
Скопје
10ᴼ /
10ᴼ



Градскиот превоз во Виена е еколошки се поприфатлив. И покрај растот на бројот на патници и развојот на мрежата на јавниот превоз, главниот град на Австрија успева со бројни иновации да го поттикне одржливиот развој на јавниот превоз, а веќе со години се инвестира и во енергетска ефикасност. Со оглед на актуелната енергетска ситуација, виенското градско претпријатие за јавен превоз Wiener Linien, оваа есен и зима има намера да имплементира нови ...
Casa Gabriela е куќа во мексиканскиот град Мерида која во своите ѕидови крие простор кој обично е резервиран за центарот на населбата. Архитектонското биро TACO arquitectura, проектирајќи ја куќата се водела од идејата од ова место да се создаде простор кој зрачи мир и хармонија. Одделена од улицата и сместена во сопствената приватна оаза, куќата добива своја лична пиацета, која всушност е мал плоштад карактеристичен за локалната мексиканска ...
Зафаќа само 700 квадратни километри, а сепак e дом на над 5,7 милиони луѓе. Tаа е втора најгусто населена земја на планетата – само рангирана зад Монако, кој има само 40.000 граѓани во споредба. Градот-држава е извонредна лекција за остатокот од светот за тоа како беспрекорно да се спои урбаното живеење со природата. Од неконтролирана урбанизација до брзо превиткување Откако за прв пат беше колонизиран од Британците во 1819 година и формално ...
После двомесечни дискусии во работната група со претставници од бизнис секторот, Министерството за инфраструктура и енергетика одлучи да прифати некои од барањата во насока на олеснување на влијанието на енергетската криза. Иако Меѓународниот монетарен фонд неретко ги критикува исклучоците кои се правата во однсо на ДДВ, сепак владата се одлучи да ја ослободи од ДДВ опремата која се увезува за инвестициите во соларни и ветерни електрани. ...
Во Хрватаска во првата половина од годинава, биле регистрирани 970 нови електрични возила, што е за 28,4% повеќе од истиот период лани. Највеќе електрични возила се од брендот Renault, а на второ место е Tesla. Сега уделот на новорегистрирани електрични возила на хрватскиот пазар изнесува 2,7%. Интересно е дека во истиот период биле продадени 7.166 хибридни возила, што е удел од дури 20,1 % во вкупниот број новорегистрирани возила во земјата. ...
Шанса за Центар изрботи мапа на издадени и побарани одобренија за градење во Општина Центар. Дел од податоците за градежните дозволи се објавени во Службените гласници на интернет страницата на Општина Центар и тие локации се ставени на мапата. Има уште одобренија за градење кои ги издала општината за кои нема јавна информација. Ова се само дозволите за кои општината не успеала преку пошта да ги извести соседите дека блиску до нив ќе се градат ...
Шведската компанија за развој на обновливи извори на енергија OX2, заедно со Alandsbanken Fondbolag развива два проекта за ветерни електрани на море (офшор), јужно и северно од архипелагот Оланд во Балтикот, со капацитет од 5 и 3GW. Проектите под името Noatun Syd и Noatun North се водат преку две заеднички компании во кои OX2 го развива проектот, додека Alandsbanken Fondbolag ќе биде долгорочен акционер преку своите инвестициски фондови. Во ...
„Hage“ е првата затворена градина во квартот Ранген дизајнирана од норвешките архитекти Brendeland & Kristoffersen, во соработка со инженерите Price & Myers од Лондон. Проектот за градината циркулира околу три позиции и тоа: околу дрвото, средиштето за седење и континуираната структура на ѕидини од тула, остатоци од некогашната фабриика. Во понатамошниот период, со растот на урбаното ткиво околу градината се предвидува, истото да ...
Футуристичкиот саудиски мегаград Неом, замислен како два облакодери кои се протегаат 170 километри низ пустина, без улици, туку со летечки такси и кој е предвидено да ги почитува сите еколошки норми ќе биде домаќин на Азиските зимски игри, кои ќе се одржат во пустината во 2029 година. Спортистите ќе се натпреваруваат во 47 спортови, од кои 28 на снег и 19 на мраз. Зимските азиски игри се одржуваат од 1986 година, а досега се одржани во ...
Прославеното архитектонско биро Bjarke Ingels Group (BIG) неодамна го заврши проектот наречен Sneglehusene (куќа на полжав), модуларен станбен комплекс со карактеристична форма, но и фасада, на периферијата на данскиот град Архус. Овој проект, кој обезбедува 93 пространи станбени единици, е дел од одржливото предградие Nye и неодамна беше награден со највисокото признание на градот за неговиот исклучителен архитектонски квалитет, кој ...
