
Скопје
8ᴼ /
8ᴼ



Производството на Teslа Cybertruck првобитно беше планирано за 2021 година, потоа поместено за 2022, а сега дури за 2023 година. Овој гломазен камионет требаше да се појави на пазарот по цена од 39.900 американски долари. Меѓутоа, главниот извршен директор на компанијата Илон Маск, сега најави дека техничката спецификација и цената на возилото нема да бидат исти како првично најавуваните. Тој вели дека разни економски проблеми влијаеле на ...
Над 12 светлосни инсталации и перформанси, надополнети со шест диџеи и „чил“ зона на овогодинешниот Skopje Light Festival. Фестивалот на светлината – SKOPJE LIGHT FESTIVAL e културно-општествен настан на кој уметниците преку најразлични светлосни инсталации и видеопроекции поставени на различни локации низ централното подрачје на градот од 2. до 3. септември со своите светлосни перформанси им се промовираат на посетителите. Темата на ...
Новиот објект Клејтон ќе биде иновативен центар на заедницата што ја поттикнува програмската интеграција, архитектонскиот дизајн и одржливоста во Сари, (Surrey) – еден од најбрзорастечките градови во Британска Колумбија, Канада. Проектот се заснова на социјалното ткиво на Сари за да се задоволат потребите на една млада заедница, да бидат добредојдени младите од двете соседни средни училишта и да се обезбедат места за јавни собири кои ги ...
Во Босна и Херцеговина конечно започнува реализацијата на проектот „Јадранско – јонски автопат“, кој треба да ги поврзе земјите од регионот. Станува збор за идеја на Европската унија за дополнително сообраќајно поврзување на седум земји. Вкупната должина на сообраќајницата изнезува 1.100 километри, а предвидено е да минува низ Италија (почетна точка), Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и Грција, каде што крајната ...
Проектот за ремоделирање на урбаната матрица на градот Естепона вклучува два капитални зафати и тоа: 1. Креирање културно-трговска зона која го поврзува градот преку морето 2. Инфраструктурна мрежа за алтернативен сообраќај кон ‘Jardin de la Costa del Sol’, со 130 пешачки улици Естепона има тенденција се повеќе да се отвара кон Медитеранот. Амбициозниот урбан зафат на површина од 1,5 хектар покрај морето, промовира пешачка инфраструктура ...
Со почетокот на секоја учебна година речиси ни здосадуваат предупредувањата да внимаваме на децата во сообраќајот. Кој не внимава на децата во сообраќајот е прашање кое зачудено си го поставува секој нормален родител. Но податоците велад дека таквите нормални се само една третина, секој трет родител ги врзува своите деца и ги вози правилно во градинка и училиште. Предупредувањата за безбедноста на децата во сообраќајот се очекува да ја ...
Дизајнерот Terry Hunziker и архитектонското биро Suyama Peterson Deguchi создале спокојно одморалиште во Монтана со голем број уметнички дела и колекционерски дизајн. Во изминатите дваесет години дизајнерот Terry Hunziker и неговата клиентка соработувале на нејзината главна резиденција во Вашингтон, како и на градска куќа во главниот град. Потоа го повикалоа со нов предизвик, купила парцела на непречен имот во ексклузивниот Yellowstone Club во ...
Во септември во Црна Гора стартува голема акција за пошумување на опожарените подрачја и областите уништени со неконтролирана сеча на шумите. Акцијата ќе започне од северот кон југот на земјата, и планирано е да трае подолг временски период. Идејата е масовно да с еприклучат првенствено училиштата, а целта на иницијативата е секој жител на државата да добие свое стебло. Организаторите на акцијата апелираат на заедничко делување на сите чинители ...
Од компанијата Huawei соопштуваат дека нивниот часовник, Huawei Watch GT 3 Pro прогласен за најдобар паметен часовник во индустријата, по изборот на EISA (Experts Imaging and Sound Association). EISA е составена од над 60 најугледни новинари, веб страници и специјализирани часописи за потрошувачка електроника. Huawei ја добива наградата во оваа категорија веќе трета година по ред. Членовите на EISA, го опишале часовникот Watch GT 3 Pro како ...
Acrobat е мултифункционално парче за складирање кое ги комбинира компонентите за чување предмети кои вообичаено се оставаат на полица или маса со функцијата за закачување на облека. Во ситуација кога се повеќе се продолжува со намалување на просторот за живеење, мебелот кој е што повеќе мултифункционален, подобро. Повеќенаменскиот мебел и опрема помагаат да се создаде повеќе животен простор, а истовремено обавува и повеќе функции. Acrobat, ...
