Белини, како дел од каталогот B&B Italia веќе педесет години, оваа колекција ги искористи новите дизајнерски опции кои ја прават уште поудобна и одржлива, погодна за денешното време. Колекцијата содржи четири парчиња: Bambola фотелја, Bibambola двосед, ...
Конкурсен труд: Втора награда Улица „Повшетова“, Љубљана 2021 Автори: Роберт Потокар, Ајдин Бајрович, Викторија Богданова ПРЕОБМИСЛУВАЊЕ НА ПОСТОЕЧКИТЕ АРХИТЕКТОНСКИ БИТИЈА Територијата на сегашниот центар за рециклажа, составен од линиски објекти со индустриска намена, требаше да се преобмисли во современа населба за домување. Дополнително, во невидливите агли на решението, требаше да се предвиди и смести Центар за управување со отпад, без ...
Во текот на седумте децении поминати на тронот, кралицата Елизабета Втора во улога на шеф на државата пресекла бројни ленти, отварајќи јавни згради ширум Велика Британија, Австралија и Нов Зеланд. Архитектонските стилови драматично се променија со текот на време. Кралицата отворила модернистички згради проектирани од Бејзил Спенс и Фредерик Гиберд, бруталистички структури од Пауел и Мој и Денис Ласдун и високотехнолошки креации на Ричард Роџерс ...
Европската комисија има намера да побара од компаниите за фосилни горива кои ќе профитираат од скокот на цените на енергентите да дадат свој финансиски придонес. На овој чекор се одлучила со цел да се помогне на граѓаните и економијата да се изборат со растечките трошоци за енергија. Ова се наведува во нацртот на документот кој Брисел треба да го претставии оваа недела. Имено, компаниите за нафта, гас, јаглен и рафинериите од земјите членки на ...
Некогашната московска фабрика на француската компанија Renault, до крајот на годината треба да започне со работа под името „Москвич“. Подготвителните работи за стартување ан производството течат по планот, а до крајот на 2022 година ќе бидат произведени околу 600 автомобили, од кои 200 на електричен погон. Во 2023 година, компанијата ќе произведува најмалку 50.000 автомобили, а во 2024 година 100.000, од кои 20% ќе бидат електрични. Планирано ...
Во моментите во кои сонцето безмилосно ги загрева просториите, се повеќе се бара идеалното засенчување. На помош доаѓа заштита од сонце и одблесоци – архитектите претпочитаат елементи кои не го загрозуваат дизајнот на фасадата, ниту естетиката на ентериерот. Водечкиот германски бренд Schüco нуди продукти за заштита од сонце, со конструкција интегрирана во профилите на прозорските и фасадните системи – за ненарушена естетика во комбинација со ...
Изградбата на нови станбени објекти од дрво може да заштеди околу 10% од јаглеродниот капацитет потребен за забавување на глобалното затоплување за 2 Целзиусови степени на секои 5 години. Според студијта на Институтот за климатски влијанија во Потсдам (ПИК), за пресвртот на градежните практики за таквата промена ќе бидат потребни 149 милиони хектари нови дрвени насади и значително зголемување на сечата од природните шуми – без да се зазема ...
Симболот Јин и Јанг инспирирал многу архитекти при осмислувањето на различни градби – од куќи, базени до простори наменети како живеалишта за панди. Сега овој симбол влијаел на севкупната форма на впечатливиот музеј проектиран од страна на студиото Muda Architects. Музејот на кинеската медицина “Тианфу“ (TCM) ќе биде сместен помеѓу езерото и главниот пат во Ченгду, во југозападниот дел на Кина. Проектот е дел од вложувањата на локалните власти ...
Канадската компанија TransPod ги откри своите планови за ново електрично возило во вид на воз кој би сообраќал со брзина од 1000 km/h, а за кој билетот би чинел помалку од авионска карта. Оваа компанија во Торонто го претстави своето возило FluxJet, кое би било некој вид хибрид помеѓу воз и авион и ги демонстрираше неговите способности. Возилото се темели на истите принципи како hyperloop концептот кој е осмислен од страна на Илон Маск. ...