Компанија од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) ги објави своите планови за изградба на нов град во облик на цвет, посебно проектиран за да го редуцира пристапот на автомобилите и да ги зголеми површините исклучиво достапни за пешаци. Градот наречен XZERO, а би требало да се изгради во Кувајт како одржлива заедница со нула емисии. Градот е планиран за популација од 100.000 жители и во рамнотежа со природата. Средишното подрачје на таа зелена ...
Базиликата Сен Сернин е еден од главните споменици на Тулуз и европската архитектура. Урбаните празнини што го опкружуваат се генерирани како резултат на уривањата по Француската револуција и последователното надополнување на проекти за усогласување на урбаната логика и силуетите на контекстот. Проектот за реорганизација на плоштадот Сен Сернин во Тулуз предложен од BAU ја враќа важноста на историското урбано ткиво на градот. Автомобилите кои ...
Група граѓани од населба Пржино и жителите од слепата уличка на улица „Пржино“, покренаа петиција/жалба до Министерството за транспорт и врски за да укажат дека нема нивна согласност за градба во овој дел. Симбилична погребна поворка, мртовечки ковчези на кои беше напишано вода, мир, здравје, сонце и воздух се појави вчера на една од уличките на скопската населба Пржино во знак на револт на група граѓани против недозволенте градби во овој дел ...
Архитектонските фирми ОМА – на чело со партнерот Шохеи Шигемацу – и Jacobs го претставија проектот за новото седиште на Институтот Discovery Partners (DPI), дел од системот на Универзитетот Илиноис во Чикаго. Планирано е зградата да ја зацврсне новата иновативна област долж реката Чикаго, во јавноста претставена како 78. кварт на најнаселениот американски град по Њујорк и Лос Анџелес. Интердисциплинарна интеракција и експериментирање ...
Во почетокот на следната година во престижниот простор Кунстхале (кој е дел од Музеум Квартиер) еден од најголемите европски културни центри во срцето на Виена на 1.000 метри квадратни ќе биде претставена за првпат селекција на дела од вредната уметничка колекција на Музејот на современата уметност - Скопје. Концептот предвидува 8 меѓународни уметници да направат своја селекција од колекцијата и да осмислат поставка со која ќе воспостават ...
Извештајот на организацијата Global Witness под името Bankrolling Destruction наведува дека Федералните резерви на САД, Европската централна банка и Банката на Англија, и покрај декларативните изјави против климатската криза, директно инвестирале во компании одговорни за сечење на Амазонската прашума. Споменатите централни банки купиле обврзници од три агробизнис корпорации: Archer-Daniels-Midland Company (ADM), Bunge Ltd Financial Corp и ...
Градоначалникот Горан Герасимовски и Општина Центар одобрение за градење за изградба втора зграда на парцелата која порано беше државно земјиште, спроти Холидеј Ин. Известувањето е објавено во дневните весници. Од Шанса за Центар велат: „И повторно ќе речат ‘сѐ е по закон’ или ‘моравме бидејќи беше доставено барање за градба’, иако целиот урбанистички план по кој се издаваат дозволите и по кој веќе се гради е очигледно НЕЗАКОНСКИ. Планот во ...
Во организација на Hardt Hyperloop, се одржа првото издание на самитот HyperSummit во Утрехт, Холандија, фокусирајќи се на итноста, истражувањето и соработката за реализација на европски хиперлуп. Хиперлуп е ново одржливо превозно средство за голем број патници, со брзинa од 500-1000 km/h. Тоа е комбинација на постоечки технологии од повеќе индустрии обединети во нов концепт на мобилност. Возилата ќе патуваат со висока фреквенција во систем од ...
Со цел да ја забрзаат енергетската транзиција, научниците од Универзитетот во Лиеж, промовираат инсталирање на десетина илјади ветерни турбини на Гренланд, за снабдување на електрична енергија на голем дел од Европа. Професорот Ернст и неговиот тим работат на условите на изводливот на ваков проект во јужниот дел на Гренланд. Нивните досегашни истражувања покажале дека специфичните ветришта на ова подрачје би обезбедиле енергија неспоредлива со ...
На есенскиот фестивал за пошумување, „Шумата на младите Виенчани“ закажан за 22-ри октомври 2022 година, семејствата со деца ќе засадат 10.000 стебла и грмушки во виенската општина Favoriten. Шумарите на градот Виена ќе помагаат при садењето на дрвјата и ќе даваат информации за видовите стебла кои виреат во градот. Секоја година се повикуваат семејства со деца, но и сите заинтересирани граѓани на Виена да учествуваат во оваа акција на пошумување ...