Предградието Лас Фуентес (Las Fuentes) во Сарагоса, во објектите на некогашната фабрика за лифтови Гиеза (Giesa), ќе го реализира новиот мултифункционален јавен простор. Проектот е проценет на 18 милиони евра и ќе биде претставен со цел промоција на Програмата за реставрација на јавни згради (PIREP), со помош од европските фондови. Проектот за пренамена на старата зграда на фабриката Гиеза во себе ќе имплементира голем мултикултурен и ...
Новата анализа на Светската организација за заштита на природата (WWF) проценува дека 17% од населението на Европа и 13% од БДП би можело да се се соочат со високи до екстремни ризици од недостаток ан вода до 2050 година. Ваквото сценарио би се избегнало доколку владите и организациите за јакнење на отпорноста превземат итни и конкретни мерки. Користејќи климатски и социо-економски сценарија во Water Risk Filter алатката на WWF, новата анализа ...
Во срцето на Лос Анџелес, на раскрсницата на булеварот Вилшир и авенијата Ферфакс, Музејот на филмската Академија е најголемиот музеј на подвижни слики во светот, чија изградба се одложуваше со децении поради различни проблеми, а проектот го потпишува студиото на Ренцо Пиано. Сместен на познатата „Miracle Mile“, музејот ја чувува и вдахнува нов живот на поранешната стоковна куќа „May“, изградена во 1939 година, која денес го носи името Saban ...
Растечката побарувачка за нафта од некои од најголемите светски економии и помогна на Русија да извезе речиси исто толку сурова нафта како што извезуваше пред конфликтот во Украина и санкциите од западните земји, објави во понеделникот Тhe Wall Street Journal (WSJ). Растот на глобалните цени на суровата нафта, кои во моментов се околу 100 долари за барел, ги зголемија приходите на Русија од нафтата. „Русија плива во пари“, изјави за WSJ, Елина ...
По наредба на индиските власти, два нелегално изградени облакодери се урнати за помалку од десет секунди во близина на главниот град Њу Делхи, пренесуваат тамошните медиуми. Висококатниците, високи 103 метри со 850 ненаселени станови се урнати по детонацијата на стратешки поставен експлозив, пренесува Ројтерс. Локалните власти изјавија дека за уривањето биле употребени повеќе од 3.700 килограми експлозив. Некои згради во близина прекриени се со ...
Владите од 25 земји од Европската Унија (ЕУ), од минатиот септември определиле вкупно околу 236 милијарди евра за разна помош на граѓаните и компаниите поради порастот на цените на енергијата. Мерките вклучуваат даночни олеснувања, но и директна финансиска помош, наведува економскиот институт Bruegel од Брисел. Една од мерките за помош која е применета во најголем дел од анализираните земји е намалувањето на данокот за енергија, вклучувајќи го и ...
Црна Гора би можела да тргне по примерот на Хрватска и да го укине данокот на додадена вредност (ДДВ) за фотоволтаиците. Очигледно е дека државите во регионот настојуваат да го поттикнат инсталирањето на фотоволтаици на покривите на домаќинствата и компаниите, како едно од решенијата за справување со енергетската криза. Инаку, Хрватска прва во прегинот одлучи да го укине ДДВ на фотоволтаиците, со цел да ја забрза енергетската транзиција, а ...
Бирото од Токио „Nendo“ направи архивски простор за сместување на своите производи и мебел, кој воедно е и пансион за гости, а објектот го доби името Culvert Guesthouse. Архивскиот и резиденцијален простор е изграден од четири кутијасти форми кои се наредени една врз друга, а објектот со препознатлив облик е сместен во шумска средина, на периферијата на градот Мијото во Јапонија. ПРОСТОРИ СМЕСТЕНИ ВО ТУНЕЛИ Издолжените бетонски форми ...
Најмоќната вселенска ракета треба да полета од Кејп Канаверал околу 14:30 часот. И покрај силните празнења на облаци во текот на викендот, НАСА потврди дека одбројувањето продолжува. Полнењето со гориво е завршено, но метеоролошката ситуација над Флорида сè уште внимателно се следи. НАСА ќе го пренесува лансирањето во живо на социјалните мрежи. Американската вселенска агенција соопшти дека тимовите продолжуваат со планираното лансирање во 14:33 ...
Добро познато е дека изборот на удобно седење во домот игра голема улога во квалитетот на живот, но и во естетскиот дел и целокупниот дизајн. Вистинскиот избор на комбинирање може да претставува главен акцентен момент во еден ентериер, да создава контраст, да го смирува, но и да разигрува. Ви претставуваме неколку смели парчиња мебел, креирани денес, но и пред педесетина години, кои се присутни сè почесто и почесто, рушејќи ги сите табуа и ...
