
Скопје
8ᴼ /
8ᴼ



Европската унија во јуни минатата година го усвои Законот за клима, според кој до 2050 година Европа треба да стане климатски неутрална, а до крајот на оваа деценија да ги намали емисиите на стакленички гасови за 55%. Овие емисии во ЕУ се намалиле за 32% од 1990 до 2020 година, а посебно во 2020 година е регистриран значителен пад поради пандемијата. Се очекува резултатите за 2021 година да покажат повторно зголемување на нивото на емисии. ...
Брзиот урбан раст и зголемениот број катастрофи поврзани со климатските промени, како што се неодамнешните поплави во јужноафриканската провинција КваЗулу-Натал, ја ставија важноста на доброто урбано планирање во Африка во центарот на вниманието. Урбанистичките планови се сметаат за клуч за постигнување инклузивни, безбедни и одржливи градови. Но, урбанистите со децении тврдат дека за плановите да бидат ефективни и апликативни, неопходно е ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, се пофали дека се расчистува поранешната фабрика „Треска“ и побара поскоро донесување на регулациски план и ДУП само за овој простор. Тој изјави дека до општината пристигнале 36 барања за издавање решенија за отстранување, од кои 13 се одобрени. Според него, просторот на фабриката, особено по опожарувањето пред пет месеци, освен што преставува извор на зараза за жителите кои живеат во ...
Владата во Франција нуди субвенции на секој граѓанин кој ќе се откаже од средствата за превоз кои загадуваат и ќе одберат еколошки прифатлива варијанта. Оние кои живеат во домаќинства со ниски приходи во урбаните зони со ниски емисии, а кои ќе се откажат од автомобил, имаат на располагање субвенции од 3.000 евра за купување на електричен велосипед. За оние со повисоки примања, субвенциите се пониски. Првично, субвенционирањето е воведено ...
Губењето на површините под шими, директно влијае врз животите на 1,6 милијарди луѓе ширум Планетата. Ова се истакнува во Студијата која е објавена од страна на тим истражувачи од Институтот за истражување на шумарството и шумските производи од Јапонија, во научниот часопис Environmental Research Letters. Вкупната загуба на шуми во периодот од 1960 до 2019 година изнесува 437,3 милиони хектари, додека површините под нови шуми изнесуваат 355,6 ...
Сместен веднаш од другата страна на улицата, спроти катедрала во готски стил, хотелот во виетнамскиот град Да Нанга е дел од брендот Bare Boutique Stays и нуди посебен вид на сместување. Интересна комбинација на локација и архитектура создава безбеден простор во кој гостите се чувствуваат „како дома“ во непознат град. Станува збор за удобен и приватен простор во кој може да се пронајде мир по истражување нови места. Иако е прилично мал по ...
Локацијата на училиштето North Perlic во предградието на Лонс, Франција карактеристична е по својата нагласена топографија. Проектот на архитектите од бирото Camborde Architectes е дел од силниот контекстуален пристап: поставувајќи го во согласност со патеката Cami Salié, тој создава заштитна чаура во срцето на училиштето. Училиштето е проектирано на две нивоа, свртено е кон југ со панорамски поглед на Пиринеите. Објектот е поделен на три ...
Владата на Хрватска најави инвестиција од 180 милиони евра во проширување на капацитетот на пловечкиот терминал за течен природен гас (ТПГ) на Крк, како и изградба на нов гасовод. Терминалот на овој остров во северниот дел ан Јадранот, започна со работа во јануари 2021 година. Според најавите, неговиот капацитет е планирано да се зголеми за 2,6 милијарди метри кубни. Проектот опфаќа и вложувања во нов гасовод кој треба да ги поврзе градовите ...
P-logic е уникатен стол, функционално парче мебел за современ простор што ги поддржува децата во секоја смисла на зборот – а особено во нивните креативни или едукативни потфати. Столот е направен од мешавина на еколошки материјали, вклучувајќи дрво добиено од одржливи шуми и дел направен од рециклиран ПЕТ термопластичен полимер. P-logic е ергономско столче кое децата го обожаваат. Дел од столот е всушност направен од капачиња од шишиња кои се ...
Град Загреб официјално и ги презентираше на јавноста двете нови апликации во склоп на својот Енергетски портал. Станува збор за Енергетски атлас на Град Загреб и Енергетска реконструкција на јавните згради во сопственост на Град Загреб. Апликациите се продолжение на неодамна претставената алатка за пресметка на соларниот потенцијал на објектите, како и продолжение на проактивната политика на градската администрација во однос на управувањето со ...