Заслепувачка бела боја и извонредна геометрија како бел скапоцен камен, и носат на оваа модерна медитеранска куќа спектакуларен изглед. Чистите линии и извонредно одмерениот сооднос на ѕидови и големите стаклени површини создаваат вистинско мало уметничко дело со многу елеганција. Семејната куќа „Breeze“ веќе собра симпатии низ целиот свет и е уште еден во низата импресивни проекти кои непогрешливо укажуваат на беспрекорниот стил на шпанското ...
Во време кога енергетската криза им нанесува тешки удари на домаќинствата, компаниите и цели економии, важно е да се одвојат фактите од фикцијата, порачува во својот авторски текст за Financial Times, Фатих Бирол, извршниот директор на Меѓународната агенција за енергија (IEA). Тој истакнал дека често се слушаат три тврдења кои според него с епотполно погрешни, и дека претставуваат некој вид на мит. Мит бр. 1: Русија победува во енергетската ...
На југоистокот на Литванија, во градот Тракај, познат по истоимениот замок од 14 век, во поткровје на зградата проектиран е ентериер за млад брачен пар, потпишан од архитектонското биро Rimartus. Овој простор е со површина од 102 квадратни метри, а фокусот на архитектите бил функционалното и универзално формирање на простор со нагласок на индустриски дизајн и романтична атмосфера. Целиот простор е редизајниран и зрачи со црно-бела палета на ...
Како што велат од групата скопски велосипедисти „На точак“, се работи за инфраструктурен експеримент во контекст на ограничување, почитување на физичката дистанца, но и против загадувањето. При тоа, целта на овие пешачки ленти е да го направат побезбедно патувањето на децата до нивното училиште. Тие предлагаат, по примерот на Париз, тоа да се примени и во нашиот главен град. Од Град Скопје велат дека се отворени за секоја иницијатива што може да ...
Извештајот на Influence Map открива дека т.н Big Oil компании (BP, Shell, Chevron, ExxonMobil и Total Energies) спроведуваат ширење на дезинформации со цел да презентираат еколошки одговорна јавна слика, додека континуирано лобираат кај владите и креаторите на политики да обезбедат земјите да останат зависни од фосилни горива во наредните децении. Студијата покажува дека овие компании трошат стотици милиони на климатски одговорни пораки, з ада ...
Од 1-ви октомври 2022, Велика Британија воведува нови „гаранции за цените на енергијата“, што значи дека едно типично домаќинство во земјата ќе плаќа просечно £2500 годишно, во следните две години. Тоа ќе му заштеди на едно проечно домаќинство најмалку 1000 фунти годишно, имајќи ги во предвид моменталните цени на енергијата и додаток е на попустот на сметките за енергија од 400 фунти за сите домаќинства, кој е воведен претходно. Ова се однесува ...
Операта во Сиднеј, еден од најистакнатите архитектонски објекти на 20 век, изграден според проектот на Данецот Jørn Utzon, повторно го отвори својот најголем простор за изведби – Концертната сала. Од затворањето поради работи во февруари 2020 година, просторот помина низ обемни реновирања за да се подобрат акустичните перформанси и пристапноста за лицата со ограничена подвижност и да се надградат системите на сцената. Ова е најголемиот и ...
Релацијата помеѓу модерната архитектура и социолошките процеси кои се создаваат во урбаното ткиво во периодот по земјотресот од 1963 посочува кон создавање нови контексти и поинакви гледишта врз урбаното. Оваа релација се појавува во контекст на постсоцијалистичкиот град и создава тенденции за урбана трансформација во контекст на глобалните процеси на урбаното реконфигурирање. Урбаната морфологија се јавува како клучен метод кој го отвора ова ...
Преместувањето на државната управа и преносот на титулата „главен град“ се многу чести низ историјата. Најозогласениот обид на дваесеттиот век е изградбата на Бразилија, распуштањето на крајбрежниот град Рио де Жанеиро и доближувањето на владата до географскиот центар на Бразил. Главниот град на Нигерија е префрлен од крајбрежната метропола Лагос во поцентралниот дел на Абуџа во 1991 година. Во 2005 година, бурманската војска започна со изградба ...