Цените на електричната енергија на берзите во Франција веќе надминуваат 1000 евра по MWh, што е неверојатен раст во однос на просекот од околу 80 евра по MWh до крајот на 2021 година. До неодамна земјата беше извозник на електрична енергија а сега е увозник. Имено, голем дел од 56-те нуклеарки ќе обезбедат историски најниско производство поради бројни проблеми. Франција обезбедува околу 70% од енергијата токму од нуклеарки. Обновливите извори ...
Соларниот парк Mohammed bin Rashid Al Maktoum (MBR Solar Park) во Дубаи има амбиција да достигне инсталирана моќност од 5.000MW до 2030 година. Во моментот, неговиот инсталиран 1.627 MW. Станува збор за фотоволтаични панели и концентрирала соларна енергија, во еден од клучните проекти од Стратегијата за чиста енергија во Дубаи 2050. Намерата е до 2050 годна, 00% од енергијата во Дубаи да се обезбедува од обновливи извори. Енергијата од ...
Телескопот James Webb дојде до уште едно научно откритие – пронајде траги од јаглерод диоксид на планета надвор од Сончевиот систем. Иако таа планета нема никогаш да биде погодна за живот, пронаоѓањето на CO2 на научниците им дава надеж дека може да дојде до слични откритија на планетите поблиски до Земјата. Студијата за егзопалнетата WASP-39, која се наоѓа на оддалеченост од 700 светслосни години, наскоро ќе биде објавена во списанието ...
Денес во Музејот на современа уметност ќе се одржат јавните презентации на два Дeтални урбанистички планови, од кои зависи зачувувањето на културниот идентитет и важен дел од белите дробови на Скопје: Општина Центар, информира дека предлог деталните урбанистички планови се изложени во читалната „Славко Јаневски“ на улица „Димитрие Чуповски“ бр.23, секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот од 20.07.2022 до 16.09.2022 година каде сите ...
Отворањето е Калеидоскоп на културата во мало. Се одржува во текот на четири дена во просторот на Креативниот дистрикт, еден од најважните инфраструктурни проекти на Нови Сад како европска престолнина на културата. Калеидоскоп на културата, најдобриот европски тренд бренд во областа на културата, ќе го доживее своето петто и досега најзначајно издание, од 1. септември до 7. октомври во Нови Сад. Веќе на отворањето, со најголемата смотра на ...
Porsche за Monterey Car Week 2022 произведе уникатен модел 911 Sally Special, кој е продаден на аукцијата на куќата RM Sotheby’s за милионски износ. Аукцијата била хуманитарна, а највисоката понуда изнесувала 3,6 милиони евра, што е рекордна сума за едно целосно ново Porsche. Sally Special е резултат на соработката помеѓу Porsche и Pixar со цел „оживување“ на ликот на Sally од филмот Cars. Каросеријата е лакирана во уникатна Sally сина боја, ...
Урбаниот дискурс е се повеќе преплавен од пандемии, топлотни бранови, недостиг на храна и енергија, климатски промени и губење на биолошката разновидност. Овие кризи ја враќаат вредноста на природните острови: топлите летни ноќи принудуваат парковите и градините да се отвораат за рекреација, пандемиите ги ревалоризираат балконите и терасите за време на затворањето, а се промовираат урбаните градини. Тоа е тивката револуција што природата ја ...
Што е тоа добар стан? Додека Белградската школа на домување имаше јасни правила и критериуми во однос на организацијата и употребната вредност на станот, современата архитектонска практика се најде во криза без јасна насока, идеја и идентитет, пишува Градња.рс. Денес добар стан е оној кој ги задоволува потребите на корисникот. Во оваа смисла, целта на современите архитектонски и дизајнерски практики е преобликување и прилагодување на ...
Францускиот министер за сообраќај Clément Beaune, изјавил дека е подготвен на состанокот на министрите за сообраќај на ЕУ закажан за октомври, на дневен ред да стави предлог за забрана на приватните летови со млазни авиони во Унијата, откако тамошната јавност остро реагираше на податоците за штетните емисии чиј извор се млазњаците на француските богаташи. Во своето интервју за Le Parisien, тој појаснил дека ЕУ мора да делува единствено по ова ...
Култниот автопортрет на мексиканската уметница Фрида Кало – „Диего и јас“, убедливо најскапата латиноамериканска слика во историјата, е изложена првпат по скоро 25 години во музејот во Буенос Аирес чиј сопственик ја купил. „Диего и јас“ (Diego y yo) е автопортрет на Фрида Кало, со нејзиниот типично интензивен поглед, и со нејзиниот сопруг – сликарот Диего Ривера, насликан на нејзиното чело над веѓите. Тој бил близок со позната мексиканска ...