Lamda Development го најави својот грандиозен проект во преградието на Атина, претставувајќи го моделот во размер 1:625 на новиот паметен град Ellinikon city. Инвестицијата е проценета на 7,9 милијарди евра. Станува збор за најголема приватна инвестиција во Грција и најголем проект од областа на урбана трансформација во Европа. Лоциран на местото на поранешниот меѓународен аеродром во Атина, новиот град ќе има три пати поголем простор од ...
Цените на градежните материјали почнаа да се стабилизираат, па очекуваме стабилизација и на цената на недвижнините, изјави при гостувањето на Блумберг Адриа ТВ, Андреа Серафимовски, претседател на Грдаженат акомроа при Стопанската комора. Сепак цените на становите нема да се вратат на нивото од пред кризата категоричен е тој. „Со оглед на тоа што цените на градежните материјали почнаа да се стабилизираат, очекуваме и стабилизација на цената на ...
Островот Hamneskär е едно од најживописните места во Шведска. Сместен е во архипелаг околу 5 километри оддалечен од западниот брег ан земјата и првиот град Marstrand. Поради ограниченоста на расположивиот простор, изложеноста ан ветер, но и недостаток на плодно земјиште, долго време се сметал за несоодветен за живот. Но кога овде бил изграден монументалниот светилник Pater Noster во 1868 година, со цел да обезбеди помош на морнарите при ...
Средината на јули годинава Велика Британија ја одбележуваат рекордни температури. На 11.7.2022 националната Метеоролошка служба издаде „портокалово“ предупредување од трета категорија за очекуван топлотен удар во југоисточниот, јужниот и југозападниот дел на земјата со очекувани температури од над 30 °С и опасност по здравјето на луѓето. Од оваа повисока е само „црвената“ четврта категорија на предупредување за национална вонредна состојба како ...
За време на Втората светска војна, голем дел од центарот на Ротердам бил срамнет поради бомбардирање од страна на германската армија. Истовремено, можноста за градежна експанзија на голема врата им овозможила на архитектите и урбанистите повторно да ги реоткријат маалата, чии преполни и сиромашни квартови набрзо ќе им отстапат место на авениите и модерните висококатници со повеќе од 150 милиони квадратни метри покриви. Оттука се поставува ...
The Best Architecture Masters (BAM) ја објавија својата ранг листа за 2022 година, односно рангирањето на најдобри мастер програми за архитектура од целиот свет во 2022 година. ВАМ, независна истражувачка платформа за постдипломски архитектонски програми, објавува годишна листа на најдобри магистерски програми за архитектура. Оваа година, BAM рангираше најдобри22 програми за магистерски студии од најдобрите архитектонски школи ширум светот, врз ...
Необичниот нов концепт на мега јахтата на иднината, наречена Ono, изгледа како НЛО кој лебди над водата. Арас Казар, познатиот европски дизајнер на јахти, кој има турско потекло, досега има дизајнирано „минималистички, футуристички и стилски јахти. За оваа вели дека е пловечка вила. Долга е 150 метри и би требало да изгледа како „непознат објект кој лебди над хоризонтот”. Јахтата има клинеста силуета која создава илузија дека пловечки објект ...
Бројните растенија и полираните метални скалила го разубавуваат просторот на влезната зграда и повеќекатниот паркинг на MoLo, дел од новиот дистрикт во близина на Милано. Проектот е дело на кинеското студио MAD. MoLo, скратеница од Mobility and Logistic hub, ќе биде изграден на западната граница на Иновацискиот дистрикт на Милано (MIND) – квартот посветен на „најсовремените научни истражувања и образованието, бизнисот и објектите за слободно ...
Ерата на моќниот W16 бензински мотор полека но сигурно се завршува, па неодамна претставениот Mistral, последниот модел од Bugatti кој ќе го има овој quad-turbo, 8,0-литарски мотор. Автомобилот базирана на Chiron, го добил соето име по ветерот кој дува во долината на Рона. Влијанието на триесетите години од минатиот век може да се види во закривеното ветробранско стакло, додека со стилот потсетува на класичните модели. Mistral во исто време е ...
Petfan е забавен и модерен пренослив вентилатор идеален за дома или канцеларија. Најдобро од сè: овој мал уред оди секаде со вас. Можете да го ставите на вашето биро или да го чувате во близина на вашиот кревет, и во двата случаи ќе го имате совршениот сојузник во борбата против високите температури. Истовремено се однесува како вистинско милениче бидејќи и кога не е вклучено може да послужи како симпатична декорација во вид на овца. Лесен, ...