Уличната трговија е значаен извор на егзистенција за корисниците со понизок стандард во урбаните средини. Официјалните статистички податоци покажуваат дека уличното продавање претставува дури 15 отсто од вкупниот процент на вработувања во градовите и дури 25 отсто од вкупното неформално вработување во земјите ширум светот. Тоа е особено значајно во Азија и Африка, каде што дури 80 проценти од вкупните вработувања во трговијата се неформални. ...
UNStudio планира да изгради нова деловна кула „Нион“ во Германија. Осмилена како аголна зграда со вертикална линија на зеленило долж фасадата, ќе има помала потреба од енергија од мрежа, благодарение на амбициозниот пристап на одржливо проектирање кое вклучува и соларна фасада. Во проектот се вклучени и Okra Landscape Architects, а планиран е за центарот на Франкфурт и дел е од долгорочниот развој на таа област. Внатрешноста на зградата ќе има ...
Основната идеја што стои зад објектот наречен Reed House – подигнат во 2022 година во турскиот град Никеја според проект на бирото Kamil Taner Architecture & Interiors – била да се создаде простор на благосостојба за умот, телото и душата. Простор од 317 квадратни метри во кој, според авторите, станарите можат да живеат со леснотија, љубов, радост и среќа. Место каде што можат да ги полнат батериите и да се подмладат далеку од енергичното ...
Општопознатата фраза „Размислувај глобално, делувај локално“ се препишува на шкотскиот биолог, социолог, географ, филантроп, иновативен градски планер и социјален активист Сер Патрик Гедес (1854 – 1932) и покрај тоа што таа не се јавува директно во рамките на неговата книга од 1915 година „Градовите во еволуција.“ За разлика од ова се чини дека има повеќе претенденти за тоа кој ја има спомнато прв истата во контекст на заштитата на човековата ...
„Dolce Far Niente“ – слатко безделничење и уживање. Тоа чувство на удобност во слободно време и спокојство е она што го креирал пејзажниот архитект Дејан Попов од Landscape Factory Studio. Обидувајќи се да ги усогласи желбите на клиентот со своите идеи и естетика, во соработка со архитектонското студио Dello, на белградски Сењак е создадена интересна каскадна градина. „Скриена од погледот, сокриена од сите страни, оваа белградска вила со ...
Оваа година Норвешка стана најголем снабдувач на Европа со гас, со оглед на состојбите во снабдувањето со гас од Русија. Норвешка ги снабдува Велика Британија, Германија, Белгија и Франција, а од компанијата Gasscо Frode Leversund велат дека ова лето испорачале количини на гас кои вообичаено се барааат во зимски месеци. Во 2022 година Норвешка преку гасоводи ќе испорача над 117 милијарди кубни метри гас, што ќе биде нов годишен рекорд во однос ...
На 13 септември 2022 година во Музејот на современата уметност – Скопје ќе биде отворена ретроспективната изложба „Пат за Волкодери – Ретроспектива“ со дела од македонскиот уметник Симон Узуновски (Белград, 4 август 1949 – Скопје, 10 декември 2018). Тим од петтмина историчари на уметноста: Марика Бочварова Плавевска, Зоран Петровски, Љиљана Неделковска, Валентино Димитровски и Лазо Плавевски, блиски пријатели на Узуновски и директни сведоци на ...
Проектантско биро: Архитектура нова Година: 2020 – 2022 Површина: 425 m2 Автори: Марија Димитриевска, дипл. инж. арх. , Елена Пазарџиевска, дипл. инж. арх. Локација: Населба на Велешко Езеро Инвеститор: Приватен Фотографии: Борис Јурмовски, дипл. инж. арх. Да се дејствува и гради во веќе изграден контекст претставува одговор и реакција на околината, стремеж за воздигнување на функцијата и нејзиниот естетски израз. Во таа смисла, ...