Денес по повод прославата 73. години Архитектонски факултет Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ се одржа свечената седница во реновираниот амфитеатарот на факултетот. На свеченоста покрај вработените, студентите, колегите и пријателите присуствуваа и проф. д-р Никола Јанкуловски, ректор на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. По свеченото обраќање на деканот на АФС, Огнен Марина, а потоа и ...
Креирана од дизајнерот за мебел и осветлување Иан Синклер за неговиот истоимен бренд, Bacus е количка што функционира и како мебел за одлагање и како барска количка што послужува пијалоци. Bacus е направен од алуминиумски лим во форма на буквата С со тенка шипка во средина. Корисниците можат да постават кружни послужавници на шипката на прилагодливи висини. Количката има тесен профил дизајниран да се вклопи покрај кујнските работни површини и ...
Сместена во Малага, Шпанија, оваа необична градба која изгледа како дрво проектирана е со намера да послужи како пример за одржлива градба за идните проекти. Во повеќето европски земји на сила е закон според кој сите нови згради изградени по 2020 година мора да се стремат кон самоодржливост и еколошки дизајн, што подразбира дека вкупната количина на енергија потрошена за функционирање на објектот на годишно ниво треба да да биде приближно ...
Сечењиев ланчен мост (Széchenyi lánchíd) или само ланчен мост, висечки мост кој се протегна на реката Дунав и ги поврзува Будим и Пешта, западната и источната страна на Будимпешта е првиот постојан премин преку Дунав во градот. Отворен е по седум години изградба во 1849 година. Идејниот творец на мостот, кој во народот се нарекува и Ланчен мост, бил грофот Иштван Сечењи, кого го нарекуваат и „најголемиот Унгарец“ поради неговата истакната ...
Вистински украси на есенските градини се: далии, астер, хризантеми… растенија кои поради долгиот период на цветање ќе ви ја разубават градината и до првиот мраз. Хризантеми Градинарските хризантеми се вистинските кралици на есента. Повеќето сорти не се високи (тие растат до 30-50 сантиметри), благодарение на што формираат исклучително убави, атрактивни грмушки. Отпорни се на мраз, а за зима доволно е да ги покриете со струготини, компост или ...
Од мали монети до ситни парчиња керамика, па дури и грутки земја, Сет Бернард и група студенти од Универзитетот во Торонто откопуваат приказна за тоа како еден римски град основан во 241 година п.н.е. егзистирал низ времето. „Она што го сакам е да го истражам секојдневието, врските што ги поврзувале луѓето од селата со луѓето во градот. Тоа е само секојдневно искуство што можеме да почнеме да го реконструираме на начин каков што никогаш досега ...
Живеењето во Aвенијата Paulista значи – во секоја смисла – живеење на највисоката точка на еден од најважните градови во Латинска Америка. Во рамките на иконичниот пејзаж на Сао Паоло, прометната авенија прикажува современ и глобализиран стил на живот, долж комерцијални и станбени згради. Меѓу нив, широките прозорци на станот Edificio Pauliceia го прикажуваат секојдневниот живот на волшебен начин. Промената на перспективата на авенијата од ...
Данска и Белгија потпишаа спогодба за соработка во областа на транспортот на јаглерод диоксид (CO2) помеѓу двете земји со цел трајно геолошко складиштење. Освен рамката за соработка во врска со зафаќање, искористување и складирање на јаглерод диоксид (CCUS), страните склучиле договор за тоа како може да се одвива прекуграничниот транспорт на CO2 според Лондонскиот протокол, за кој се вели дека долго бил прашање без одговор во развојот на ...
Дизајнерското биро Crosby Studios соработувало со компанијата за AR технологија, Zero10 на pop-up продавница на Менхетен која има за цел да обезбеди виртуелно малопродажно искуство. Pop-up бутикот за гардероба, кој се наоѓа во четвртта SoHo, им овозможува на посетителите дигитално да пробаат колекција на облека во ентериер дизајниран од њујоршкото биро. Физичкиот простор на pop-up продавницата е дизајниран да го надополни искуството на ...
Амиен е идилично градче на северот на Франција. На французите им е познат и како родно место на нивниот сегашен претседател Емануел Макрон. Амиен уште одамна е препознаен како совршена дестинација од страна на славниот писател Жил Верн. Она што е навистина зачудувачко, сосбено ако го земеме во предвид славното француско мајсторство во градењето на готските катедрали, е фактот дека токму најголемата готска катедрала во франција е сместена токму ...