Европската унија има големи амбиции за декаронизација на енергетскиот сектор, со цел до 2050 година Европа да биде климатски неутрална. За транзиција на ветерни електрани, соларни паркови и други видови енергија од обновливи извори, потребни се огромни количини материјали меѓу кои бакар, литиум и сл. Експлоатацијата на овие суровини ќе се забрза, а постоечките технологии се далеку од „зелени“ кога станува збор за влијанието врз животната ...
Шведскиот мултинационален ланец за брза мода H&M е една тужба поднесена пред американски суд, е обвинет за лажен зелен маркетинг, поради, како што се тврди, лажно претставување на некои свои производи како „одржливи“. Оваа тужба е показател на се повисоката свест кај потрошувачите, дека многу големи компании практикуваат т.н greenwashing. Во тужбата се вели дека поголемиот дел од производите кои H&M ги промовира како одржливи, не се ...
Европската агенција за заштита на животната средина (EEA) објави листа на десет главни градови кои имаат највеќе зелени површини. Редоследот на овие градови изгледа вака: Зелените површини се важни за квалитетот на воздухот и намалување на температурата во градовите. Тие исто така се доведуваат и во корелација со должината на животниот век. Важни се за менталното здравје на човекот и го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни заболувања. Според ...
На 23 август 2022 од 20:00 часот во просторите на Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Загреб ќе биде отворена изложбата „Самоспознавање“ од авторот Слободан Милошески. Изложбата е составена од 10 скулпторски дела од галериски формат, создадени во последните две години во материјал инокс. Загребската публика ќе има прилика да ја посети изложбата до 30 август. „Авторот Слободан Милошески е претставник на ...
Сместена на ридот Мontjuic во Барселона и проектирана од архитектот со рационалистички стил Josep Lluis Sert, Фондацијата Хуан Миро (Fundació Joan Miró) е уникатен простор замислен од Миро со сон да ја пренесе уметноста во целиот свет. Изградбата на овој музеј во 1975 година било голем настан во Барселона, бидејќи во тоа време недостигаала културна инфраструктура во градот. Денес се поминати речиси 50 години, а просторите на Фондацијата се ...
Зелените технологии и дигитализацијата се тесно поврзани и значително ќе влијаат на квалитетот на животот на граѓаните во наредните децении. Тие не можат да се развиваат самостојно, односно независно едни од други. Дигиталните технологии имаат главна улога во овозможувањето полесно, поевтино и попријатно прифаќање производи и услуги со нула емисии. Во исто време, зголемената побарувачка за енергетски интензивни дигитални уреди, проширувањето на ...
Природниот гас во Европа се тргува по цени еквивалентни на околу 70 долари за милион британски термални единици (BTU), што е приближно седум пати повеќе од цените во САД, објави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на анализа на нафтата консултантската компанија „Lipow Oil Associates“. Еден милион британски термални единици изнесува 293 киловат-часови (kWh) електрична енергија. На затворањето на американското тргување во вторникот, цената на гасот беше ...
Данскиот гигант во изградбата на офшор ветерни паркови Ørsted, побара од своите добавувачи најдоцна до 2025 година да користат исклучиво електрична енергија од обновливи извори, во согласност со целта ан компанијата да го декарбонизира своите синџири на снабдување. Ørsted соопшти дека со тоа станала прва енергетска компанија во светот која го направила тој чекор. Својата програма за декарбонизација на синџирите на снабдување Ørsted ја стартувал ...
Уште во далечната 1958 година, низ речениците на брилијантната книга „Човековата состојба,“ Хана Арент објаснува како „планетата Земја е квинтесенција на човечката состојба и земната природа“. Меѓутоа, откако НАСА ја објави сликата наречена „Плавата џамлија“, човекот, односно, човековиот вид стана ентитет раздвоен од Земјата. Технологијата создаде класична картезијанска поделба помеѓу предметот и подметот, човекот и Земјата, предизвикувајќи ја ...
Поранешниот аеродром Berlin-Tegel, кој за време на Втората светска војна служел како воздушна врска со западен Берлин, а потоа и како привремен аеродром додека не проработе Brandenburg (BER), конечно ќе биде реконструиран. Според амбициозниот мастер проект, на негово место ќе биде изграден нов станбен кварт Schumacher на 200 хектари уредена површина, како и истражувачки и индустриски парк за урбани технологии, наречен Berlin TXL – The Urban ...